дома блог страница 3163

1000 oд 1200 ученици во ова училиште во Финска одат на школо со велосипед, и тоа на -17 степени и по снег (Фото)

Пека Тахкола, урбан инженер и координатор за велосипедизам во градот Оулу во Финска, направил фотографија од локалниот училишен паркинг за велосипеди на -17 степени и снег. И покрај ваквите временски непогоди, училишниот паркинг за велосипеди е исполнет до последно место.

Колку и да ви изгледа чудно тоа што родителите ги пуштаат децата да одат на училиште со велосипед на вакви услови, во Финска тоа е нормално.

Пека направил обиколка низ училиштата во градот и разговарал со голем број наставници и директори, а притоа забележал дека доаѓањето на учениците на училиште со велосипед не е случај само во едно школо, но сепак во ова училиште бројот бил најголем.

Тој на Твитер напишал дека 1000 од 1200 ученици во ова училиште во Оулу доаѓаат со велосипед на школо, дури и во зима на -17 степени целзиусови.

Во нареден пост пишува дека во ова училиште има уште два вакви паркинзи за велосипеди.

Брат и сестра од Македонија се најдоа на листата “30 под 30” на “Форбс”

Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија се најдоа на новата листа „30 под 30“ за 2019 во Европа, која ја прави магазинот Форбс. Братот и сестрата Коскарови го добија ова признание во категоријата „социјални претприемачи“ со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Листата на Форбс, на успешни личности кои имаат под 30 години, оваа година вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории. На листата се најдоа и актерот Даниел Редклиф, фудбалерот Ентоан Гризман, како и наследникот на гигантот Луј Витон, Антоан Арно.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа.

20 животни принципи според кои се води секоја Вага

Вагите не можат да функционираат во хаос и негативност. Во моментот кога ќе се најдат во такви околности, тогаш нивната енергија се пореметува. Најголемиот подарок што можете да им го дадете на Вагите е вашето време и љубов. Тие имаат мека и романтична душа и носат многу љубов и мир.

Ако ги предизвикате, на површина може да се појави и нивната лоша страна. Тие се немилосрдни кога станува збор за правдата. Ако имате Вага во животот, не дозволувајте да ја изгубите, затоа шт овој знак има карактер поради кој сѐ може да направи како што треба.

Прочитајте ги 20 животни принципи на Вагата:

Премногу размислуваат. За секоја ситуација имаат 10 можни сценарија кои би можеле да се случат.

Никогаш не можете со сигурност да знаете што се случува во нивната глава, затоа што најчесто и тие се во борба со самите себе.

Можат да имаат 100 обожавател(к)и, но нив тоа воопшто не им е важно, зато што кога се заљубени, нивните очи гледаат само во нивната сакана личност.

Не можат да живеат без музика. Уживаат во шопинг. Сакаат луѓе кои не се плашат да го покажат својот интерес.

Кога се тажни, потребен им е некој кој ќе ги одврати од нивните мисли, но и некој кој ќе ги натера да се соочат со своите проблеми.

Најголемата слабост им е тоа што ги занемаруваат своите потреби на сметка на другите луѓе.

За нив, едно од најубавите чувства е кога ќе запознаат нова личност и веднаш ги пронаоѓаат заедничките интереси.

Ако тие почувствуваат дека некој ги сака, тогаш за тие луѓе ќе бидат достапни во секое време и секогаш ќе се борат за љубов.

Сите имаат проблеми, но Вагата најдобро од сите знае да ги скрие тие проблеми од другите луѓе. Не сакаат нивните чувства да влијаат на расположението на луѓето околу нив.

Кога некој се обидува да ги импресионира, најважни се малите, навидум безначајни работи кои другите можеби и нема да ги забележат.

Носат многу болка во себе, но секое утро се будат со насмевка на лицето.

Најбрз начин да ги извадите од такт е да кажете нешто што би ги вознемирило.

Мразат непристојни и себични луѓе. Мразат кога луѓето ги тераат да донесат одлука. Сакаат да им помогнат на другите, но многу мразат луѓе кои цело време бараат услуги и никогаш не возвраќаат на тие услуги. Не поднесуваат луѓе кои злоупотребуваат туѓа добрина, како и оние кои создаваат хаос во нивниот живот.

Човек би морало да биде многу арогантен за Вагата да не комуницира со него. Ако Вагата престане да комуницита со некого, тој однос се прекинува засекогаш.

Хармонијата е нивната најголема потреба. Негативноста им го убива расположението.

Течно говорат најмалку 5 јазици: македонски јазик, вулгарен, саркастичен, вистинит и полн со љубов, а понекогаш и некој странски јазик.

Имаат многу брилијантни идеи, но потребна им е вечност за да ги остварат. Никој друг не ги одложува работите како нив.

Не сакаат да играат игри. Едноставно е: Или сакате или не сакате да бидете со нив.

Ако не разговараат со некого, тоа може да биде од две причини: или не им се допаѓа личноста или едноставно не ѝ веруваат на таа личност.

Мотото на Вагата е: Не ми се потребни луѓе на кои не сум им потребен/а.

“Вас не ве обврзува никој да имате пасош. Ако немате пари да патувате надвор, нема ни да имате пасош” (Видео)

Главниот уредник во телевизијата „24 вести“, новинарот Огнен Јанески, со скандалозна изјава во неговата отворена емисија.

По стапките на модерната Марија Антоанета, пратеничката Мира Стојчевска, Јанески во етер му порачува на гледач дека ако нема пари за патување, нема да му треба ни пасош.

Вас не ве обврзува никој да имате пасош. Ако немате пари да патувате надвор, нема ни да имате пасош, му возврати Јанески на гледачот кој се бунеше што трошокот за замена на патните исправи по промената на името ќе падне на грбот на граѓаните.

Слична „логика“ неодамна имаше и прочуената Мира Стојчевска, според која поскашувањето на горивата нема да има ефект врз сиромашните, кои и онака немаат автомобили.

Извор: “Република”

Голманот на ФК Победа, Дарко Тофилоски, избран за спортист на годината од неделниот весник “Зенит” (Фото)

Неделниот весник Зенит по 11-ти пат го избра најдобриот спортист на Прилеп. За минатата 2018 година тоа е голманот и капитен на фудбалскиот прволигаш Победа, Дарко Тофилоски.

Редакциските диплома и пехар заслужено се во неговите раце поради одличните одбрани во пролетниот и есенскиот дел од прволигашката сезона.

Прво, пролетоска, го предводеше тимот до опстанокот во елитното друштво, а потоа, есеноска, беше меѓу најзаслужните за пласманот во полуфиналето од Купот. Неговото интернационално искуство од Швајцарија, Словачка и Ерменија е драгоцено и нема сомнение дека пролетва тој ќе биде еден од адутите на Победа во борбата за опстанок.

Тофилоски е само третиот фудбалер прогласен од Зенит за најдобар спортист. Претходно, за 2010 беше Филип Мирчески од 11 Октомври, а за 2008 и 2009 Илија Несторовски од Победа.

Денеска е Сретение Господово – еден од 12-те големи црковни празници

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 февруари.

Денеска е Сретение Господово.

Празникот Сретение е еден од 12-те големи црковни празници, заедно со Рождество, Богојавление, Воскресение, и како и тие, има длабока спасителна смисла. Реалниот настан врз кој се темели длабоката содржина на овој празник е расказот за Симеон, кој по неговата средба со Бога беше наречен Богопримец.

На овој старец преку ангел му било кажано дека нема да умре дури не го види ветениот Помазаник, Месијата. На неговото чекање доаѓа крај 40 дена по раѓањето на Исус Христос.

Според Мојсеевиот закон, во тој ден секое првородено машко дете се носело во Ерусалимскиот храм. На тој ден, во храмот, се случила средбата на свети Симеон и Богочовекот Исус Христос, и тоа е првата средба лице в лице на човекот со Бога. Длабоката смисла на овој празник се состои токму во таа оттогаш отворена можност за општење со наднебесниот Бог лице в лице.

Сретение е еден од најважните празници за христијаните. бидејчи укажува на првата средба на Спасителот со луѓето.

Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотот и зима, па деновите стануваат подолги, а времето потопло. Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечкитње се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова.

Меѓутоа, најинтересно верување е тоа дека на денешниот празник се верува дека немажените девојки ќе ги пронајдат своите избраници. Девојките веруваат дека идниот маж ќе им личи на првиот маж кој денеска ќе го сретнат.

Нема крај на понижувањата: Жигосани пасошите на Република Северна Македонија (ФОТО)

Старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок од 5 години утврден со Договорот од Преспа. До тогаш, при влез/излез во Македонија, на граничен премин ќе ви биде ставен печат како на сликата.

Дополнително, ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го сноси трошокот за истиот лично – гласи фејсбук објавата во склоп на која е објавена и фотографија од печатот кој ќе го добиеме во нашите патни исправи.

Извор: “Курир”

Коце Трајановски се збогува со својот другар и соработник

Екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, преку емотивна порака на Фејсбук се збогува со својот пријател и соработник Зоран Давидовски, кој го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа во близина на селото Ласкарци.

Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.

“Те испративме денеска на вечното почивалиште ама те испративме прерано драг пријателе. Изгубивме човек кој го сакаше животот, изгубивме и експерт кој неуморно работеше на сообраќајно осовременување на Скопје. Ми беше многу значаен соработник, другар и пријател. Сочувство до неговата фамилија. Почивај во мир Зоран Давидовски”, напиша Трајановски на Фејсбук.

Алал диплома и хипократова заклетва: Докторите од “8-ми Септември” кои не биле на работа доброволно дошле да помагаат и да спасат животи

Вчерашниот трагичен ден покажа дека се уште има луѓе во Македонија, луѓе кои имаат срце и душа и се спремни на се за да им помогнат на своите сограѓани.

Сепак животите на повpeдените останаа во рацете на докторите во ГОБ ,,8-ми Септември” кои според информациите кои се шират на социјалните мрежи сите до еден доброволно се појавиле на работа иако биле слободни.

-Сите до еден од здравствените работници кои не биле на работа,доброволно дошле на работните места да помогнат и спасат човечки животи…Алал диплома и хипократова заклетва – пишува Игор Стефановиќ на својот Фејсбук профил.

Кемал е херојот кој им помога на семејствата – вечерва да му бидеме поддршка, да помогнеме сите на оние кои чекаат пред болница

Дечки, Кемал СК е нашиот херој од минатата ноќ! Самоиницијативно отиде пред болница и цела ноќ делеше чај и кафе на сите роднини кои беа насобрани пред болницата Ургентен центар 8 Септември во исчекување на вест за свпоте најмили. Дечково е познат хуманитарец и секогаш излегува прв за сѐ -напиша Верче Крстевска на својот фејсбук профил.

Таа вели дека Кемал вечерва повторно ќе биде таму со неговите пријатели кои му помагаат во ова несебично дело.

-Затоа ќе го замолам јавно, вечер да постави една кутија на масата каде што дели помош и сите ние да поминеме и да оставиме по некој денар. Знам дека ова го може и сам, ама не сакам да биде сам, сакам сите да му помогнеме. Дечково делеше кафиња, сокови, чаеви, гевреци… – повикува Верче.

Таа вели дека на некои од повредените состојбата е ужасна и нивните најблиски не мрдаат од пред болница. Изгубени и очајни, ноќеска го имале само Кемал се грижел за сите нив.

-Кемал еден – стана за сите нас, да застанеме вечер сите ние за него! Дечково цела ноќ беше пред болница, се до 16 часот. Вечер повторно ќе биде таму од 19 часот. Кемал ја заслужува целата наша поддршка и почит! Поминете и донирајте!

Извор: “Република”