дома блог страница 3208

(Видео) Тој е руски полковник и најподготвениот војник во светот: Погледнете што прави човекот кој е обучуван лично од телохранителот на Сталин

Рускиот систем е стара вештина за решавање на опасност. Со својата специфичност, на оние кои ја користат им дава низа предности во однос на боречките вештини, бидејќи, меѓу останатото, нуди специјализирани вежби за сила комбинирани со движење и дишење со различна брзина.

Да имавме слободно новинарство ќе знаевме што има Венецијанската комисија да им каже на Османи и Заев

Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев. Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!, пишува универзитетската професорка, Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил.

Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти, додава таа.

“Еве кои министри ќе земаат плус 8.000 денари плата??”

Tвит на денот:

“Нема минималец од 500 евра, нема плата за докторите од 100 илјади, нема покачување за професорите, пензиите ќе одат надолу…Ама затоа за вицепремиерите буџетот е ко бунар без дно”

Неверојатна изведба на песната “Ој Јано, Јано” од дуото со ангелски гласови, Игор и Ана Дурловски (Видео)

Слушнете ја изведбата на „О Јано, Јано“ од златните грла на Ана и Игор Дурловски

Вчера вечер, ја имав честа, за мое здравје и брзо опоравување, во живо да ги слушам овие два ангелски и пријателски гласови <3 Ана & Игор Дурловски, Ви благодарам што ми ја исполнивте желбата <3 Ооо Јано Јано… <3 ?❤? – пишува Јана Арсовска на својот ФБ профил.

Цистерна излета на патот Прилеп-Градско: Дали причината е катастрофалната сосотојба на мостот?! (Фото)

Попладнево на патот Прилеп-Градско кај Дреновска клисура, цистерна на компанијата “Oилко” излетала од патот.

Според информациите кои ги добивме од очевидци, причината за несреќата е катастрофалната состојба на мостот на овој дел од патот и дупките на асфалтот.

За среќа избегната е поголема катастрофа.

Шекеринска: Сите припадници на АРМ ќе добијат нови чизми

Сите припадници на Армијата на Република Македонија од денеска ќе добијат нови чизми. Во касарната „Илинден“ пристигна целосната пратка од 7.200 чифта.

Министарката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со воениот врв во АРМ денеска во касарната најави дека до април очекува да пристигне и новата униформа за сите макдоски војници, односно 14.000 парчиња, по две за секого. Таа во изјава за медиумите најави околу 11 милиони евра за модернизација на специјалните сили на Армијата.

-Оној, од кој што очекуваш и бараш треба да го платиш, да го одржуваш и да го финансираш. На почетокот на нашиот мандат се сконцентриравме на основни работи, чизми и униформи кои беа рак-рана, која честопати се спомнуваше од страна на припадниците на армијата. Денешнава посета коинцидира со завршување на еден од тие два важни проекти. Денеска е примена целосната пратка од 7.200 чизми за секој припадник на АРМ, истакна Шекеринска.

Појасни дека во скледниве две-три недели, по приоритети сите припадници на АРМ кои имале чизми постари од една година ќе добијат шанса да имаат подобра лична опрема. Во април ќе бидат испорачани и 14.000 униформи односно по две за секој припадник на АРМ.

Министерката Шекеринска пред презентазијата на опремата имаше средба со првите луѓе на Полкот за специјални операции на АРМ на која, како што рече, била информирана за потребите и проблемите со кои се соочуваат како и за сработеното во минатиот период. Министерката Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други генерали во АРМ имаа неформална средба и брифинг со новинарите на која военото раководство претставувано од НГШ Ѓурчиновски изрази голема благодарност до министерката за нејзиното несебично залагање за Армијата и за незините припадници.

Еурокомпозитци протестираа пред Општина Прилеп – Градоначалникот пак во странство?!”

Вработените во прилепскиот загубар Еурокомпозит, денеска излегоа на протест пред општина Прилеп. Тие пред два дена одржаа протест и пред Владата, но откако не беа примени од вице премиерот се вратија со уште едно ново разочарување.

Еурокомпозитци и натаму си ги бараат заостанатите придонеси, плати и отпремнини. Поточно не им се исплатени 20 плати и придонеси за изминатите шест години.

Не се исплатени ниту ветените отпремнини за 150 лица кои беа прогласени за технолошки вишок.

Царовска призна: Ако не ги намалиме пензиите, ќе треба да се покачи старосната граница

На денешната прес-конфереренција во Владата, до министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска беше упатено прашање зошто е тргната минималната плата како еден од индикаторите за пресметка на усогласувањето на пензиите?

-За да не мора да ја поместиме старосната граница на 67 и за да не мора сосема да ги замрзнеме пензиите, истакна Царовска.

Имено пред СДСМ да ја превземе власта, односно во нивната програма за живот 2016 стои ветување дека ќе воведат можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години.

Извор: “Курир”

“Портпаролот на Владата падна по скали – трнлив е патот до ЕУ: Се надеваме дека е се’ во ред! (Видео)

Тежок е патот кон ЕУ и НАТО. По завршувањето на својата прес конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски се сопна и падна директно на глава.

Се надевеаме дека се е во ред.

ППК “Младост96” ќе атакува на шампионската титула во лигата – клубот се засили и со нов играч од Србија

Во недела на 27.Јануари започнува пролетниот дел од Супер лигата во пингпонг. Екипата на Младост96 беше aктивна и во зимскиот преоден рок.

“Покрај стандардните играчи А.Рикалоски П.Костовски и А.Лашковски, прилепскиот суперлигаш се засили со Бранислав Миленковиќ од Србија и со негова помош амбициите на клубот се освојување на шампионска титула. Заостанувањето на табелата од 1 бод на полусезона, од првопласираните екипи на Вардар и на Младост, ни дава за право дека со засилувањето во екипата целта ќе биде остварлива.

Двајцата играчи, Рикалоски и Костовски, беа дел од двонеделните сениорски репрезентативни подготовки во Скопје и Зренјанин (Србија), а оваа недела финалните подготовки ќе ги одржат во Прилеп, заедно со Лашкоски и Миленковиќ, под палката на тренерот Гоце Тошески.

Подготвени ги дочекуваме двата многу битни натпревари на почетокот на пролетниот дел, кои можат да решат многу работи на табелата.

Најпрво во 11,00 часот играме со Телеком Нец – четврто пласираната екипа на табелата, а од 14.00 час во недела го играме дерби натпреварот со Вардар од Скопје. Како клуб овозможивме на високо ниво да ги подготвиме играчите, останува на нив за да се радуваме на победи во првите два натпревари”, изјави потпретседателот на ППФМ и член на управата на ППК Младост96 Златко Рикалоски.

Во неделата во Штип се одржа и Редовното годишно собрание на ППФМ на кое учествуваа и делегати од двата клуба од Прилеп. Планот на ППФМ за оваа година е доста амбициозен, каде во два наврати ППФМ ќе биде домаќин и организатор на големи натпреварувања.

Во јуни во Скопје ќе се одржи Балканското првенство за младинци и пионери, а во октомври месец ќе се одржи и светскиот ITTF Junior Circuit Macedonia Junior & Cadet Open, кој се бодува за светската ранг листа.