дома блог страница 4974

УРНЕБЕСНО ВЕСЕЛО ВО GARDEN LIMITLESS

DSCN9661

Kако најава на забавата за новогодишната вечер, овој викенд во пица-ресторанот Garden Limitless врие од луѓе. Загреана атмосфера, луда журка, добро познато вкусно мени и топол амбиент. Нема ништо поубаво кога ќе видете лица полни со насмевки, разиграни и весели.

Нашиот фотограф ви пренесува неколку убави кадри од синоќешната забава во ресторанот, а екипата на Garden Limitless ве поканува да бидете нивни гости и за новогодишната вечер.

DSCN9670

DSCN9660

DSCN9662

DSCN9663

DSCN9665

DSCN9668

Ви го пренесуваме и новогодишното мени за првата и втората новогодишна вечер.

111111111

22222222222

ВИДЕО: Адриана Лима никогаш посекси

1111

Во екипата секси убавици за компанијата „LOVE“ се придружи и бразилската убавица Адриана Лима.

Во видеото Лима е само во црна долна облека и е најпровокативна досега. Во овогодишната кампања земаа учество и Кендал Џенер, Ирина Шаек, Миранда Кер, Рита Ора и многу други убавици.

Погледнете ја нејзината реклама за овој магазин.

ФИНАЛЕ на Светиниколскиот турнир во мал фудбал

DSC02311-1024x768

Вечерва со почеток од 20:30 часот, ќе се одигра големото финале на Светиниколскиот турнир во мал фудбал 2015 година. Изминатите две недели најуспешни беа екипите на Дени Мебел и Мите Транс. Се очекува исполнета сала, одлична атмосфера и пред се супер фудбал.

Претходно од 18:30 часот ќе се одигра и натпреварот за третото место помеѓу екипите на Кабелнет и Автоконтрол.

Победникот на турнирот ќе освои 200 000 денари, второпласираниот 140 000, третопласираниот 80 000, а четвртопласираната екипа ќе си замине со награден фонд од 30 000 денари.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОЛУФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ:

Дени Мебел – Кабелнет 2:0

Автоконтрол – Мите Транс 2:6

Ноќен живот Прилеп : Art Caffe – 26.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”109″ gal_title=”Art Caffe – 26.12.2015″]

ХИТ ВИДЕО: Само во градски автобус – „мртов“ пијан не можел да излезе

Пијан човек е снимен во градски автобус во Белград. Тој не можел да стане, а очигледно и некој не му помогнал.

Погледнете:

Posted by Uživo iz beogradskih tramvaja i buseva on Saturday, December 26, 2015

1000 ДЕНА РЕНЕСАНСА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

12046853_1155299757818498_8490779706356000277_n-702x336

Денес се навршуваат 1000 денови од доаѓањето на Тони Заткоски за прв човек на општина Кривогаштани, 1000 денови експанзија и модернизација, огромен број на проекти и средства за жителите на сита населени места во општината.

– Општината доживува градежна експанзија и наликува на големо градилиште, насекаде гледаме машини, се градат игралишта за најмладите, се привршува изградбата на најмодерниот пазар во државата, се реновираа сите основни и подрачни училишта, се отвори првата градинка во општината и уште една за кратко ќе започне да функционира во населеното место Обршани, се испиша историја со започнувањето со работа на итната медицинска помош во општината, се гради нова спортска сала во ОУ Манчу Матак, се асфалтираат патишта, се градат тротоари и многу други проекти и сето тоа од доаѓањето на Тони Заткоски за градоначалник – Велат задоволните жители на општина Кривогаштани

Во досегашниот мандат на градоначалникот реализирани и одобрени се проекти со приближна вредност од околу 5.000.000 евра од кои веќе во наредната 2016 година ќе започнат да се реализираат проекти за асфалтирање на улици во повеќе населени места, ќе се промени уличното осветлување на регионалните патишта со ЛЕД светилки, општинската администрација ќе добие нова фасада на општинската зграда и нови канцеларии во надградбата на општинската зграда, ќе се градат тротоари, ќе се започне со асфалтирање и проширување на клучниот патен правец во општината односно патот од Кривогаштани до Воѓани, ќе се изградат канализациони мрежи со пречистителни станици во населените места Крушеани и Врбјани и уште голем број на проекти и активности од кои најголем бенефит ќе имаат токму жителите на општината.

8

2

3

4

5

6

7

ФОТО – МАРКУКУЛЕ МРАЗИЦА

12431745_529214613906835_1659205088_n

Во пресрет на новогодишните празници, кога ноќите се ладни, нашиот портал маркукуле.мк, ве затоплува со симпатични фотографии. Нашата мразица ви испраќа топли и искрени желби за среќна нова година, поминете ги прекрасните моменти со многу љубов, расположение и во убаво друштво.

12421397_529214380573525_768950126_n

12435376_529214253906871_1112749971_o

12404419_529214383906858_898402237_n

Саботно Кафе – 26.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”108″ gal_title=”Саботно Кафе – 26.12.2015″]

Пуштени во употреба нов плоштад и катна гаража во центарот на Скопје

Нов плоштад „Мајка Тереза“ и нова катна гаража „Кресненско востание“ беа пуштени во употреба денеска во центарот на Скопје. Со плоштадот партерно се уредува просторот околу новите градби на левиот кеј на Вардар од потегот кај МНР до Камениот мост, а со катната гаража, која е со површина од околу 20 илјади метри квадратни, се обезбедуваат нови 440 паркинг места во строгиот центар на градот.

– Со изградбата на овој плоштад, инвестиција од околу 4,5 милиони евра, целокупниот простор во кој изминатите години се градеа нови објекти, денес се заокружува и добива своја нормална и естетска целина. Целокупниот простор кој беше едно градилиште сега е претворен во едно големо шеталиште, истакна премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на плоштадот и гаражата.

Катнатата гаража која се наоѓа во близина на МНР и МОБ, под плоштадот „Мајка Тереза“, инвестиција вредна околу девет милиони евра, треба да го реши проблемот со паркирање во центарот на градот.

– Ова е локација каде во околина има повеќе институции поради кои потребата за паркинг простор е постојано присутна. Тука се МНР, Министерството за транспорт и врски. Филхармонијата, Македонската опера и балет, новиот Археолошки музеј, Јавното обвинителство и повеќе државни или приватни објекти. Ваквата концентрација на значајни институции, како и положбата во строгиот центар на Скопје доволно јасно говори за значењето и потребата од изградбата на ова подземно паркиралиште, рече Груевски.

Тој најави дека во интерес на промоција на новата катна гаража, во следните неколку месеци паркингот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Според Груевски, изградбата и на плоштадот и на катната гаража е дел од плановите главниот град да се осовремени и да се доизгради.

– Изминатите 100 години се години во кои многу светски европски и балкански метрополи се обликуваа и градеа на големо. Денес тоа се градови препознатливи по своите оележја, градби, споменици и секако по големиот број туристи. За жал, додека другите народи градеа главниот град на Република Макеоднија беше заборавен во минатото и оставен на забот на времето. Единствено нешто по што беше познат Скопје беше Камениот мост, Старата чаршија и Скопското кале кои потекнуваат од време турско или далеку пред тоа, истакна премиерот.

Се останато, додаде, училишта, бараки, улици, болници, објекти претежно биле изградени пред земјотресот во 1963, најчесто како донација и помошта од другите држави, а, како што потенцира, после тоа добри 50 години ништо сериозно се немало променето во Скопје.

– Скопје го разбудивме од длабокиот сон и дојдоа времиња во кои главниот град се издигна во едно ново и модерно руво. Во периодот кога се промовираа проектите, објектите и замислите на народот не му се веруваше дека тоа ќе биде остварено. Многумина коментираа дека ќе останат дупки на местата на кои почнало нешто да се гради и дека од таа работа нема да има ништо. Впрочем таа скептичност беше поврзана со минатото во кое навистина ништо не се градеше, истакна македонскиот премиер.

Рече дека со текот на времето Скопје добило нови булевари, жичара до крстот, нов стадион, нов спортски копмлекс „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, нов главен плоштад „Македонија„, повеќе споредни плоштади, фонтани, споменици, склуптури, нови фасади, музеи, нови мостови, поголем број катни гаражи, нов театар, нови згради за државни институции, се модернизирала скопската зоолошка градина, железничката станица…

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека овој нов плоштад со неговата местоположба ќе биде еден од музичките центри на градот Скопје.

– Овде градот Скопје ќе планира многу настани. По амбиентот и местоположбата ќе одговараат за таквата намена. Тука ќе има настани од Скопско лето, од Бела ноќ, настапи на музички групи… Значи, градот со овој плоштад добива една можност за содржини коишто ќе го збогатат културното милје, истакна Трајановски и потсети дека ова е еден од шесте плоштади што се прават во малиот ринг на градот Скопје.

Со новата катна гаража, пак, напомена, ќе се помогне во решавањето со проблемот со паркирањето во центарот на градот. – Возилата кои сега се наоѓаат на тротоарите ќе бидат минато. Со пуштањето во употреба на оваа катна гаража, се добива една поголема функционалност во паркирањето, додаде Трајановски.

Концерт на детскиот хор “Мали ангели”

PLAKAT D-HOR- NOVOGODIS KONCERT- 2016-2 (1)

Детскиот хор, Мали ангели, во недела 27.12.2015, од 19:00 часот ќе одржи предновогодишен концерт во кино Мис Стон. Хорот кој функционира од 2011 година, а членуваат 40 деца на возраст од 8 до 14 години, ќе се претстави со интересна програма. Целосната организација за дејствување на детскиот хор е на АРТ 10 продукција, која 24 години се грижи за младите уметници и нивниот развој. Функционирањето на хорот “Мали ангели” е поддржано од Министерството за култура, бизнис секторот и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
– Малите ангели повторно ќе ги исполнат срцата на посетителите, бидејќи целта е развивање на музичката култура кај децата не само во градот, туку и во Македонија. На младите да им се отворат нови хоризонти, да ги воведеме во тајните на хорското и соло пеење. За овој краток период постигнавме многу. Целта во иднина се настапи низ градовите во земјата и во странство- велат од Арт 10 продукција.