дома блог страница 4

МИНТ со едукативна иницијатива: Ученици учеа за безбедност во реални услови

Практично знаење, реална средина и нов пристап кон сообраќајната култура-МИНТ се позиционира како едукативен партнер на заедницата

Учениците од трето одделение при ООУ „Климент Охридски“ од Битола имаа можност да ја искусат сообраќајната едукација надвор од училницата, преку организирана посета на новоотворениот сообраќаен
центар на МИНТ.

Во придружба на Проф. Драгица Здравковска, која предава стручни предмети од областа на сообраќајот во СОУ “Таки Даскалот” од Битола, децата се запознаа со основните принципи на безбедност во сообраќајот, но и со начинот на функционирање на современ технички и испитен центар.

Наместо теорија на хартија, учениците имаа можност да видат како изгледа еден реален процес, од технички преглед на возила, до практични аспекти на безбедноста што секојдневно влијаат врз животот на сите учесници во сообраќајот.

Особен акцент беше ставен на развивањето на свесност кај најмладите, како пешаци, идни возачи и одговорни граѓани.

„Најважно е децата уште од најрана возраст да разберат дека безбедноста во сообраќајот не е правило што се учи напамет, туку навика што се гради,“ беше истакнато за време на посетата.

Со вакви активности, сообраќајниот центар на МИНТ не се позиционира само како место за услуги, туку како платформа за едукација, превенција и градење на сообраќајна култура во заедницата.

Посетата заврши со подароци за децата , со голем интерес и позитивни реакции од учениците, кои си заминаа не само со нови информации, туку и со појасна слика за тоа што значи безбедно учество во
сообраќајот.

Детето со ангелски глас од Прилеп во друштво на Влатко Лозаноски – видео што остава без зборови

Детето со англески глас од Прилеп, Димитар Иваноски, имаше посебна можност да се дружи со еден од најдобрите пејачи на македонската естрада – Влатко Лозаноски.

Популарниот Лозано не го криеше своето воодушевување од талентот на Димитар, уживајќи во неговата изведба и дружењето кое остави силен впечаток кај присутните.

Овој момент е уште една потврда дека Прилеп има вистински музички бисер, а поддршката од еден ваков докажан артист само дополнително го осветлува патот на нашиот млад талент.

Зетот си ја истепал бабата со тврд предмет во Крушево

На 29.03.2026 во 19:25 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода У.Т.(47) од Крушево затоа што околу 17:30 часот во семејниот дом физички и со тврд предмет ја нападнал мајката на неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Зошто Прилеп го нема на мапата на LIDL прашуваат прилепчани, а предвидени биле 2 објекти првенствено?

Зошто Lidl го заобиколи Прилеп? Прашање што ги бранува прилепчани

Додека мрежата на Lidl сè повеќе се шири низ Македонија – од Скопје, Куманово, па сè до Струмица и Охрид – на мапата впечатливо недостасува Прилеп. Град со сериозна популација, силна економска активност и стратешка позиција во Пелагонија, но без ниту еден маркет од овој синџир.

Она што дополнително ја отвора дилемата е информацијата дека првично биле предвидени дури две локации за изградба. Што се случи во меѓувреме?
Дали станува збор за административни пречки, недоразбирања со локалните власти, проблеми со земјиште или едноставно промена на бизнис стратегијата на компанијата?

Граѓаните со право прашуваат – како е можно помали градови да добијат Lidl, а Прилеп да остане надвор од плановите?
Дали градот ја пропушти шансата или приказната сè уште не е завршена?

Очекувате ли Lidl во Прилеп и кој според вас е вистинскиот проблем? Напишете во коментар.

Денеска е Cвети Алекcej чoвeк Бoжjи: Честит именден на Александар, Александра, Aлекса, Алексеј…

Денес се празнува Свети Алексиј човек Божји.

Различни се патиштата по кои што Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот зeкoн. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога порасна го пpинyдиjа да се ожени.

Но, ноќта по свадбата тој не само што ги ocтави жената и домот на својот татко туку седна на кораб и отиде во градот Едеса во Месопотамија, каде што беше прочуениот лик на Господ Исус, испратен од Самиот Господ за царот Авгар.

Откако му се поклони на овој лик Алексеј се облече во руво на пpoсjaк и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестано молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица.

Кога таму се прочу како богоугодник, тој се yплaши од човечката слава и зaминa, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.

Сметајќи го ова за прст Божји, Алексеј смисли да отиде во домот на својот татко и таму како непознат да го продолжи својот подвиг. Татко му не го пpeпозна, а од милocрдие му дозволи да живее во една визба во неговиот двор.

Овде Алексеј помина уште седумнаесет години, живеејќи само на леб и вода. Cлyгите го мaлтpeтиpaа на разни начини, а тој пpeтрпе сè. А кога му се приближи кpaјот, напиша една хартија, ја стегна во рацете, легна и и3дивнa, на 17 март 411 година. Тогаш во црквата на Светите апостоли имаше во присуство на царот и патријархот откpoвение во вид на глас кој рече: „Побарајте го човекот Божји“.

Малку по ова се откри дека тој човек Божји е во куќата на Ефтимијан и по долго paспрашување дознаа дека Божјиот човек е оној пpoсјак. Кога влегоа го најдоа мpтoв во неговата визба, а неговото лице блескаше како сонце. Од онаа хартија неговите родители дознаа дека е тоа нивниот син Алексеј, а невестата којашто триесет и четири години живееше без него го виде нејзиниот маж, па сите ги обзeдe неизмерна тaгa.

По ова сепак се утешија гледајќи дека Бог го прослави Својот угодник. Од допирот на неговото тело се лeкyваа многубројни бoлни, а од телото му пoтeче благoухaно миpo. Го погpeбaa во кoвчeг од мермер и смарагд.

Неговата глава се наоѓа во Светата Лавра на Пелопонез. Тој се смета за зaштитник на питaчитe, патниците, болничapитe и дадилките. Народот вели дека „Човекот Божји“ се грижи за сите нecpеќни и нaкaзeни луѓе и затоа на денешен ден никако нe е добро да избpкaтe пpoсjак доколку ви дојде на врата или да одбиeтe милocтина, бидејќи така ќе го нaвpeдите свeтитeлoт.

Одличен настап на прилепските џудисти од “Сеишин” на државните првенства – се вратија со 18 освоени медали (Фото галерија)

На 29.03.2026 година во Скопје, во спортската сала „Јане Сандански“, се одржаа државните првенства во џудо за пионери и сениори.

Џудо клубот Сеишин Прилеп настапи во двете возрасни категории и оствари извонреден успех со освоени вкупно 18 медали:

🥇 5 златни
🥈 6 сребрени
🥉 7 бронзени

🔴 СЕНИОРИ:

🥇 Теодора Илиоска – 1 место
🥇 Михаил Стојаноски – 1 место
🥇 Христијан Стојкоски – 1 место
🥈 Александра Најдоска – 2 место
🥈 Антонио Талески – 2 место
🥉 Тамара Илиоска – 3 место
🥉 Михаил Димоски – 3 место
🥉 Мартина Јанкоска – 3 место
🥉 Никола Магдески – 3 место

🔵 ПИОНЕРИ:

🥇 Антонио Цветаноски – 1 место
🥇 Матеја Николоска – 1 место
🥈 Елдина Пупаловиќ – 2 место
🥈 Владан Стрезоски – 2 место
🥈 Марко Маркоски – 2 место
🥈 Дино Кулевски – 2 место
🥉 Дила Пупаловиќ – 3 место
🥉 Арсениј Димески – 3 место
🥉 Ангел Стојоски – 3 место

Од клубот упатуваат честитки и до сите натпреварувачи кои овојпат не изборија место на пиедесталот, но прикажааа борбеност, дисциплина и посветеност!

ЏК Сеишин Прилеп продолжува гордо да чекори по патот на успехот!

Николоски објави видео – Еве како ќе изгледа реконструкцијата и проширувањето на охридскиот аеродром

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео како ќе изгледа охридскиот аеродром по неговата реконструкција и проширување и напиша:

-Денес е историски ден, за прв пат откако е изграден охридскиот аеродром се прави сериозна инвестиција за негово проширување и модернизација.

Продолжуваме да ја градиме Македонија, пишува во својата објава Николоски.

Инаку денеска започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба.

-Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, кои ќе се чувствуваат попријатно кога слетуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ова е значајно за развојот на туризмот, бизнисот и поврзаноста на регионот, рече Николоски.

По добивањето на концесијата од страна на ТАВ, аеродромската писта веќе беше проширена и модернизирана, а оваа реконструкција претставува ново ниво на надградба и проширување на целиот објект.

Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е оваа што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции појасни вицепремиерот и додаде?

„Прво, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат. Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс“.

Младите кошаркари го оправдаа ваучерот од 2.000 евра за цела година…го сомлеа Гостивар во Прилеп (Фото галерија)

Младинската екипа на прилепски Мега Баскет, која се натпреварува во Втората кошаркарска младинска лига Запад, го декласираше Гостивар во салата во ООУ “Добре Јованоски”.

Пред својата публика прилепските надежи славеа со 85-61 и одново докажаа со каков талент и иднина располага Прилеп, и колку е потребно бизнис секторот и властите во градот да ги поддржат овие деца.

За жал, од Министерството прилепскиот клуб Мега Баскет доби само 4000 евра субвенции за двете екипи, или 2.000 за сениорскиот и 2.000 за младинскиот состав.

Вака иднина не се гради, па затоа потребно е час поскоро бизнис секторот да застане зад кошарката во Прилеп, и градот конечно после долги години да добие одново СУПЕРЛИГАШ!

Пожар пеплоса цела дискотека во Германија – внатре имало 750 луѓе, нема жртви (ВИДЕО)

Во дискотеката „Kiss klub“ во германскиот град Кел, во покраината Баден-Виртемберг, во текот на изминатата ноќ избувна пожар кој ја зафати целата зграда, во момент кога во неа имало околу 750 лица, соопшти локалната полиција.

-Пожарот, кој избувна во клубот околу 3:45 часот наутро, се прошири на целата зграда. Според првичните информации на операторот, во моментот кога избувнал пожарот, во зградата се наоѓале околу 750 луѓе“, се наведува во соопштението на полицијата, кое го пренесува „Билд“.

Причината за пожарот сè уште не е позната. Поголемиот дел од присутните на забавата во дискотеката ја напуштиле зградата зафатена од пожар до пристигнувањето на противпожарната служба. Засега нема извештаи за сериозни повреди, а три лица побарале медицинска помош.

„Kiss klub“ е популарна дискотека со хип-хоп и афро музика во покраината Баден-Виртемберг на југозападот на Германија, а во неа редовно доаѓаат и посетители од блискиот Стразбур во Франција.

Видео од пожарот ТУКА

Немили сцени во Прилеп – Младиот капитен на Победа колабираше на теренот

Драматични моменти се случија во 75-тата минута од натпреварот помеѓу Победа и Детонит во Прилеп, кога младиот капитен на Победа, 19-годишниот Кристи Крајоски, ненадејно се струполи на тревникот и остана без свест.

Сцената веднаш предизвика вознемиреност кај играчите на двете екипи, како и кај присутните на трибините. Медицинската екипа експресно реагираше и му укажа прва помош на теренот, додека атмосферата беше исполнета со неизвесност и страв.

По брзата интервенција, Крајоски ја поврати свеста, но поради претпазливост беше пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Прилеп за дополнителни прегледи.

Натпреварот беше привремено прекинат за време на укажувањето на помошта, а резултатот во тој момент – 0:6 во корист на Детонит – остана во втор план.

Од клубот информираат дека здравствената состојба на младиот фудбалер е стабилна и надвор од животна опасност.