дома блог страница 4996

ФОТО: Астронаут на НАСА ја поздрави Македонија од вселената

vselena-650x396

Астронаутот на НАСА, Скот Кели синоќа на својот профил на Фејсбук објави фотографија на Македонија снимена од вселената.

Тој покрај фотографијата преку статус ги поздрави сите негови пријатели од Македонија и им посака убава ноќ од Меѓународната вселенска станица.

vselena1

Како да не се здебелите за време на празниците?

boziken-rucek

Празничните денови освен за забава и дружење со блиските луѓе, како и секоја година се зачинети со прекрасни и вкусни солени и благи специјалитети.

Токму затоа е важно да научите како да не добиете некој килограм плус, а притоа да не се откажувате од вкусната празнична трпеза.

Не заборавајте да се движите

Иако можеби празничните денови ќе ви бидат исполнети со повеќе обврски и ќе сакате да прошетате низ улиците во градот по потрага по подароци за вашите најмили. Искористете ја таа прилика и пеш тргнете во потрага по најлудите подароци за вашите најмили. Така ќе го избегнете метежот и возењето по лошото време, а од друга страна убаво ќе се загреете со интересна прошетка по студеното време, уживајќи во претпразничната еуфорија.

Смејте се

Иако можеби звучи смешно, сепак експертите велат дека тоа навистина делува. Седнете, затворете ги очите и почнете да се смеете цела една минута. Иако можеби тоа звучи глубаво, тоа ќе го стимулира ослободувањето на добрите хемикалии во мозокот и ќе се спречи емотивно предавање кон храната.

Залажувајте го мозокот

Откако ќе го завршите оброкот најдобро ќе биде чинијата во која што јадете или веднаш да ја тргнете од масата или да ја покриете со салветка за да се го стимулирате мозокот да мисли дека завршивте со јадењето за да не дозволи да посегнете по уште храна.

Уживајте во секој залак

Секое залче џвакајте го барем 20-тина пати. Бавното џвакање може да го намали внесувањето на калориите за над 10 отсто.

ФОТО: Таа е најсекси мајка на Инстаграм, а се породи пред само два месеци!

majka

Доколку мислевте дека жена по породувањето не може добро да изгледа, се излажавте. Оваа дама ќе ве разубеди.

Тејми Хемброу стана мајка пред само два месеци, но вие сигурно нема би поверувале на основ на оваа фотографија.

2majka

1majka

Всушност девојката изгледа многу затегнато, а поминати се само 60 дена од нејзиното породување.

4majka

3majka

 

3-ти Декември – Ден на децата со инвалидитет

IMG_6966

По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, претставници од Општина Прилеп заедно со градоначалникот Марјан Ристески, денеска остварија посети на неколку институции. Прво беше посетено ОУ „Климент Охридски“ каде локалната самоуправа по брање на родителите и наставничкиот кадар за подобрување на квалитетот на воспитно- образобните услуги донираше LCD проектор. Потоа градоначалникот Ристески го посети „Дневниот центар за деца со посебни потреби“.

IMG_6977

IMG_6961

IMG_6970

Во знак на благодарност за вниманието и поддршката од страна на јавниот и приватниот сектор беа организирани кратки програми по повод одбележувањето на „Светскиот ден за заштита на лицата со посебни потреби”.

IMG_6996

IMG_6978

IMG_6980

IMG_6981

IMG_6986

IMG_6988

Градоначалникот Ристески, напомена дека Општината секогаш ќе биде со децата и ќе се обиде во рамките на можностите да им помага:

„Имаме обврска кон Вас, да направиме се што е во наша моќ, не само на овој ден, туку преку цела година, да обезбедиме услови за ваш правилен развој, посочи градоначалникот во своето излагање.

IMG_7041

IMG_7001

IMG_7010

IMG_7014

IMG_7016

IMG_7019

IMG_7029

IMG_7030

IMG_7037

Нескротливата уметничка умешност на семејството Кондоски од Прилеп

DSC01645

Семејството Кондоски од Прилеп имаат развиено еден доста уникатен занает со кој се гордеат. Нивна преокупација е изработка на икони. Го посетивме нивниот дуќан и разговаравме за тоа како започнале, кои им се приоритетите, плановите и за тоа дали добро се живее од овој занает.

