За секоја пофалба! Општина Битола ќе плаќа патни трошоци за лица со ретки болести, кои мора да патуваат за лекување
Николоски: Воведовме 23 нови линии – Очекувам годинава да надминеме над 4 милиони
Од изборот на Владата досега се воведени 23 нови директни авиолинии, а двата аеродрома во државата – Меѓународен аеродром Скопје и Аеродром Свети Апостол Павле Охрид – заедно опслужиле 3,5 милиони патници. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува годинава скопскиот аеродром да биде регионален лидер по раст и бројот на патници да надмине четири милиони.
Како што соопшти Министерството за транспорт, Владата започнала поинтензивна политика за привлекување нови авиокомпании и дестинации, имајќи предвид дека државата нема излез на море, а воздушниот сообраќај е клучен за туризмот, бизнисот и мобилноста на граѓаните. Меѓу најновите линии се летовите кон Алгеро (Сардинија) и Палермо (Сицилија).
Николоски посочува дека бројката од 3,5 милиони патници е значајна ако се земе предвид големината на државата и дека, според проекциите, скопскиот аеродром годинава ќе биде водечки по раст во регионот на поранешна Југославија, и покрај тоа што градови како Загреб, Сараево и Белград се поголеми од Скопје.
Тој информира и дека се водат директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување воздушна линија меѓу двете земји, што дополнително би ја проширило мрежата на летови. Очекувањата се годинава да се надмине бројката од четири милиони патници, што би претставувало рекорд за македонските аеродроми.
Битола по 62. пат ги избра спортистите на годината – Прилеп моли за ваква манифестација, а има еден куп шампиони (ФОТО)
Битола градот на спортот, синоќа по 62-ри пат ја одржа манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година.
Присутните ги поздрави претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Сашко Павловски, се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а во име на министерството за спорт и млади, Илија Ристевски.
“Дозволетеми на почеток да се заблагодарам на Сојузот на спортови што сум дел од вечерашнава манифестација, на која недвосмислено како Општина потенцирам дека спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа.
Течат подготовките на проектна документација за мултифункционалниот спортски комплекс, изградба на атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, изградба на центар за спорт и рекреативни активности, кој е во полн ек.
Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица и изградба на три типски училишни спортски сали во училишта во Битола, како и спортски училишни игралишта.
Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како лекар велам-со спортот се бориме против здравствените проблеми и пороците.
Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија“ рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Беа доделени награди за посебни заслуги од образованието, пехари за победниците на 4-то Ноемвриската трка, како и за најуспешните училишта во спортски активности.
Пехари и дипломи за најдобри млади спортисти, како и за најдобрите пет младинци и најдобрата младинска екипа.
Посебни признанија за јубијеи и за посебни заслуги.
„Пелистер Волеј“ и пинг понг клубот „Пелагонија“ третонаградени, второнаграден КК „Пелистер“ и првонаграден РК „Еурофарм Пелистер“.
По наградените најдобри сениорски, младински екипи и најдобри младинци, следуваше изборот на 10-те најдобри спростисти.
Леа Бошевска од Кик Бокс „Самурај“ третонаградена, второнаграден Никола Митревски од РК „Еурофарм Пелистер“, а првонаградени Ален Рустемовски од боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“ и Филип Кузмановски од РК „Еурофарм Пелистер“.
Наградите ги доделија претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски, потпретседателот Ѓуро Илиќ, членот Игор Михајловски, претставничката од Министерството за спорт и млади Гордана Цветковска-Бошевска, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на општина Битола Борче Димитровски, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претседателот на комисијата за спорт Мартин Ивановски и членот Александар Цветановски.
Доделена беше плакета на семејството на Зоран Петковски.
16-годишник од Дебреште возел без возачка – заработи пријава
На 17.02.2026 во 19:20 часот во с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 16-годишник од с.Дебреште, општина Долнени. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото, без претходно положен возачки испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Николоски вечерва со три големи вести за Прилеп и прилепчани
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, вечерва од Прилеп најави три новини и капитални проекти, кои целосно ќе ја променат сликата на градот во иднина. Автопатот Прилеп-Битола ќе ги виде првите километри асфалт годинава, Владата целосно ќе финансира реализација на градска обиколница во рамки на мандатот на актуелниот градоначалник, а ќе се гради и автопатско решение на делницата Фариш–Прилеп. Пораката Николоски ја испрати вечерва од Прилеп, каде присуствуваше на отчетот за првите 100 дена од мандатот на градоначалникот Дејан Проданоски.
Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски.
-Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт.
Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.
