дома блог страница 4955

МОЌНО ВИДЕО: Двојниот цепелин на Лазаров и Манасков

dvoen-cepelin-640x393

Вака игра Македонија- двоен цепелин на Лазаров и Манасков.

Првиот дел од средбата, на која на паузата се замина со идентични 12-12, го одбележа извонредниот двоен цепелин на летечките Кире Лазаров и Дејан Манасков во акцијата која ја игравме и со играч помалку на паркетот.

Нашите момци го загубија мечот со Франција со резултат 30:23. Но страшно одиграните и нерешената игра цели 51 минута, ветува многу. Ако вака Македонија играше со шлагот на ракометна Европа, можеме да се надеваме и да очекуваме многу повеќе во другите натпревари.  СО ВАС СМЕ МОМЦИ !

Утре доаѓа снежна бура во Македонија – еве каде ќе навее најмногу снег

mk-160116 (1)

Викендот пред нас планирајте го за активности на снег. Но повеќе низ пониските места, бидејќи времето на планините нема да биде сосема наклонето за оние кои одат таму да „уживаат“, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Се очекува врнежите во сабота наутро да бидат од дожд низ пониските места, а од снег на планините.

Но веќе од доцна претпладне во северните делови од земјата врнежите ќе преминат во снежни, а попладне тоа ќе се случи низ целата земја. Снегот ќе биде локално поинтензивен попладне, затоа внимавајте доколку планрате патување.

Снежната покривка на планините во северниот и јужниот регион би требало да се зголеми за околу 60 сантиметри со нов снег, но заради ветерот очекувани се и поголеми сненжни наноси, особено околу Кожуф.

На пониските места се очекува покривка околу 15 – 20 сантиметри.

В недела сеуште ќе биде облачно, претпладне со слаб до умерен снег, додека попладне врнежите ќе бидат значително ослабнати, а делумно и престанати.

Сабота ќе биде потопла наутро. Температурата ќе биде во постојан тренд на опаѓање. Максималната вредност во северните предели ќе биде околу 4°С, а во јужните околу 6°С

Недела постудена. Дневниот максимум нема да надмине 0°С во северните и западните делови, а само малку над 0°С, околу 1°С, се очекува на југоисток.

Метеоалармот издаде пердупредување од жолта фаза во јанголемиот дел од Македонија и портокалова во Полошкиот регион за сабота.

ВИДЕО: Ги изненади обожавателите – Адел рапува

122222222222

Светската ѕвезда Адел е позната по својот неверојатен глас, која овој пат го употребува за да рапува песна од Ники Минаж.

Во емисијата “Late late Show” водителот Џејмс Корден рече дека слушнал дека Адел умее да рапува.

Во тој момент ја натерал да ја изведе песната “Monster” од Ники Минаж.

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ПЛОШТАД ВО КРИВОГАШТАНИ

ПЛОШТАД-702x336

За новогодишната прослава градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски им вети на своите граѓани дека 2015 беше успешна година за општината и најави уште поуспешна 2016 година со силно темпо на работа започнувајќи уште од првите месеци во новата година. Досега се потпишани 4 договори за започнување со изградба на канализациони мрежи во Крушеани и Славеј, изградба на улици со тротоари во Кривогаштани и Славеј, паркинг на зелен пазар и сега изградба на плоштад пред и до општинската зграда во Кривогаштани, која за краток временски период ќе добие нова адаптација на доградбата над кино салата и нова енергетски ефикасна фасада во модерен стил со што апсолутно ќе се промени ликот на општината.

Денес потпишан беше договорот за изградба на плоштадот кој е инвестиција од Центарот за развој на пелагониски плански регион во висина од 4.500.000 денари а изведувач ќе биде Стентон градба од Битола. Плоштадот ќе содржи урбана опрема, канделабри, клупи и цветни површини додека патеките ќе бидат изградени со терастон плочки на вкупна површина од 1400 метри квадратни.

За краток временски период се очекува завршување на процедурата и отпочнување со реализација на веќе одобрените проекти за изградба на зелен пазар, промена на веќе постоечкото улично осветлување со нови лед светилки на регионалните патишта кои поминуваат низ територијата на општината. Исто така се очекува на финализирање на постапката и отпочнување на реализација на проектите за асфалтирање на улици во Обршани,Кривогаштани, Бела Црква и Воѓани со инвестиција од Светска Банка и патниот правец Кривогаштани – Воѓани за кој веќе се работи на терен со пресметковни активности по кое завршување ќе се започне реализацијата на проектот.

