дома блог страница 4957

ФОТО: Македонските ракометари пристигнаа во Полска под уставно име

makedonski-rakometari-polska-640x294

Македонската ракометна репрезентација попладнево слета во Краков, Полска каде во петок почнува Европското првенство.

Организаторот на шампионатот за „црвено-жолтите“ обезбеди автобус на кој стои уставното име Македонија, за разлика од претходното Светско првенство во Катар каде се користеше референцата (ФИР), што е причина повеќе за задоволство од присуството меѓу најдобрите ракометни европски национални тимови.

Ракометарите утре ќе го имаат првиот тренинг, а веќе в петок од 18 часот против Франција ќе го имаат првиот настап на ЕП.

На 17 јануари Македонија игра со домаќинот Полска, а по два дена (19 јануари) во последното коло од групата се среќава со Србија.

Среќа и бериќет порача градоначалникот Марјан Ристески

IMG_6173

Со пита со паричка „Друштвото на наука и уметност“ од Прилеп денеска го прославија доаѓањето на новата година според христијанскиот календар. Според стариот обичај, од питата секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Градоначалникот Ристески на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2016 година.

IMG_6237

IMG_6192

IMG_6195

IMG_6202

IMG_6204

IMG_6207

IMG_6213

IMG_6219

IMG_6234

НОВ ПРЕРАБОТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

krivogastani1

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денес официјално го потпиша одобрението за градба на нов преработувачки капацитет во општината кој ќе биде лоциран во индустриската зона Славеј. Инвестицијата е во изградба на нов капацитет за преработка на земјоделски производи од кој населението на општината и самата општина ќе имаат бројни бенефити со зголемување на бројот на нови работни места а индиректно ќе се подобри пласманот на земјоделското производство во општината. Досега ова е втора ваква инвестиција во индустриската зона Славеј каде што веќе една успешно функционира години наназад. Се надеваме дека ова ќе биде уште една успешна приказна како за самиот инвеститор така и за општина Кривогаштани.

Општината во моментов работи на привлекување на уште неколку инвестиции кои се заинтересирани да инвестираат во капацитети за производство и обработка на месо и млечни производи како и инвестиции во производство на пченка за што во близината на индустриската зона е лоцирана обработлива земјоделска површина од 500 ха со извршени анализи за квалитетот на земјиштето со што се докажа дека истата може да има успешно производство на повеќе земјоделски култури.

krivogastani2 krivogastani3

ЕКСКЛУЗИВНО: УТРЕ НОВА ФАБРИКА ВО ПРИЛЕП

12121212121

 

Утре четврток  14.01.2016г., во 13 часот, во индустриската зона ТИРЗ Алинци, свечено ќе бидат осветени темелите на нова фабрика во Прилеп од автомобилскиот сектор.

Фабриката на  Injection Moulding Prilep-IMP е втората фабрика на која ќе бидат отпочнати активностите за градба и која ќе значи нова можност за многу граѓани да најдат работа, а со тоа и егзистенција за своите семејства.

Со Почит, Општина Прилеп

ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Протестите продолжуваат – демонстрантите уништуваат дуќани и бизниси кои се во сопственост на доселеници!

Демонстрациите на кои присуствуваа стотици демонстранти кои ја славеа годишнината на десничарската организација ПЕГИДА, беа обвинети за насилство откако десетици насилници почнаа да растураат продавници во сопственост на мигранти.

Десетици “нео-националистички” демонстранти биле уапсени од полицијата во Лајпциг откако ги уништиле продавниците во регионот Коневитз, известува Раша Тудеј.

Некои од бизнисите кои биле уништени биле во сопственост на луѓе кои биле доселеници. На социјалните мрежи, жителите на Лајпциг поставуваа снимки од уништувањето, меѓу кои можеше да се види и тотално уништената продавница за “кебаб”, за која снимателот вели како да била бомбардирана од дрон.

Репортажа на Билд вели дека околу 250 насилници биле дел од насилните демонстрации биле и десничарски навивачки групи кои планирале да го нападнат и локалниот фудбалски клуб Ротер Стерн (Црвена Ѕвезда). Клубот е познат по неговиот активизам против десничарскиот екстремизам. Додека оделе кон седиштето на клубот, групата кршела продавници, ресторани и сендвичари и нападнале навивачи на клубот во локален бар.

Повеќе од 100 хулигани кои биле дел од насилните демонстрации биле уапсени од полицијата додека, во текот на ноќта биле уапсени и десетици други насилници во различни делови на Лајпциг.

 

Демонстрантите извикувале слогани “Меркел мора да си оди!” и “Не сакаме повеќе бегалци!”, известува РТ. Лидерите на протестите се обратиле на толпата потестувајќи на настаните од Новогодишната прослава во Келн.

