дома блог страница 3232

“Лидер”: Eве кои почитичари се поканети на Молитвен појадок кај Трамп: Меѓу нив Николоски и Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

ваа година вицепремиерот Бујар Османи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пратеникот Влатко Ѓорчев, пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и сопругата на поранешниот претседател Вилма Трајковска се поканети на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, дознава Лидер.

Нашите извори потврдија дека сепак има покана и за некој од владејачката партија, а станува збор за пратеничката Фросина Ременски. Освен неа поканети се и Таравари од Алијанса на Албанците, како и сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски.

Настанот ќе се одржи на 7 февруари, а се очекува гостите да се заложат за соработка, пријателство и благосостојба, како и да разменат мислења за глобалните случувања и предизвици со кои што се соочуваат современите општества.

Молитвениот појадок се одржува секој прв четврток во февруари уште од 1953 година. Зачетник на случувањето е Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло. На појадокот во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон присуствуваат околу 3.500 гости, при што главно станува збор за истакнати личности, претседатели, премиери, политичари, бизнисмени, верски лидери, студенти.

На Водици сите одат по света вода, но грешат во една работа- ова никако не го заборавајте во сабота!

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека воочи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Пет „трки“ на големите сили кои ќе ја одбележат 2019 година

Годинава која штотуку започна, ветува мноштво случувања како на меѓународната политичка, така и на економка сцена. Едно по секако ќе биде заедничко, несогледливата конкуренција помеѓу политичките, економски и технолошки „гиганти“, пред се меѓу Кина, САД и Русија.

На политичката сцена, неколку жешки теми ќе ја одбележат оваа година, парламентарни избори кај американските демократи, избори за Европскиот парламент, но и предвремени избори во Израел, додека економски гледано, оваа година ќе ја одбележат два големи натпревари – освојувањето на вселената, но и борба за пазарот на петата генерација во сферата на телекомуникациите.

Избори кај демократите во САД

Следните претседателски избори во САД ќе се одржат кон крајот на 2020 година. Меѓутоа, кандидатите кои ќе се тркаат за место претседател на САД, ќе бидат познати неколку месеци пред тоа. Дали некој ќе ја преземе „диригентската палка“ од Доналд Трамп, се уште не се знае.

Меѓутоа, кај демократите желбата да се земе „палката“ е голема. На претстојните пратенички избори во трката за кандидати кај демократите се очекуваат дури 40 имиња. Меѓу нив е некогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, но и некој други лица како популарната тв водителка Опра Винфри, иако не е сигурно дали таа ќе даде согласност да учествува во трката за следен американски лидер.

Избори за Европскиот парламент

И порај тоа што Европскиот парламент не влијае во голема мера на политиката на Европската унија, токму ова тело привлекува огромно внимание кај медиумите и јавноста. Распоредот на силите во парламентот во одреден степен ја претставува сликата и приликата на политичката состојба на Стариот континент.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

(Видео) Цела Србија, и градови и села на нозе: Путин доби и српско село со неговото име

За популарноста на рускиот претседател Владимир Путин низ цела Србија не се гледа само по бројните штандови низ Белград на кои се продаваат беџови, маици, филџани, баретки со негово име, има и многу занимливи обележја.

На југот на Србија во општина Медвед, постои село Путин, некогашно Аџиннци. Старото име на ова село го имало од време на Турците, но во Ноември селото е прекрстено по иницијатива на селаните во Путин, бидејќи како што велат Путин е најспособен светски политичар и го гледаат какко нивни „словенски брат“.

Откако го изгласале новото преименување на селото, недела дена работеле на ознаката за влез во селото. Изработиле голема табла од дрво и го изрезбале името на селото.

Во чест на рускиот претседател, локалната ракија се вика ,,путиновка“, која може да се најде само во ова село. Црквата која сеуште се гради ќе се вика Путинова црква..

Истакнуваат дека Путин е најголемиот православен бренд, симбол на нова Русија, на новото време и се надеваат дека нема да им замери што своеволно да го употребат неговото име за црквата.

„Нашите луѓе се прости, добри и работливи“, направиле и видео за роденденот на Путин.

Скулптура на претседателот Владимир Путин е поставена во 2016 во Музејот на восочни фигури во Јагодина, во знак на благодарност за големаат помош на Русија во Србија. Ликот на Путин од неодамна се има појавено и на цистерна на Коридорот 10.

Популарноста во Србија на Путин е голема а тоа ќе се види и денеска, на улиците низ Белград. Сите улици се со неговиот лик, станарите на сите згради каде ќе поминува Путин с есо знамиња на Русија и Србија, со големи билборди со ликот на Путин, впечатлив е и ресторанот на Ѓоковиќ на кој има огромно знаме каде што пишува Русија-Србија.

Извор: “Инфомакс”

Од „играчот со број 5“ со летање орли во живо: Артан Груби среде емисија во живо леташе орли

Пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби, со нова провокација, овој пат во живо од студиото на Телевизија 24. Епилогот од жестоката дебата која тој ја имаше со водителот, беше летањето на албанскиот орел и навредата кон македонскиот ракометар Стојанче Стоилов, кого го нарече играчот со број 5.

Претходно кога се објави Законот за двојазичност во Службен весник, тој и` порача на опозицијата која целиот период се противи на истиот, ВМРО-ДПМНЕ да го преведе на албански и таква табла да постави пред своето седиште.

За својот лидер, Груби имаше само пофалби, а на прашањето колку струи има во ДУИ, одговори дека имало трофазна струја олицетворена во Али Ахмети.

(Видео) Вака изгледа животот на -55 степени целзиусови – пред 80 години температурата се спуштила и на -71

Температурата пониска од минус 50 степени целзиусови е измерена во 12 области во Рускиот регион Јакута, соопштува регионалната метеоролошка канцеларија на својата веб страна.

Училиштата се затворени, а службите за вонредни ситуации се на готовс.

Во местото Уст-Нер во областа Ојмјакон, измерена е темепратура од – 55 степени целзиусови, заедно со густа магла и скоро нула видливост.

Во оваа област пред 80 години е измерена температура од – 71,2 степени целзиусови.

„Во вакви услови децата не одат на иучилиште, но учат од дома и ги извршуваат задачите кои наставниците им ги задаваат. Задолжителна е посебна облека која се состои од крзнени капи, бунди и чизми од крзно од ирвас“ рекла Татјана Алферова, лолален службеник.

Лекарите препорачуваат да не се излегува надвор на ваква температура зошто студеното време е штетно за органите.

Видео: Бомбата на капитенот Лазаров од десет метри, што по којзнае кој пат докажа што е Кире во ракометот

Македонија извонредно го почна натпреварот против големиот фаворит Шпанија во четвртото коло од Групата Б на Светското првенство во Германија и во Данска, но на крајот ни донесе пораз- 21:32, полувреме 12:13.

Овој неуспех значи дека денешната средба против Исланд ќе решава за нашиот конечен пласман на светскиот собир.

Гол што е вреден за одбележување од првиот дел е погодокот на капитенот Кире Лазаров, во 24 минута со играч помалку на теренот.

Погледнете ја бомбата од десетина метри.

“Градоначалникот намести мерна станица и докажа дека двојазичен Прилеп е најзагаден град во Северна Македонија??”

Неодамна Прилеп ја доби првата мерна станица за квалитет на воздухот.

Резултатите овие денови се поразителни и покажуваат дека прилепчани дишат многу загаден воздух.

Синоќа во 22 часот преку веб апликацијата “Moj воздух”, можеше да се забележи дека Прилеп е најзагаден во цела Македонија.

Мерната станица поставена на општинската зграда покажа високи 572 микрограми на метари кубен ПМ-10 честички.

(Видео) Непријатно изненадување на популарната плажа: “Чудовиште” излезе од грмушките, а луѓето бегаа во паника

Посетителите на популарната колумбиска плажа беа преплашени од огромен крокодил кој излезе од џбуновите.

Неколку момчиња мирно шетаа на плажата, но кога го видоа рептилот, панично се разбегаа. Плажата е дел од природниот парк, па од локалните власти изјавика дека појавата на крокодилот е добар знак.

“Важно е да се запомни дека ова подрачје не е само за луѓето да уживаат туку и за да се заштитат животинските видови”, изјави директорот на паркот Луз Елвир Ангарита.

Жбогар: Постојат повеќе услови освен договорот со Грција за отворање на пристапните преговори со ЕУ

Во денешната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма гостуваше евро амбасадорот Самуел Жбогар кој кажа дека иако Македонија го постигнала договорот со Грција за името постојат повеќе услови за отворање на престапните преговори со ЕУ.

Тој истакна дека и министрите од ЕУ минатата година кажале дека земјата мора да ги продолжи и да ги продлабочи реформите. Жбогар потенцираше дека нема многу време до јуни кога министрите на ЕУ ќе одлучуваат и дека земјата треба да покаже дека постои промена во реформите и дека реформи се постигнати.