дома блог страница 43

Витаминка домаќин на учениците од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” – Дечките фасцинирани од прилепското царство на вкусови (ФОТО)

Учениците од седмо одделение од ООУ “Kире Гаврилоски-Jaне”, беа најнови гости во производствените капацитети на прилепска Витаминка.

-Ја посетивме фабриката за производство на познатите Стоби Флипс каде учениците се запознаа со погонот каде што се изработуваат омилените Стоби Флипс. Оваа посета ја организира наставничката по Хемија – Христина Манческа. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со нешто ново што не виделе и е различно од училишниот материјал. Голема благодарност на наставниците Борче Ацески, Милан Јаковоски и Игор Радески кои присуствуваа на посетата и до директорката Снежана Коцесвка Шубеска – напишаа од училиштето

Од училиштето упатија голема благодарност за гостопримството до вработените во Витаминка, кои им ја овозможија оваа посета и ги почестија сите ученици со пресни Стоби Флипс и други производи од прилепското царство на вкусови.

Момироски: “Дали комуналците виделе дека дома прво се мете, па потоа се џогира?”

Во најновата петочна колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна на кадровската промена во ЈКП Комуналец Прилеп и на активностите на претпријатието во изминатите денови.

-Во новава година со новот директор од ЈП Комуналец пуштија на најсилно соопштение дека минатиот викенд ќе се мијат улиците. И тоа со нов термин, ноќе кога сообраќајот во Прилеп е речиси сведен на неопходниот минимум. Веднаш си помислив: Aлал да им е на комуналциве, значи требало наместо Абрашо да дојде Љубиша и работиве да тргнат. И навистина тргнаа цистерниве низ улиците. И тоа дирекно на песокта и калта што беше се насобрала со месеци. Ама не со црева и под силен притисок, туку онака со предните прскалки од цистерните. Мијат луѓево колку може и неможе. Како ги мијат улиците така со калта ги валкаат тротоарите. Гледам и си велам: Каде не се изметени ниту исчистени, а прашање е и колку може да се изметат оти користат методи и метли кои биле ,,хит,, уште пред 1900 година за потоа да имаме тротоари и со кал. Едно не ми е јасно. Добро, луѓево знаат дека дома прво се мети па се џогира или…?!? Мислев дека незнаат, ама откако видов како се чисти и мие плоштадот за ,,Прочка,, па уште сето тоа се снима со дрон не барем се чисти Бекингемската палата во Лондон сосема се ми стана јасно. Само останата ,,јогурот да му го мати мозикот на луѓево,,?!? Ама по коментарите на граѓаните по објавеното видо со дронот пораката е испратена.

Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА

Mицкоски ги расчисти сите дилеми околу можноста за предвремени избори

Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

-Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерње, граѓаните не даваат предност на тоа да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема и не не знам уште колку пати треба да го кажам. Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има. Бидејќи следната година влегуваме во очи на редовните, оти ако има редовни тоа значи дека тхеничката влада би била избрана на крајот на декември или почетокот на јануари 2027/2028 година. Тоа значи дека ние сме на помалку од две години од техничка влада. Нема да има. Ние сме народна партија. Од народот потекнуваме. Исто така, сите пораки од меѓународната заедница се дека имате стабила влада, дајте испоралчувајте реформи, дајте да работиме. И гледате дека ние не седиме, туку си работиме и саботи, викенди, делници, празници, мора да се сработи – рече Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Околу предлогот за укинување на техничката влада по следните избори, премиерот потенцира дека Советот на Европа вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да ги обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат.

-Еве локалните избори се доволен доказ. По локалните избори, не треба мене да ми веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, го укинаа постмониторингот за Макеоднија. Еве не треба мене да ми веруваат. Не треба на никој да му веруваат. Нека му веруваат на Советот на Европа, која е европска институција. Тој вели дека оваа Влада е подготвена и способна да се однесува зрело, демократски и да си обезбеди сите предуслови за демократијата и институциите да функционираат. Да бидеме реални.Тоа е политиканство. Важно е, затоа што е дел од процеси кои ќе следат – рече тој.

Потенцира дека суштината е оти опозициската СДСМ сакаат да политизираат по принципот поларизирај.

