дома блог страница 3149

Обезбедувањето во ГОБ „8-ми Септември“ го спречува Мицкоски, не му дозволуваат да го посети Јанакиески (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пристигна во ГОБ „8-ми септември“ со цел да го посети претепаниот Миле Јанакиески.

Поранешниот министер се здоби со повреди откако денес беше нападнат во притворското одделение во затворот во Шутка.

На Мицкоски не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески.

Обезбедувачите побараа дополнително засилено обезбедување, со цел да го забранат пристапот до Јанакиески.

Освен Јанакиески, денес беше претепан и Спиро Ристовски.

Вистинска драма се одвивала вчеравечер на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп

Фото/printscreen/infokompas.com.mk

На 20.02.2019 полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за kриминалистичkи работи Прилеп – одделение за недозволена трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за kрим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје го лишија од слобода Д.Д. (36) од Прилеп, кај кого е пронајден kоkаин – информираат во полицискиот билтен на МВР.

На бул. „Александар Македонски“ во Прилеп при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д.(36) од Прилеп се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла kоkаин – додаваат од МВР.

Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со пoвpeди.

По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Еден од ОБBИHETИTE за Диво Насеље го ПPETEПAЛ Миле Јанакиески во затворот Шутка?

Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.

Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.

Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.

Како што неофицијално дознаваме Миле Јанакиески се здобил со скршеници на едната рака и е примен на лечење во една од скопските клиники.

Затвореници ги искористија своите таленти за да спасат дете од заклучен автомобил (ВИДЕО)

Затвореници од Флорида, кои во придружба на чувари биле на пауза од работа, спасиле едногодишно девојче од автомобил во кој нејзините родители случајно ја заклучиле. Несреќата се случила кога таткото го ставил девојчето на детското седиште и ги фрлил клучевите на предното седиште, а потоа случајно ја затворил вратата.

За среќа, во близина имало група затвореници кои работеле на патот придружуван од полициски службеници. Наместо да го скршат стаклото на автомобилот, затворениците ги понудиле своите вештини и ги отвориле вратите на автомобилот без кршење.

„Фала му на Бога за сите криминалци во светот. Сите ве почитувам”, рече мајката која успеа да ја сними целата спасувачка операција. Видеото стана хит на социјалните мрежи.

Бидете внимателни! Во само еден ден контролирани 463 возила на територијата на СВР Битола

На 20.02.2019 година полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, при што биле контролирани 463 возачи и возила – информираат од МВР.

При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, девет возачи управувале без возачка дозвола, кај двајца возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Пет возачи користеле мобилен телефон при управување на возилото, а еден не користел сигурносен појас.

Нерегистрирани биле четири возила, а додека три други технички неисправни. Седум возачи се писмено опоменати, а на 33 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така, изготвени се и 35 прекршочни налози.

Исто така, при контролата откриени се и други 14 видови останати прекршоци.

Ова е најголемото семејство на светот: Овој човек има 94 деца, 39 сопруги и 34 внучиња- сите живеат под ист покрив (Видео)

Зион Чана е „најбогат човек на светот“ со 39 сопруги, 94 деца и 34 внучиња со кои живее во куќана 4 спрата, овој човек е глава на најголемото семејство на светот.

Чан кој живее во изолирано село на границата со Бурма и Бангладеш, во секој момент има покрај себе барем седум жени, а една година успеал да се ожени со десет жени.

Во куќата има 100 соби и во нив живеат четири генерации, а бројот на семејството сеуште не е конечен.

-Дури и денес сум подготвен да го ширам семејството и подготвен сум да се женам, рече Чан.

Неговите жени ја делат спалната соба, додека синовите со нивните жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиена, а мажите за земјоделство и сточарство.

-Се чувствувам како Бог. Имам толку луѓе за кои се грижам и се сметам за многу среќен човек, рече Чан.

Зион Чан предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија.

Kaменос: “Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје”

Поранешниот грчки министер за одбрана Панос Каменос во интервју во средата го напаѓаше Преспанскиот договор, велејќи дека Грција за 20 минути би ја зазела Македонија, пишува „Катимерини“

„Ние не чувствуваме никаква 3акана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија“, рече тој за грчкиот телевизиски канал ТРТ.

Тој потоа повтори дека бил „измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, за кој рече дека првично требало да го донесе договорот за името во парламентот по март.

Поранешниот владин коалициски партнер, кој поднесе оставка од министерското место откако договорот беше донесен на ратификација во парламентот, го критикуваше и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас велејќи дека „дејствувал предавнички“.

Христијан Петрески нов Спортски директор на Победа

Со одлука на Бордот на директори на ФК Победа на упразнетото место Спортски директор на прилепскиот прволигаш е назначен Христијан Петрески.

Тој досега ја извршуваше функцијата технички секретар во клубот.

Петрески е дете на Победа, ги минал сите клупски категории од пионерска до сениорска екипа, а беше и капитен на прилепските црвено-бели.

Прилепскиот народен тератар “Војдан Чернодрински” одбележа 69 години од своето основање (Фото галерија)

Со прикажувањето на претставата „Пиреј“ од Петре. М. Андреевски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, театарот „Војдан Чернодрински“ одбележа 69 години од своето основање.

Публиката имаше можност да ја проследи извонредната претстава за трагичната судбина на Јон и Велика, досега изведена над десет пати.

„Пиреј“ е вонвременска и потресна приказна за неуништливоста на македонскиот народ и неговото страдање, во која играат Марија Спиркоска Илиjеска, Александар Степанулески, Катерина Чакмакоска Клинческа, Зоран Иваноски, Игор Трпчески, Марјан Чакмакоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Виолета Чакарова, Димитар Вандески, Цветанка Чавлеска, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Наќе, Димитар Црцороски –Михајло Миленкоски, Александар Тодески, Виктор Мирчески и Давид Папазоски.

Еве како изгледаше преполната сала и претставата на сцената:

Две лица ФИ3ИЧКИ HAПAДHAЛE 13-годишно девојче од Прилеп

На 18.02.2019 во Полициска Станица Прилеп 13-годишно лице од Прилеп пријавило дека истиот ден околу 19.30 часот на ул. „Тризла“ во близина на Џамијата без повод и причина била физичkи нaпaднaТа од две лица.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот – објави “Инфокомпас”.