Не пречекаја расположени и насмеани и ни излегоја во пресрет. Со работа започнал Сашо Кондоски или главата на семејството, кој со многу труд, ентузијазам и енергија го постигнал она што денес е окупација на целото семејство.

DSC01640

DSC01637

DSC01638

Во нивното опкружување имаат 8 вработени кои вредно си ја вршат работата и се надополнуваат на идеите на Сашо.

Инаку Кондоски веќе 22 години активно се занимаваат со изработка на икони, а убавината на нивните ремек дела можат да се погледнат преку фотографиите.

Огромна мајсторија и љубов е вложена при изработката на истите.

Нивниот дуќан изобилува со најразлични икони, различни големини и различни материјали на изработка.

Иконите ги изработуваат од дрво, медиапан, платно, специјална фолија и 18 каратна позлата.

1

11162449_1047842855244819_2065997529729899689_n

10471192_1047842998578138_9017942777560716123_n

11007720_1020639534631818_6716240623569087537_n

11143536_1047843238578114_461184416105471147_n

11146244_1047842885244816_8024963693271227735_n

Работат во големи количини и се доста задоволни како од постигнатото така и од продажбата на истите.

Велат дека Прилепчани се големи верници и редовно купуваат, кој за свој дом, кој за поклон.

Во работата се вклучени како што споменавме Сашо , неговата сопруга Оливера, како и синот Дејан. Заедно сложни, спремни да постигнат многу и да пренесат љубов и светлина во многу домови преку своите изработки.

DSC01641

Војници од ИСИС силуваат девојки за да ги исламизираат

siluvanjeindia-650x396

Војници од ИСИС силуваат девојки за да ги муслиманизираат.

Ни ги земаат девојчињата, домовите и семејствата. Земаат се од нив. Велиме дека децата се нашата иднина, ама тие ги земаат сите, и стари, и млади! – вели спиритуалниот водич на Јазидите, Баба Шеик, пренесува Си Ен Ен.

Јазидите се луѓе кои следат уникатна религија која содржи елементи од Христијанството, Јудаизмот и Исламот проследени со дури и постари пракси, како обожување на Сонцето. Тие веруваат во еден Бог кој ја креирал Земјата и ја оставил во рацете на ангел во вид на паун, Малак Таус. Но ова верување, претворено во славење на ѓаволот од ИСИС беше искористено од Исламските екстремисти како изговор за убивање, силување и заробување.

spanija-isis-1-640x400

Откако ИСИС окупурале провинција во Ирак, војниците силувале и поробувале млади девојки, но пред тоа се обидувале да ги оправдаат своите намери.

Ми покажа една слика и ми кажа дека секоја заробена жена ќе стане Муслиманка, ако 10 војници од ИСИС ја силуваат. На сликата имаше знаме на ИСИС и слика од Абу Бакр Ал Багдади – изјавува 22 годишна девојка која била силувана од 12 војници.

На територија на ИСИС, овие жени може да бидат купени и продадени за пари, сменети со оружје, дури и подарени. Освен оваа размена, како дел од бруталната теологија е додадено и силувањето и поробувањето.

Војниците ни кажаа дека мора да го почитуваме правилото на Абу Бакр Ал Багдади. Секој што нема да премине во Исламот ќе биде убиен, бидејќи тоа го расипува квалитетот на војната – објаснува 22 годишната девојка.

ИСИС се убедени дека бруталноста кон Јазидите е на религиска база, велејќи дека со поробување на сите неверници (сите луѓе што не припаѓаат на Исламот) и земајќи им ги жените, го почитуваат Шариахот (Исламскиот закон); неговото негирање и потсмевање би било рамно на негирање и потсмевање на Куранот.

Како и да е, теологистите низ целиот свет тврдат дека нивните акции не се базираат на Исламската вероисповест.

Луѓето во ИСИС воопшто не го претставуваат Исламот. Всушност, тие се антиисламисти, го украдоа, ја нарушија Исламската репутација. Во Исламот поробувањето, мачењето, убивањето и силувањето се недозволиви.

markukule.mk ВО ЗИМСКО РУВО…

zimsko markukule

Во текот на ноември и новогодишните празници markukule.mk ќе ви понуди доста изненадувања, наградни игри, забава и редовните информации од регионот и светот.

