дома блог страница 3239

ВИДЕО: Макрадули бега од новинарите – не сака да одговори на прашањата за тендерите на неговата сопруга

Новинарот Фуркан Салиу од ТВ 21, на неговиот Твитер профил објави видео од сцената како заменик министерот за животна средина Јани Макрадули се крие од медиумите и 15 минути чека да почне пресот на неговиот колега Бујар Османи, за да може да влезе во салата.

Според Салиу, Макрадули бега од новинарите за да избегне да одговара на прашањата упатени за 9-те тендери со вредност од околу 90.000 евра кои ги земала фирмата на неговата сопруга откако е СДСМ на власт.

Извор: kurir.mk

Давид носи и 50см снежна покривка

Од среда територијата на нашата држава ќе биде под влијание на длабокиот циклон Давид, кој ќе се формира некаде над Јадранското Море, прогнозира Славчо Попоски, додавајќи дека овој циклон ќе услови нови врнежи од снег над целата територија на државава.

Врнежите ќе бидат поинтензивни, со што ќе дојде до позначително зголемување на снежната покривка и тоа некаде за 10 до 20 сантиметри на пониските места, понекаде и над 30 сантиметри додека пак на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми дури и за 40 до 50 сантиметри, локално можно е и за повеќе.

Каде ако не во Русија: Во руското село Ојмјакон забележан рекорд од – 63 степени (Фото)

Руското село Ојмајкон кое се наоѓа во областа Јакутија на Сибир е едно од најстудените места во светот.

На Фејсбук страната “Made in Russia” објавена е фотографија на која пишува дека е забележан нов рекорд во ова село, при што биле измерени -63 степени целзиусови.

(Видео) Путин го може и тоа: По утринската литургија пуkaше со топ

Претседателот на Русија Владимир Путин по завршувањето на утринската литургија вчера на Божиќ во Санкт Петербург, се упати кон локалната тврдина каде војската има свој пункт.

Првиот човек на Русија се испроба и во пукање со топ и покажа дека знае и тоа.

“Комити” пред Собрание се расчукаа за Македонија!!!” (Видео)

Навивачката група ,,Комити” во 21:00 часот синоќа на ден Божиќ чукаа со тапани, со што го изразија својот револт за планот на Владата да го промени уставното име на државата.

Еве што напишаа на својот фб профил:

“Ни велат не чукајте ‘за џабе е, Македонскиот народ не го буди ниту артилерија од најголемиот калибар…’
Ни велат, ‘остајте договорена е работата помеѓу големите партии, народот не одлучува ништо и никој не го прашува…’

Не уверуваат дека ова било ‘консензус на големите сили кои повторно како и низ историјата одлучуваат за ова наше парче земја, третирајќи не нас како објект а не субјект, страна во историскиот момент, да ни укажуваат дека ние немаме право на свој став’

Ни велат ‘откажете се никој нема да излезе да чука, луѓето се исплашени, истрошени, изгорени од лажните патриотските приказни кои им беа сервирани од ‘оваа или онаа страна’…’Отпорот бил залуден’ итн…

Што да се каже, можеби се во право, можеби примарниот инстикт навистина ни укажува да се откажеме затоа што шансите за успех се многу мали, речиси непостоечки…

Но оној секундарниот, нашето длабоко јас, нашата потсвест ни е немирна, затоа што и досега не сме сториле доволно за да го разбудиме овој народ…Оставивме да биде препуштен на манипулаторските способности на политичарите и здруженијата кои без никакви идеали, со краткорочни цели и без национален консензус и по такви клучни прашања го носат цел еден народ во погрешна насока, продавајќи му погрешни вредности, залажувајќи го со морковче додека ја користат моќта на народот за трупање на личните богатства…

За нас досега беше непознато како такви, барем на хартија, идеолошки разлики помеѓу опонентите можат да исчезнат и толку брзо, без никаков отпор, да се обединат во злосторството против својот народ…
Оставени сме сами на себе, немаме поткрепа од никого, оние кои треба да ја бранат Македонија се всушност нејзините агресори…тажна реалност….

Но дури и во толку безнадежна ситуација, нели ве јаде бе она Македонското во вас, нели ви расте оној Пиреј на сите страни кој дури и кога изгледа залудно и бесцелно, ве тера на отпор, како вроден инстикт за самоодбрана, природен одбранбен гард, воинствен дух, чувство на обесправеност…
Сите го имаме тоа во нас, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ!