DSCN9451-300x225 ПЛОШТАД-2-300x213

ВИДЕО – Ракометните ЛАВОВИ повторно ќе ги топат нашите срца

121212121

Стартува Европското првенство во Полска. Денеска со почеток од 18:00 часот, повторно ќе истрчаат нашите лавови, ќе докажат по којзнае кој пат како се игра за државното знаме и буквално како се гине на терен за црвено -жолтата боја.

Отвораме со фаворизираната Франција, која се надеваме дека ќе биде растеретена на овој натпревар и која на некој начин е ослабена во играчки кадар за ова Европско првенство. Меѓутоа Триколорите се секогаш најдобри, тие се врвот на ракометна Европа.

Кире Лазаров и другарите не се плашат и ќе се обидат да ни ги стоплат срцата и за ова првенство, подарувајќи ни нови победи, победи за Македонија !

Како да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“?

1212

Од денес сите млади лица до 35 години кои сеуште не го решиле станбеното прашање може да  аплицираат за проектот „Купи куќа за млади“. Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот: Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.

За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:

-Да нема повеќе од 35 години

-Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката

-Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат ПОМАЛИ од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде ПОМАЛА од 900 евра

-Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар

-Да нема подигнато друг станбен кредит

-Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година)

Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна:

– Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува

– Лицето треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски

– Треба да извади градежна дозвола

– Треба да склучи преддоговор со градежник изведувач

– Треба да поднесе апликација во банка

Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“:

  1. Субвенција на рата: Преку овој модел граѓанинот може да ја поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.

Каматни стапки:

-3,95% за првите 3 години

-4,44% за 4 и 5 година

-по 5 година каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од пазарната.

111111111

2.Субвенција на учество: Преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на ЦЕЛОТО УЧЕСТВО (25% од кредитот).

Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.

121212121

Дополнително се  заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.

Лазаров ја пропушта Франција

Filip-Lazarov-640x390

Поради повредата на препоните, која ја влече веќе одреден период, ракометарот на Вардар, Филип Лазаров, нема да биде во составот на македонската репрезентација на дуелот со Франција.

Селекторот Ивица Обрван потврди дека Филип Лазаров премиерата на Македонија на Европското првенство во Полска кое стартува утре, ќе ја следи од трибините, бидејќи сеуште во целосно ја нема залечено повредата која ја влече уште од вториот контролен натпревар со Словенија.

-Доколку нема некакви посериозни проблеми во текот на тренингот, Филип Лазаров е ракометарот што нема да настапи против Франција. Тој се мачи со повреда на препоните, а бидејќи натпреварот со Франција носи и низа жестоки дуели, решив да не се ризикува бидејќи може да дојде и до посериозна повреда, изјави Обрван.

Македонија во Полска отпатува со 17 ракометари, а според пропозициите, на право на настап на секој меч имаат 16 играчи. Обрван има право да направи три замени во тимот во текот на шампионатот, а по потреба во репрезентацијата може да се вклучат и играчите од поширокиот состав кои беа со црвено-жолтите на подготовките, односно кои отпаднаа од списокот по контролките со Црна Гора.

Македонија денес од 18 часот против Франција ќе го започне 4-тото учество на континенталните првенства. Во групата А, за противници ќе ги има и селекциите на Полска и Србија.

Трик за совршено пржени компирчиња

pomfrit-1

Помфритот е идеален прилог со главното јадење, но е одличен и како вкусно мезе. За да го подготвите компирот „како во рестораните“ треба пред да го испржите околу 10-тина минути да го чувате во чинија со многу студена вода.

Потоа исечканиот компир исцедете го со кујнска крпа, за да не прска од загреаното масло.

Испржените компирчиwа добро исцедете ги од вишокот масло и посолете ги пред да ги сервирате, за да останат крцкави.

Добар апетит!

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ во врска со млад манекен

ceca (1)

Најпопуларната српска фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ е во врска со младиот манекен Александар Јововиќ, пишува српски Блиц.

Пејачката и манекенот се запознале за време на снимањето на нејзиниот спот на Тајланд за песната “Dobro sam prošla”.

Погледнете го спотот:

(ВИДЕО) Шокантини свадбени обичаи: Младенците имаат секс пред гостите во салата

Свадбените обичаи се разликуваат во сите делови од светот, но некои знаат и да не изненадат.

Имено, многумина се згрозени од обичајот во Кина каде сватовите ја фаќаат невестата за градите, па се појави уште еден, уште почуден.

На снимката која неодамна се појави се гледа многу повеќе – секс среде венчавката.

За младоженецот и невестата во салата каде се венчаваа, беше донесен и кревет и тие пред сите имаа секс.

Погледнете како изгледаше тоа.