-Ние бевме многу јасни пред претходните парламентарни избори во 2024 година, јас кажав дека сме за укинување на техничката влада. Ние влегуваме во еден таков чуден вртлог, континуиран. Еве јас прифатив – реков нејќам техничка влада. Ако тие сакаат да изберат премиер Албанец, не мораше техничка влада, можеше да имаат легитимна влада. Демократијата вели дека кој го има мнозинството, тој прави влада. 61 во парламентот прават влада. Пораките од народот се многу јасни – дека од оваа влада не се очекува политикантство, туку работа. И тоа го правиме – рече тој.

Мицкоски нагласи дека процесот со реконструкцијата на Владата очекува да заврши најдоцна до јуни.

-Јас веќе има изградено свој став, не велам дека немам. Но, сакам да седнам со коалициските партнери и да разговараме. Во мај или најдоцна до јуни би требало да се заокружи тој процес – рече тој.

Премиерот не сакаше да ги коментира последните превирања во ВРЕДИ. Потенцира дека е одлична атмосферата на владините седници и помеѓу колегите.

-Не е културно јас да ги коментирам. Не очекувам да се наруши атмосферата. Оваа влада ја започнавме заедно. Соработуваме одлично со колегите од коалицијата ВРЕДИ, со ЗНАМ, со останатите коалициски партнери, со внатрешните партнери на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Владата. Атмосферата на владините седници и помеѓу колегите, би рекол дека е одлична – истакна премиерот Мицкоски.

Жената борец од Прилеп! Два пати го победи ракот, но по 10 години повторно се бори со опасната болест, ДА ДОНИРАМЕ ЗА АНЕТА!

Анета oд Прилеп има 46 години. Двапати го победи ракот. Сега ѝ треба уште една шанса.

Замислете – да имате 33 години и да ви кажат дека имате рак на дојка. Да се изборите. А потоа по две години – повторно. И повторно да победите. Анета точно тоа го направи. Два пати.

Но животот не беше фер. Во 2025, по повеќе од деценија мир, болеста се врати – овој пат како карцином на хранопроводот. Потешко. Поагресивно. Но Анета е истата жена која не знае да се предаде.

Од декември е на хемотерапија. Телото ѝ се бори – срцето и органите се во добра состојба, терапијата ја поднесува храбро. Лекарите велат дека постои вистинска шанса за излекување – но потребна е операција кај врвен специјалист во Германија, хирург кој има огромно искуство токму со вакви случаи.

Таа шанса постои. Но чини повеќе отколку што едно семејство може само да собере. Анета не бара сожалување. Таа бара само можност – можност да продолжи да се бори онака како што знае. Можност да ја види својата ќерка како матурира, како студира, како создава свој живот. Можност да го добие и третиот круг со оваа болест.

Секој денар ја приближува кон таа операциска сала.
Секое споделување значи дека уште еден човек ќе ја слушне нејзината приказна.
Секоја молитва е сила што таа ја чувствува.

Не мора да донирате многу. Не мора да донирате воопшто ако не можете. Но ако можете да споделите – направете го тоа. Бидејќи некаде, некој што вие го познавате можеби е токму оној кој ќе помогне Анета да стигне до Германија.
Двапати победи. Помогнете ѝ да победи и третпат.

СО едно вртење на телефонските броеви: 143 478 за корисниците на А1 и 143 303 за корисниците на ТЕЛЕКОМ донирате 100 денари.

Донации се собираат и на хуманитарните платформи: Павел Андреев на следниот ЛИНК: https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomognete-i-na-mojata-aneta-povtorno-da-pobedi

и на ECROWD.МК на следниот ЛИНК: https://ecrowd.mk/projects/6e28c39e-6f08-4a14-9190-5fcc35cfc4bd?fbclid=IwY2xjawQESx9leHRuA2FlbQIxMABicmlkETJoU0RobUJrUWJYaXJqU3Fic3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHmBYYcfKa-sSWAvHSj0np783wMZjYgwAxuHkrd5aeXHELuSUOWEAOMmaHxgF_aem_P3TKjvQta7uZ1PiFnop4aw

Во Прилеп се расправаме за неисчистени шахти и сливници, во Кавадарци местат светилки на пешачки патеки (ФОТО)

Продолжува осовременувањето на општина Кавадарци, каде општинските власти се во тек со модерното живеење во градска средина. Ако во Прилеп и во други општини низ државата, се’ уште проблем се неисчистени шахти и сливници по улиците, во градот од Тиквешијата ваквите проблеми се одамна надминати, а сега општината вложува во модерни сообраќајни решенија, меѓу нив е и поставување на светилки на пешачките премини.

