дома блог страница 36

Николоски: Силно се развива авиосообраќајот – Отворени 22 нови авиолинии што не поврзуваат со цела Европа

Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Ова денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го напиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски.

Поголем број села во прилепско од денеска до петок, поголем дел од денот ќе бидат без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека во наредните три дена ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Прилеп и околните населени места.

– ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 25.02 2026 год. (Среда) од 09.00 ч. до 15.00 часот ќе има во следните места и делови од Општина Прилеп: Манастир Св. Пантелејмон, с. Бешиште, с. Дуње, с. Чаниште, с. Градењшница, с. Будимирци, с. Старавина, и (Среда) од 10.30 ч. до 14.00 часот во с. Зовиќ

– ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 26.02 2026 год. (Четврток) од 09.15 ч. до 15.00 часот ќе има во следните места и делови од Општина Прилеп. с. Ерековци, с. Канатларци, с. Марул, С. Лопатица, с. Бонче, и с. Подмол.

– ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 27.02 2026 год. (Петок) од 09.00 ч. до 15.00 часот ќе има во следните места и делови од Општина Прилеп. Манастир Св. Пантелејмон, с. Бешиште, с. Дуње, с. Чаниште, с. Градешница, с. Будимирци, с. Старавина и с. Зовиќ.

За Тримирот како обичај во Прилеп кој го практикуваат жените: Еве каде се греши и како со овој обичај се нapyшyва Великиот пocт

Во Прилеп преживеал обичај кој носи име – Тримир, и го „прославуваат“ жените. Овој адет се пренесува со генерации. Имено, домаќинка на Тримирот е мајката на „младата невеста“ и таа кани гостинки на прослава.

На „прославата“ се доаѓа со дар, односно некаков посен специјалитет, овошје или боза. На трпезата има зелници, гравче … Атмосферата е весела, распеана. Толку знам!

Во минатото било правило домаќинката да држи Тримир до денот кога доаѓале гостинките. Но што, во суштина, е Тримир-от?

Во вистинската смисла и суштина на зборот, тримирот е тридневно воздржување од храна и вода и претставува особен подвиг, се разбира пропратен со молитва, во светата Четириестница. На третиот ден „тримирџиите“ се причестуваат со телото и крвта Христови и се напиваат света вода.

Но, прославувањето за кое споменав, воопшто не соодветствува со вистинскиот Тримир. Денешните домаќинки, воопшто не постат, а уште помалку се причестуваат. Некои можеби и постат, но само заради адет.

Оние кои постат во вистинската смисла на зборот, ја познаваат суштината на постот и не организираат прослави зашто прославата не соодветствува со овие денови на пост и молитва.

Исто така, на трпезата се принесува храна подготвена со масло, а овие денови постот е „на вода“. Затоа, овој обичај, нема допирна точка со името кое го носи и со постот. Впрочем, овој обичај го нарушува Великиот пост.

14-годишник со автомобил удрил во бетонски столб во прилепско, повреден и 16-годишен сопатник

ФОТО/илустрација

-На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб.

Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Панчевски побарa СЛОБОДА за Груби

Поранешниот претседател на Кривичниот суд и судија во Одделот за организиран криминал, Владимир Панчевски, на саркастичен начин на социјалните мрежи реагираше по последните случувања поврзани со случајот против Артан Груби.

-Апелирам до обвинителството после се што ни приреди, веднаш да ги повлече сите основани сомненија против Артан Груби, според проценките на МВР и АНБ ако во оваа фаза постоел ризик, истиот нема можност да биде суден во државава бидејки ако биде осуден нема гаранции за негова безбедност да ја издржува евентуалната затворска казна! Ослободете го Груби! ПРАВДА ЗА ГРУБИ !!! П.С. Да не заборавиме дека вака со куќен притвор е залудна идна казна бидејки сега си ја издржува казната дома!

Нема да има повеќе стаклени летни бавчи во Прилеп – Еве каква одлука донесе Советот денеска

На денешната седница на Советот на Прилеп се дискутираше за новите правила кои се однесуваат на поставување урбана опрема од страна на угостителските објекти, при што беа појаснети измените во програмата за користење јавна површина.

Раководителот на урбанизам при Општина Прилеп, Илија Беличоски, истакна дека технички програмата претрпела минимални измени.