ФОТО – Моментално од Плетвар

12528110_1005424636166641_370151595_n

Снежните врнежи за зафатија нашата земја. На повисоките места како што е превојот Плетвар, веќе има врнежи од снег. Екипите на Македонија пат се на терен и интервенираат, со цел да не дојде до застој во сообраќајот. Меѓутоа препораките до возачите се да се внимава на овој предел, и да се вози со исклучиво намалена брзина. Од утре пак според метеоролозите, снежни врнежи се очекуваат и низ целата земја, како на повисоките така и на пониските делови. Вистинската зима штотуку започна.

12571010_1005424546166650_738694991_n

12527579_1005424459499992_1000900915_n

Годроста на Радовиш, грандиозната црква Св. Троица, храм каде уметничкото и духовното се едно

Една од најбогатите, најукрасените и најафтентичните цркви на Балканот, се наоѓа во Радовиш. Црквата “Св. Троица” е соборна црква во Радовиш, и претставува едно грандиозно дело, едно вистинско неверување за очи, кога ќе се погледне на прв поглед, затоа што во оваа црква е вградено толку голема љубов и внимание, што ја прави една прекрасна комбинација на духовното и уметничкото.


Започната со градба во 1997 год., а осветена во 2003 год., црквата Св. Троица собира 600 верници и ги има речиси сите карактеристики на македонските цркви, но и такви кои потекнуваат од црквите во Грција, Украина и Русија.
Ктитор е Ристо Гуштеров, а фрескоживописот е дело на светски познати мајстори од Украина.
Она што особено остава без здив е иконописот на црквата, изработен од 24 каратно злато, но она што треба да се забележи е и присуството на антички белези во внатрешноста, односно ликовите на Александар и Филип Македонски, како и ѕвездата од Кутлеш.
Мноштвото мозаици пленуваат со својата убавина како во ентериерот, така и во екстериерот.


Она што исто така е интересно за оваа црква, е тоа што почетните фрески биле избришани, за потоа да бидат одново насликани.
Храмот во Радовиш е вистинско свето здание кое вреди да се посети, да се почувствува одблиску, да се види целата така духовна раскош.


Единственото нешто кое би го понеле со себе после едно вакво одушевување е мирот, спокојот во душата, љубов кон Бог и радост на лицето.
Нема ништо поубаво кога луѓето на ваков начин, со ваков храм, му возвраќаат на Бога и го молат за неговата наклонетост, за здравје и спасение.

DSC_0438
Македонија е вистинска лулка на христијанството.

Подготви : Александар Георгиоски

ФОТО – Даниел Бошкоски

Вчера пролет среде зима, денеска дожд: Што е следно?

12511630_10206966636578806_1663081239_n

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините.

Температурата ќе се движи од нула до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени.

Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.

СПОНЗОРУША ВО ДУША: Еве како се пали на пари (ВИДЕО)

Некои девојки би ја продале и душата на ѓаволот за пари, еве како лесно се препознава спонзоруша…

sponzorusa

На видеото се гледа како момчето се обидува да стапи во контакт со девојката и да ја повика на пијалок. Таа го одбива наведувајќи дека ги чека пријателите и не може да појде со него.

Сепак, точката на пресврт се случува во моментот кога тргнува по својот пат и чантата со многу пари му се отвара „ненамерно“, па сите пари му паднаа на земја. Во тој момент девојката „се разнежни“ и веднаш се наведна за да му помогне.

Рече дека пријателите ќе се задржат долго време и дека би сакала да оди на пијалок со неа. Крајот на видеото погледнете го сами:

Почнува Вевчанскиот карневал

vevcanski-karneval

Вевчанскиот карневал ќе започне попладнево со традиционалното карневалско дефиле под маски.

Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатата година ќе продефилираат низ вевчанските улици и ќе ги претстават своите маски.

Градоначалникот Цветомир Угриноски на прес-конференција нагласи дека Вевчани е подготвено за уште едно карневалско издание.

Во вечерните часови, присутните ќе ги забавуваат Есма Реџепова и Наум Петрески, а на полноќ се најавува петминутен огномет. Настап ќе има и вевчанецот Перо Пешиновски до утринските часови, кога традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори каде полнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

vevcanski-karneval-1-640x310

Според традицијата, утре Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има луѓе со име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, некаде околу 17 часот. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Фотографии од Вевчанскиот карневал на група македонски фоторепортери денеска ќе бидат изложени во Кутмичевица во Вевчани. Несекојдневниот микс од вевчанското шаренило направен е од македонските фоторепортери Маја Златевска, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Ѓорѓи Личоски, Наке Батев и Томислав Георгиевски. Изложбата се одржува во чест на новинарот Никола Шутиноски од Вевчани.

vevcanski

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупави Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.