дома блог страница 41

Срамота! Директорката на ЈП „Комуна“-Крушево, во работно време врши партиска пропаганда и се заканува со отпуштање од работа – велат од ВМРО – ДПМНЕ

Директорката на ЈП “Комуна” Kрушево во работно време врши партиска пропаганда, со закани за опуштање и уцени бара гласови пред вториот круг на локалните избори во оваа општина – обвинуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Партиското соопштение го објавуваваме во целост во продолжение:

Срамота и злоупотреба во ЈП „Комуна“ Крушево!

Директорката во работно време врши партиска пропаганда – со закани за отпуштање и уцени бара гласови, а на дел од граѓаните им опростува сметки за вода во замена за поддршка на избори!

Ова е тешка злоупотреба на службена положба и директно кршење на Изборниот законик!

Ги повикуваме надлежните институции да ја истражат оваа злоупотреба.

Крушево нема да дозволи неколкумина партиски послушници да го газат достоинството на народот!

Одговорност мора да има – заканите, уцените и партиските манипулации нема да поминат!

Полицајци апсеа свои колеги осомничени за кражба на 18 кг. злато од златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.

Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање.

-Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа е пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, додека другото е пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар, информира МВР.

МВР во координација со ОЈО Гостивар презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Две од две победи за прилепчани на стартот од сезоната

Во рамките на 2. коло од Групата А во Првата кошаркарска лига на Македонија се одигра натпреварот помеѓу Тетекс (Тетово) и Мега Баскет (Прилеп).

На гостински терен во Тетово, прилепскиот тим забележа нов триумф, совладувајќи го противникот со резултат 78:85. Ова е втора победа за Мега Баскет во новата сезона од исто толку одиграни натпревари.

Најдобар поединец во редовите на Мега Баскет беше Владимир Враниќ со 23 поени. Христијан Радически постигна 20, а Блажо Митков запиша 13 поени.

Во наредното коло прилепчани ќе се соочат со Водно Санс на домашен терен.

Полицаец пукал во полициска станица откако го избркале од работа – кривично ќе одговара

Кривична пријава против полициски службеник за „предизвикување општа опасност“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 30.04.2025 околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија, лоцирана во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, во присуство на повеќе полициски службеници, откако го примил и потпишал решението за отстранување од работното место, по издадена наредба од страна на началникот да го предаде службеното лично вооружување, од бирото го извадил службениот пиштол, извршил репетирање, при што испукал еден куршум во правец на вратата на металниот сеф кој се наоѓал во просторијата, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Oд полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88% во однос на одлуката од 20.10.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,990%, кај дизелот за 4,345%, кај екстра лесното масло за 3,773% и кај мазутот зголемувањето е за 0,554%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3996%.

Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

(Фото галерија) Фантастичен попуст на кој ниту една дама не можее да одолее – Побрзајте во продавницата на Bonatti во Прилеп

Нема крај на изненадувањата во Bonatti.  Секогаш со одлични попусти и понуди на кои ниту една припадничка на понежниот пол не може да одолее.

До 18.11. имаат фантастичен попуст до -50% на огромен избор на хулахопки, нешто што не се пропушта!!!

Посетете го продажниот салон на Bonatti во Прилеп на бул. “Гоце Делчев” бр. 6-3, наспроти “Ла Страда” и изберете нешто убаво и квалитетно за себе или за вашите најблиски.

Во продолжение погледнете само дел од широкиот асортиман на хулахопки кои можете да ги најдете во нивните продажни места:

Кривична за прилепчанец – физички нападнал полициски службеник

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против К.Т.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.09.2025 во Прилеп, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Прилепскиот театар со „ЧИСТА КУЌА“ гостува во Гевгелија

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „ЧИСТА КУЌА“ на 28 октомври 2025 / вторник/ ќе гостува во Гевгелија.

Со почеток во 19:00 часот, на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе биде изведена претставаta „Чиста куќа“ од Сара Рул, во превод и режија на Тамара Стојаноска. Oрганизацијата е на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во рамките на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Гевгелија. Влезот е бесплатен.

„Чиста куќа“ е претстава што раскажува длабока човечка приказна за животот и смртта, преку пет различни, но меѓусебно испреплетени ликови. Како што вели режисерката Тамара Стојаноска: „претставата зборува за непредвидливите пресврти во животот и начинот на кој се соочуваме со нив, за болката што е неизбежна, за големината на простувањето, но и за љубовта и губењето на истата таа“.

Претставата ги истражува темите на емпатија, траума, детски спомени и семејни односи, користејќи вицови како симболичен филтер преку кој ликовите се справуваат со болката и животните тешкотии. Чистењето, како што објаснува режисерката, е метафора за прочистување на внатрешниот емоционален хаос, за грижа, љубов и обид да се врати контролата во свет исполнет со несигурност.

Драматургијата е на Лидија Митоска- Ѓорѓиевска, сценографијата и дизајнот на плакатот и рекламниот материјал се на Филип Коруновски, музички соработник е Ана Митоска, а изборот на костими е на режисерката во консултација со актерската екипа. Во претставата играат: Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска- Клинческа, Јасмина Мицовска- Станкоска и Димитар Ѓорѓиевски.

Со својата поетичност, духовитост и магичен реализам, „Чиста куќа“ на Сара Рул нуди емотивно и инспиративно театарско искуство што потсетува дека токму во несовршеноста се крие вистинската човечност.

СТРАШНО ДОБРА ПОНУДА ОД МИНТ КРЕДИТ!

Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:

  • -30% помали трошоци до 31.10.2025.
  • Инстант одобрување за само 10 минути.
  • Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.

Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!

Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.

За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.

30 медали за прилепските каратисти од “Феникс” на Mеѓународниот натпревар “Никола Грдановски-НИКЕ”

Прилепскиот Карате клуб “Феникс” повторно најдобар. Помеѓу 540 натпреварувачи од Македонија, Србија, Турција, Словенија, Карате Клуб Феникс на врвот, прогласен за најуспешен со освоени 12 златни, 10 сребрени и 8 бронзени медали, на Mеѓународниот натпревар “Никола Грдановски-НИКЕ”

Поединечно освоени се следните резултати:

1. Јаков Сиљаноски 🥇
2.Ева Момироска 🥇
3.Филип Момироски 🥇🥈🥈
4.Горазд Мантароски 🥇🥈🥉🥉
5.Ненад Гоцески 🥇🥈
6.Димитар Стевчески 🥇🥇
7.Галена Стевческа 🥇🥇
8.Доротеа Стојаноска 🥇🥇🥈🥉
9.Андреа Чочева 🥇🥈🥈🥉
10.Мила Билбиловска 🥉
11.Антонио Нунески 🥇🥇🥇🥉
12.Јована Димитриоска 🥇🥇🥈
13.Јована Конеска 🥇🥈
14.Михаил Петанчески 🥉
15.Сара Петанческа 🥈🥈
16.Јована Богојовска 🥉
17.Ева Тодороска 🥈
18.Ена Тодороска 🥈🥉