„Технички оваа програма се разликува само во еден мал дел – промената е во насловот, кој е променет од причини што дел од елементите кои ги користат угостителите не претставуваат урбана опрема. Дополнително, се намалува површината на закуп од 6 метри на 4,5 метри“, појасни Беличоски.

Тој нагласи дека нема да биде дозволено издавање одобренија за користење јавна површина која е заградена со стакленици, паравани и слични конструкции пред угостителски објекти. Според него, токму угостителите се тие кои бараат воведување ред во оваа сфера.

„Одобренијата кои ќе им бидат доставени оваа година ќе се прилагодуваат на просторните услови. Разгледани се сите опции за сите граѓани кои планираат да ги користат јавните површини за таа дејност. Од вчерашната дебата со угостителите е констатирано дека сите го сакаат тој ред“, истакна раководителот на урбанизам.

Со предложените измени, локалната самоуправа очекува поголема уреденост на јавниот простор и јасни правила за поставување урбана опрема во централното градско подрачје.

Градежна механизација на секој чекор, се уредува уште една локација во центарот на Крушево

Во Крушево започна уредување на уште една локација во централното градско подрачје, информира градоначалникот Нико Чонески.

Станува збор за простор кој подолг период беше неуреден и неискористен, а со актуелните активности се трансформира во функционална површина наменета за потребите на граѓаните.

Во моментов, на терен се врши расчистување, рамнење и подготовка на просторот со соодветна механизација, со цел создавање уредена и пристапна површина во централното градско подрачје.

Од локалната самоуправа потенцираат дека остануваат посветени на реализација на конкретни проекти што носат општа корист и придонесуваат за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

ХОРОР ВО БИТОЛА! Татко со нож си ги нападнал сопствените син и ќерка

-СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка.

Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија – информираат од МВР.

Сега засега ќе може уште да се пуши на терасите од локалите

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат и сите вкусови што се атрактивни за младите – најави министерот за здравство Азир Алиу одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

– Процесот за забелешки за тој закон е веќе завршен. Работните групи имаа консултации со стручните лица и со сите „стејкхолдери“ во државата. Исто така, јас и премиерот заедно имавме неколку состаноци и со производители и со потрошувачи, но исто така и со компании, ресторани, кафулиња и така натаму. Дефинитивно, имаше забелешки, кои беа логични и може да бидат прифатени. Но, имаше и такви што не беа прифатени. Прифатено беше одложувањето на примената на законот за тераси – отворени тераси од три страни, кои, за жал, сега се затворени. Им треба време за да може инфраструктурно да се приспособат на законот, појасни министерот во врска со новиот закон за заштита од пушење на населението.

Продажбата на електронски цигари со вкус било половично прифатено барање.

– Барањето кое половично е прифатено беше продажбата на електронските цигари со вкус. Има вкусови што се директно наменети за младата популација. Целта на законот е заштита на населението со фокус на младите. Како држава сме на врвот во Европа по користење нетрадиционални таканаречени помалку штетни или модерни електронски цигари и ќе бидат забранети сите вкусови што се благи и атрактивни за младите, а според направените анализи и според барањата, ќе дозволиме да се продаваат само електронски цигари со неутрален вкус и со вкус на тутун, истакна министерот.

Барањето што не се прифатило било електронските цигари да продолжат да се користат во затворени простории.

– Тоа не беше прифатено. Цениме дека тие се исто така штетни колку што се традиционалните цигари и нема да биде прифатено тие да се користат во внатрешни простории, нагласи министерот.

Филмот „Соучесници“ во четврток во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 26 февруари 2026/ четврток/ од 19.00 часот во киното “Мис Стон” ќе се прикажува филмот „Соучесници“. Влезници на билетарницата од киното од 10 до 13 часот секој работен ден и еден час пред проекцијата на филмот.

Податоци за филмот

Автор на сценариото: Огњен Обрадовиќ,

Режисер: Марко Новаковиќ,

Кинематографер: Бојан Ракиќ.

„Соучесници“ е психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, ги прогонува совеста, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.

Играат: Невена Неранџиќ, Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ, Јован Белобрковиќ, Сара Климоска, Стојан Матавуљ, Хана Јапунџиќ, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ и Петар Новаковиќ.

„Соучесници“ е копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм).

Времетраење : 1 час и 47 мин.

Категоризација: 12 +

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Хрватскиот аудиовизуелен центар.