дома блог страница 4964

Ограбен поштар, украдени пари за пензии

postar

Четириесет и четиригодишниот А.Ф. од Скопје, вработен во Македонски пошти како поштар вчера пријавил дека е ограбен.

Истиот ден околу 11:30 часот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ од страна на две непознати лица со закана со пиштол му биле одземени околу 158.700 денари наменети за делење пензии, по што го напуштиле местото на настанот.

Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Напиток од кој сите болки исчезнуваат

Ако често ве мачат болки во телото, пробајте го овој чај бидејќи содржи низа лековити состојки кои со својата синергија прават делотворно средство за сузбивање на многу болки.

 

caj-protiv-bolka-640x399

Аналгетски чај- рецепт

Потребни состојки:

2 чаши вода

2 лажички црн чај

2 лажички кардамом, мелен

2,5 см рендан ѓумбир

2 лажички куркума во прав

½ чаша бадемово млеко

1 лажичка мед

Подготовка:

1.Во водата згответе го ѓумбирот, циметот и кардамомот, 10 минути.

2.Додадете го црниот чај и оставете да се вари уште 2 минути.

3.Добро процедете во чаша со бадемово млеко и засладете со мед.

Кардамом- Овој зачин помага во елиминација на отпадните материи од бубрезите, го ублажува лошиот здив и штити од одредени видови рак. Исто така, го намалува крвниот притисок, спречува создавање на тромбови, помага при депресија и ги намалува симптомите од грип и настинка. Одличен е за дигестивни проблеми, подуеност, ждригавица, опстипација…

Ѓумбир– помага во намалувањето на воспаленијата и корисен е при разни болки и менструални грчеви. Неговото делување е толку силно што се претпоставува дека еден ден би можел да ги замени противвоспалителните лекови кои се користат при артритис. Исто така ја намалува подуеноста и ги превенира желудечните чиреви.

Мед– ги намалува воспаленијата на зглобовите и ги ублажива болките во телото. Овој природен засладувач ги убива и најотпорните бактерии, а исто така може да се користи и како превенција од сезонски алергии.

Цимет (цејлонски)- содржи антиоксиданси и поседува антивоспалителни својства. Се користи при лекување на артритис и болки во грбот, а неодамнешните студии го потврдуваат и неговото аналгетско делување. Го намалува ризикот од срцеви заболувања и докажано помага при дијабетес тип 2.

Бадемово млеко– бадемите содржат салицин, соединение слично на аспиринот. Со редовна консумација се намалуваат различните видови болки во телото, во зглобовите, главата, мускулите… Бадемовото млеко помага во одржување на здравјето на срцето и одржување на посакуваната телесна тежина.

Бадникови огнови

18

Со низа свечености, палење на бадниковите огнови,  сервирање на посна вечера, со свечена литургија во Божјите храмови и со многу песни и веселби беше одбележано Христовото раѓање. Градоначалникот Ристески Божиќното славење го започна со посета на коледарските огнови во градот и околината. Прилепчани уште еднаш ја покажаа својата традиција за славење на Коледе со палање на големи огнови во своите маала и традиционална посна трпеза. Градоначалникот Ристески кој присуствуваше на големите огнови наздрави со присутните коледари им ги честита празниците посакувајки им многу здравје, среќа и успешна година.

[Best_Wordpress_Gallery id=”114″ gal_title=”Бадникови огнови”]

Бабини совети: Рецепт за правење машко дете

Сигурно секој има слушнато барем една од различните приказни и претпоставки за одредување на полот на детето. Денес постојат „помодерни обичаи“ , за кои младите парови кои „очајно“ посакуваат машко или девојче ги применуваат тргнувајќи од својата логика: „ Вреди да се обидеш“, „ Сепак, ништо не боли“.

Според древните верувања, она што го јадете пред забременувањето може да влијае на она што ќе дојде на свет по девет месеци.

Храна која треба да ја јадете за машко дете:

  • Јадете повеќе месо (поцрвено месо, поголема веројатност за машко);
  • Грицкајте „сол“ : чипс, соленки, пуканки …
  • Идните татковци треба да пијат пијалоци кои се базирани на сода (Кока-Кола);

Постојат неколку пози за време на сексуалниот однос за правење машко дете:

  • По сексот останете по долго време во легната положба. На овој начин ќе имаат можност „машките сперматозоиди” да ја победат „женската јајце клетка“;
  • Водете љубов стоејќи;
  • Нека вашата омилена поза е „зад“;
  • Ако машкиот партнер има оргазам прво, според народното верување, ќе имате машко
  • Ако иницијативата за секс ја направи мажот, бебето ќе биде момченце

Што вели хороскопот и положбата на ѕвездите:

  • Водете љубов кога е млада месечина;
  • Моментите за нежност оставете ги за преку ноќ;
  • Машко се прави во непарните денови во месецот;
  • За време на сексот ако главата на жената е свртена кон север, ќе добиете момченце

Обратете внимание ако видите паричка заглавена во бравата на автомобилот

Еве нешто на кое секако треба да обратите внимание. Монета заглавена во бравата на вашиот автомобил. Верувале или не, овој сосема едноставен трик на крадците им овозможува да го украдат вашиот автомобил.