И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
Со овие три најави, Владата испраќа сигнал дека инфраструктурниот развој на Прилеп ќе биде еден од приоритетите во наредниот период, а локалната и централната власт, како што беше истакнато, ќе делуваат координирано во насока на побрза и поефикасна реализација на проектите.
Шампионот на шопинг во Бундес лигата – Еурофарм Пелистер се засили со врвен пивот!
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, дополнително се екипира за остатокот на сезоната. Клубот доведе нов кружен напаѓач, со што ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината.
-Наш нов член е хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац. 27-годишниот пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната. Тој доаѓа во Битола од бундеслигашот Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб, стои во соопштението од Еурофарм Пелистер.
201-сантиметар високиот Граховац има искуство од настапите на големата сцена, бидејќи во Лигата на шампионите играл за Загреб и Веспрем, а негов прв клуб е Дубрава.
Никола Граховац е хрватски репрезентативец, со настап на Европското првенство 2022 година и Олимписките игри 2024 година. Со јуниорската репрезентација на Хрватска стана европски вицешампион во 2016 година. Се работи за модерен прототип на пивотмен, кој ќе биде дополнителна вредност во периодот кој престои.
Најновото засилување до крајот на неделата ќе биде официјално претставен пред јавноста и медиумите.
И жени возат “мортус пијани” – Прилепчанка заврши со лисици, дувнала 1,77 промили
-На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо Пинџур“ во Прилеп, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувала и по преземени мерки било констатирано дека С.Ј.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против неа биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Мицкоски: „А, ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“ (ВИДЕО)
По обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека власта размислува за набавка на нов владин авион, наместо тие пари да ги пренасочи за плати на работниците и инфраструктурни проекти, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата се откажува од набавката на нов воздухоплов.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање рече дека Владата ќе се откаже од набавка на нов владин авион.
Тој кажа дека по средбите со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека тој му ветил дека нема да се критикува Владата поради набавка на нов авион, но тоа не се случило.
„Воздухопловот е во возна состојба, и тие кои го управуваат иницираа да се создадат средства да се набави нов. Гледам од опозицијата реагираат, иако на неколкуте средби што ги имав со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, тој беше многу јасен дека за ова нема да ја критикува владата, дека утре ќе биде друга влада, а воздухоловот ќе се користи за хуманитарни цели, и не го одржа зборот.
И еве, ние се откажуваме поради тоа, а ако се урнеме и починеме, тогаш ќе стане јасно зошто ни треба нов авион“, рече Мицкоски.
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Ф.Н. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.070.623 ДЕНАРИ
Ф.Н. од Скопје освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.070.623 денари.
Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „Флеминг Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Моцарт“, на 15.02.2026 година, во Скопје.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот Ф.Н. и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти.
Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 21.466.013 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:
• 2 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 14.253.509 денари
• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 5.484.403 денари
• МИНИ џекпот добивки – 1.728.101 денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година е година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.
Во 2026 година, само во јануари, Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 72.586.111денари или скоро милион и двеста илјади евра за џекпот добивки.
Дурмиши: Минималната плата ќе се зголеми во март
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши останува на ставот дека минималната плата ќе се зголеми во март кога ќе се изврши нејзино усогласување со утврдената методологија.
Во одговор на пратеничко прашање за зголемување на минималната плата на 600 евра, Дурмиши ја обвини опозицијата дека прави политички маркетинг.
– Нема потреба од политички маркетинг. Ние не сме против зголемување на минималната плата, но таа треба да се зголеми врз основа на економските параметри – продуктивноста, трудовата моќ… – рече Дурмиши одговарајќи ѝ на пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ.
Рече дека никогаш не се откажале од разговори за платите и дека 20.000 работници во јавниот сектор ќе добијат зголемување на платите.
За платите на избраните и именувани лица, кои беа зголемени за 78 проценти со одлука на Уставниот суд, Дурмиши најави дека набргу Владата ќе донесе одлука за замрзнување на овие плати.
– За разлика од вас, кои ги зголемивте функционерските плати, ние работиме спротивно и нема да ги зголемиме платите на функционерите. Тоа ќе се одлучи многу бргу и ќе се замрзнат овие плати. Сакате да создадете перцепција дека економската состојба е резултат на сегашните политики, а не на погубните политки од ваше време – рече Дурмиши.
Во однос на забелешката од координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски, на чие барање седницата почна еден час подоцна, Дурмиши одговори дека задоцнил бидејќи присуствувал на конференција, која претходно била закажана.

















































