дома блог страница 3145

Костадинов: “СДСМ ги искорени непотизмот и партизацијата”

СДСМ е против партизација и против непотизам. Одлучни сме и заедно со граѓаните се бориме да ги промениме работите во нашето општество, рече портпаролот на СДСМ , Костадин Костадинов.

-Партизацијата која што со децении беше пракса во Македонија, конечно е на колена.

Благодарение на јавноста и благодарение на свеста и интегритетот кои постојат во нашата партија.
Не се сите исти. Членови на семејствата на претставници на СДСМ преземаа морални чекори на повлекувања од своите работни места на свои и покрај тоа што со своето вработување не прекршиле ниту една процедура, не загрозиле ничие право и ги исполниле сите критериуми по мерит системот.

Како што истакна Костадинов поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа: неговата мајка, дедото на пратеникот Кирацовски, синот на пратеникот Мисовски, братот и сопругот на пратеничката Стојчевска.

-Тоа е интегритет. Заедно го менуваме општеството, се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото. Ајде сега да видиме дали колкав е интегритетот на Мицкоски и неговите од ВМРО-ДПМНЕ.Ајде да видиме што има да каже партијата која го рашири непотизмот до невидени размери.

Од овде, од пред центарот на непотизмот и симболот на криминално владеење, го повикуваме Христијан Мицкоски да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени поради нивно влијание.

Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ.Токму во ЕЛЕМ-турс е вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски. Покрај братучедот на Мицкоски, во ЕЛЕМ турс работа добил и Никола Шајновски, сопруг на личната партиска секретарка на Мицкоски но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет.

Сопругата на Христијан Мицкоски пак е вработена во гимназијата Орце Николов во Скопје. Дури и самиот Мицкоски е пример за непотизам со тоа што бил асистент кај својот татко на Машинскиот факултет, Иван Мицкоски. Има едни кои ја слушаат јавноста и реагираат. И има други кои се кријат во партиските палати, натрупале проблеми во државата и немаат грам чесност и морал.

Очекуваме Мицкоски да ги повика сите свои роднини, како и сите роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои работните места ги добиле поради влијанието на нивните блиски, да се повлечат од работните места. Ајде Мицкоски, расплети го чворот од вработувања кои си ги создал околу тебе.Се друго е политикантство, неискрен, неодговорен и несериозен однос на опозициската партија кон граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ја преполни државната администрација, ајде нека почне повлекувањето, во име на борбата против непотизмот во нашата земја, рече Костадинов.

ИСПОВЕД: Немој да бараш да се вратам во Македонија!

По не знам кој пат го завршувам разговорот на Скајп со моите со нивното фамозно прашање „Кога ќе се вратиш тука?”
Немам повратен одговор, го избегнувам прашањето и се трудам да не одговорам, не сакам, не затоа што не можам, туку знам дека мојот одговор нема да им се допадне. Во главата само си помислувам „За што да се вратам?”

Во земјата каде имаш професори кои се помалку те инспирираат, каде што најчесто подлизурковци, со третокласно знаење стануваат искомплексирани асистенти, кои потоа своите фрустрации ќе ги истураат врз студентите.

Каде секој втор збор е мито, каде секој гледа да стигне до диплома и да фати врски за вработување. Каде што образовниот систем продуцира полуписмени студенти кои подоцна ќе бидат причина за катастрофални грешки?

Каде да се вратам, каде што ќе работиш како стока од утро до мрак, за без пари, богатејќи го ненаситниот газда кој ќе ти ги додели сите позиции од шофер, до бебиситер, преку шопинг асистент на неговата сопруга, кои секако не влегуваат во твојот работен опис, а притоа нема да добиеш ни трошка почит?

Таму каде што треба да си го продадам гласот, да си го дадам задникот на закуп под кирија и да играм по ноти кои не ми се мили на увото. Таму каде што нема воопшто да го ценат мојот морал, интегритет, мојот квалитет и моите вредности, таму каде што ќе ме претворат во едно безлично, бесчувствително суштество кое ќе стане дел од една корумпирана елита која не носи ништо ново?

Каде да се вратам, каде што самохрани мајки се бркаат од работа само затоа што не се гласачи на една партија, каде што студентските легла се полни со деца на големци, а оние кои со социјална помош пуштаат деца да учат ги отпишуваат затоа што становите им се прескапи.

Онаму каде што интелектуалната елита краде од народот, а студентите се оставени со сиромашни оброци, да гладуваат по студентски домови, додека да стигнат до она што го сонуваат. Каде да се вратам, во тие кучешки услови, сите би сакале поинаку, но каков избор имаме. Не дека е подобро, туку тоа е поевтино. Се жртвуваме себеси, само за да поминеме поефтино. Нели е тоа трагично?

Таму каде што ако бидеш храбар и го кажеш она што го мислиш, а тоа е поразлично од толпата ќе бидеш јавно обвинет и исплукан поради своите верувања. Каде што секој знае се од сите области и треска со рацете на слави по масата, за да се истакне да биде виден од другите. Каде што повишен тон од некој на позиција се цени повеќе од делата на оној паметниот кој се ќе сработи во тишина?

Каде да се вратам, каде што веќе луѓето немаат мотивација, половина од нив заради тоа што немаат да јадат леб, а половина поради тоа што веќе кренале раце по сите неправди на кои биле сведоци. Каде што се трошат пари за глупости, а умираат деца од примитивни болести?

Каде да се вратам?

Престанав да се борам со ветерници, застанав да исправам криви Дрини. Мене срцето ми се кине што мора да биде вака, но ние нормалните, оние колку што останавме не можеме да го искорениме неморалот и алчноста за моќ и пари, тоа безредие кое владее во таа нивна шефовска хиерархија. Колку и да ми недостигате, кога ќе стигнам таму и повторно ќе се соочам, кога ќе видам ништо не се променило ми доаѓа само да ве прегрнам и да го фатам патот за назад.

Овде можеби не цветаат рози и не врнат пари од небото, но барем има некаков ред. Правилен начин по кој се живее еден живот, а ако нешто сакав во животот, тоа беше секоја единка да има достоен живот. Нешто што кај нас со текот на времето, за жал стана луксуз.

Извор: “Инфомакс”

Арсовски: Жариштето на епидемијата од непотизам го запали црвениот аларм и во Македонски Брод

Жариштето на епидемијата од непотизам го запали црвениот аларм и во Македонски Брод, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да потсетиме дека братот пратеничката на СДСМ Анета Димовска Симеска од позиција стоматолог во приватна здравствена ординација е именуван за директор на здравствениот дом. Но тоа не е се’. Имено братот на Анета Димовска Симеска кој е и директор на здравствениот дом во Македонски Брод Жарко Симевски распишал оглас за вработување. Дали е точно дека на тој оглас сам себе се пријавил и се вработил, па за да биде иронијата уште поголема добил и специјализација, а неговата стоматолошка ординација од претходно кај што работел станува концесионер на просториите на истиот здравствен дом кај што тој самиот е директор. Ова е истовремено и непотизам но и сериозен сомнеж за злоупотреба на службена должност на еден директор во случајов Жарко Симевски, потенцира Арсовски.

Тој додава дека во Брод ова не е единствен случај. Непотизам има во случаите и со вработувањата на синот и внукот на градоначалникот на Македонски Брод Живко Силјановски кои се вработиле во Македонски шуми каде што директор е Слободан Вељановски од редовите на СДСМ.

-Во истото претпријатие се вработил и синот на директорот на претпријатието Бојан Вељановски, како и братот на командирот на полициската станица и синот на бившиот пратеник на СДСМ од Македонски Брод, Борче Ангелкоски. Иако има одлука на трудов инспекторат за ваквите вработувања едека се незаконски, сепак тие повторно се на работа. Зарем во општина како Македонски Брод кај што има огромен број на млади луѓе кои немаат работа и си заминуваат од градот, токму децата и блиските на функционерите од СДСМ да бидат вработени на огласи. Животот очигледно дојде само за нив. Епидемијата од непотизам не престанува и покрај лажното морализирање на власта. Лекот е изборен пораз на власта кој ќе го демонтира деспотот Заев од оваа власт, завршува Арсовски.

Сопругата на Котевски вработена во УЈП – тој не давал коментари во сабота

На социјалните мрежи доцна синоќа се појави информација дека сопругата на директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски, Катерина Котевска, од минатата недела е вработена во УЈП.

„Република“ стапи во контакт со директорот во оставка Котевски, кој не сакаше во сабота да ја коментира информацијата.

– Сабота е, собрани сме седум луѓе, работиме, морам да го завршам она што го ветив. Јавете се во таа институција, има таму директор, рече Котевски мислејќи на УЈП и додавајќи дека е во оставка па тоа не е непотизам.

Росоклија со порака до Заев: Ова доколку Заев и тие околу него се прашуваат кој нив ќе ги тепа…

Горазд Росоклија во својот Твитер статус го цитира Венко Марковски, mакедонски поет кој лежел по бугарските и југословенските затвopи за македонската кауза и воедно го потсети Зоран Заев дека власта се менува и дека еден ден некој нив ќе ги тепа.

„Власта се менува, тие што ме тепаат во затвop се истите“, Венко Марковски – поет кој за македонската кауза лежел во бугарски, српски, југословенски затвopи и логopи. Ова доколку Заев и тие околу него се прашуваат кој нив ќе ги тепа. Толку направено зло мора да има наплатна цена, пишува Росоклија.

Денеска е „Светиот свештеномаченик Харалампиј“ чувар од сите болести, а во Прилеп најмногу го слават лимарите

Денеска е „Светиот свештеномаченик Харалампиј“ – За многу години!

Светец кој ја држи чумата во синџири
Во Прилеп како што сведочи М. Цепенков Свети Харалампиј за свој патрон го имале казанџискиот, тенекеџискиот (бакарџискиот) еснаф, а во некои места за свој покровител го имале и ѕидарите.

(Именден празнуваат: Харалампие, Ламбе, Хари…)

Светиот свештеномаченик Харалампиј, епископ од Магнезија (Тесалија) настрадал за време на царот Септимие Север кога бил вршен страшен прогон на христијаните. И покрај жестоките репресалии тој јавно ја проповедал Христовата вера, станал популарен кога воскреснал еден мртовец.

Под негово влијание царската ќерка Галина станала христијанка и ги искршила киповите на римските богови. Поради тоа бил страшно мачен. Според едно предание му биле пресечени рацете, а потоа бил исечен со меч.

Според друго предание, пак, дури му била одрана кожата, а кога и тоа го примил како доближување до Бога, се помолил на својот Бог и испуштил душа, пред да се спушти мечот на џелатот врз него. Тогаш имал 113 години, а тоа се случило на 23/10 февруари 198 година. Потоа царската ќерка Галина пристојно го погребала, а неговата глава и денес се чува во манастирот Свети архиѓакон Стефан во Тесалија.

Празникот на Св. свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува и со чумата, зашто таа се сметала за најопасна болест. И на фреските во нашите цркви св. Харалампиј е претставен како ја држи чумата во синџири, како ја тепа и мачи. Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

Во верувањата на македонскиот човек чумата како негативен демон зазема многу значајно место. Ова митолошко суштество го среќаваме и во верувањата и во преданијата, а особено во народните песни. Познати се песните во кои чумата го испустува Скопје, а тоа има и реална основа зашто познато е и од историјата дека овој град повеќепати страдал од оваа опасна болест. Во претставите на нашиот човек таа останала како стара баба, некаде со расплетени коси, некаде со тефтер или список, најчесто со сабја или коса со кои сее смрт.

Марко Цепенков забележал повеќе верувања во врска со чумата. Според едно чумата е родена од лош татко и мртва мајка поради што им се одмаздува на луѓето. Имено во некоја земја преку девет мориња имало некој лош цар кој правел триста лошотии, а најголемото зло било што која жена ќе ја видел се ќе ја обесчестел. Кога не можел да силува едно сиромашко девојче го убил и пак го силувал за „на неговото да биди“ и го затворил така умрено во некој подрум.

Кога се вратил од војна го побарал и видел дека девојчето цело си лежело како да спие, само во срцето било подуено и нешто како живо мрднувало. Кога удрил силно со нога по срцето, се родила чумата од умрената девојка, застанала пред него и му рекла: „Од поган татко сум се зачнала и од умрена мајка сум родена, затоа кого ќе го видам ќе го испоганам на скришните места и ќе го умрам.“

Цепенков натаму забележал во ова верување дека кога ќе се појавела чумата и кога ќе виделе луѓето оти ќе ги сотрит, ќе трештеле да бегаат по планини, по долини за да се кријат од неа, арно ама чумата и таму ги наоѓала лошите и ги избивала.

Цепенков уште забележал дека зародишот на чумата бил од реката Нил. Кога ќе се излеела оваа река и кога пак ќе се вратела во коритото по земјата останувале многу риби кои се смрдувале и од нив се раѓала чумата.

Ова треба да претставува и еден вид сведоштво дека чумите како болести доаѓале од исток и дека причина за нивното појавување треба да се бара и во нечистотијата. Блиску до ова е и верувањето дека чумата ноќе влегувала во домовите и ако најдела немиени чинии и лажици гребела од нив и после се заразувале луѓето.

Поради тоа, ако се појавела чумата веднаш куќите се чистеле, чиниите и лажиците се миеле. Се верува дека чумата лесно може да ја менува својата форма, да се преправа во куче мачка, јаре, биолица и во предмети како партал и сл. М. Цепенков забележал дека и татко му Коста видел чума кога бил болен. Според неговиот опис тој гледал еден караван со многу коњи и „дури на последниот коњ имало една жена вкачена на седелје, со лицето страшно, косата растурена преку плеќи, рацете долзи едно чудо, во десната рака држела една коса скршена’. Тоа била чумата.

Во еден запис од Серско се вели дека во селото Горно Броди некогаш беснеела чумата и зела многу жртви. Луѓето забегале по горите и одбегнувале да се среќаваат еден со друг за да не ја предаде заразениот од неа на друг. Дури и купувачите не ги давале парите со рака, туку ги пуштале во сад со киселина, а заразените пари шумеле што значи чумата горела.

Во Велес, како што запишал Г. Бојаџиев се верувало дека чумата е жена со долга коса, со големи нокти и со страшно лице. Некогаш многу одамна луѓето биле многу лоши та затоа Господ ја создал чумата. Таа тогаш била многу силна, каде што ќе погледнела се изгорувала.

Дури и самиот Господ се исплашил од неа та еднаш кога минувала покрај него ја удрил со ровји и грмежи та и се укочил вратот. Оттогаш таа не се врти лево и десно или назад, а удирала само што ќе видела пред неа. Во Струга ја викале панукла и ја сметале за стара жена. За да ја придобијат, во куќата и оставале сапун, вода и др. и велеле: „Златнишче, Милице! Да си доиш, да си се измиеш и да не правиш ништо лошо”.

Поради стравот од чумата човекот изведувал и други заштитни магиски дејствија, како што е заорувањето или ткаењето на чуминото платно. Имено се верувало дека едно село за да се заштити од чумата треба да се заора. Се орало со плуг влечен од два вола – близнаци, терани од двајца браќа, исто така близнаци.

Дрвениот дел од плугот требало да биде од дрво – близнак, а ралникот од железо тајно собирано од девет синори. И ковачите што го правеле, исто така требало да бидат близнаци. Ноќе се орале околу селото три бразди. Во тоа време сите жители на селото требало да бидат во своите домови. Така заораното село станувало недостапно за чумата.

Според еден запис од Дебарско, кога ќе се појавела чумата во некое село, за заштита се ткаело чумино платно и со него три пати се обиколувало селото. Платното го ткаеле во некоја куќа на крајот од селото. Таму носеле коноп и предмети за негова обработка: мелица, гребни, чешалки, урка, вретена, кросно, разбој итн.

Конопот го пределе и ткаеле, а потоа исткаеното го навивале на кросно и го давале на една девојка сирак која го јавнувала како коњ и придружувана од другите девојки три пати го обиколувале селото.

