дома блог страница 3161

Напиток кој ги исфрла сите отрови и стресот од телото – нема да ви требаат лекови

Овој хербален лек ги комбинира корисните својства на лукот и црвеното вино.

Добиената смеса може да спречи многу болести, ја прочистува крвта, го зајакнува имунолошкиот систем, го отстранува лошиот холестерол, го подобрува кардиоваскуларниот систем, го отстранува вишокот сол во организмот, ја зголемува издржливоста, дава енергија и се бори со инфекциите.

Лук и вино – комбинација што убива настинка!

Подготовка:

Излупете лук и измешајте го во стаклена тегла со половина литар вино.

Може да го пресечете лукот на половина, на тој начин тој ќе впива многу подобро, а и ефектот ќе биде многу помоќен.

Затворениот сад со смесата се чува две недели на место заштитено од сонце. Во исто време мешајте ја смесата 2-3 пати на ден.

На крајот течноста се цеди и се чува во темен сад.

Овој еликсир може да се прави најмалку двапати годишно. Пијте 2-3 лажици дневно еден месец.

ФОТО: Демонтиран и украден дел од фонтаната на eден од најубавите плоштади во државата

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија.

По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник, е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри.

За ова информираат од општина Битола, од каде и упатуваат апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетили.

Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани.

Голема благодарност општината упатува и до припадниците на СВР Битола, кои веднаш реагирале и не дозволиле штетата да биде уште поголема, како и за постојаната взаемна соработка со цел да се сочуваат јавните добра и придобивки за сите граѓани.

“Вулкански кратер во центарот на двојазичен Прилеп!? Градот се распаѓа!?” (Фото)

Дефект на главен цевовод Ф-300мм, кој се случи пред точно 12 дена, предизвика поплава во центарот на Прилеп.

Дефектот тогаш донесе да без вода останат неколку градски населби, а централниот булевар “Гоце Делчев” беше под вода.

Екипите на ЈКП Водовод и Канализација го санираа дефектот и го вратија нормалното водоснабдување во градот, но кратерот од тоа сеуште стои и предизвикува опасност за граѓаните и возачите.

Зарем потребни се цели две недели и сеуште да не се најде некој паметен да го покрие со нов асфалт?

Од една страна се нарушува безбедноста, а од друга страна и естетскиот изглед на градот.

Кај нас проблем е една дупка, а во светот многу поголем проблем се решава за 7 дена.

На пример сите се сеќавате кога во Јапонија џиновска дупка проголта половина улица. Настанот се случи на 08.11.2016, а на големо неверување на целиот свет, проблемот беше решен само 7 дена подоцна.

NBA играчот роден во Охрид не заборави на Македонија: Македонското знаме се најде на NBA Аll-Star натпреварот (Фото)

Tурскиот интернационалец кој настапува за екипата на Кливленд во НБА лигата, Чеди Осман, ја донесе Македонија на подиумот од АЛЛ-СТАР натпреварувањето за дебитанти кое викендов се одржува во Шарлот.

Турскиот спортски портал “Sporx Basketbol” неколку часа пред почетокот на натпреварот на Твитер објави фотографија од уникатните патики кои токму Чеди ги носеше на синоќешниот натпревар.

На патиките е насликано македонското и турско знаме, а истите изгледаат прекрасно.

Осман е роден во Охрид, неговиот татко е Турчин, а мајка му е Босанка и се чини дека не заборавил на своето потекло од Македонија.

Својата кариера Чеди Осман ја започна во Кошаркарскиот клуб Босна, а во 2007 година потпиша за Анадолу Ефес. Поради неговото турско потекло веднаш беше прифатен и во турската репрезентација каде и денеска настапува.

Во сезоната 2011/12 бил позајмен во Пертевниал, а летото во 2012 потпишал професионален договор со Анадолу.

На 25 јуни 2015 година, Осман бил избран како 31 играч на драфтот од екипата на Минесота, а во 2017 година премина во Кливленд Кавалирс.

Гавазова во новиот спот во продукција на “Гранд” провокативна како никогаш досега (Видео)

После песната „Хало“, која се покажа како вистински погодок, Сузана Гавазова продолжува со походот за освојување на српскиот и балканскиот музички пазар.

Со првата песна и спот, Гавазова веднаш го привлече вниманието на балканската јавност, а тоа се докажа со многуте гостувања на српските и регионални ТВ канали во емисиите и шоуата на Прва, Гранд, Пинк, а и големиот број прегледи и коментари за „Хало“.

Нашата пејачка не чекаше да помине долго време, па затоа повторно околу себе собра проверена екипа и повторно изненади со нов проект.

Новитетот на нашата пејачка е насловен „Намазана“ (Намачкана).

Тимот кој работеше на оваа песна се Саша Диниќ и Ана Диниќ, а видеото го работеше “НН Медиа продукција”.

Во спотот Гавазова е ултра модерно облечена и нашминкана, вкусно разголена и провокативна.

Песната беше официјално промовирана во емисијата „Гранд Коктел“ во „Гранд продукција“, а во самата емисија Сузе отпеа и неколку убави стари македонски песни.

Пред промоцијата на оваа нова песна и спот, нашата пејачка најави и две нови песни на македонски јазик, кои се очекува да бидат промовирани некаде околу Велигденските празници.

Даниела од Драчево ја нема веќе 4 дена, семејството моли за помош (ФОТО)

Семејство од Скопје моли за помош. Исчезнатото лице Даниела Пецевска од скопско Драчево ја нема веќе 4 дена. Исчезна во понеделникот и од тогаш и` се губи секаква трага.

Доколку имате некаква информација исконтактирајте го семејството на телефонскиот број: 076-360-309. Последен пат била забележана во реонот на скопски Аеродром.

Видео: Заев исвиркан во населените места Иловица и Штука

Премиерот Зоран Заев минатата недела беше во посета на населените места Иловица и Штука каде е предвидено да се отвори рудникот Иловица Штука – oбјави “Курир”.

Жителите на овие населени места го дочекаа премиерот Заев со свирежи и негодувања поради неговото присуство во населеното место.

На ексклузивната видео снимка се гледа како откако со најава му е дадено збор на Заев, тој бил негативно дочекан од жителите, погледнете.

Жителите и граѓанските здруженија за време на оваа средба изјавија дека рудникот не треба да биде отворен, бидејќи ќе страда целиот регион, и ќе има несогледливи последици по здравјето.

(Видео) Хит изјава на Дачиќ: “Слабите луѓе се злобни”

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, и неговата изјава дека “слабите луѓе се злобни” ги разбуди твитерџиите.

Имено, Дачиќ за време на гостувањето во Утринската програма го коментираше текстот од “Курир”, каде актерот Сергеј Трифуновиќ го нарекол “буцко”, а на прашањето дали тоа го навредило, министерот насмеан одговори:

“Па добро, да ви кажам нешто, слабите луѓе се злобни луѓe”, рече Дачиќ, со што ја насмеа и водителката, но додаде дека се шегува и дека мисли дека ова ќе ги израдува оние кои имаат вишок килограми.

Изјавата можете да ја видите на 17:19 од видеото:

“Најјакото видео со Шилегов досега!? Нема да ви се верува!”

“Нема да има промена на државните симболи, уставниот и унитарниот карактер на Македонија, нема двојазичност рече Петре Шилегов од СДСМ на 31.03.2017”, тогашен пратеник во Собранието.

Петре Шилегов, сегашен градоначалник на Скопје, пред да стане тоа, во својство на пратеник на Социјалдемократски сојуз на Македонија, од говорницата во Собрание негираше дека ќе има двојазичност на целата територија на државата.

„Промена на државните симболи – нема. Промена на уставниот карактер на Република Македонија како парламентарна демократија и унитарна држава – нема. ПРИМЕНА НА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛОКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – НЕМА“, рече тогаш Шилегов од собраниската говорница во видеото кое деновиве одново е актуелно по социјалните мрежи.

Демантот за тоа стигна неодамна, откако собранискиот спикер Џафери го потпиша указот за примена на Законот за примена на јазиците, кога и официјално се воведе двојазичност на територијата на цела држава.

За другите „гаранции“ на Шилегов околу државните симболи, парламентаризмот и унитарноста – времето ќе покаже.

Да не одиме на “Евровизија”, а со парите да купиме возила за Брзата помош, кој е “ЗА”?

(Tвит на денот)