Посетете ја нашата страна  МАРКУКУЛЕ.МК затоа што тука вистината ви е на дланка!

ЖРК Прилеп – ЖРК Вардар јуниор, натпревар од 9то коло Супер лига жени

DSC01926-1024x768

Во сабота 5.12.2015г. во 19:00h, екипата на ЖРК Прилеп ја пречекува екипата на ЖРК Вардар јуниор во салата во СОУ Ристе Ристески – Ричко. Ова е натпревар од 9тото коло во Супер лигата за жени и претставува вистински тест за младата и талентирана екипа на ЖРК Прилеп. Шанса за четврти триумф и докажување како и шанса за напредок од четвртото место на табелата. Им посакуваме среќа на нашите девојки и ги покануваме сите љубители на ракометот да присуствуваат и да дадат поддршка.

Премиерно прикажување на “Последниот Македонец” во кино Мис Стон

Posledniot Makedonec

Во петок 4 декември 2015 во 19.30 часот во киното Мис Стон во Прилеп премиерно ќе биде прикажан македонскиот документарно игран филм  ,,Последниот Македонец”.
По премиерата филмот ќе се прикажува уште во сабота и недела. Влезниците се по 100 денари.

slika 1

ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ …/ THE LAST MACEDONIAN …The Road to Extintion
Македонија/2013/Документарно-игран филм /90`
Macedonia/2013/Documentary movie/ 90`

CREDITS/ РЕАЛИЗАЦИЈА:
Director/Режија: Илија Пиперкоски
Scr./Сценарио: Александар Кукулев
Cinematographer/Кинематографер: Дејан Димески

Улоги/Cast: Сашко Коцев, Ненад Нацев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Петар Горко, Валентина Грамосли, Билјана Драгичевиќ Пројковскам Филип Трајковски, Жарко Димовски, Александар Степанулески, Никола Ацески, Игор Трпчески, Митко Апостолоски, Љубен Најдоски, Ѓорѓи Јолевски, Трајче Ѓоргиев.

slika 2

СОДРЖИНА: Крвопролевање, разделба на семејства, моќта на соседите, желбата за уништување на Македонија, татковина распарчена на многу делови и херои со големи планови и силна желба да останат свои на своето…тоа е Последниот Македонец… оној кој ја испишува нашата историја. 100 години подоцна, по бројните разделби и уништувања, еве не повторно со исти ликови, а различни карактеристики, со неколку чекори сеуште во историјата. Таа која во филмот преку факти и докази ја пренесуваат историчари од Србија, Грција, Бугарија, Турција, Русија и Македонија.

Илија ПИПЕРКОВСКИ, режисер:
Роден е во Охрид во 1985 година. Во 2010 магистрира на Националната академија за театар и кинематографија во Букурешт, Р.Романија. Досега има режирано 8 играни и документарни, кратки и долги филмови.
ФИЛМОГРАФИЈА (избрани филмови):
“Дедо и Внук” – Игран Филм (2015) “Супер дете” – Краток Филм (2015); “Чистилиште на Душата” (2013); “Матасари” (2012); “Јас и мојот живот без некои работи”(2007); “Зошто го направив својот грев”(2006). slika 4

 

„Катимерини“: Тензично на македонско – грчката граница

granica-katimerini-1-650x396

Тензично на македонско-грчката граница. Грчките медиуми јавуваат дека тензиите во Идомени се големи по судирите меѓу мигрантите и македонските полициски сили кои почнаа синоќа, по што утринава имало насилни судири меѓу различни групи бегалци и мигранти.

Според грчките власти, на грчко-македонската граница утрово се собрале околу 6.000 бегалци и мигранти. Околу 2.500 од нив се идентификувани како мигранти кои не можат да ја преминат границата, и доаѓаат од земји како што се Иран и Пакистан. Во исто време, македонските власти им дозволуваат влез на државјани од земји како Сирија, Ирак и Авганистан, јавуваат грчките медиуми, пишува „Катимерини“.

Возови на грчката железница „Траиносе“ во текот на денов треба да пристигнат на границата и без пари да транспортираат бегалци и мигранти во Атина и Солун