Од 11 часот патниот правец Градско-Прилеп е во прекин за сообраќај поради извлекување на возило од сообраќајна незгода, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Од АМСМ во дополнителниот извештај се додава и дека истовремено укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.
16-кракото сонце од Кутлеш е нацртано на стадионот “Seifferet Oval” во австралискиот град Квинбијан, каде од 26-28 јануари ќе се одржи најголемиот македонски фудбалски куп во Австралија.
На натпреварувањето учество ќе земат околу триесетина македонски клубови од сите страни на австралискиот континент.
Купот е насловен како МАSO CUP 2019 и за прв пат се одржува во овој австралиски град.
Младата Парагвајка Ана Паула Кеспедес веројатно е најубавиот пилот на светот. И не станува збор за субјективен став, туку таа тоа и го докажала – прогласена е за мис во својата земја, минатата година.
Ана има само 21 годин, а доаѓа од Асунсион – главниот град на Парагвај.
Со години се натпреварува на разни избори за мис, а минатата година е наградена со ласкавата титула.
Иако ги остварила своите соништа кога станува збор за модата, Ана сепак имала уште еден сон – да лета. И тој ѝ се исполнил.
Станала пилот, како својот татко, од кој ја наследила љубовта кон висините.
Која е мистериозната стујардеса која постојано патува со Путин? Секогаш патува со рускиот претседател, а никој не знае која е. Она што малку остана незабележано и по слетувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Белград , е моментот кога тој излегува од авион, а на почетокот кај скалите стои плава стујардеса, која судејќи по сликите од 2000 година, секогаш патува со претседателот.
За разлика од Путин, името на омилената стујардеса на Јелцин беше познато. Станува збор за Галина, која во одредена прилика објаснувала како екипажот на авионот се однесува за време на претседателските патувања.
Деновиве дедо е вистински хит на социјалните мрежи со своите легендарни препораки за здравјето.
82-годишниот Селмани Таљат од Хрватска се прослави со својата изјава за N1 TV во која тврди дека не постои грип и дека пензионерите треба да престанат да се жалат и да почнат да вежбаат за да бидат здрави.
За камерата на 24 Sata, Тони покажа дел од вежбите кои тој ги практикува за да биде во фит форма и откри дека се тушира со ладна вода и дека редовно излегува на прошетки кога е студено, бидејќи така ги држи бацилите подалеку од себе.
ЕУ одлучи да ги игнорира проблематичните аспекти на процесот на ратификација на Догововорот од Преспа, аспекти спротивни на уставните норми и принципите на владеење на правото како во Македонија така и во Грција. Бидејќи и Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев немаат парламентарно мнозинство во парламентите, прoтуркањето на договорот во двете земји бараше политичко преговарање кое на моменти беше на границите со законитоста, пишува њујоршки Тајмс за договорот од Преспа.
Во Македонија, Заев, кој немаше двотретинско мнозинство во парламентот за промена на уставот на Македонија, ги искористи и заканите за судските обвиненија за корупција и сомнителниот закон за делумна амнестија за да ги поттикне пратениците на опозицијата да гласаат за неговите уставни амандмани. Опозициските пратеници во Скопје, наводно, биле под силен притисок од страна на поддржувачите и противниците на Преспа, вклучувајќи ги и странските влади, да гласаат соодветно. Секоја страна ја обвинува другата за закана од физичко насилство или за ветување поткуп.
Наместо СДС да го замајува народот со веќе видена реторика, треба конечно да почни нешто да реализира од изборната програма. Иако ветуваа чист воздух, нешто кое градоначалникот Јованоски го ветуваше пред прилепчани во предизборната кампања, на прес конференцијата од СДС истакнаа, дека го поздравуваат чекорот со поставување на мерна станица и дека допрва ќе преземеле конкретни мерки за подобрување на состојбата со енормно загадениот воздух. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Фото/printscreen/infokompas.com.mk
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Ова говори само едно, дека СДС ги излажа граѓаните на општина Прилеп дека нема план за чист воздух во нашиот град. Затоа што доколку имаа план, досега ќе почнеа да преземаат мерки, а не набавката на една мерна станица да го претставуваат како огромен успех.
Господа од СДС, да ве потсетиме дека токму вие сте сега на власт, и неуспехот на сите полиња се должи на вас и вашата неспособност. Реториката во некое идно неопределено време со ЌЕ, дека ќе го гасифицирате Прилеп, ќе набавите нови автобуси, е само празна реторика која е препознаена од народот.
Граѓаните повеќе не ви веруваат! Велите граѓаните ќе имале можност за поголема употреба на јавниот превоз, а да ве потсетиме дека токму во ваше време се доведе во прашање успешното функционирање на истиот. Луѓе залудно чекаа градски превоз на одредени постојки.
И наместо да зборувате за матни тендери и кривични пријави и да го црните Марјан Ристески кој го препороди градот, човекот поради кој имате комплекс на пониска вредност, сетете се дека токму по вашето доаѓање на власт беа укинати регулаторните тела, со цел лесно да се договараат тендери во четири очи, и полесно да се развиваат бизнисите на лица блиски до вашата партија.
Но одговорноста за ваквото недомаќинско работење ќе дојди после падот на одродената власт која освен црнила не донесе ништо друго во Македонија.
Кaко за почеток, ви предлагаме да набавите прочистувачи на воздух кои ќе ги поставите во училиштата и градинките. Да го заштитиме барем здравјето на најмладите, бидејќи Прилеп руши рекорди на светско ниво.
Во Прилеп не се памети загадување од вакви големи размери кое со секој изминат ден остава последици по здравјето на прилепчани. Ваквото незаинтересирано владеење со кое Прилеп се врати 30 години наназад, ќе биде казнето на следните избори. Бидете сигурни во тоа. А вашето владеење ќе остане забележано како залудно потрошено време, кое освен негативни резултати и погубни политики, не донесе ништо добро“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.