-СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.09.2025, затворски службеници во Казнено-поправната установа Затвор Битола извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, информираат во полицискиот билтен на МВР.
АИРЛИЈА! Министерството за транспорт објави оглас за набавка на 150 електрични автобуси, ќе има и за Прилеп
Министерствто за транспортобјави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.
Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови:
-30 автобуси во рок од 6 месеци
-60 автобуси во рок од 12 месеци
-60 автобуси во рок од 18 месеци
Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1
Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.
Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини.
Покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.
-Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги, стои во соопштението од Министерството за транспорт.
Кинеската Амбасадорка воодушевена од убавините и од пречекот во Крушево
Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, домаќин на амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија.
-Денеска имав чест и задоволство да остварам средба со Н.Е. Џијанг Сјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија.
На средбата разговаравме за можностите за продлабочување на соработката помеѓу нашата општина и пријателската Кина, особено во областа на економијата, туризмот, културата и образованието.
Ја запознав амбасадорката со потенцијалите и развојните планови на Општина Крушево, како и со нашата подготвеност за воспоставување нови партнерства и иницијативи од заеднички интерес.
Убеден сум дека ваквите средби претставуваат значаен чекор кон зајакнување на меѓусебната соработка и отворање нови можности за локален развој.
Општина Крушево останува отворена за соработка со сите меѓународни партнери кои сакаат да придонесат за напредокот и благосостојбата на нашите граѓани, напиша Чонески на социјалните мрежи.
Џамбазов со моќен говор на “Буба Мара”: Децата во Кочани ги уби новиот фашизам, тоа се луѓе алчни, корупирани и полни со незнаење”
Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“
„Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад.
Во својот говор тој потсети дека пред три години на истата сцена рецитирал стихови од поетот Славко Јаневски, алудирајќи на песната „Крвава бајка“, инспирирана од масакрот во 1941 година.
„Тиквешко негде в некое село, кај слана тивко венеше цвете, убија дете. Кому му ги рецитирав овие стихови? Ја научи ли некој оваа поезија?“, праша тој, повлекувајќи паралела меѓу историските злосторства и современата трагедија.
Џамбазов го спомена и масакрот во Крагуевац од 21 октомври 1941 година, кога беа стрелани ученици и наставници, потсетувајќи на зборовите на наставникот кој рекол: „Пукајте, јас и сега држам час“.
Големи спортски имиња на една маса – следува медиумски дуел за очајот во прилепскиот спорт
Во сабота, 28 февруари со почеток во 13.30 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел дискусија насловена како „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“.
Панелисти:
-Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување;
-Снешка Балова, поранешна репрезентативка во кошарка и професор по физичко и здравствено воспитување;
-Наумче Мојсовски, поранешен репрезентативец во ракомет и дипломиран економист;
-Јане Николовски, поранешен голман на ФК „Победа“ и на македонската репрезентација.
Момироски: Проблем е авторитетот на советниците
Во најновата петочна колумна за минатонеделните дневно-политички случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна и на последната седница на Советот на општина Прилеп, каде советниците си ја поништија одлуката за проширување на општинскиот буџет, која пак ја донесоа неколку недели порано.
-Одлуката за проширување на општинскиот буџетот за 2026 година донесена на седница на Советот на градот на 6 овој месец, истиот совет си ја поништи на 24 февруари. Тоа му доаѓаа како онаа бугарска поговорка ,,ТАЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА,,!!! Не била според соодветните правила, оценило Министерството за финансии. И ова не било грешка на советниците и Советот туку ,,технички,, превид на Секторот за финансии во Општина Прилеп. И не е проблем тоа што за истата одлука Советот еднаш гласал ,,ЗА,, сега ,,ПРОТИВ,,. Проблем е авторитетот на советниците. Проширувањето било во делот на капиталните инвестиции значајни за градот. По овој циркус се отвора уште едно многу значајно прашање до Декио: Градоначаличе да не ти ,,чкрипи,,нешто во овој Општински сектор или проблемот ,,не е болест за умирање?!?!
Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА
Внимателно! Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола
Обиколницата околу Битола од вчера од 18:30 часот заради свлечиште е затворена за сообраќај, а сообраќајот се преносочува преку градот Битола. Екипите на Ј.П Македонија Пат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: А.П. ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.395.853 ДЕНАРИ
Охриѓанецот А.П. освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 7.395.853 денари.
Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена со играта „40 Брнинг Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Спортлајф“, на 25.02.2026 година, во Охрид.
Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија од срце му честита на добитникот и му посакува многу радост, исполнети соништа и незаборавни моменти.
Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 7.656.664 денари кон играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:
• 4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 6.056.961 денари
• МИНИ џекпот добивки – 1. 599.703 денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Мината 2025 година е година на рекорди, еуфорија и многу среќни ВЛТ добитници! Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите на ВЛТ импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.
Во 2026 година, само во јануари, Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 72.586.111денари или скоро милион и двеста илјади евра за џекпот добивки.
Нови правила за онлајн купување: Од 1 март задолжителна засилена проверка на идентитетот
Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.
Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето.
Засилената автентикацијаму овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.
Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците.
Каде ќе се оди овој викенд? Terasa го има одговорот
Најраспеаната тераса во Прилеп и во последниот викенд од февруари ќе биде местото каде што се среќаваат добрата музика, пријателите и незаборавната атмосфера. Местото што секогаш го грее сонце и одамна стана репер за ноќниот живот во градот – Pub Club Terasa – ве кани на уште еден викенд полн со емоции и енергија.
Петок | 27.02.
На сцената доаѓа омиленото дуо на сите генерации во прилепската чаршија – Боби и Никола. Музика што спојува, песни што сите ги знаеме и вечери што секогаш завршуваат со насмевка и аплаузи.
Сабота | 28.02.
Последниот ден од февруари го заокружуваме со полна енергија и ритам заедно со METROPOLIS BAND. Вечер резервирана за пеење на глас, добра забава и вистинска викенд атмосфера.
Ако пак гужвата и гласната музика не се нешто што ви годи, Тераса е тука за вас и преку целиот ден. Дојдете на топло опуштање со најблиските, пријателите, друштвото…на кафе дружба и уживајте во погледот кон Градската Саат Кула и Старата прилепска чаршија.
Pub Club Terasa> – местото каде што секој викенд раскажува нова приказна.
Резервации на тел.бр. 070 304 967










