-Се поставуваат смарт светилки пред пешачките премини на ул. „Илинденска“, на спојот со ул. „Партизанска“, со цел зголемена видливост и поголема безбедност на пешаците. Денеска се поставени 12 светилки. Доколку се покажат како ефикасни, во наредниот период ќе бидат поставени и на други улици на територија на Кавадарци – напиша на ФБ градоначалникот на општината, Митко Јанчев.

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази.

Во однос на текот на досегашната истрага премиерот Мицкоски изјави дека има кривична пријава за 10 лица покрај оние двајца кои веќе се приведени и ова е само почеток, врз основа на информациите, додека за обвинувањата на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но опозицијата треба да е свесна дека истрагата води до нивни блиски и дека постојат докази за тоа.

„Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Затоа што да не биде тогаш „зошто моето семејство“, сите ќе бидат вклучени, бидејќи знаат да го напаѓаат моето семејство и семејствата на луѓето од Владата, треба да се свесни дека нивните семејства за кои постојат докази посебно во овој случај ќе бидат одговорни за многу работи“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека сепак правдата ќе победи во случајот и тој кој се огрешил ќе одговара, но и не треба да заборавиме каква политика водеше владата на СДСМ и ДУИ во врска со одгледувањето на канабис, како и тоа дека се ова е последица на тие политики.

„Сите забораваме колку пати претходната влада на СДСМ и ДУИ се обидуваше да го промени Законот за одгледување на канабис и да се дозволи извоз на цвет од канабис. Дури на најстроги празници свикуваа седници во Собрание. Еве самите гледаме што барале производителите. Не може вашата економска програма да се темели на производство на канабис, самото по себе е поразително“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски водено истакна дека еве сега со скандалот со дрогата гледаме како Али, Заев и Венко како министер за здравство ја развивале Македонија и дека ова се последици од тие политики, но ќе бидат казнети.

Рано утрово, ќотек и разделба наместо свадба во Битола

Фото/илустрација

На 19.02.2026 година во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

Полициските службеници работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

(ВИДЕО) Дронови го снимаа миењето на плочникот, новиот директор гледаше, спотот има јака порака

-Прилеп може, Прилеп знае, Прилеп сака…Прилеп денес и во иднина. Комуналните работници со заложба и во акција за чист, уреден и зелен Прилеп. Граѓаните и бизнис секторот да ја почитуваат работата и да помогнат со совесно однесување.
Сите заедно за чист Прилеп! Мора да успееме – порачаа преку видео од чистење на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” oд ЈКП Комуналец Прилеп.

Прилепчанец со автомобил удрил во пешак во Крушево – лицето итно пренесено во прилепската болница

-На 18.02.2026 во 11:15 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на ул.„Мише Ефтим“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(36) од Прилеп, удрило во пешакот С.А.(54) од Крушево. По несреќата С.А. била пренесена во Општа болница „Борка Талески“-во Прилеп каде од страна на доктор констатирани и биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево, информираат од МВР.

Победа повика на СОБИР денеска на стадион

Најтешкиот период во својата историја го живее ФК Победа. Во моменти кога клубот се соочува со сериозна криза, единствениот излез е заедништвото – обединување на сите прилепчани и пријатели на Победа околу заедничката цел: опстанок и стабилизација на клубот.

По тој повод, Управниот одбор на ФК Победа, предводен од извршниот директор Филип Илиоски, организира масовен собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, закажан за денеска, четврток (19 февруари 2026 година), со почеток во 14:00 часот.

Собирот ќе биде во форма на мини-трибина, на која сите заинтересирани ќе имаат можност:

-да добијат детално објаснување за актуелната состојба во клубот,

-да постават прашања и да ги расчистат сите дилеми,

-да предложат идеи и конкретни решенија за иднината на Победа,

-да дискутираат за настапот на сениорската екипа во пролетниот дел од Втората фудбалска лига на Македонија за сезоната 2025/2026.

Повикот е упатен до новинари, фудбалери, спортски работници, граѓани, претставници на локалната самоуправа, компании, стопанственици, како и до сите засегнати страни – вклучително и оние кои имаат финансиски побарувања од клубот. Вратата е отворена за секој што сака да праша, да предложи или да помогне.

Од клубот нагласуваат дека се подготвени на сите можни одлуки – и негативни, како евентуален прекин на учеството во Втората лига, но и позитивни, со можност во последен момент да се донесе одлука за продолжување на настапите, почнувајќи од саботниот натпревар против Новаци.

Сега е време за единство. Судбината на Победа зависи од сите нас.