Крвта не е вода! А низ нас целите е присутен дел не само звездениот материјал и земјата од каде сите сме создадени и каде на крајот повторно ќе отидеме, туку и цел еден генетски материјал на славни јунаци кои биле некој и нешто на овие простори, владееле со големи територии, ја ширеле културата и писменоста…

Биле Македонци, се чувствувале како Македонци, се обединувале со тоа име, местото каде живееле се викало Македонија уште откако постојат историски записи за развојот на човештвото и цивилизациите, многу пред Христа…Биле Македонци и под Римјаните, под Византиско владеење, под Отоманската империја, под принудното вклучување во Кралството СХС, во Југославија, во Македонија…

Ако тие биле Македонци и издржале во тоа под многу посурови услови од сегашните, зошто сега да се доведува во прашање дали и ние ќе бидеме? Зошто треба да гледаме како нашата мајка ја прекрстуваат против нејзината волја, против волјата на нејзините синови и ќерки? Зошто? Затоа што дел од нејзините чеда се спремни да ја предадат за ситни или крупни пари? за позиции? за тендери? која е цената?

Излезете вечерва на тераса, на улица, во двор, населба, пред Жена Парк… Излезете и Чукајте затоа што чукањето вечерва на овој Божји ден ќе не успокои, ќе ни го даде оној мир кој ни е потребен, Божји мир…Чукајте за да се ослободите од стравот! За да ја повикате храбороста!

Чукајте за да се сетите кои сте, од каде сте, каде живеете! Вие денес со чукање можете да направите чуда…Можете да мобилизирате една голема Црвено Црна Армија! Можете да мобилизирате една уште поголема Црвено-Жолта Фаланга која ќе ги испружи Сарисите по својата должина и непријателот ќе го однесе на безбедна дистанца.

Нашиот едновремен глас, крик, чукање може да го пробие и најутврдениот бедем, затоа што муницијата е неконвенцинална, Чукнете да ги потсетите дека во оваа земја живеат Македонци!

Ненасилно а симболично, затоа што симболиката вечерва има посебен шарм и моќ! Чукајте и разбудете го бунтовникот во вас, оној дел кој не дозволува вам и на вашето најмило да му се случува неправда!
Чукајте силно за Македонија!”

Православните христијани денеска го празнуваат Втор ден Божиќ или Собор на Пресвета Богородица

Денеска е вториот ден од Божиќ, кога православната христијанска црква и оддава почит на Пресветата Божја Мајка, родителка на Господ и спасителот Исус Христос.

Денешниот празник е наречен Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници, да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица.

Во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божиќ и празнувањето е во духот на носителката на Господ на овој свет, која уште се нарекува и Девица Марија.

На втор ден Божиќ во Прилеп се слави и Светецот чија икона пред 3 години направи чудо во Стара црква (Фото)

Денеска во Прилеп, се одбележува вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ. Денеска исто така православната црква го слави и Соборот на Пресвета Богородица како и споменот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански.

Пред околу 3 години, на 31 март 2015 година во Прилеп, според православната црква, токму во храмот „Св. Благовештение“, се случи чудо, бидејќи иконата на Св. Никодим Прилепски, која сега стои во средината на црквата започна да мироточи.

Капките од мироточењето и денес се познаваат на иконата.

Нов бран: Утре и во четврток подгответе се за нови снежни врнежи!

Под влијание на влажен и студен бран, денеска попладне, а особено утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови.

Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Претседателот на македонското движење за човекови права му пиша на Трамп и побара да се сретне со него

Претседателот на Македонското Меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, му пиша на Твитер на американскиот претседател Доналд Трамп.

“Сретнете се со мене. Јас ќе ви помогнам да ставите крај на анти-македонскиот спор за името и културен геноцид врз Македонците со твитање на еден збор – СТОП. Вие можете да ја запрете американската присилба за промена на името и да добиете многу победи”, му напиша Николов.

Ова се 15-те најубави пораки за да честитате Божиќ!

Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

Модерната технологија го промени начинот на живот, а недостатокот на слободно време доведува до тоа Божиќ се’ почесто да се честита со испраќање пораки преку мобилните телефони. Не пропуштајте да им го честитате овој голем празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки.

1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Се’ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!

3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!

4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!

5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ!

7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!

9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!

10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди!

11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди.

12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди!

13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди!

15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје! Бериќет и к’смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!