дома блог страница 3280

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕЖНА ОБВИВКА: За утре најавени нови врнежи

Прогнозата на метеоролозите за вечерва се исполни.

Во моментов во повеќе градови низ Македонија вклучувајќи го и главниот град врне снег.

Според УХМР снег ќе врне и утре, а од среда и четврток не очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури.

Предпремиера и премиера на претставата за деца „Авантурите на Пинокио“ во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

22.12.2018 (сабота) со почеток од 13.00 ч. часот, предпремиера на претставата за деца „Авантурите на Пинокио“, во режија на Дарко Ковачовски

За 23.12.2018 (недела) со почеток од 12.00 часот е закажана и премиерата на истоимента претстава.

Влезници на билетарницата од театарот. Резервации на 076 442 378.

(ВИДЕО) ПУТИН МУ ГО ИСПОЛНИ СОНОТ НА БОЛНО ДЕТЕ: Момчето имало само една желба, а рускиот претседател го исполни ветувањето

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го пречека Артија Палјанов од Ленинградската област, момчето кое сонува да го види Санкт Петербург од птичја перспектива. Русикот претседател го исполни ветувањето и му ја оствари желбата на момчето.

“Сакам да ви ја честитам Новата година и Божиќ”, рече Путин на состанокот со семејствата.

Претседателот му покажа на момчето каде ќе лета, а потоа заедно ги отворија подароците. Путин лично го испрати до хелиодромот.

СЕКОЈА ЧЕСТ! Црковните храмови од Прилеп по 10-ти пат организираат хуманитарна акција за загрозените прилепски семејства

По десетти пат православните храмови од Прилеп приредуваат хуманитарна акција за сите загрозени семејства од градот.

 

Црква Св. Благовештение (Стара црква)

“Благочестиви православни христијани. По повод празникот-патрон на град Прилеп Св. Николај Мирликијски Чудотворец и сите Божиќни празници, во православните храмови во Прилеп се организира по 10-тти пат традиционална хуманитарна акција за социјално загрозените православни семејства во Прилеп.

Црква Св. Преображение

По тој повод ве покануваме да ги посетите православните храмови во предстојните празници и секој според своите можности да го даде свој доброволен прилог, во посебно означени(црвени)кутии.

А за празникот на Св. Николај Чудотворец (19-12-2018г.) од 08ч.до 14ч. ќе се продаваат црковни свеќи пред параклисот во центарот на градот и средствата ќе бидат наменети за истата цел.

Параклис посветен на Св. Никола во центарот на Прилеп

Со ова го следиме примерот и грижата на нашиот патрон Св. Николај, која ја покажувал врз сите луѓе. Ви ги честитаме предстојните Божиќни празници, ве покануваме на Светите Богослужби и ви посакуваме новородениот Божји Младенец да се роди во срцето на секоја добронамерна и хумана личност”, пишуваат од црквата Свето Благовештение од Прилеп.

Црква Св. Димитрија во населбата Варош

Црква Св. Кирил и Методиј

Црква Св. Константин и Елена

Црква Св. Петка во населбата Точила

Црква Св. Пантелејмон во дворот на градската болница

Црква Св. Никола во населбата Варош

MOЌНО ВИДЕО кое во 6 минути раскажува една цела епоха: “Спортскиот потенцијал и изгубената спортска традиција на прилепчани”

Видео кое во само 6 минути ја раскажува целата фудбалска историја на Прилеп и прилепчани и нивниот миленик фудбалскиот клуб “Победа”.

“Не би сакале ова видео да добие политичка нота, ниту да остави впечаток дека сме зазеле некаков политички став или политичка страна. Ние преку видеа сакаме да прикажеме некои општествени проблеми кои би требало да се решат или подобрат (овој пат станува збор за условите во спортот во Македонија)”, велат авторите на видеото.

Камерата и монтажата се дело на Гоце Трајкоски, сценариото на Гоце Ангелески, потпомогнат од Јосиф Трајкоски, а за гласот во видеото бил задолжен Бобан Спиркоски.

Погледнете за што точно се работи:

Колку чини новогодишното украсување на Прилеп? (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Новогодишна еуфорија го зафати деновиве Прилеп. Општинските власти го украсија градот, па сега се’ е подготвено за најлудата ноќ во годината.

За разлика од минатите години, оваа година општинарите наредија нови украси и реквизити во центарот на градот.

Сепак, недостасува транспарентност, па засега не е познато колку средства одвои општината од буџетот за новогодишното украсување оваа година.

Центарот на Прилеп го краси висока новогодишна елка, разни светлечки украси и ламбички во повеќе бои.

Особено впечатлив е булеварот “Гоце Делчев” каде на секој електричен столб има поставено големи сини ѕвезди.

Пред неколку дена медиумите информираа дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов, за украсување оваа година потрошил вртоглави 260.000 евра.

Куче скитник каснало прилепчанец во Скопје

На 17.12.2018 година во 01:00 часот во полициската станица Центар Х.З.(20) од Прилеп, пријавил дека на 16.12.2018 година околу 23:15 часот на булевар  „Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник.

Спремајте ги куферите, уште ваму не сме биле: Македонија доби безвизен режим за Колумбија

Амбасадорот на Република Македонија во Бразил, Ивица Боцевски, на својот Фејсбук профил ја објави веста дека Колумбија ги укинува визите за Македонците кои ќе патуваат во оваа јужноамериканска земја.

“Укинати се визите за македонските македонските граѓани и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континентот, втората најбројна држава во Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес.

Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов”, напиша Боцевски.

“Прилепчани останаа без скелиња за тутун?!”

Утрово екипа од Општина Прилеп интервенирала на отстранување на скелиња за сушење тутун, поставени на тротоарните површини пред Тутунскиот комбинат.

Не е познато колку тутунопроизводители останале без своите скелиња кои биле поставени на јавна површина, но граѓаните биле бесни на оваа акција.

Oд Општина Прилеп нема објавено известување за оваа акција.

За време додека траела акцијата, тутунопрозиводители го носеле својот род во откупниот пункт во комбинатот.

Скелињата биле превезувани со трактор на ЈКП “Комуналец” Прилеп.

Прекрасно украсена новата елка и во Локалната самоуправа во Прилеп (ФОТО)

Во Прилеп започнува да се чувствува новогодишното расположение и новогодишниот дух.

Граѓаните растрчани по дуќани, бутици и пазари, се подготвуваат за градската слава Св. Никола, но и за Новогодишните празници кои следат.

Новогодишна елка украсија и во Општина Прилеп, која се наоѓа во приемниот ходник.