Бадникови огнови

18

Со низа свечености, палење на бадниковите огнови,  сервирање на посна вечера, со свечена литургија во Божјите храмови и со многу песни и веселби беше одбележано Христовото раѓање. Градоначалникот Ристески Божиќното славење го започна со посета на коледарските огнови во градот и околината. Прилепчани уште еднаш ја покажаа својата традиција за славење на Коледе со палање на големи огнови во своите маала и традиционална посна трпеза. Градоначалникот Ристески кој присуствуваше на големите огнови наздрави со присутните коледари им ги честита празниците посакувајки им многу здравје, среќа и успешна година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.