дома блог страница 3629

ДРАМАТА СЕПАК ПРОДОЛЖУВА! Перез го возвраќа ударот – еве до каде е трансферот на Роналдо во Јуве

Изгледаше дека е готова работа, дури се споменуваше дека поради симболиката на датумот и бројот на неговиот дрес, Кристијано Роналдо би можел токму на 7-ми јули да биде промовиран за нов напаѓач на Јувентус, но работата ќе мора да почека. И понатаму во Мадрид и во Торино се убедени дека Португалецот ќе премине во Сериа А, меѓутоа, не под условите кои се споменуваа пред некој ден.

Причината е желбата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, Роналдо да го продаде за повеќе од 100 милиони евра. Таа сума се чини не ги задоволува апетитите на првиот човек на Реал, кој според информациите на торинскиот весник “La Stampa” ја подигнал цената за 50%. Сега бара 15 милиони евра, но наводно е подготвен да ја продаде својата најголема ѕвезда и за 130 милиони евра.

Наводно, во четвртокот вечерта, на состанокот помеѓу агентот на Роналдо Мендеш и првиот соработник на Флорентино, Хозе Анхел Санчез, агентот се обидел да го промени договорот кој важел до зимата, обештетувањето да се спушти од милијарда на 100 милиони евра.

Перез преку неговиот прв човек рекол дека таквото ветување важело до 15 јуни и дека сега Кристијано вреди 150 милиони евта. Ова одново не става сомнеж дека работата и понатаму може да се реализира, бидејќи Јуве, преку спонзорот ќе ги набави и тие пари и ќе ги пробие сите граници кога е во прашање финансиската политика.

Од друга страна, Дон Флорентино освен финансискиот има уште еден услов. Мадридскиот весник АС вели дека газдата на Реал не сака – барем не јавно – да испадне губитник во трансферот, поточно не е подготвен да претрпи уште еден пораз и силен удар во јавноста, после разделбата со Зидан и скандалот кој го предизвика со именувањето на новиот тренер Лопетеги, на два дена пред првиот меч на Шпанија во Русија.

Се чувствува неудобно поради сето тоа, па преку првиот негов соработник му соопштил на Роналдо дека ќе го запали зеленото светло за заминување, дури кога овој јавно ќе соопшти дека сака да го напушти Реал и дека тоа е негова желба. Перез на тој начин се обидува да “се испере себе си” и планира да го репризира случајот со Чави Алонсо од 2014 година.

“Реал не сакаше да ме продаде, туку јас побарав трансфер, а клубот само ја разбра мојата желба да ја променам средината”, рече пред 4 години Алонсо и за 9 милиони евра се пресели во Минхен.

Перез сака истите тие зборови да ги изговори и Роналдо, да побара трансефер пред него. Ќе биде тоа судир на две големи ега – ако воопшто до тоа дојде.

“Ако Кристијано потпише за Јувентус, може да остане колку што сака, затоа што ние немаме традиција да ги продаваме легендите”, истакна претседателот на Јуве, Андреа Ањели.

Претседателката одново го освои целиот свет: Колинда влезе во соблекувалната скокаше и пееше со фудбалерите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хрватска со 4:3 на пенали ја победија руската репрезентација и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во Русија.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ облечена во коцкаст дрес го следеше целиот натпревар од трибините и ги бодреше фудбалерите, а на крајот од натпреварот громогласно прослави со нив.

Колинда скокаше и пееше заедно со популарните “ватрени” и одново го освои целиот свет.

Eдинствена можност да ѕирнете во внатрешноста на прилепската Саат кула – Видео кое ќе ве фасцинира!

Eдинствена можност да ѕирнете во внатрешноста на прилепската Саат кула, да се запознаете со внатрешната содржина, да дознаете кога, како и колку време е граден градскиот часовник во Прилеп и кој се’ се гиржел за неговото одржување.

Краткометражниот документарен филм за прилепската Саат кула е дело на Горан Попоски и е награден со Златна “Камера 300” во 2016 година.

Филмот е во траење од речиси 9 минути, а во себе носи историја долга 150 години.

Погледнете, ќе ве фасцинира:

Цуцуловски ја разобличи манипулацијата на Заев околу референдумското прашање

Професор Љубомир Цуцуловски на социјалната мрежа Фејсбук ја разобличи манипулацијата со референдумското прашање за промена на името. Според него, во прашањето кое ќе биде поставено на референдум, всушност се кријат 4 прашања.