Звучи неверојатно што покрај толкава технологија, проблем може да направи нешто толку обично како монета.

Имено, паричката се поставува на вратата од страната на совозачот, така што ќе ја онеспособи централната брава и вашиот автомобил ќе го остави отклучен и лесен плен за крадците.

Доколку некогаш видите паричка заглавена на бравата на вашиот автомобил, знајте дека се работи за обид за кражба на вашиот автомобил или она што се наоѓа во него.

 

Груевски: Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот

– Нашите политики се да им олесниме и да ги поттикнеме родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот, државата да се подмлади и да има на кого да го оставиме сето она што денес го создаваме, порача премиерот Груевски.

 

nikola

Владата ќе продолжи со стимулациите за зголемување на повеќедетноста со цел подмладување на државата-ова го вети Премиерот Груевски на поставувањето камен темелник на нова детска градинка во Горно Лисиче- општина Аеродром.

Тој ги повика политичките опоненти да не се спротивставуваат на изградбата на згрижувачки капацитети за најмалите, информирајќи дека плановите за оваа година се да се изградат 20 нови градинки не само во Скопје туку и во цела Република Македонија.

– Нашите политики се да им олесниме и да ги поттикнеме родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират своите семејства. Македонија да раѓа нови генерации, да се зголеми наталитетот, државата да се подмлади и да има на кого да го оставиме сето она што денес го создаваме, порача премиерот Груевски.

Говорејќи со јазикот на бројките, Груевски нагласи дека минатата година на ниво на новородени за општина Аеродром, била рекордна а се зголемил и бројот на третородените деца.

-Во 2008 година во Аеродром имало 30 трети деца, а во 2016 скоро дупло, односно 59 трети деца. Податоците од првите девет месеци од 2015 година покажуваат дека во Аеродром се родени 682 бебиња, што споредбено со другите години најавува дека 2015 година ќе биде рекордна година за наталитетот во Аеродром, истакна Груевски.

Потребата за капацитети за згрижување на децата до школската возраст, е зголемена вели Груевски паралелно со привлекувањето странски инвестиции и запослувањето на што поголем број млади луѓе кои се охрабруваат да формираат семејства. И градинката во Горно Лисиче која им била ветена во септември на граѓаните, за неколку месеци ќе стане реалност. Капацитетот на градинката е за 100 деца кои ќе можат безгрижно да престојуваат во најсовремени услови.

Кај и да си за Бадник дома да си

agkoekpgeshtrsrtjtykd (1)

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани. Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството, со посна но, свечена вечера и прераскажување на библиски приказни.  Исто така според верувањата на овој ден не треба да се оди на гости.

Метеролозите најавуваат невреме во Македонија

studeno-vreme-640x360

Обилни врнежи од дожд за утре попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.

Најмногу врнежи ќе има во западните и во северните делови од државата. На повисоките планини ќе врне снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток, поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.

Во четврток ќе дува умерен, на места засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.

Преодно стабилизирање на времето со благ пораст на дневната температура ќе има в петок и сабота

Стари верувања околу Бадник

badnik-650x330

Најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празни е Бадник. Иако овој ден се смета пред се за христијански празник, народот го прославувал на начин кој тешко може да се окарактеризира како христијански. Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.
Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:
– На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено

– Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе

– На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќг

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу сне

10ти јубилеен Божиќен ручек од Детската амбасада за сите деца во светот

CIMG2358

Оваа година Детската амбасада за сите деца од светот, го организира десеттиот јубилеен Божиќен ручек за 500 деца од целата држава.

На трпезата во хотел Кристал Палас во Прилеп, на Божиќ ќе седнат дечиња од секоја вероисповед, ќе се дружат и ќе го празнуваат Христовото раѓање.

По тој повод денес 05.01.2016г., организаторите на манифестацијата одржаја пресконференција на која го најавија начинот на празнување, програмата и упатија благодарност до сите оние кои го помагаат овој настан.

21212