дома блог страница 47

Лоша вест за пушачите – Еве што се случува со новиот Закон за пушење

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.

-Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот. Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.

Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок, велат од Министерството за здравство.

Министерството останува отворено за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.

Прилепчанец му искршил прозорец на свој сограѓанин, па му се заканувал со нож

-СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Е.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.01.2026 во Прилеп, пријавениот со остар предмет упатувал закани на С.С., фрлал разни предмети и му оштетил прозорец од семејниот дом, информираа од МВР во дневниот билтен.

Денеска почнува месопосната или сирната недела

Во недела (6.март.2022), православните верници ќе го празнуваат еден од најголемите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница.

Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст.

Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КК КРИВА ПАЛАНКА

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за КК Крива Паланка, продолжувајќи ја својата континуирана заложба за развој и унапредување на македонскиот спорт.

Како модерна и општествено одговорна компанија, вложуваме во спортски проекти кои создаваат вредности – тимски дух, посветеност и победничка енергија. Поддршката за КК Крива Паланка е поддршка за младите, за спортскиот начин на живот и за заедништвото кое го гради спортот низ целата земја.

Ова партнерство е дел од нашата мисија, активно да придонесуваме кон развојот на спортската култура во Македонија

Од КК Крива Паланка изразуваат благодарност за поддршката и очекуваат соработката да прерасне во долгорочно партнерство:

„Веруваме дека оваа соработка ќе се развие во позитивна заедничка приказна за препознавање, поддршка и унапредување на женскиот спорт во Македонија. Како клуб постоиме веќе две децении, а низ нашата школа поминале повеќе од 5.000 млади кошаркарки и кошаркари од Крива Паланка.“

Со ова партнерство, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата сериозна и долгорочна определба за унапредување на спортската сцена во земјата.

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено

За Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ) на маргините на Минхенската безбедносна конференција Мицкоски рече дека македонската Влада се бори да укаже на неправдите низ кои поминала земјата во евроинтегративниот процес и дека членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслужила.

Осврнувајќи се на средбите во Минхен, Мицкоски изјави дека Владата, каде и да оди „се бори да ја раскаже својата верзија од приказната“.

– Генерално, ние како македонска Влада, каде и да одиме, се бориме за она за кое што веруваме, а тоа е да ја раскажеме нашата верзија од приказната, која што според нас е вистината. Да кажеме за сите оние предизвици низ кои што како народ, како држава, ги поминавме изминативе децении, кога станува збор за евроинтегративниот процес, рече Мицкоски.

Нагласи дека „за Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила“.

– Да укажеме на сите, би рекол, неправилности, да укажеме на сета неправда која што нам ни е нанесена, и како народ, и како држава, но исто време да потенцираме дека суштината е да не се сруши имиџот и кредибилитетот на самата Европска Унија. Имаме чувство, и македонските граѓани чувствуваат фрустрација и имаат чувство дека некој од самата Европска Унија, не од надвор, туку од внатре, како да сака тој имиџ и тој кредибилитет да го уништи, рече Мицкоски.

Според него, македонската приказна е тажна и полна со предизвици, но, вели, Македонија секогаш победува.

– Секаде каде што одиме, каде се бориме и каде ја зборуваме македонската приказна. Таа е тажна, таа е полна со предизвици, но секогаш да знаете дека Македонија победува. Така ќе биде и во овој случај. Колку и да требало време, ние ќе се бориме и ќе сме трпеливи, рече Мицкоски.

Коментирајќи ја овогодинешната конференција, Мицкоски оцени дека пораките од американската страна годинава биле помеки во однос на минатата година, но, како што рече, суштината е иста. Заклучокот, според него, е дека Европа и Америка се партнери и пријатели, но „мора да се знае кој какви одговорности има во тоа партнерство и пријателство“.

– Минатата година можеби пораките беа подиректни, оваа година беа во позавиена форма, кога зборуваме за пораките кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави, но суштината е иста. Суштината е иста, мора да се знае кој каква одговорност има и визави одговорноста, кој ги владее придобивките од таа одговорност, изјави Мицкоски.

Говорејќи за заедничката изјава на Македонија и Соединетите Американски Држави околу трговијата, Мицкоски појасни дека станува збор за трговски тарифи, а не царини.

