дома блог страница 3281

“Курир”: Прилепски активист на СДСМ јавно се фали дека е партиски вработен (ФОТО)

Активист на СДСМ, Петар Тошкоски, на својот Фејсбук профил се пофали дека се вработил во општата болница во Прилеп, а особена благодарност за завршената работа, тој упатува до градоначалникот Илија Јованоски – пишува порталот “Курир”.

„Му благодарам на мојот татко за неговото жртвување што го даде сета оваа година уназад од почетокот до крајот. Му благодарам на градоначалникот Илија Јованоски за поддршката што ми ја пружа и што ми го осигура животното прашање во овие тешки мигови. Исто така му благодарам и на претседателот на совет, Миле Талевски…“, пишува Тошкоски на својот ФБ профил.

СДСМ во предизборната кампања ветуваше непартиска и ефикасна јавна администрација. Но, за разлика од тоа, во периодов на владеење на оваа партија, прилично е очигледно вработување во државната и јавната администрација со партиски кадри на сите нивоа.

Членови на нивните потесни семејства, пријатели и познаници се поставуваат на високи места без конкурс и без посебни критериуми. Единствениот критериум е да се членови на СДСМ или да се блиски со некој висок функционер на СДСМ.

Опозиицијата обвинуваше дека административните службеници биле казнувани неосновано и спротивно на Законот, спротивно на сите демократски права и начела.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека се почнати активности за деполитизација на администрацијата. А со реорганизацијата, вишокот на административци ќе се понуди на приватниот сектор.

Со хоризонталната функционална анализа која првпат се прави, ќе следи реорганизација и оптимизација на администрацијата. Онаму каде што анализата ќе покаже дека може да се укинат, ќе се укинат, некои ќе се спојат, а ќе се формираат и нови институции. Никој нема да ја загуби работата, а на вишокот администрација ќе им биде понудено да бидат ангажирани во приватниот сектор, информираше минатиот месец Манчевски.

Извор: “Курир.мк”

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Лила во долна облека пред Нова Година – обожавателите и порачаа: „Софија Лорен вода да ти носи”

ТВ водителката Лила Филиповска во пресрет на Новогодишните празници сними видео за брендот за долна облека “Сара Фешн”, a во нивните модели Лила изгледа како од друга планета.

Обожавателите и порачаа: “Софија Лорен вода да ти носи”.

Видеото погледнете го ТУКА

ФОТО/printscreen/https://www.instagram.com/lilafilipovska/?utm_source=ig_embed

Објавен конкурс за десеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Објавен конкурс за десеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Објавен е конкурсот за десеттата Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 11 до 24 февруари 2019 година.

Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование, кои имаат желба преку нивните вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Програмата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и од странство. Наставата ќе се одвива на македонски и на англиски јазик.

Право на учество на конкурсот, што е отворен до 24 декември 2018 година, имаат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Трошоците за сместување и програмските активности ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Условите за конкурирање предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, додека просек еднаков или поголем од 8,5 на додипломски студии и работно искуство од минимум една година, ќе се сметаат за предност.

Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен за познавање на англиски јазик и две препораки.

Конкурсот е објавен на веб-страницата и Фејсбук страницата на Претседателот на Република Македонија.

Школата за млади лидери првпат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе со различна академска и професионална определба и над 200 предавачи. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

На претходната Школа за млади лидери имаше тројца високообразовани млади луѓе од Прилеп.

Извлечени осминафиналните двојки во Лигата на шампиони – На повидок мега дуели!

Предмалку во Нион беа извлечени осминафиналните двојки во Лигата на шампионите.

Судбината сакаше  во првата елиминациона фаза да се сретнат: Шалке со Манчестер Сити, Атлетико Марид-Јувентус, Манчестер Јунајтед-ПСЖ, Тотенхем-Борусија Дортмунд, Лион-Барселона, Рома-Порто, Ливерпул-Баерн Минхен и Ајакс-Реал Мадрид.

Првите дуели ќе се одиграат на 12-ти,13-ти и 19 и 20-ти февруари, а реваншите се закажани за 5-ти, 6-ти и 12-ти, 13-ти март.

Mислевте дека нам ни е ладно? Погледнете како изгледа најстуденото место во светот каде е измерена температура од -71 степен (ВИДЕО)

Руското село Ојмјакон е најстуденото населено место на светот во кое во зима температурите паѓаат до -60 степени целзиусови, а во лето понекогаш се креваат на +30.

Селото во источниот дел на Сибир, на брегот од реката Индигирк, и припаѓа на руската покраина Сакха (од главниот град Јакутска е оддалечено дури 21 час возење со автомобил), а неговите жители се среќни кога температурите ќе се кренат на -35 степени.

Најниската измерена температура во ова место изнесува -71,2 степени, а ако ви е за утеха, ветерот ретко дува, а годишните врнежи од дожд изнесуваат 200 милилитри на метар квадратен, пишува Дејли Мејл.

Од друга страна, во лето температурите се искачуваат над 20 степени, а највисоката во ова село е забележана во 2010 година, кога живата на термометарот покажала 34,6 степени целзиусови.

Просечната годишна температура изнесува -15 степени.

Со оглед на фактот дека тлото се замрзнува до огромни длабочини, Русите кои живеат таму имаат проблеми со изградбата на одвод, па тоалетите им се сместени надвор од куќите.

Користењето на мобилен телефон во зима е речиси невозможно, затоа што надвор тие замрзнуваат во џебовите, а оние кои во гаражите немаат греење, автомобилите мораат да ги запалат од вечерта и да ги остават да работат.

Вонредна прогноза: Подгответе се за студ – циклонот носи многу снег

Во текот на денешниот ден циклонот “Невен” ќе услови ново зголемување на облачноста и најпрвин на запад ќе има врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако накратко на некои од пониските места можно е да бидат од дожд и снег – информира метеорологот Славчо Поповски.

Kон крајот на денот и навечер врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират на повеќе места, со што ќе дојде до формирање на снежна покривка на повеќе места, додека на повисоките места и на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поради ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица, па поради ова на возачите им препорачуваме да бидат претпазливи особено низ планинските превои.

Мистер Бин од реалниот живот: Келнер им ја украде славата на нобеловците (ВИДЕО)

Градското собрание во Стокхолм беше местото за прием и гала-вечера, во чест на победникот на годинешната Нобелова награда, но еден детаљ од вечерата стана вирален хит по социјалните мрежи.

Еден од келнерите не се покажа во најдобро светло, откако храна падна врз грбот на шведски академик, па неумесно тргна да ја спасува ситуацијата, но единствено потсети на скеч на Мистер Бин.

На вечерата присуствуваа 1.340 гости, а оброците беа подготвени од 40 врвни готвачи.

“Во центар”: “Дали ќе има прекројување на границите на Балканот и дали Македонија ќе ја преброди 2019 година” (ВИДЕО)

Една од можеби најинтересните емисии “Во центар” со новинарот Васко Ефтов во изминатиот период.

Темата на емисијата е “Дали ќе има прекројување на границите на Балканот и дали Македонија ќе успее да ја преживее 2019 година?”

Гости во емисијата се Никола Тасев, поранешен генерален директор на НИП “Нова Македонија” и Александар Проковиќ, српски историчар.

Инстаграм воведе нова опција – сигурно ќе ви се допадне

Пет години откако Фејсбук месинџер го „ископира“ “whatsapp“ и лансираше гласовни пораки, сега таа опција ја нуди и Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Корисниците сега можат да го држат копчето за микрофон за да снимат куса гласовна порака, која во четот се појавува како аудио бран, која примачот може да ја преслуша кога ќе посака, пренесува Б92.

Гласовните пораки можат да бидат долги до една минута, да бидат трајно присутни во четот или исбришани по одреден период на иОС и Андроид уредите.

Новата функција ќе биде корисна за луѓето кои се во движење и кога им се зафатени рацете или во државите каде Интернетот е премногу скап за видео повици.

Ексклузивно: “ЛДП доби нов лидер-Прогресивниот данок е катастрофална коалициона грешка на оваа Влада?”

На денешниот Конгрес на ЛДП, делегатите го реизбраа старо новиот лидер, битолчанецот Горан Милевски со 294 гласови, наспроти, 31 делегати кои ја поддржаа Никица Корубин.

Тешко ќе биде и предизвик во овој период партијата да го симне епитетот “привезок” на власта и да го зголеми значително намалениот рејтинг од 0.2%.

Избрани се и членовите на сите партиски органи.

Останува да видиме дали денешната идеја за самостоен настап на Претседателските избори ќе стане реалност, или повторно ќе бидат “дисциплинирани” и нем набљудувач на соствениот распад како причина од неисполнетите барања, како програмски така и кадровски.

Мирко Спирокоси бил трет кандидат на конгресот, но тој предвреме ја повлекол кандидатурата.

Вкупно присутни биле 339 делегати.