дома блог страница 4968

Утре очекувајте снежна покривка

sneg

Од утре, во поголемиот дел од земјава се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање снежна покривка.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет.

Кон крајот на утрешниот ден на некои места врнежите од снег ќе преминат во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.

Тоа што ќе го правите денеска ќе ви се случува цела година

12121

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 декември.

Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше. Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.

Игнатовден (месно: Игњет, Игнат, а некаде и „Прв Божик“) — е христијански празник. Во народното верување се смета дека на овој ден започнале породилните болки на Пресвета Богородица. Во Македонија овој празник претставува еден од поголемите празници проследуван со многу обичаи и суеверија. Заедничко за сите македонски региони е тоа што смета дека се што ќе се прави на овој ден, ќе ви се случува во текот на целата година.

ДЕТАЛИ ЗА ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО: Србите се обиделе да го скријат другарот убиец

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.У. од Краљево поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Истовремено, против 26-годишниот М.П. и 25-годишниот Ѓ.П, исто така од Краљево, е поднесена кривична пријава за  сторено кривично дело „помагање“.

 

polllll

На тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според првичната истрага на полицијата, на 1 јануари околу 2 часот во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, настанала жестока вербална расправија меѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот Димитар М.(27) со двајца негови пријатели од Охрид, а од другата страна српските државјани од Краљево. Вербалната расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во објектот „Табана“, каде имало организирана прослава за дочекот на Новата година.

Тројцата млади луѓе од Охрид после полноќ дошле во кафе-барот и застанале на шанкот каде биле сега притворените. Во еден момент настанала вербална расправија и туркање меѓу нив по што од страна на персоналот биле разделени.

Кога Димитар М. излегол од угостителскиот објект сакајќи да замине, првопријавениот Б.У. излегол надвор од објектот со цел да го запре и да се пресмета со него. Го нападнал удираќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, по што Димитар М. од тежината на повредите починал.

Потоа Б.У. се вратил во објектот каде бил пречекан од второ и третопријавените и се упатил кон неговата соба да се преоблече. Второ и третопријавените со цел да го прикријат делото, најнапред го сместиле Б.У. во собата на нивни пријателки во истиот објект, а подоцна откако се осигурале дека е безбедно, го вратиле во неговата соба.

Со цел целосно расчистување на случајот, СВР Охрид го обезбеди местото на настанот и во содејство и присуство на Јавен обвинител изврши криминалистичко-технички увид со цел обезбедување материјални траги. По наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во седум соби во објектот „Табана“, со цел пронаоѓање на сторителите на кривичното дело. Во една од собите, пронајдени се сега притворените српски државјани. Во нивната соба, пронајдени и обезбедени се траги од крв и на дел од облеката на првопријавениот.

СВР Охрид ги презеде сите неопходни оперативни мерки и истражни дејствија, направи увид на местото на настанот, се спроведе постапката за препознавање на сега притворените како и анкетирање на очевидци и вработени во угостителскиот објект „Табана“. Сите активности биле реализирани во содејство и координација со јавниот обвинител. По негова наредба, вчера беше извршена обдукција врз телото на сега починатиот.

Ограбени две жени во Куманово и Прилеп

Две повозрасни жени во текот на вчерашниот ден се физички нападнати и ограбени во нивните домови во Куманово и Прилеп при што одземени им се златен накит и пари.

polici-640x384

Како што соопшти МВР, едната кражба се случила вчера во Куманово околу 3 часот по полноќ кога непознат сторител преку прозорецот од купатилото влегол во домот на 50-годишината Е.М. која спиела. Откако пребарал низ куќата, физички ја нападнал и и ги одзел обетките што ги носела, а од плакарот одзел два златни прстена и еден пар обетки по што избегал. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во вториот случај, 72-годишната Л.М. од Кривогаштани пријавила дека во нејзиниот дом околу 19:50 часот две непознати маскирани лица затропале на влезната врата, по што ја турнале и влегле во салонот. И ги врзале рацете и нозете со селотејп трака и со закана со пиштол одзеле паричник во кој имало 800 австралиски долари, 200 евра, 3.000 денари и трансакциски картички. Извршен е увид од страна на Полициската станица во Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во 2016 ќе им се каже збогум на лошите услови во студентските домови – се градат нови модерни објекти

Старите и руинирани бараки и дотраените згради од студентските домови, остануваат само дел од минатото.

studentski-goce-delcev

Собите со стариот мебел и лошите услови во кои живееја студентите во изминативе децении, од годинава се заменуваат со нови реконструирани простории модерно уредени. На местото на некогашниот „Медицинар“ на почетокот од новата 2016-та ќе почне да се гради новиот објект, на површина од 1200 метри квадратни.

До 400 студенти ќе можат да престојуваат во комплетно новиот студентски дом. Новина која премиерот Никола Груевски ја најави е што покрај новите и модерни простории во кои ќе живеат студентите, ќе биде изградена и спортска сала во комплексот на студенскиот.

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски за Алфа најави дека е завршен и тендерот за целосно реновирање на блокот А во студентскиот дом „Гоце Делчев “.

-Студентскиот дом Гоце Делчев продолжуваме да го реконструираме со динамиката со која што го најавивме. Блокот Б е комплетно реновиран во целост. За блокот А сме во завршна фаза, сега сме во постапка на избор , односно евалуација на фирма која што ќе ги превземе активностите за реновирање на вториот блок, блокот А и веднаш потоа во наредните неколку недели се очекува да пристигне проект за реновирањето на блоковите В и Г и мензата и за истите да се распише јавен повик за фирма изведувач, која што ќе ги реновира овие два блока, вели Ристовски за АЛФА.