– Тоа не се царини, тоа многу е битно да се каже за македонските граѓани, тоа се трговски тарифи. Во тие трговски тарифи се вклучени неколку, „инфлоу“ како што ги викаат, дел може да бидат царини, дел се даноци, дел друг тип на давачки, но сето тоа тие го обликуваат како трговска тарифа, рече Мицкоски.

Истакна дека Македонија добила исти услови како државите од Европската Унија, односно тарифа од 15 отсто, и е единствената земја во Европа надвор од ЕУ која на билатерална основа со САД договара ваков договор.

– Македонија доби исти услови, кога станува збор за висината на тарифата, како што има самата Европска Унија – 15 отсто, и е единствената земја во Европа, надвор од Европската Унија, која што на билатерална основа со Соединетите Американски Држави разговара, договара ваков договор, кој што допрва треба да се усогласи во детали. Сега само е усогласена заедничката изјава, која што практично ја одредила рамката во која што ќе се движи договорот, појасни Мицкоски.

Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп – Семејството моли за помош!

На социјалните мрежи се шири информација дека исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп. Семејството бара помош од сите граѓани!

Виктор последен пат е виден вчера (сабота 14.02.) во 14:00 часот, облечен е во тегет вентијага, црни тренерки и сиви патики.

Доколку некој има информација или го видел, нека се јави на телефонскиот број: 076 303 292.

Тајната конечно е откриена: Новата ера на обликување на телото пристигна во Прилеп (ВИДЕО)

Во свет во кој сите трагаат по совршената формула за убавина и здравје, понекогаш решението е поблиску отколку што мислиме. Тајната повеќе не е тајна. Време е за новата дефиниција на нега.

Во салонот „Ласер и убавина“ во Прилеп, вашето катче за разубавување што ги следи најсовремените трендови во естетиката, пристигна технологија што го менува начинот на кој гледаме на обликувањето и грижата за телото.

Со големо задоволство од “Ласер и убавина” информираат, и ве повикуваат да ги искусите придобивките, од новата современа машина за пресотерапија – иновативен третман кој не е само естетска процедура, туку вистински чекор кон подобро здравје, виталност и самодоверба.

Пресотерапијата овозможува длабинска лимфна дренажа, ефикасна елиминација на токсините и видливо намалување на целулитот. Но, повеќе од сè – носи чувство на леснотија, свежина и обновена енергија. Додека телото се ослободува од вишокот и заморот, умот се релаксира.

Иднината на обликувањето на телото пристигна – тука, кај нас. Оваа нова услуга претставува софистициран и модерен пристап кон слабеењето и моделирањето на телото, наменет за сите кои не прават компромис кога станува збор за сопствениот изглед и здравје. Резултатите не се само видливи, тие се и почувствувани – во секој чекор, во секое движење, во секој поглед кон огледалото.

Сега е полесно од кога било! Тајната е откриена!

Доколку сакате да бидете меѓу првите кои ќе ја искусат оваа трансформација, контактирајте го салонот „Ласер и убавина“ и резервирајте го вашиот термин на:

070 287 842 или испратете директна порака на нивните страни на социјалните мрежи ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, или посетете ги во центарот на градот, на бул. „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма шоп“ (влез 1, стан 7).

Вашето тело заслужува грижа што ги поместува границите – а таа грижа веќе е достапна.

Еве што ги пречека прилепчани на Задушница на Новите градски гробишта (ФОТО)

Граѓани се пожалија од состојбата на Новите градски гробишта вчера на Задушница, кога најголем број луѓе ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски.

“Ова ѓубре е на два метри до гробовите, еве веќе два месеци и повеќе. Денеска Задушница, наредната недела Прочка…Жално и срамно за одговорните”, вели граѓанин кој постојано апелира за состојбата со чистотата во и околу Новите гробишта.

Албанец се обидел да поткупи полицајци во Македонски Брод – завршил во станица

-На 13.02.206 во 13:50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Македонски Брод, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода З.Х.(31) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле товарно возило „ман“ со албански национални ознаки, при што во патната исправа која ја дал на увид, З.Х. имал ставено пари. Известен бил јавен обвинител, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Малолетник од Битола со возило прегазил пешак

-На 13.02.2026 во 18:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, 17-годишник од Битола, управувајќи патничко возило „даеву тико“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.К.(42) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 42-годишниот пешак, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по извршени проверки е констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 17-годишникот е лишен од слобода, а возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.