По третото обиколување оделе низ селото и во секоја куќа оставале парче од платното и биле дарувани со разни прехрамбени артикли: месо, брашно, масло итн. Потоа со молчење оделе во туѓ синор, каде што ги закопувале разбојот, кросното. брдото, ништите, урката и другите предмети и се враќале со пеење на песната.

Мара мајка ја маживме, в Кидан село големо
за оџата кидански, каде имат дечица,
каде имат невести, каде имат девојки.

Овие обредно-магиски дејствија требало да се завршат пред зори, односно додека петлите не пропеале трет пат. Потоа девојките учеснички во овие активности оделе во куќата каде што го ткаеле платното, од собраните дарови правеле заедничка гозба по што сите си оделе на спиење. При заорувањето и при обиколувањето со чуминото платно строго се внимавало на молчењето зашто некој погрешно изговорен збор можел да ја разлути чумата и таа да им пакости на луѓето.

Култот на светиот маченик Харалампиј бил широко распространет и во пиринскиот крај. Овде, на овој ден се месел обреден леб, го месела „чиста жена“, го носеле надвор од селото и го оставале за чумата. Во Гевгелиско овој ден се сметал за лесен празник кога можело да се работи. Но сепак жените го држеле (празнувале) затоа што се сметал за глава на болестите. Мажите ги обиколувале нивите и бавчите, за да видат колку им нашкодил мразот во текот на зимата.

Во Радовиш „Аралампија“ се сметал за тежок празник и особено го држеле жените со мали деца, зашто уште бил наречен и „чумински празник.“ Тој ден во црквите кревале панаги. Во Охрид „Свети Араламбос“ се сметал за „пануклин празник.“ Араламбос се верувало, ја држел пануклата.

Спространов со ова верување го забележал и следново предание: ‘Едно време ко одела по земјава да бијат, је остаале казан со вода, корито, сапун, за да се к’пит. Еднуш шетала по земјава пануклата и бијала љуѓе. Еден стар чоек не сакал да побегнит, се скрил дома и се затворил отсек’де. „Н’к дојт сега да ја видам, си рекол, отк’де ќе влезит!“ Та му влегла низ оџак и се расчекорила над мангалот да се грејт. Како се грејала задремала. По некое верме отворила дефтерите да и гледат. Стариоф чоек по кротко и и грабнал и в огон. Та се наљутила, удри, чинела со тупајнци и му велела: „Ами сега како ќе д’м јас џуап, а?“ Удри, удри и се к’де удирала, само џумки се чинеле. Така г’ изопрала”.

Пануклата одела само на право и никако не се вртела на лево и на десно. Ако бегале луѓето не ги удирала. Затоа таа велела: „Бежаноа мајка бело носила, небеганоа мајка црно носила”. (Во врска со ова е и пословицата: „Беганоа мајка бело носила, Стојаноа мајка црно носила“”, што значи тој што бега ќе се спаси, тој што стои ќе настрада.)

Пануклата се преправала на мачка, кокошка, куче, се. „Еднуш Богдановци ја донесле од Влашко. Некој Елшанци ошле со леп у ними и је зеле в село. Та се престорила на кокошка, застанала на којнот и тргн’л’. Тије не знаеле оту је панукл’т’. Та тамо бидејќи немала меќи постели викала: „Врана коска да не донесит во ова село! Шо ме донесофте во ов’ чкрк’? Тије ја слушале ко вик’л’. От Богдановци им изопрала најмладите момчина – се јунаци“.

Тропар

Свети свештеномаченик Харалампиј

Господи, Твојот маченик Харалампиј во своето страдание примил негнилежен венец од Тебе, нашиот Бог; имајќи ја Твојата сила, ги победи мачителите, а ја скрши и немоќната смелост на демоните. По молитвите негови, спаси Ги нашите души.

Захариева пресреќна: За прв пат по 80 години историчарите од ,,С” Македонија признаваат дека имало Средновековна бугарска држава

За прв пат по 80 години историчарите од ,,С” Македонија признаваат дека имало Средновековна бугарска држава, рече министерката за внатрешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Таа додава дека не постои земја кои има сомневања дали треба или не треба да се ратификува протоколот за присоединување на државата во НАТО и дека би требало сите држави да го сторат тоа до крајот на годината.

Захариева додава дека изминатава недела се одржаа нови средби на комисиите од Бугарија и Македонија.

-И мислам дека имаше суштествен напредок. За прв пат по 80 години историчарите од Северна Македонија признаа дека има Средновековна бугарска држава. Но најважно е како ќе пишува во учебниците и на што ќе ги учиме нашите деца, тоа е основната цел на комисијата – рече бугарската министерка.

Тешка сообраќајна несреќа на булеварот “Александар Македонски” во Прилеп

Во 12.30 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Р.А. од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот К.Р. од село Беровци, прилепско.

Со тешки телесни пoвPeди се здобил возачот Р.А. додека К.Р. и М.Н.(66) Прилеп, сопатничка во возилото „Голф“, се здобиле со телесни повреди.

Со возила на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во болницата во Прилеп каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

“Да ја предизвикаме еднаквоста” e нова акција на драмската секција од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп: Образовен пример за секоја пофалба!

„Да ја предизвикаме еднаквоста“ е акција на драмската секција од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, со која се бориме за родова еднаквост. Драмската секција е група од ученици од основно училиште на возраст од шесто до деветто одделение кои заедно со наставничката Јулијана Талеска и сите добронамерници кои сакаат да се вклучат, подготвуваат театарски едночинки и претстави со кои се претставуваат на училишните приредби.

Драмската секција е група од ученици од основно училиште на возраст од шесто до деветто одделение кои заедно со мене и сите добронамерници кои сакаат да се вклучат, подготвуваме театарски едночинки и претстави со кои се претставуваме на училишните приредби.

Во годишната програма на секцијата, меѓу другото, се реализираат два настани кои многу ни се значајни:

Новогодишна претстава за дечињата од градинките
Акција која поттикнува и освестува

“Бидејќи сме свесни за силните остатоци на патријархалниот модел и за тоа дека образовниот систем само го поттикнува и одржува, секоја година подготвуваме активност во која се обидуваме да укажеме и освестиме.

Во таа насока оваа година дадовме име на секцијата. Се викаме „Од глата си патиме“ – во чест на Чернодрински, но и во симболичка насока – дека сЕ ни иди од нашите глави. Таму треба да настане преумувањето.

Минатата година направивме едночинка со која се претставивме во наставничката канцеларија и на приредбата посветена за 8 ми Март. Во претставата ги критикувавме погрешните разбирања на жените за празнувањето на празникот. Укажавме дека тој пред сè е празник за кој многу жени во светот дале жртви за рамноправност и дека така треба да се празнува – со борба, со акција за правата!

Оваа година идејата е да се направат фотографии во кои ќе се прикаже непотребната поделеност по бои, обврски, хоби, спортови… да се покаже дека секој може да биде што сака, да работи што сака и што треба и да се носи во онаа боја во која се чувствува пријатно. Полот не треба да биде препрека за тоа што го сакаме!”, вели наставничката Јулијана Талеска.

“Бидејќи сме сведоци уште од најмала возраст, во рамките на наставниот процес дека се прават машко-женски поделби:

Девојчињата играат одбојка, а момчињата фудбал…
Девојчињата носат црвени униформи, а момчињата темно сини…
Девојчињата чистат, а момчињата преместуваат столчиња…

Тоа, така неусетно, го поддржуваме и дечињата го усвојуваат како нешто што е природно и нормално – токму против таа стереотипизација и полова поделба се бориме со оваа акција!!!”, додава Талеска.

После Гоце Делчев, градоначалникот на Прилеп го заборави и Кире Гаврилоски – Јане

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Кире Гаврилоски-Јане на алејата на народните херои и пред спомен плочата на неговата родна куќа, вчера делегации од Општина Прилеп, претставници и ученици од основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“, одбележаа 101 година од раѓањето на народниот херој.

На настанот повторно не беше присутен градоначалникот на општината, Илија Јованоски.

Ако претходно заборави на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, сега Јованоски го заборави и Кире Гаврилоски – Јане.

ФОТО: “www.prilep.gov.mk”