Владата веќе донесе одлука и за градење на други 3 студентски домови од кои два ќе се градат во Скопје, а едниот во Тетово. Ова се комплетно нови објекти кои ќе обезбедат дополнителни 900 места за студентите од внатрешноста. На ова се осврна и премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

-Во образованието, во тек е реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев, а во 2016та ќе почне градбата на уште два во Скопје и еден во Тетово. Почна со работа филмската школа во Охрид, во соработка на престижната чешка школа ФАМУ и штипскиот универзитет. Почна и градбата на објекти на два нови факултети, на Финки и факултетот за физичка култура. Формиравме и нов универзитет Мајка Тереза, кој ќе биде на македонски, албански и англиски и ќе преставува нов квалитет во високото образование во Македонија, рече Груевски.

ВИДЕО: Како се снимаше жешкиот календар на Вардарки

Секси спортистки- ракометарките на Вардар се соблекоа за календарот на Пелистерка.

pelisterka8-640x396

Погледнете како се одвиваше снимањето на најжешкиот календар за новата 2016-та година.

КРИВОГАШТАНИ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА СО СПАСЕН СИЛЈАНОСКИ И НЕКСТ ТАЈМ

кривогас

Голем број на храбри луѓе и покрај ниските температури ја дочекаа новата година во центарот на Кривогаштани со ’’Ја излези Ѓурѓо’’ од Некст Тајм , Спасен Силјаноски, одличните Моника и Дарко и спектакуларен огномет со голем број на награди за присутните, на кои општината на најсрејќните им додели 2 таблет компјутери, кошаркарски и ракометни топки, голем број на новогодишни пакетчиња за најмалите, награда за најубаво новогодишно украсена куќа и двор, бебешка опрема за првото новородено дете во изминатата 2015 година, ваучер за прехрамбени продукти, викенд за двајца во Охрид и традиционално како секоја година наградени беа и дежурните служби на територијалната противпожарна служба со микробранова печка, полициската станица Кривогаштани со нов лаптоп компјутер за своите потреби и за прв пат оваа година на највозрасниот член на новата итна медицинска помош во Кривогаштани му беше доделен телевизор.

Општина Кривогаштани уште еднаш докажа дека е достојна да застане рамо до рамо со големите градски општини во државата и може да се носи со предизвиците кои ќе следуваат веќе од утре. Наредната 2016 година знаеме дека ќе започне со уште посилно темпо на работа и уште во првите месеци од новата година ќе започнат да се реализираат 10 нови капитални проекти за кои веќе се обезбедени финансиски средства.

Уште еднаш Ви посакуваме Среќна и Успешна Нова Година и среќни празници !!

Градоначалник на Општина Кривогаштани – Тони Заткоски

111 21212 2121212121

Одлично организирана свеченост на ЏК Пролетер, претставени најдобрите за 2015год.

5

Џудо Клуб Пролетер – Прилеп успешно ја заврши натпревачката 2015 година. Во опуштена и празнична атмосфера, Џудо Клубот Пролетер од Прилеп одржа традиционална свеченост, каде што беа наградени најдобрите натпреварувачи за 2015 година. Признание добијаа и сите организации, медиуми и спонзори, родители и членови во управата на клубот, кои имаат исклучителен придонес за афирмација на Џудо Клуб Пролетер – Прилеп. Освоена е 51 титула од државните првенства во Р.Македонија,  24 златни, 14 сребрени, 13 бронзени. Екипен победник во Сениорска конкуренција за 2015 год. Најуспешен во кадетска и јуниорска конкуренција беше прогласен Ангелов Борче, стандарден репрезентативец кои учествуваше на 3 Европски купови во Загреб, Берлин, Теплице, при што имаше 4 победени борби и освоени бодови за идните Европски купови. Ангелов исто така учествуваше на Младинската Олимпијада во Тбилиси-Грузија. Најуспешен сениор беше прогласен Велески Никола, дологодишен репрезентативец и капитен на сениорската екипа на клубот. Најуспешен пионер беше прогласен Јорданчо Геориоски, освојувач на 6 меѓународни медали. Најуспешна пионерка беше прогласена Теодора Димеска, која се закити со 5 медали од меѓународна сцена. За најуспешен млад пионер до 11 години беа прогласени Петрески Мартин и Кироваков Марко, кои исто така се едни од најперспективните членови, кои имаат освоено голем број медали на меѓународна сцена. ЏК „ПРОЛЕТЕР’’ Прилеп, своите тренери и управата на клубот ви посакуваат се најдобро во Новата 2016 многу здравје, љубов и среќа а на своите натпреварувачи му посакуваат уште повеќе успешни настапи и освоени медали.

3 4 6 7 222 11111

Новогодишно Кафе во Прилеп – 31.12.2015

[Best_Wordpress_Gallery id=”110″ gal_title=”NovogodisnoKafe”]

ВИДЕО: Прилепчани весело и мирно ја дочекаа Новата 2016

Прилепчани во голем број Новата година ја пречекаа на плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Од итната медицинска помош истакнаа дека ноќта поминала мирно и без инциденти. Градоначалникот им посака на прилепчани бериќетна и просперитетна 2016 година. За прекрасната атмосфера до полноќ се погрижија групата „Љубојна“, а по полноќ забава приредија Пикисипи од САФ и диџеј Димитри од Чаир. Во новодогишната ноќ прилепчани и покрај студеното време  останаа на плоштадот до раните утрински часови.