дома блог страница 4979

Тајните на едена цела милениумска епоха, сместени во манастирот во село Слепче

Западните делови на Македонија се инспиративни во секој поглед. Овие живописни краишта кријат многу убавини, многу монументални зданија, многу историја и приказни.
Особено Демирхисарскиот регион има што да понуди во поглед на манастирскиот и црковниот туризам. Слепче се наоѓа западно од Демир Хисар, а десно од патот Кичево-Демир Хисар.
Манастирот во село Слепче „Свети Јован Претеча“, е 1000 годишна историја, сместена на едно место. Ова светилиште крие толку тајни, толку историја, што и една книга да се напише би била малку за да се раскажи за сите бурни настани поврзани со него.
Oвој манастир е едно од најстарите и најзначајните светилишта во Република Македонија, сместен на 3 километри од селото Слепче, стои, сведочи и повикува секој да го посети, да се оддалечи од градската гужва и да ужива за миг во недопрена природа, планинска вода и рај за очи.
Според старите легенди, манастирот го изградил Цар Самуил после битката кај Беласица во 1014 година. Се верува дека дел од ослепената самуилова војска на патот до Охрид, поминала низ Демирхисарско, а дел од нив се здомиле во манастирот, па поради тоа истиот е наречен Слепченски, додека пак ридот кој се издига во непосредна близина на манастирот го нарекле Самуилов рид.
Манастирот претрпел повеќе пустошења, палења, но и ден денес постои, плени со убавината на градба, прекрасните конаци, зеленилото. Овде било местото каде што често престојувале и војводите Никола Карев и Јордан Пиперката, овде говори секој камен, секоја ледина, секој ѕид, секој агол.
Во манастирските визби постојат мистични тунели кои воделе до таен излез директно во блиската шума. Но за несреќа тој излез е изгубен со невнимание при пробивањето на патот до манастирот.
Посетете го ова волшебно место, помолете се и пренесете ја бајката.

 

Подготви: Александар Георгиоски

ФОТО – Даниел Бошкоски

[Best_Wordpress_Gallery id=”104″ gal_title=”sSlepce_23122015″]

Меморандум за соработка помеѓу Комфи Ангел и Економски факултет

3

По повод 55 годишнината од економскиот факултет во Прилеп и после долгогодишната соработка со истиот, компанијата Д.О.О Комфи Ангел официјално ја потврди оваа соработка со потпишување на меморандум за соработка со факултетот.
Содржината на меморандумот е со цел факултетот и понатаму да произведува квалитетен кадар за потребите на Д.О.О Комфи Ангел, а нашата компанија несебично да им овозможи практична работа на студентите и стипендирање на постоечката структура на вработените од компанијата за нивно надоградување за магистарски или докторски науки.
Ја користиме оваа прилика да се заблагодариме на Економскиот факултет за произведувањето на кадри кои што се дел од нашата компанија, имено 30% од топ менаџментот и 30% од вкупната административна сила. Тоа се кадри кои што успешно ја трасираат визијата на компанијата.

5

1

2

4

„Ден на желби“ по повод патрониот празник на ООУ Кочо Рацин – Прилеп

1

Во склоп на повеќето активности кои ги имаше училиштето по повод патрониот празник, беше и нешто несекојдневно. Во склоп на проектот за Меѓуетничка интеграција на Министерството за образование и наука, повеќе од 500 балони со хелиум беа пуштени во атмосферата на кои беа испишани пораки на разни јазици (Македонски, Англиски, Германски, Француски, Албански, Српски, Турски, Ромски и тн) со надеж дека нашите желби за мир, љубов, благосостојба, дружење на сите деца и возрасни ќе стигнат далеку и ќе бидат исполнети…

4

ООУ Кочо Рацин – Прилеп оваа година навршува 61 година од своето постоење и по тој повод беа положени букети со свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените.

6
Исто така беше одржана Свечена академија на која беа доделени благодарници на учениците и нивните ментори – наставници кои во изминантата година освоија Прво, Второ и Трето место на Општинските, Регионалните и Државните натпревари.

[Best_Wordpress_Gallery id=”105″ gal_title=”Ден на желби”]

 

ИТНО СООПШТЕНИЕ!!!

Naseski

Се известуваат сите корисници на Јавниот Градски Превоз, поради изведување на градежни активности на дел од улица 11-ти Октомври и тоа од кружниот тек кај Солидност до кружниот тек кај О.О.У. “Гоце Делчев”, во деновите:
Од четврток (24.12.2015)    до недела (27.12.2015),  автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе сообрајќаат по следниот распоред:

Линија 1 во двата правци ќе поминува пред стадион наместо пред болница, со тоа што се прескокнува постојката пред микробиологија и пред болница.

Линија 2 од Рид кон Факултет ќе оди преку Болница, по Ул. 5та Прилепска, кај Бонита потоа по редовната релација до Факултет. Линија 2 од Факултет кон Рид ќе поминува пред стадион, по Мирче Ацев па продолжува по редовната релација, со тоа што се прескокнуваат постојките пред микробиологија и пред болница.

Линија 3 во двата правци ќе поминува по Александар Македонски, со што се прескокнуваат постојките пред микробиологија и постојките по 5та Прилепска Бригада.

Ви благодариме на разбирањето .

Со почит

Јавен Градски Превоз

Страшни снимки од напади на животни: Некои едвај извлекле жива глава, а некои ја немале таа среќа!

Животните се наши пријатели, но некогаш луѓето претеруваат во своите егзибиции, особено кога се работи за диви животни.

snimki-od-napadi-

Кога луѓето ќе се најдат во средина во која има диви животни и не се однесуваат во склад со тоа, се случуваат страшни работи.

Нападите од мечки и ајкули се најчести, а последиците воглавно фатални.

Во видеото подолу можете да видите некои од најстрашните напади на животни врз луѓе.

Снимката е со вознемирувачка содржина, не е препорачлива за лица со слабо срце:

Овој рецепт вреди богатство – спасете се од кашлицата, грипот и настинката

Зимата е период во кој неизбежни се настинките, кашлицата и грипот, но со овој едноставен лек слободно ќе може да уживате во зимските убавини без здравствени проблеми.

mleko-vo-solja-640x426

За овој лек потребна ви е жалфија и шолја млеко.

Во мал сад ставете 250 мл млеко и лажица сува жалфија, па оставете да зоврие. Потоа тргнете го садот на страна и во млекото додајте лажица путер. Покријте го садот и оставете го да постои 15 минути.

Потоа процедете ја течноста, додајте 1 кафена лажичка мед и 1 кафена лажичка куркума во прав (за деца ½ лажичка) и промешајте.

Високата ефективност на билката се содржи во етеричните масла во нејзините листови кои имаат антибактериски дејства. Исто така во составот имаат фосфорна киселина, витамин В, Б1, П и танин.

Испијте го топлото млеко половина час пред спиење, за најголема ефикасност.

НАГРАДА ЗА НАЈУБАВО УКРАСЕНА КУЌА

121212121

Општина Кривогаштани распишува конкурс за најубаво украсена куќа во рамките на општината. Граѓаните кои ги имаат новогодишно украсено своите домови имаат можат да се пријават на конкурсот во просториите на општината најдоцна до 28.12.2015 – Понеделник. Комисија формирана од општината ќе ги посети украсените домови по што ќе одлучи на кого ќе му припадне наградата која свечено ќе биде доделена на победникот за време организираниот дочек на новата година во центарот на Кривогаштани.

IN MEMORIAM, Почина Благоја Алексоски

2222222

Почина Благоја Алексоски –Глумецот (1933-2015), актер во пензија од театарот Војдан Чернодрински од Прилеп. Алексоски беше погребан денеска на Градските гробишта во Прилеп.

Тој замина, но неговото дело, улогите што ги освари во театар, книгите што ги напиша ќе останат врежани во македонскиот театар и литература.

Целиот свој живот му го дари на театарот. Најпрво како аматер во драмската секција. Бил еден од основачите на театарот во кој се вработил 1953 година и го дал својот придонес се до неговото пензионирање.

Одигра голем број улоги. Луков во Чашулевата ,,Црнила,, Омер во,,Робот и Агата,, од Чернодрински, Ристе во ,,Мангите пијат чај,, .. Но остана запаметен по улогата ,,Татко,, од Стринберг, која некако му лежеше на срце и често знаеше да ја потенцира.

Оствари и завиден број режии на театарски претстави, пред се на битови драми, меѓу кои на Бегалка, Печалбари, Антица… За своите актерски реализации Алексоски се здоби и со признанија на МТФ,, Војдан Чернодрински,, како и со наградата за животно дело на овој фестивал. Всушност ќе остане забележано дека е првиот лауреат на ова угледно фестивалско признание од прилепскиот театар. За неговиот придонес за театарот признание му оддаде и општина Прилеп.

Малкумина актери во земјата пројавуваа склоности кон пишуваниот збор, односно се занимаваа со литература, драматургија, проза, историски хроники. Алексоски беше еден од ретките. Во последните години стана вистински хроничар на Прилеп.

Како драматичар дебитираше со пиесата ,,Итроман Пејо,,, а напиша уште десетина драмски текстови, меѓу кои и ,,Колобан,,по кој се играше и истоимената претстава во театарот. Ги напиша и делата ,,Аџи Христо Логотет,, ,,Тале Мелезот.,, романот Ах,, Прилепските прекари,, а остави зад себе и необјавени творби.

Ќе остане запаметен дека драмската сцена ја исполнуваше со фини и непосредни тонови, со една специфична мекост и непосредност, со многу топлина и шарм, оставајќи впечаток пред се со чистата и лична дикција, со природнаата и дожиевана игра, со изостреното чувство на вајање на деталот.

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински,, Прилеп

1

Во петок, 23.12.2015 – 19.30 часот во театарот “Војдан Чернодрински” во Прилеп, ќе се одигра претставата,
,,Премиера во …,, во режија на Коле Ангеловски.

Влезници на билетарницата од театарот.

Резервации на телефон – 428 644 или 076 442 378
Повелете !

Новогодишен концерт на училиштето „Ордан Михајлоски-Оцка“

3

Музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ на 24 во четврток во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе одржи Новогодишен донаторски концерт. На концертот ќе настапат учениците од музичкото училиште со свои точки, а собраните средства од влезниците ќе бидат искористени за купување на клавир.

77

6

2

5

4