дома блог страница 3238

Радовишани му приредија броен пречек на Мицкоски (Фото галерија)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на Божиќна средба во Радовиш.

“Денес бев во Радовиш, на Божиќна средба со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето со тажен и загрижен поглед во очите велат, не оди вака, не ја бива. Разочарувањето од оваа власт е големо, не оди во економијата, земјоделците се понижени од немањето на грижа од владата, младите не гледаат овде иднина, работниците немаат повисоки плати, но затоа имаат поскап живот. А најголемиот пораз е промената…”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Жолтите елеци добија отворена поддршка од Италија: Ди Мајо и Салвини дадоа поддршка на француското движење

Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска дадоа поддршка на француското движење „Жолти елеци“.

Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Ди Мајо напиша на блог дека неговото движење е подготвено да им ја пружи потребната поддршка.

– Како и вие, и ние силно ги осудуваме оние кои предизвикаа насилство на протестите, но знаеме дека вашето движење е мирољубиво, наведе Ди Мајо.

И неговиот коалициски партнер и лидер на Северна лига, Матео Салвини, актуелен италијански министер за внатрешни работи, дава поддршка за „жолтите елеци“, меѓутоа тој додаде дека „апсолутно ја осудува секоја епизода на насилство“.

– Ги поддржувам пристојните граѓани кои протестираат поради претседателот кој владее против својот народ, но апсолутно и одлучно ја осудувам секоја епизода на насилство, кое никому не му е потребно, рече Салвини.

Извор: “Инфомакс”

Хороскоп за 8 јануари – Неповолен ден за Овенот, позитивен за Водолијата

Овен-Неповолен ден за работа за Овните. Пробајте да ги избегнете важните обврски и да се занимавате само со рутинските работи.

Ќе имате многу интересна средба со личност која ви се допаѓала порано.

Здравјето е добро.

Бик – Не покажувајте дека не сте сигурни во тоа што го кажувате и планирате. Важно е да покажете самодоверба.

Паралелните љубовни врски не се за вас.

Ве мачи несоница.

Близнаци – Чекате да чуете вести за некоја работа во која сте вложиле многу енергија. Пред вас е малку успорен ден на полето на работата.

Можни се недоразбирања меѓу вас и саканата личност.

Добра состојба на полето на здравјето.

Рак- Важно е да имате трпение за да можете чекор по чекор да го постигнете планираното.

Можно е да дојде до одалечување меѓу вам и саканата личност.

Ве мачат хронични проблеми.

Лав- Задоволни сте со соработката со колегите. Денеска ќе имате огромна поддршка од нив.

Сомничави сте во љубовта и сметате дека саканата личност не е искрена кон вас.

Проблеми со забите.

Девица- Можно е да се борите за опстанок кога станува збор за работата. Наскоро ќе дојде до промени.

Размислувате за заеднички живот со партнерот. Сметате дека сте подготвени за тој чекор.

Проблеми со хормоните.

Вага- Ако сте сконцентрирани на работата, можете да постигнете многу.

Ви следи зближување со личност која ви се допаѓа веќе подолго време.

Избегнувајте ги пороците.

Шкорпија- Ако не сте доволно свртени кон работата, можете да пропуштите важни моменти на ова поле.

Брзоплето донесувате одлуки. Некогаш не сте ни свесни колку можете да ја повредите другата личност.

Одморајте.

Стрелец- Не се мешајте во туѓите одлуки и потрудете се денес да си ја гледате својата работа.

Потрудете се да стекнете доволно доверба во односот со саканата личност.

Здравјето е добро.

Јарец- Пред вас е добар период кога станува збор за работата, не би требало да се јават проблеми.

Можен е почеток на нова врска, која би можела да потрае подолго и да доведе до заедница или брак.

Поволен период за почеток на диета.

Водолија- Доаѓаат позитивни моменти на полето на работата.

Ако преземете иницијатива кон личноста која ви се допаѓа, таа ќе ја прифати врската со вас.

Проблеми со синусите.

Риби- Пред вас е позитивен период кој ви носи напредок во работата. Дајте се од себе.

Неопходно е да го промените начинот на размислување и стилот на комуникација со саканата личност.

Здравјето е добро.

“Kриминaлoт цвета, а обвинителката се занимава со кривични за НВО?? Амбасадите изразуваат зачудување?”

Пред извесни време како гром од ведро небо проструи информацијата дека прилепското ОЈО поднело обвинителен предлог за НВО. Ова е преседан и во македонската, но и во европската пракса. Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.

Наводно, деновиве со ова биле запознати РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори.

Нападнати се две фундаментални човекови права – слобода на изразување и слобода на здружување (Член 10 и 11 од ЕКЧП).

Наместо да се промовираат европските вредности тие се напаѓаат, што е своевиден преседан во поновата македонска историја.

Може само да се претпоставува како сево ова ќе влијае на ранкингот на Р. Македонија во извештајот на Репортери без граници за слободата на медиумите. Од друга страна во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава се нотираше дека граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддржувањето на демократските процеси и обезбедувањето поголеми проверки и рамнотежи. Како и дека климата во која работат организациите на граѓанското општество е подобрена.

Имајќи го ова во предвид, може да се очекува дека ваквите случувања ќе влијаат негативно на имиџот на земјава во делот на слободите на изразување и здружување, во делот од подглавјето посветено на невладиниот сектор и медиумите во Извештајот за напредокот на Р.М., имајќи предвид дека сме под постојан мониторинг од Европските тела и меѓународните институции.

Оваа ситуација е само еден ден пред “опомената” на Американскиот Амбасадор дека судиите и обвинителите треба да постапуваат според законот, а не партиските притисоци да бидат изговор за некакаква си амбасадорска насока?!

Утре се празнува Свети Стефан, заштитник на болните, старите, сиромашните

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

JKП “Комуналец” Прилеп доби нов в.д. директор – досегашниот доби нов работен ангажман

Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп доби нови вршител на должност.

На местото на досегашниот директор Ѕвонко Јованоски, именувана е Ирена Станковска, која зад себе има дваесет годишно работно искуство, а на оваа позиција доаѓа од раководното место во Секторот за финансии во Локалната самоуправа.

Според информациите, досегашниот директор Јованоски, ќе биде имануван за советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија.

Тој на позицијата директор во ЈКП “Koмуналец” беше една година.

Јованоски во повеќе наврати преку прес-конференции информираше дека ЈКП “Koмуналец” кратко време станало пример во целата држава.

Засега нема информации ниту од општина Прилеп, ниту од јавното комунално претпријатие, зошто досегашниот директор е променет од позицијата.

Вработувања во Царинската управа, oтворени 78 работни места: Еве колку нови цариници ќе добие Прилеп

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст – („Службен весник на РМ” бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-18539/2 од 28.12.2018 година, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1 /2019

за вработување на 78 (седумдесет и осум ) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2019)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 78 (седумдесет и осум) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2019):

Општи услови за сите работни места:

Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик,
да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Началник на одделение

Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Шеф на служба

Ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика) активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката

Посебни услови за работно место: Водител на смена

Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник

Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за проекти

ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку една години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за администрирање со акцизни марки

ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку една години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Инспектор со мобилен скенер

ниво на квалификации: вишо или средно образование, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

ниво на квалификации: вишо или средно образование, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

ниво на квалификации: Гимназиско или средно стручно образование, без работно искуство.
Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

Доказ за државјанство; Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар); Доказ уверение – диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование; Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење; Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик); Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: началник на одделение – 39.899,00 денари, шеф на служба – 34.067,00 денари, водител на смена – 33.432,00 денари, самостоен советник – 32.401,00 денари, советник – 30.724,00 денари, виш цариник- 31.053,00 денари, за работно место цариник – 22.887,00 денари, администартивен оператор – 24.060,00 денари, наплатувач 16 571,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 10.01.2019 година (четврток).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2019“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

Стевананџија до Туферџиќ: Студентите кои ги лажеше сега штравови јадат, снимавте спотови, а немате една шајка ставено!

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија жестоко ја критикуваше својата пратеничка колешка, Ивана Туферџиќ која во предизборието беше дел од шарената револуција, студентскиот пленум и имаше низа ветувања за подобрување на студентскиот стандард.

Тој истакна дека условите во студентските домови се катастрофални, студентскиот стандард е во слободен пад и ниту едно од предизборните ветувања на СДСМ не е реализирано.

-Студентите штрафови јадат, студентите кои што вие во предизборието заедно со вашиот колега снимавте спотови, снимавте спотови пред студентските домови и им ветувавте на студентите тоа што ви го читав, на нивните родители, на нивните баби и дедовци. Абе шајка немате ставено. Која комисија ќе ја прави внатрешната собраниска комисија да биде надзор. Како ќе се појавиш ти во студентски дом кога си ги лажела студентите? Наша улога е ние да ги контролираме директорите. Не може да го најдеме, на журка е во Белград. Ние да ги контролираме директорите и министрите дали работат или не? За што земаат плата? Што значи тоа? Комисијата за одбрана и безбедност да оди да расчистува убиства? Да прави надзор? Комисијата за труд и социјала да ги следи проектите на Боки 13-ка?, прашува Стевананџија.

Регулаторна одлучи: Големо поевтинување на горивата

Регулаторна Комисија за Енергетика ги објави по празниците новите цени на горивата.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 5,51%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.

Рекорд во прилепско: Температурата утрово паднала до -24 степени? (Фото)

Maкедонија деновиве ја зафати поларен бран. Температурите на воздухот паднаа на некои и места и до -15 и -18 степени целзиусови.

До нашата редакција пристигна и фотографија од атарот на село Врбјани кај Кривогаштани, каде термометарот утрово покажал -24 степени.