дома блог страница 32

Еве зошто сите го бараат МАРКУКУЛЕ за својот бизнис

Во време кога вниманието е највредната валута, резултатите зборуваат сами за себе!

Во изминатите 28 дена, МАРКУКУЛЕ оствари:

-9.296.776 прегледи – раст од 63%

-70.019 интеракции – раст од 46%

-708 нови следбеници – раст од 48%

Овие бројки не се случајни. Тие се резултат на континуирана продукција на релевантна содржина, брзи и точни информации, силна локална поврзаност и публика која реагира, коментира и споделува.

🔹 Што значи ова за вашиот бизнис?

Вашата реклама не поминува незабележано. Таа стигнува до илјадници реални луѓе секој ден – локална публика со реален интерес.

🔹 Зошто бизнисите нè избираат нас?

Затоа што кај нас рекламата не е трошок, туку инвестиција во видливост, доверба и резултати.

Доколку сакате вашиот бренд да биде таму каде што се гледа, чита и коментира – МАРКУКУЛЕ е местото за вашиот бизнис.

📩 Контактирајте нè и станете дел од приказната што расте секој ден.

Уписите започнаа – Универзитет Скопје со најсилна кампања досега и впечатлив настап на Саемот за образование во Скопје !

Во пресрет на новата академска година, Универзитет Скопје започнува силна и динамична кампања за упис, позиционирајќи се како една од најактивните високообразовни институции во земјата.
Со јасна визија, современи студиски програми и практична настава, Универзитет Скопје оваа година настапува со засилено присуство во медиумите, на терен и на клучни настани, испраќајќи порака дека инвестирањето во квалитетно образование е најсигурната инвестиција во иднината.

Во рамки на кампањата, Универзитетот активно учествува и на Саемот за образование кој се одржува во Сити Мол во Скопје 27-28 февруари, каде ги претставува своите студиски програми од областа на туризмот, бизнисот и менаџментот, поврзувајќи го образованието со реалниот сектор и потребите на пазарот на труд.

Преку директна комуникација со матуранти, родители и партнери од индустријата, Универзитет Скопје демонстрира отвореност, иновативност и подготвеност за нови генерации студенти.

Агресивна, но позитивна и мотивирачка е нивната кампања и има за цел да ги охрабри младите да изберат сигурна академска патека, поддржана со современа инфраструктура, искусен наставен кадар и можности за практична работа и вмрежување.

Пораката е јасна: уписите се во тек, можностите се отворени, а иднината започнува токму тука на Универзитет Скопје !

Проверен и докажан квалитет – мали живи прасиња со испорака низ Пелагонија

Кога станува збор за товење свињи, квалитетот започнува уште од првиот ден. Затоа, сè поголем број земјоделци и домаќинства од Пелагонија го прават истиот избор – мали живи прасиња од фармата на Maрио Илиевски од Куманово. Фарма која со години важи за една од најголемите и најдобро организирани во Македонија, со услови кои се вистински доказ за квалитет и доверба.

Фармата располага во секое време од годината со над 500 прасиња, одгледувани во современи и хигиенски уредени објекти, во контролирани услови, со постојан ветеринарен надзор и строго почитување на стандардите за благосостојба на животните. Исхраната е внимателно избрана, балансирана и квалитетна – без импровизации – што директно влијае на здравјето, растот и подоцнежниот квалитет на месото.

Она што купувачите најчесто го истакнуваат како предност е сигурноста. Кога купувате мали прасиња од оваа фарма, знаете што товите и знаете што ќе јадете. Здрави, силни и правилно одгледани прасиња, со одличен генетски потенцијал за тов, се основата за добро и квалитетно свинско месо во секое домаќинство.

Испораката на мали живи прасиња за товење се врши брзо и организирано низ цела Пелагонија, со почитување на сите безбедносни и хигиенски протоколи при транспортот, и ПЛУС БЕСПЛАТНО! Купувачите добиваат навремена и сигурна услуга, а зад секоја испорака стои долгогодишно искуство и сериозен пристап кон работата.

Пофалбите од задоволни купувачи од цела Македонија се најдобра потврда за квалитетот. Токму затоа фармата на Марио Илиевски денес важи за еден од најсигурните партнери кога станува збор за набавка на мали прасиња за товење – избор што не се прави случајно, туку со доверба изградена со години.

Покрај продажбата на мали живи прасиња, семејството Илиевски е препознатливо и по производството на свежо свинско месо, печени и димени производи, со врвен квалитет и вкус. Овој модел на работа овозможува константен квалитет, што дополнително ја зацврстува довербата кај потрошувачите.

Совршено печено, крцкаво и сочно – роловано прасе на “Илиевски Компани”, за два дена од фарма до трпеза во Прилеп (ФОТО)

Доколку барате здрави, квалитетни мали прасиња за товење, од фарма со докажани услови и сериозен пристап – изборот е јасен. Илиевски Компани продолжува да гради реноме како еден од столбовите на современото сточарство во Македонија.

Побарајте ги уште денеска на телефонскиот број: 077 502 589.

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, напиша на социјалните мрежи македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици.

Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака.

Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош“, стои во објавата на Муцунски.

17-годишно момче со тешки повреди примено во прилепската болница по сообраќајка на патот Прилеп-М.Брод

-На 28.02.2026 во 02:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од с. Дебреште и патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од с. Дебреште.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди” бил пренесен Градската општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод – информираат од МВР.

Саат Кулата и општината во Битола светнаа во знак на поддршка на лицата со ретки болести (ФОТО)

28-ми февруари е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со ретки болести. Месецов изминува со одржување активности чија цел е да се подигне свеста во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.

Синоќа Саат кулата во Битола и зградата на Општина Битола осветлени во знак на овој ден, односно во боите кои испраќаат порака за поддршка на овие лица.

Деновиве Општина Битола го објави јавниот повик за поддршка на лица со ретки болести за патни трошоци до болница надвор од Битола и нивни потреби, односно финансиска поддршка на лица со ретки болести кои што се наоѓаат во незавидна положба за надминување на истата.

Избрани членовите на новото Локално собрание на млади во Прилеп – Ова се членовите!

Општина Прилеп го избра Локалното собрание на млади пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници во Локалниот младински совет. Согласно донесеното решение, во Собранието се избрани 12 млади делегати и 12 заменик-делегати, вкупно 24 млади претставници што ќе ги застапуваат интересите на младите граѓани.

Младинските делегати и заменик-делегати доаѓаат од повеќе организации, вклучувајќи: Црвена младина – Прилеп, ученички и ученички заедници од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ЛК СДММ – Прилеп, Младински совет – Прилеп, Коалиција на младински организации СЕГА – Прилеп, УМС ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т – Прилеп и Извиднички одред ФЕНИКС.

Еве кои имиња ќе се најдат во новиот состав на Локалното собрание на млади:

Локалното собрание на млади е тело кое го сочинуваат млади претставници од различни младински и ученички организации и има советодавна и застапувачка улога за прашања од младински интерес во локалната самоуправа. Според донесеното решение, целта на овој состав на Локалното собрание на млади е да спроведат избор на членови во Локалниот младински совет. Оваа институционална форма е предвидена со Законот за младинско учество и младински политики, според кој локалните совети се важен механизам за вклучување на младите во креирањето политики и донесувањето одлуки што директно или индиректно влијаат на нивниот живот, со цел да биде засилена нивната улога во општеството и во локалните процеси на донесување одлуки.

Од Општина Прилеп посочуваат дека оваа иницијатива е значаен чекор кон јакнење на младинското учество, создавање простор за гласот на младите да биде чуен и за конкретни придобивки да се реализираат на локално ниво.

Денеска е Тодорова сабота: Честито и вековито име Теодора, Тодорка, Тодор, Тео…

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Нов концерт во организација на независната културна сцена вечерва во Прилеп

Иницијативата за независна култура „500 денари рекет“ ќе ви понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST.

Концертот ќе се одржи на 28 февруари (сабота) во кино салата “Мис Стон” со почеток во 21.00ч.

Влезници ќе можете да набавите непосредно пред почетокот на концертот (на врата) по цена од 200 денари.

Повелете на концерт и поддржете ја независната културна сцена со вашето присуство.

ПС.листата на иницијатори „500 денари рекет“ е отворена за сите граѓани на Република Македонија и секој од вас може да биде дел од неа…детали може да добиете инбокс.
.
My Tear е инди / new wave трио од Скопје, составено од искусни музичари од македонската андерграунд сцена. Бендот го сочинуваат Дени Крстев (вокал и гитара), Антони Анев (бас) и Иван Димишков – Димиш (тапани), познати и по своето учество во бендови како Фонија, 21 Век, Преку Ред, Red18 и други
релевантни проекти од алтернативната сцена.

My Tear се оформуваат како природна еволуција на бендот Фонија, со јасен стилски пресврт од панк-рок кон инди и new wave естетика, инспирирана од македонската и југословенската алтернативна традиција од 80-тите, но обликувана низ современ звук и продукција.

Зад себе имаат два студиски албуми, две EP-изданија и неколку синглови што оствариле значително радио-присуство. Песната „Остави ме да бидам“ три недели се наоѓа на врвот на топ-листите на Антена 5 и Радио Бубамара, а во 2018 година е прогласена за сингл на годината од култното инди радио Канал 103. Бендот има објавено и три официјални музички видеа, како и истоимениот деби-албум „My Tear“ (2019), издаден и на винил за Corpus Delicti и Балкан Велики.

Нивниот втор албум „Кога не се сакаме“ претставува концептуално издание посветено на современата љубов и нејзиното преживување во забрзан и отуѓен свет. Албумот е реализиран во скопското Studio 1060, со минималистички продукциски пристап и вклучува гостувања на значајни имиња од регионалната сцена, меѓу кои и Васко Атанасоски и Деан Шкартов – Деко (Badmintons).

Синглот “Истото го сакаш” го достигнува првото место на Nevidljiva top lista. My Tear зад себе имаат и европска турнеја, а нивните настапи се карактеризираат со силна емоционална интензивност, јасен авторски идентитет и директна комуникација со публиката.

Бендот продолжува активно да создава и настапува, позиционирајќи се како релевантен и препознатлив глас на современата македонска алтернативна сцена.​

SIDE QUEST за себе велат вака:

„Панк бенд од Прилеп. Свириме кавери, трибјути, и наши песни – сè што ни врие внатре, го пуштаме надвор. Малку панк, малку хаос, многу енергија. Ако има публика – има свирка. Ако нема – че ја напрајме. На 28ми ќе ви се претставиме со авторска музика“

Повелете на концерт вечерва во Прилеп!

Ученик од Прилеп освои медал на Олимпијада за вештачка интелигенција во Љубљана

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелигенција која се одржа во Љубљана, учениците Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија бронзен медал.

Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески.

Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

-Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија, напиша на социјалните мрежи амбасадорот на Република Македонија во Словенија, Горан Милевски.