дома блог страница 3142

ФОТО: Овој човек чија жена се бори со ракот им ги скрши срцата на сите на „Златна бубамара“

Извршниот директор на ОХО, Пеце Талески, со својот емотивен настап не остави никој рамнодушен за време на доделувањето на наградите „Златна бубамара“ на популарноста.

Имено, за време на примањето на наградата за хит серијата „Преспав“, Талески рече дека го сменил имиџот и ја скратил косата, затоа што неговата сопруга ја примила втората хемотерапија.

Талески едвај успеа да ги задржи солзите, а дел од женската публика стана и го поздрави со громогласен аплауз. Пеце ги замоли сите жени да прават редовни прегледи за канцер на дојка, бидејќи болеста зема голем замав.

“Во центар”: Како си помина Стојанче Ангелов кај Васко Ефтов – тврдо интервју кое мора да се погледне до самиот крај (Видео)

Во најновата емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов која се емитува на “Алфа Телевизија”, гостин беше поранешниот генерал Стојанче Ангелов и актуелен претседател на политичката партија Достоинство.

Цели 50 минути тврдо интервју кое едноставно мора да се погледне до самиот крај.

Погледнете што се случувало во Арачиново во 2001-та година, какви ставови имал Ангелов во 2013 година, а какви денеска и зошто е во Владата на Зоран Заев…

ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Со мал гест може да се покаже големината на човекот (Фото)

Кога веќе локалните власти не си ја вршат својата работа и не најдуваат соодветен начин за згрижување на кучињата скитници, направете нешто со што ќе се гордеете и вие и вашите сограѓани на вас.

Фотографиите доаѓаат од скопската населба Ново Лисиче и се класичен пример за тоа колку многу може да се направи со малку труд.

Само едно може да се каже, секоја чест!

Потсетување: “Пред 16 месеци градоначалникот на двојазичен Прилеп ви го вети ова…??” (Видео)

Ветувањата пред прилепчани на актуелниот градоначалник Илија Јованоски, во пресрет на локалните избори во 2017 година:

Најсветото христијанско место го чуваат муслимани: Веќе 1.300 години едно семејство го предава клучот од генерација на генерација, а еве и зошто… (Видео)

Базиликата на Светиот гроб во Ерусалим е најголемото светилиште за христијаните, а клучарот на оваа базилика е муслиман.

Вајих Нусеибех е денешниот клучар на базиликата и негова е грижата за одржување на црквата. Членови на ова семејство секој ден два часа пред полноќ, ги заклучуваат христијанските монаси во црквата и ги пуштаат пред утрото.

“Тоа е работа која се предава од татко на син, уште од доба кога муслиматите прв пат го освоиле Ерусалим во седмиот век. Моето семејство тоа го прави веќе 1300 години, но постои дупка, во период од 88 години кога Крстоносците владееле со Ерусалим во 12. век”, вели тој.

Главата на семејството ја чува црквата, а најстариот син мора да чека додека не му припадне таа чест. Додека не ја преземе должноста Вајих продавал електрични апарати, а неговиот син и следен клучар, работи како фризер.

Кога ќе дојде неговиот ред да ја преземе одговорноста, од него се очекува совесност. Мора да станува многу рано за навреме да ја отклучи црквата.

“Понекогаш станувам и пред честири часот наутро. Гледаме дека луѓето се среќни, па така и ние сме задоволни. И секако, Исус не живеел само за христијаните, туку за сите луѓе. И муслиманите веруваат дека тој бил еден најсветите пророци”, вели клучарот.

Фактот дека муслиман ги чува клучевите од најголемото христијанско светилиште го објаснува отец Дергус Кларк, кој живее во црквата.

“Во време кога ги презеле клучевите, муслиманите сакале да покажат надмоќ на исламот над христијанството. Затоа го дале клучот на муслиманско семејство и ги затвориле сите врати – освен главната која тие ја надгледуваат”, вели тој.

Сепак, освен овој историски, постои и уште една, типично човечка причина. Базиликата на светиот гроб е единствената црква во која живеат претставници од шест христијански цркви – Католичката, грчката православна, патријаршијата од Ерусалим, Ерменската источна православна црква, како и Коптите, Ериопјаните и Сиријците.

Меѓу нив често доаѓа до недоразбирања, а светот пред неколку години го обиколи и видео од судирот на грчки православни со ерменски монаси.

Поради тоа, доколку клучот го има некој од претставниците на црквите кои живеат под еден кров, би можело да направи дополнителни проблеми.

“Секоја група верува дека е сопственик на црквата, па ако сте сопственик, тогаш можете да правите и што сакате, да пуштате едни луѓе внатре, а други не”, вели клучарот Вајих Нусеибех.

Црквата ја посети и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчулоски кој објави и видео од отклучувањето на вратата:

Шекеринска: Сакаме да бидеме посиромашна Влада на побогати граѓани

“Ние сакаме да бидеме посиромашна Влада на побогати граѓани, и затоа политиката на пораст на платите, на создавање на подобро платени места ќе ни бидат главна политика”, посочи меѓу другото министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната трибина во Битола.

–НАТО не е само стратешки успех на Република Северна Македонија, туку претставува и брза патека за економски раст на земјата, а тоа ќе донесе бенефит, пред сé, за младите. Членството во НАТО, гледано од искуството на другите земји, трикратно ги зголемува странските инвестиции, обезбедува услови за зголемување на работните места, како и раст на платите, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

На трибината во Битола министерката Шекеринска потсети дека во изминатиот период власта посебно се посветила во нормализирање на состојбите во државата, и како што рече, се што било урнато се исправи на нозе.

-Нашата цел беше тоа да го направиме брзо и притоа плаќаме голема цена, но политичката цена треба ја плаќаат политичарите и партиите, а не државата. Напротив, државата треба да профитира. Да се знае дека неможе да дојде власта и да очекува аплаузи, туку да очекува и тешки прашања, да не бега од медиумите, да не ги плаши медиумите. Главните политики за кои кажавме дека ќе има промена, едно по едно ги реализиравме. Ние сакаме да бидеме посиромашна Влада на побогати граѓани, и затоа политиката на пораст на платите, на создавање на подобро платени места ќе ни бидат главна политика, и кога ќе работиме за членството во НАТО, и кога лобираме кај земјите членки, нашиот фокус е подобар живот во нашата држава и верувајте, сега кога ја исправивме државата на нозе, ќе бидеме многу поефикасни во испорачувањето на услуги од кои зависи животот на секој граѓанин, рече Шекеринска на интерактивната средба со битолчани што се одржа денеска во градот под Пелистер.

Места на планетата Земја за кои е тешко да се поверува дека навистина постојат (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Нашата платена е преполна со преубави и скриени места што секој ден се открива нешто ново. Различноста на географските локации, климатските промени, па дури и годишните времиња ни нудат разноразни природни чуда како што се: розевото езеро, преубавите полиња со лаванда, единствените кањони и планини и уште многу неверојатни глетки за кои е тешко да се поверува дека навистина постојат. Сепак, сите овие места се навистина реалност.

Некои од фотографиите во оваа галерија се производ на самата природа, додека за некои е заслужен самиот човек.

Уживајте во глетката:

Полиња со лалиња во Холандија

Salar de Uyuni – најголемото “огледало” во светот

Хитачи Сисајд парк во Јапонија

Ледена пештера во Алјаска

Црвена плажа во Кина

Бамбусова шума во Јапонија

Улица во Бон – Германија

Наика рудникот во Мексико

Тунел од глицинија во Јапонија

Црна шума – Германија

Полиња со зелен чај во Кина

Тианзи планината во Кина

Хан Сон Донг – Виетнам

Такиноуе цветниот парк во Јапонија

Антелопе кањонот во САД

Езерото Хилиер во Австралија

Езерото Ретба во Сенегал

Полиња со лаванда во Англија и Франција

Канола цветните полиња во Кина

Планината Рораима во Венецуела/Бразил/Гвајана

Силјановска: “Ќе победам и ќе му ставам крај на владеењето на СДСМ”

Ќе ги користам сите демократски средства на водење на изборна кампања, порача кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, која имаше свое обраќање на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката Силјаноска Давкова имаше можност да ги презентира своите идеи и гледишта во пресрет на претстојните претседателски избори.

Во своето обраќање посочи дека на државата веднаш и се потребни промени, како и владеење на правото и демократијата, кои во моментов се нарушени од страна на власта. Силјаноска потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот, законите и враќање на правната држава.

За својата кампања истакна дека ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.

Македонците тоа го прават без пари – во САД за ова се даваат и до 1.000 долари

Дејвид Холстен (18) бил во посета на својата мајка во болница во Вашингтон, кога пријател му предложил во весник да објави оглас за давање услуги, односно за чистење снег.

Тинејџерот од американската сојузна држава Ајдахо заработил дури 35 илјади долари за четири дена чистејќи снег од приоди на куќи, но и на разни фирми, градинки и мотели.

Со оглед на тоа дека во Вашингтон во февруари падна најмногу снег во последните 70 години, момчето сфатило дека не е едноставно тој да се чисти со обични лопати. Кога увидел дека одредени лица се подготвени да платат и 1.000 долари за таа услуга, тој се вратил во Ајдахо го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон. Еден час чистење снег наплатувал меѓу 500 и 750 долари.

СРАМОТА! Победа закована на дното од табелата!

После 20-тото коло во Првата фудбалска лига, прилепска Победа е закована на самото дно од табелата.

Шкупи со 3:0 попладнево им пресуди на прилепчани да се најдат на последното десетто место и го вклучи алармот дека клубот се наоѓа во очајна состојба.

Љубителите на фудбалот во Прилеп не можеа да очекуваат ништо подобро, откако во зимскиот преоден рок клубот го напуштија неколкумина клучни играчи, а засилувања речиси и да немаше.

На Победа и претстои тежок период и уште потешка борба за опстанок. Разликата од последното десетто до седмото кое гарантира сигурен опстанок е само 4 бода, но имајќи во предвид дека во минатото коло, Победа одигра 1:1 и со Беласица, речиси е невозможно да се бара нешто повеќе.

Во наредното 21-во коло Победа како домаќин го пречекува Работнички, во меѓувреме на 27.02 црвено-белите ќе го одиграат и полуфиналниот натпревар од фудбалскиот Куп со силната екипа на Академија Пандев.

За потсетување, што им ветуваше актуелниот градоначалник Илија Јованоски на фудбалерите пред почетокот на сезоната: