дома блог страница 4976

ТУРЦИЈА Е СЛЕДНАТА СИРИЈА: Во Турција се заканува отворена граѓанска војна!

kurdi_ogan-30jfc13ivhu53ahekptg5c

100 Курдски жени и деца се убиени во југоисточниот дел на Турција во последните шест месеци, стои во извештајот на Хјуман Рајтс Воч во кој се додава дека бројката не е прецизна и дека може да биде и поголема. Жртвите биле убиени за време на специјална операција на безбедносните служби на Турција.

Тензиите помеѓу Турските авторитети и Курдската опозиција ескалираа во Јули по прекршениот договор за прекин на огнот помеѓу Турција и Курдите, како и по обвинувањата дека Анкара ги поддржува терористите од ИСИС. Потоа, Хјуман Рајтс Воч ја повика Турската влада да ги суспендира воените дејствија и да започне со потполна истрага, за обелоденување на вината за убиството на жени и деца.

Кани Ксулам, Курдски активист и директор во Американско Курдската информациона мрежа за Спутник изјавува дека Анкара никогаш нема да започне со целосна истрага за убиствата.

Тој тврди дека Турската влада спроведува културен геноцид врз Курдите
“Полициски час беше спроведен во неколку градови, и на луѓето им беше забрането да излезат од своите домови. Градовите се бомбардирани и ако некој биде повреден нема можност да стигне до болница. Струјата и водата се отсечени. Тоа е недекларирана војна која Турција ја води со Курдското цивилно население во градовите на истокот и југот на земјата” рекол Ксулам за Спутник.

Тој додава дека “Има 20 милиони луѓе кои живеат во земјата без основни човекови права, без политички права и се притискани да се асимилираат во Турската култура, јазик и литература. Курдите велат дека веќе е доста и бараат локална автономија”

Активистот ова го нарекол културен геноцид и етничко чистење во смисла дека на луѓето не им е дозволено да се изразат. Тој вели дека ова е спротивно на меѓународното право и секоја останата нормa “Турција го негира постоењето на Курдите во Уставот и ги тера да бидат асимилирани”

“Злото кое се случува во Сирија лесно може да биде пресликано во Турција. Линиите преку кои се кршат проблемите се исти и во Турција каде што Сунитското мнозинство зака да ги асимилира Курдите и Алавитите. Турција многу лесно може да стане следната Сирија” додава Ксулам

Тој додал дека, “Турците никогаш нема потполно да ги обелоденат и истражат своите злосторства. Никогаш не го направиле тоа, и никогаш нема да го направат. Тоа ќе заврши во граѓанска војна”

Рецепт: Како да подготвите варено вино

kuvano-vino-1450989466-75890-650x396

Кога станува збор за варено вино, мора да признаеме дека многу поважна е атмосферата од самиот рецепт. Поради тоа, ако сте во можност прво запалете оган во шпоретот или каминот.

Потребно е: 500 мл црно вино, 200 мл вода, 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче, добро расположение и многу пријатели.

Во тенгере ставете 200 мл вода, додадете 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче и оставете да проврие.

Кога ќе зоврие додадете 500 мл суво црно вино (или какво што имате) и штом ќе се згрее тргнете го од огнот.

Поканете ги пријателите и почестете ги со варено вино.

Повик за набавка на дрва од ЈП „Македонски шуми“ за 2016

drva-1

ЈП „Македонски шуми“ објави јавен повик за пројавување интерес за набавка на техничко и огревно дрво за 2016 година од Јавното претпријатие. На повикот може да се пријават физички и правни лица, а повеќе податоци за условите и начинот на апликација може да се најдат на веб-страницата на Македонски шуми www.mkdsumi.com.mk.

Со цел да се избегнат проблемите што годинава се појавија во работата, за 2016 година предвидовме нов начин на продажба на огревно и техничко дрво. Тоа значи дека целокупната продажба на сите сегменти ќе оди по пат на јавниот повик што денеска го објавуваме и со склучување договори со сите корисници, информира директорот на ЈП „Македонски шуми“ на денешната прес-конференција.

Тој прецизира дека во јавниот повик се одредени крајните термини до кога може да се аплицира, а по нивното истекување, како што рече, нема да може да се склучуваат договори со ЈП Македонски шуми за набавка на техничко или огревно дрво. Во договорите, додаде, ќе биде прецизирано и до кога треба да се платат и достават дрвата во спротивно ќе има право за надомест на штета.

Цените на огревното дрво на склад и во наредната сезона остануваат исти како и годинава, односно 2,370 денари за бука и 2.450 денари за даб. За наредната година прланираме и зголемување за околу 20 отсто на производството на дрво, рече Караџоски.

Нагласи дека годинава имало поголема побарувачка на огревно дрво од лани и додаде дека ЈП „Македонски шуми“ произвела и продала 500.000 метри кубни или 80.000 метри кубни повеќе од лани. За 2016 година најави дека се планира производство на 600.000 метри кубни дрво. Таа, количина, како што посочи, би требало да ги задоволи потребите, имајќи во предвид дека според податоците на Државниот завод за статиситка Македонија троши околу 800.000 метри кубни.

Ако се има предвид дека планираме производство на 600.000 метри кубни дрво, 250.000 метри кубни има производство од приватните шуми, 60 до 70.000 метри кубни годинава беа увезени, а околу 50.000 метри кубни продадоа националните паркови излегува дека за следната година се предвидува речиси еден милион кубни метри дрва што е доволно за нашиот пазар, рече Караџоски.

Посочи дека јавното претпријатие од годинава располага со 312 сопствени секачи и дотурачи пради што, како што рече, може полесно да го планира производството.

Годинава само 63 отсто од производството е направено со надворешни секачи и доставувачи преку тендери, а остатокот е со сопствено учество. Во 2016 година очекуваме сопственото учество да биде од 35 до 40 отсто, а планираме и набавка на камиони за дистрибуција на дрва, бидејќи во 2015 година имавме доволно произведена маса но имавме проблем со транспортот, рече Караџоски.

Истакна дека Македонски шуми ги испорача сите количини што ги имаше договорено за годинава и за сите уплати, но потенцира дека се уште примаат уплати. Дрвата, како што рече, ги дистрибуираат по исплатата на сите рати или согласно објективните услови што ги имаат за плаќање во готово.

Производството на дрво трае преку целата година и не може да се очекува да биде испорачано до 15 октомври кога официјално почнува грејната сезона. Има луѓе што не набавиле доволно, па бараат повторно да го направат тоа или, пак, некои што навреме не уплатиле и слично. Годинава, пред се поради неповолните временски прилики во мај, имавме задоцнување од два до три месеца со дистрибуцијата на огревно дрво, но тоа беше до средината на ноември. Оттогаш продажбата и дистрибуцијата течат вообичаено, рече Караџоски, нагласувајќи дека мали проблеми направиле и измените на Законот за шуми поради кои морале да се менуваат чеканите за жигосување за што било неопходно објавување на тендери.

Токму заради избегнување на ситуацијата од годинава, потенцира, се одлучивме да го промениме начинот на продажба на дрво за 2016 година.

Појасни дека аа 2016 година се предвидува апликациите за набавка на техничко дрво за правните субјекти по основ на рамковен договор да се достават најдоцна до 15 февруари 2016 година, а за годишен договор до кјарот на февруари. По истекот на роковите нема да се примаат нови барање, освен за новоотворени дрвопреработувачки капацитети.

Апликациите за продажба на огревно дрво на здруженија на пензионери, синдикати и правни субјекти кои огревното дрво го користат во процесот на производство и затоплување треба да се поднесат најдоцна до 15 февруари 2016 година, а со тоа ќе треба да се достават и изјави заверени на нотар за која намена ќе се користи дрвото, како и список на пензионери со прилог чек од пензија. Плаќањето може да биде на рати, а почетокот на дистрибуција е отако ќе се исплатат најмалку 50 отсто од ратите.

За правните субјекти кои се регистриани за промет на дрво и дрвни сортименти плаќањето е авансно, а крајниот рок за поднесување апликација е 31 март 2016 година. Во прилог на апликацијата треба да достават и изјава заверена на нотар дека максималната цена на продажба нема да биде повисока од 2.900 денари за просторен метар бука и 3.000 денари за даб. Покрај тоа, треба да достават и писмена изјава заверена на нотар со која се согласуваат ЈП „Македонски шуми“ да им задржи 10 отсто од вкупно уплатената сума и да го раскине договорот доколку не ја почитуваат максималната цена на продажба.

За физички лица пензионери и инвалиди апликациите треба да се достават најдоцна до 15 март 2016 година, а огревното дрво може да го плаќаат на 8 рати. Испораката може да почне по исплатата на половината од ратите, а со апликацијата треба да се достави чек од пензија и доказ за инвалидност.

Апликацијата за физички лица од социјално ранливи категории треба да се достави најдоцна до 15 март 2016 година, а со неа треба да се достави и доказ за статусот. Огревното дрво им се продава на 8 рати од кои првата треба да се плати при склучувањето на договорот. Огревното дрво може да се купи и со попуст од 10 проценти за плаќање во готово.

За останатните физички лица апликацијата треба да се поднесе најдоцна до 15 март 2016 година. Огревното дрво ќе може да го плаќаат до 5 рати или во готово. Првата рата се плаќа при склучувањето на договорот, а дистрибуцијата на дрвата почнува по исплатата на последната рата. Предност при испорака ќе имаат оние кои дрвата ги платиле во готово.

Oбјавени прашањата за екстерното тестирање на матурантите

Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска веб-страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование.

ucenici

– Објавениот базен со прашања содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во следните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ ги повика сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.

Прилепчанецот Кирил Тодороски, жари на сцените во далечната Русија

Кирил Тодороски е наш Прилепчанец, кој живее и студира во градот Казан во Русија. Неговиот пат започнал едноставно како и на секој тинејџер, но желбата во него била сосем друга. Кирил мечтаел за нови предизвици, авантури, нови искуства, достигнување на нови светови. Веќе две години е во Русија и е првиот студент од Македонија на Казанската ветеринарна академија. Покрај љувовта кон животните што ја има, Кирил Тодороски умее и одлично да пее. Тој е нашиот амбасадор, кој настапува со државното знаме, и ја претставува Република Македонија, ширум сцените во Русија.


За маркукуле.мк, Кирил ја раскажа својата приказна и својот пат кон успехот.

Кирил Тодороски – Прилеп, Македонија. 11.02.1996

Кирил кажи ни нешто повеќе за тебе, твојот училишен пат, желби и за обврските кои ги имаше додека престојуваше во твојот роден град?

Основното образование го завршив во ОУ„Кочо Рацин“, а поради големата љубов кон животните моето образование го продолжив во СОУ„Орде Чопела“ на профилот ветеринарен техничар. Бев одличен и наградуван ученик. Претседател на училиштето и на младинската организација. Работата за моето училиште ме правеше среќен и исполнет. Последните две години работев во ветеринарна амбуланта. Секојдневно се среќавав со домашни животни на кои им беше потребна лекарска грижа и нега. Немав слободно време, работев и само работев.

Што те наведе да трагаш по нови предизвици?

Отсекогаш мечтаев за поинаков живот. Едноставно сакав да го променам местото на живеење. Како? Кога? Каде? Не знаев. Минуваа и последните месеци од средното образование. Секојдневно размислував за тоа како да излезам надвор од Македонија, и каде да го продолжам моето образование. Почнав да истражувам на интернет. Барав стипендии. Пронајдов многу конкурси, некои беа во тек, а некои завршени.
Таму беше и конкурсот за доделување на стипендии од страна на Владата на Руската Федерација. Никогаш не помислив дека моето образование можам да го продолжам во Русија. Ги подготвив потребните документи и аплицирав. Гласот во мене ми кажуваше дека тоа е најдоброто што можам да го направам. Бидејќи ги исполнував сите услови, бев сигурен во тоа дека ќе ја добијам таа стипендија.

Лесно беше ли да се донесе таква одлука, да се замине толку далеку од твоите најблиски, пријателите, и што најмногу те грижеше во тие моменти на неизвесност?

Времето минуваше, а неизвеснота секојдневно беше сè поголема и поголема. Во еден момент дојде и крајот на неизвесноста. Ја добив таа стипендија. На среќата и немаше крај. Откако ја добив визата, потребно беше само да резервирам билет и да заминам. Не беше и така лесно. Размислував што оставам зад себе, каде одам, што понатаму? Разделбата со семејството и не е баш лесна. Другарите и пријателите не се веќе тука. Едноставно си сам, и сам ги донесуваш сите одлуки. Знаеш дека не можеш кога ќе посакаш да се вратиш и да ги видиш твоите најблиски. Но ваквите одлуки се главни во нашиот живот. Дојде и денот кога требаше да заминам. Бев цврст и одлучен. Се качив во авионот и заминав. Во мене тлееше стравот од непознато. Кога пристигнав тука се чувствував подобро. Фала му на Бога сè беше во најдобар ред. Овде имам многу пријатели и другари. Сите од различни земји.


Колку долго престојуваш во Русија и што те прави среќен таму?

Веќе втора година како ја претставувам нашата татковина – Македонија пред руската и странската публика. Чест ми е кога настапувам под нашето знаме. Среќен ме прави тоа што многу од странските студенти се запознаа со нашата култура и традиција. Пеам песни од незаборавниот Тоше Проески со целото срце и душа.

Кажи ни повеќе за твоите успеси и за тоа како се снаоѓаш во средината во која престојуваш?

Минатата година живеев и студирав во Воронеж. Таму го научив рускиот јазик. Тоа беше мојата подготвителна година. На меѓународниот фестивал- песни и танци на народите во светот добив ЛАУРЕАТА. Учествував на градскиот фолклорен фестивал посветен на денот на славјанската писменост и култура „Славјански венок“ и бев награден со диплома. Оваа година живеам и студирам во Казан, третиот главен град во Русија. Прва година во Казанската ветеринарна академија. Тоа е најстарата академија во Русија. Јас сум првиот студент од Македонија во оваа академија. Добро ми оди. Претседател сум на странскиот сектор во академијата, член на студенскиот совет, и претседател на мојата група. Желбата да се биде прв и најдобар, никогаш не згаснува.
Учествував во академскиот конкурс „Ден на студентите“ и добив диплома за најдобра вокална изведба. На осмиот меѓу универзитетски фестивал „Дружба на народите-2015“ бев награден со диплома.

Една порака до твоите Македонци?

Секој ја сака и претставува својата татковина. Странската публика ја цени и почитува нашата култура и традиција, ја сакаат нашата Македонија. Македонци! Сакајте ја својата татковина, и претставувајте ја во најдоброто светло.

Изложбата на слики ,,Емоционални записи,,

Денес во 19.00 часот во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложбата на слики ,,Емоционални записи,, од уметницата Силвана Атанасовска, со што Центарот ќе ја заокружи програмата на ликовен план за 2015 година.

Самотојната изложба на сликаркта Силвна Атанасовка насловена „Емоционални Записи“ нуди десет слики раборени масло на платно (85×85), а се создадени последнава година. Инспирација за создвање на делата авторката ги наоѓа во внатрешниот космос на човкот, најмногу во емоциите кои луѓето ги доживуваат и искажуваат во денешново, модерно време.

 

 

DSC_3630 - Copy (2)

DSC_3632 - Copy

Maријана, Мишела и Киријана, најдобра женска екипа за 2015 во македонскиот спорт

2

Нашите Прилепчанки не престануваат да не радуваат. На изборот за најдобри спортисти за 2015 година, Маријана, Мишела и Киријана, беа одбрани за најдобра женска екипа во македонскиот спорт за 2015 година. Девојките зад себе оваа година го имаат второто место на Светското првенство во Џакарта Индонезија и првото место на Балканскиот шампионат во Дубровник Хрватска. Повеќе од заслужено, девојките се закитија со овој оскар, кој им беше доделен од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

5

1

3

Очекуваме уште многу и со сигурност веруваме во нив. Честитки !

Веста дека Северина ја претепал сопругот го шокираше регионот

Вчеравечер целиот регион беше во шок откако беше објавена лажна вест дека е убиена Цеца Ражнатовиќ но некој таквата гнасна лага не му беше доволна. Веднаш по оваа вест беше објавена и следната „спин информација“ на еден интернет портал кој има за цел да добива „кликови“ од читателите со шокантни наслови со кои ветува и видео снимка.

1severina6-640x503

Меѓутоа, кога ќе се отвори веста веднаш е јасно дека станува за имама. Ситуацијата дополнително ја влоши лагата за извесен бизнисмен од Хрватска кој се нашол во центарот на лажната афера.

Исто така, порталот ургира да ја погледнете неговата Фејсбук страната на која може да го видите видеото што е уште еден очигледен доказ дека оние кој стојат зад целата работа немаат добри намери.

Значи, без грижа, Северина и Игор се добро и нивната љубов цути. А се додека постојат вакви портали кои се борат за што побројни „кликови“ сосема е веројатно дека константно ќе биде сведоци на бесрамното привлекување на вниманието.

ЗАПОЧНА ЧИСТЕЊЕTO НА КРУШЕВСКА РЕКА

0000

Вчера започна чистењето на Крушевска река на делот кој поминува низ територијата на општина Кривогаштани. Општината ја реализира оваа активност со помош од Министерството за животна средина која на општината и додели 4000 литри нафта со што се започна чистењето на речното корито на Крушевска река согласно акциониот план за чистење на речни корита. Со ова значително ќе се намали ризикот од појава на поплава и излевање на водите од речното корито при обилни врнежи на дожд и снег, што беше случај оваа година при крајот на месец Јануари кога жителите на општина Кривогаштани претрпеа огромни штети.

За две недели откупени над 5.000 тони тутун, просечната цена 185 денари

Само две недели од почетокот на откупот, преземени се вкупно 5.168 тони тутун од годинашната реколта, а просечна цена е 185 денари по килограм или 65 денари повеќе од ланската за истиот период, соопшти денеска Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

tutunoproizvoditel-640x299

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 54,21 отсто или за родот од 2015 година, досега се исплатени 518.498.348 денари.

Откупот се врши на 186 ваги на 152 откупни места од страна на деветте откупувачи, без проблем и согласно договорите меѓу производителите и откупувачите.

Според првичните проценки, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.

Министерството за земјоделство, како што информира, пред откупот достави писмено известување до откупните компании за преземање одредени мерки кои ќе помогнат за поуспешен откуп на тутунот од родот во оваа година.