
Ветеранот во ултимејт фајт и мисионер на организацијата “Кингдом билдинг министерс”, Џастин “Вајкинг” Врен, отпатува во Конго како би снимил сторија за децата од пигмејското племе Мбути.
Погледнете како реагираа тие:

Ветеранот во ултимејт фајт и мисионер на организацијата “Кингдом билдинг министерс”, Џастин “Вајкинг” Врен, отпатува во Конго како би снимил сторија за децата од пигмејското племе Мбути.
Погледнете како реагираа тие:

На стариот пат Василево- Пиперево, вечерва се превртел автобус, кој пренесува ученици, но избегната е поголема несреќа, бидејќи автобусот бил празен и во него бил само возачот кој нема посериозни повреди, објави „Струмица Денес“.
Повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека граѓаните треба да излезат на гласање на претседателските избори.
-Да го бојкотирав референдумот затоа што не можев да легитимитирам нешто што беше донесено во процедура надвор од Уставот и од меѓународното право, истакна Силјановска Давкова.
Таа посочи дека на овие претседателски избори треба граѓаните да излезат да гласаат бидејќи победата на овие избори ќе значи делигитимитирање на сегашната власта и тоа нужно ќе води кон предвремени парламентарни извори.

Гламур, авангардни и луксузни модни креации, екстравагантни фризури.
Како и секогаш, на свеченоста за доделување на „Оскарите“ не беше единствено важно кој ќе ги добие златнте статуетки, туку и кој највеќе ќе „блесне“ на црвениот тепих.
Погледнето го стајлингот на дел од најголемите ѕвезди што присуствуваа на доделувањето на „Оскарите“.
Шарлиз Терон

Бредли Купер и Ирина Шајк


Алисон Џејни и Ема Стоун

Амандла Штенберг

Девон Френклин и Меган Гуд

Џенифер Лопез

Ејми Адамс

Емилиа Кларк

Глен Клоуз

Кристијан Бејл и Сиби Бејл

Лејди Гага

Реџина Кинг

Труди Стајлер и Џејми Реј Њуман

Виго Мортенсен

Вилем Дефо


Заев корегираше новинар затоа што го употреби името Република Македонија. Додека новинарот го поставуваше прашањето го употреби името Република Македонија, на што Заев веднаш реагираше.

На ден 24.02.2019 во Скопје се одржаа Државните првенства за пионери-ки и сениори-ки во Џудо. На натпреварите Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 22 натпреварувачи, во двете возрасни категории, при што освоени се вкупно 18 медали (4 златни, 7 сребрени и 7 бронзени).








“Џудо клубот Сеишин-Прилеп е задоволен со остварените резултати и во понатамошниот период продолжува со припреми за претстојните Државни Првенства за другите возрасни категории и Меѓународните Турнири кои не очекуваат”, велат од ЏК “Сеишин”.
Во прилог и поединечните резултати:



За тој што не знае Драгор е река која настанува од повеќе помали реки кои извираат од Пелистер и која тече низ Битола.
Кој би во Битола знае дека коритото на реката не секогаш изгледа убаво. Често има расфрлан најразличен отпад, а тоа особено е видливо кога има големи врнежи, а Драгор носи во Битола големо количество на пластика, различен отпад, но и остатоци од електрични апарати и мебел.

„Битола на Драгор“ претставува формирање на нова урбана поента во центарот на Битола, во продолжетокот на оската на Широк Сокак, преку редефинирање на односот на градот кон реката Драгор, односно нејзиното вклучување во градскиот живот како елемент од генеричко значење за формирањето на самото јадро и на амбиентот на Битола.

Видеото кое е објавено на “Jутјуб” e oд 2015 година, но одново станува актуелно помеѓу битолчани кои го споделуваат на социјалните мрежи.
Проектот подразбира воведување на сообраќаен режим и дислокација на дел од булеварот „1 мaj”, што овозможува формирање на платформа на поврзување на содржините од двете страни на реката Драгор, а преку постепено спуштање на теренот од паркот кон реката се креира квалитетен простор за релаксација на Битолчани.

Формирањето на крајречен пејсаж подразбира физичко приближување на реката кон граѓаните преку интервенција врз нејзиното корито. Станува збор за воведување на каскадно спуштање кон коритото по принципот на креирање топографија која од различни правци го спушта посетителот до реката.

Преку интерполација на павилјони во теренот, крајречниот простор поприма додатни содржини кои ја акцентираат урбаноста на просторот.
Идејата строгиот градски центар да се претвори во исклучиво пешачка зона – ориентирана и отворена кон реката, го нагласува јавниот карактер на интервенцијата.
Автори на проектот се Дејан Томски и Мила Рориќ.
Погледнете за што се работи:

Гордана Шаулиќ, сопругата на покојниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, е неутешна по големата семејна загуба.
Како што пренесуваат српските медиуми, Гордана ја наследи и српската и австриската пензија на Шабан, кои вкупно изнесуваат 3.000 евра.

Гордана ќе добива и пари кои пејачот ги добивал од неговите песни, што годишно изнесува околу 80.000 евра, односно 6.000 евра месечно, пренесува Информер.
Имено, Шабан на својата сопруга ги препишал авторските и изведувачките права на неговите песни.


Поранешниот генерал Стојанче Ангелов и актуелен претседател на политичката партија “Достоинство”, синоќа гостуваше во најновата емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов.
На Твитер се појави видео од 90 секунди од емисијата кое за кратко време стана вирално на целата социјална мрежа.
Погледнете:
90 секунди со Генерал Стојанче Ангелов. pic.twitter.com/dnsfUlzfBR
— Мартиан (@MartianFromMKD) February 25, 2019

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес-конференција за медиумите, раскажувајќи за економскиот развој го употреби името Република Македонија.
На ова реагираше премиерот Зоран Заев кој го корегираше, а потоа се вцрвени од смеа.