ПРЕДЛОГ. Во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ, Зоран Заев изјави дека најверојатно реферндумското прашање ќе било:

„Дали сте за Европската унија и НАТО, и за поддршка на Договорот со Грција.“ Зад навидум едното референдумско прашање, се кријат најмалку четири прашања, кои според логиката и здравиот разум (патем, логиката и задравиот разум секогаш одат заедно) мора да се издвојат и за секое од нив одделно да се изјаснува. Зошто тврдам дека се кријат најмалку четири прашања? Затоа што:

(1) Некој може да биде за ЕУ, но да не биде за НАТО и Договорот.

(2) Некој може да биде за НАТО, но да не биде за ЕУ и Договорот.

(3) Некој може да биде и за ЕУ и за НАТО, но да не биде за Договорот.

(4) Некој може да биде за Договорот, но да не биде за ЕУ и НАТО, што е малку веројатно, но кое во ова лудило е можно. Ваквата опција значи да се остане со прстот во устата.

Затоа, следејќи го начинот на кој функционира Зоран Заев, предлагам референдумското прашање (ако дојде до него) да биде: „Дали сте за Европската унија и НАТО, и за поддршка Вашето семејство да биде растурено?“ Само така на граѓаните ќе им се „олесни“ изборот.

Ќе треба да бираат помеѓу тоа дали се за ЕУ и НАТО, или се евентуално и за своето семејство. Ако го одберат второто (семејство), ќе „покажат“ невиден егоизам, идентичен со патриотизам, што никогаш не му „прилегало“ на Македонецот.

Затоа, таквиот резултат од референдумот однапред треба да биде осуден и отфрлен од сите (без исклучок!), вклучувајќи ги и оние кои така гласале.

МОЈОТ СТАВ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Е ПРОМЕНЕТ: Реков дека ќе гласам против, но околностите се сменија – ИК донесе нов план за дејствување против овој капитулатнски договор!

Јас го соопштив својот став за референдум но околностите се променија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавувајќи дека неговата партија се уште нема донесено конечна одлука дали на референдумот ќе гласа против или пак ќе го бојкотира.

„И Извршниот Комитет и Централниот Комитет како и пратеничката група расправаше по однос на содржината на штетниот договор на Заев со Грција и завземавме став дека сме против тоа капитулантско дело со кој се брише името Македонија, се предвидува промена на Уставот и сериозно се задира во менување на идентитетот и откажување од правата на македонските малцинства надвор од границите на Република Македонија, и јас лично можам да ви кажам дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласам со овој капитулантски договор кој преставува еднострано прифаќање на сите грчки барања и ултиматуми.

ВМРО ДПМНЕ во однос на самиот референдум има став кој е соопштен, но воедно гледаме како околностите се променуваат и има многу дилеми како ќе настапиме, што ќе превземеме, дозволете тука да останеме воздржани во соопштувањето на нашите чекори. Променливи се околностите, и многу работи не се дефинирани на пример кое ќе биде прашањето, каков ќе биде референдумот, кога и дали ќе се распише…Ние имаме план имаме ставови и кога ќе дојде време ќе соопштиме како ќе дејствуваме.“ – вели Мицкоски во интервју за Магазин.

Претходно Мицкоски рече дека на доколку се одржи референдум за промена на името, тој ќе гласа против. Неговиот став беше пречекан остро кај десничарското гласачко тело, обвинувајќи го дека на тој начин ќе и помогне на власта референдумот да биде успешен.

“Инфомакс”: СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ: Шеќеринска и нејзниот кабинет со армискиот хеликоптер се развозувале по кафани низ Македонија!

Продолжува расипништвото во Минисерството за одбрана, од страна на министерката и нејзините подредени кои се расфрлаат со народни пари, кревајќи чалам пред истиот тој народ додека уживаат на скапи ручеци на кои пристигнуваат со хеликоптери – пишува порталот “Инфомакс”.

Таков е и последниот случај.

Имено, Драган Николиќ инаку државен секретар во Министерството за одбрана вчера заедно со Радмила Шеќеринска и Катерина Ставревска (шеф на кабинет на Шеќеринска) беа на затварањето на летниот меѓународен кампус, од каде заминале на ручек и дегустација во винаријата „Тиквеш“.

Најверојатно, обилната дегустација и скапиот ручек биле премногу за „големците“ од МО, па наместо со автомобил си нарачале да ги земе армискиот хеликоптер – додаваат од “Инфомакс”.

Заедно со нив бил и државниот секретар на Црна Гора кој е во посета на Македонија.

Расипништво од вакви размери досега е невидено, особено ако се знае дека согласно правилникот, час летање со армискиот хеликоптер чини 200.000 денари, а ако се има во предви дека Шеќеринска и нејзиниот кабинет се расшетувале по Македонското небо, лесно може да се заклучи дека штетата по буџетот е далеку поголема – велат од “Инфомакс”.

Додека Шеќеринска и нејзиниот тим се расфрлаат со народни пари, возејќи се во армиските хеликоптери од ручек на ручек, од кафана во винарија и обратно, на листа на чекање на Фондот за здравство за лечење во странство има десетици дечиња, кои во очај бараат донации од граѓаните.

Безброј граѓани се на работ на егзистенција, а огромен процент немаат никакви примања ниту редовна секојдневна исхрана – завршуваат од порталот “Инфомакс”.

 

“Земјоделска катаклизма во Струмица! Министерството како да не постои, земјоделците бесни?”

Големо невреме денеска го погоди струмичкиот регион, селата Муртино, Моноспитово, Робово, Бориево и Еднокукино беа зафатени од пороен дожд и град, кој целосно го уништи родот на пиперката, но и ја уништи пченицата, која за една недела требаше да се жнее.

Земјоделците во очај коментираат дека невремето им зеде се. Буквално по слабиот откуп на доматот, краставицата, зелката и лубеницата, пиперот беше последна надеж за земјоделците од овој регион, сега велат дека се оставени на цедило, бидејќи се што имале е уништено. Надлежните не излегоа со став по невремето.

Земјоделците очекуваат оштета, но коментираат дека досега државата за ништо им нема исплатено, а потсетуваат и на земјоделците во Тиквешијата, каде за ланското невреме се обештетени една десетина од тоа што првично им беше најавувано.

Алкохолот од денеска ќе се продава без временско ограничување – забраната останува за овие места

Од денеска алкохолни пијалоци ќе може да се купат кое било време во текот на денот или ноќта, откако стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите.

Собранието на Република Македонија пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци.

“Промена на уште еден директор од ЛДП, директорот од ПУП Прилеп??”

Се шпекулира дека уште еден кадар на ЛДП, политичката партија која е коалиционен партнер на СДСМ, ќе биде разрешен.

Директорот на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање од Прилеп, Славе Петрески, наводно ќе биде заменет од позицијата?

Која е причината за неговото разрешување и кој и дали ќе го замени на директорската позиција на ова јавно претпријатие, сеуште не е познато.

Претходно заменет беше Јане Станкоски, кој исто така е од Прилеп и е кадар на ЛДП, а беше директор на Државниот инспекторат за земјоделие.

Станкоски и стана познат на јавноста по набавката на луксузен службен автомобил, марка Шкода, во вредност од 32.000 евра.

“Внимавајте со водата! Сметките повисоки, наместо 20% пониски??”

И покрај предизборното ветување на сегашниот градоначалник од редовите на СДСМ во Прилеп, дека прилепчани ќе пијат 20% поевтина вода за пиење, се случи спротивното. Цената на водата за пиење остана непроменета, но поскапеа сметките за вода.

Со одлука на владеачкото мнозинство во Советот на општина Прилеп на 19.02.2018 година, не се испочитува ветувањето на Илија Јованоски, па цената на водата за пиење остана непроменета, но она што се промени е цената на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води која е дел од сметката за вода.

Досега граѓаните плаќаа по 3 денари за метар кубен на име на оваа услуга, цена која сега е зголемена на 5,28 денари, или плус 2,28 денари на секој потрошен метар кубен вода.

Она што сакаа општинските власти да го сокријат и тврдеа дека лажни се вестите за зголемените сметки, се потврди со сметките за вода за месец април кои прилепчани штотуку ги добија.

На приложените сметки може да се забележи зголемувањето на услугата за собирање и одведување на урбани отпадни води и да се види дека прилепчани навистина плаќаат повисоки сметки за вода, наместо како што беше ветено дека ќе добијат за 20% помали трошоци.

Семејствата во Прилеп сега се изложени на дополнителни трошоци, а оваа давачка особено ќе ја почувствуваат на свој грб стопанствениците, како и домаќинствата кои трошат поголеми количества вода.

Во продолжение погледнете и што се им ветуваше Јованоски на прилепчани во пресрет на локалните избори минатата година: