дома блог страница 3139

ДУИ до СДСМ: Вие одите со црни возила и им се заkанувате на судиите, овие ли се реформите во судството кои им ги ветивте на граѓаните?

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, синоќа во емисијата “Click Plus” на ТВ 21 ги обвини СДСМ дека со цел да го покријат нивниот неуспех за функционирање на правниот систем, што впрочем СДСМ ветуваше во предизборната кампања, измислуваат различни сценарија.

-Господине Зеќири ве гледа цела јавност, со ова сценарио не можете да го покриете бегството на Груевски. Не можете да го покриете неуспехот за функционирање на правниот систем. Граѓаните прашуваат кај се парите, вие ветивте во кампањата дека сите финансиски средства ќе ги вратите во буџетот, ви се молам немојте, со вакви сценарија не можете да ги покриете неуспесите, кажа Алими.

Зеќири на ова одговори дека Ејуп нема право да зборува за правниот систем бидејќи тој самиот треба да се појавува на суд секоја недела, на што Ејуп Алими му одговори дека тој се појавува и ќе се појавува и ќе продолжи да се појавува редовно се додека не се расчисти случајот и го обвини Зеќири дека од нивната партија им се закануваат на судиите.

-Да, јас се појавувам на суд и ќе се појавувам редовно се дури не се расчити овој случај, но вие одите со црни возила и им се заканувате на судиите за жал, му порача Алими на Зеќири.

Меѓу другото Ејуп Алими го запраша потпретседателот на СДСМ какви се тие реформи во судството кои ги ветиле, а ги гледаме истите судии од претходната власт.

-Кои се тие реформи во судството кога ги гледаме истите судии за кои вие обвинувавте дека ги назначуваа Груевски и Мијалков, или пак да не случајно групи на интереси и различни лобија од казината ве финансираат па затоа и го попречувате законот за казината, го запраша Алими потпретседалот на СДСМ.

Стотина Срби играа оро во салата на Чикаго Булс пред НБА натпревар: Видео кое за кратко време стана атракција

Чикаго освен што е познат по НБА лигата на „Булс“ познат е и како град каде има мног балкански иселеници.

Синоќа пред дуелот на Чикаго Булс и Милвоки Бакс, едно српско уметничко друштво покажало дека знае од каде се нивните „корени“.

Видето брзо се споделува на социјалните мрежи, а еве како сето тоа изгледало.

Софија Куновска со порака до “Мира Дизел” и останатите “непотисти” од СДСМ: “Збор-два за функционерите и роднините”

(Фејсбук статус на поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска)

“Збор-два за функционерите и роднините,

(посветено на сите Мири, Тањи, Кираци, Милевки и слични)

Неколку важни заклучоци произлегуваат од поведението на актуелните функционери, кога станува збор за вработувањата на своите блиски роднини:

1. Вие никогаш не сте биле социјалдемократи. Вие секогаш сте биле и сте останале клиентелисти. Неуки и неспособни, со ништо не сте заслужиле да сте таму каде што сте. Затоа ова е вашата единствена шанса.

2. Вие никогаш не сте верувале во социјалдемократските вредности кои треба да донесат добро за сите граѓани. Вашата мисија е да земете а не да дадете нешто на својата земја. Никогаш не ја разбравте честа да и служиш на својата држава.

3. Вие секогаш ќе ги ставите своите роднини пред способните партиски другари или умни млади луѓе кои вистински чесно и пожртвувано се борат за поинакво општество

4. Вие покажувате дека се пакувате и дека имате уште многу, многу малку време за да ги спастрите своите блиски

5.Пораката од вашето поведение е дека ни самите не верувате во капацитетот на сопствената гарнитура дека е способна да продуцира работни места надвор од владината администрација, што е оценка НЕДОВОЛЕН (1) од вас за вашата влада. Затоа шансата за своите ја гледате исклучиво во редовите на администрацијата.

6.Вие сте помирени со тоа дека еднократно ќе се занимавате со политика, зграбувајќи што можете за себе и затоа не се ни браните за своите постапки во јавноста. Си молчите и си терате.

7.СДСМ е многу повеќе од вашите мали, ефтини, животчиња и интереси.

8.Злоупотребувајќи го СДСМ, вие ги излажавте и ги разочаравте реката студенти и граѓани кои со години чекореа протестирајќи против ваквите како вас, пред вас, ротирајќи ги нивните со вашите. Но, има и тоа многу, и умни и чесни социјалдемократи кои ќе го вратат и угледот и смисолот а и местото кое навистина СДСМ го заслужувa”.

Милошоски: “Селотејп коалиција и нови сценарија”

“Селотејп коалиција!
Актуелната СЕЛОТЕЈП КОАЛИЦИЈА е составена од актери кои имаат големи програмски разлики, но ги држеше заедно проектот за редефинирање на Уставот како обврска која заеднички ја превзеле за да дојдат до власта.

Актуелната власт е фрагментирана коалиција, каде и во една иста партија различни поединци и групи се раскарани заради тоа што си бркаат свои лични бизнис приоритети и кариери, а власта не ја гледаат како можност за реализација на еден заеднички економски, образовен, социјален и реформски проект, бидејќи го немаат, туку власта ја гледаат како натпревар под мотото “сега му е мајката” во кој секој гледа да добие што повеќе позиции, повеќе тендери во пократко време, повеќе повластици од државата, повеќе влијание во обвинителството, повеќе “свои” судии, повеќе вработени роднини, и повеќе ресурси за газдите на медиумите кои им пишуваат “пофалби”.

Без овие СЕЛОТЕЈП ПРИВИЛЕГИИ, пари и интереси тешко би можеле да ги замислите во еден посериозен реформски концепт заедно еден до друг Данска Тевдовски и Кочо Анѓушев, Мира Дизел и Никола Димитров, Самка Ибраимовски и Радмила Шеќеринска, Павле Богоевски и Милкие Халими, Хазби Лика и Мухамед Зеќири, Амди Бајрам и Мила Царовска!
И сега откако го завршија проектот редефинирање на Уставот, а не постои заеднички концепт за реформи и напредок на државата, борбата за превласт во власта почна да го кине селотејпот на владината коалицијата.

Затоа сме сведоци на сегашниот коалициски курцшлус во владата, кој воопшто не е заради принципите за “селективна правда, мир и законитост” против политичарите од опозицијата, туку е резултат на борбата внатре во власта кој подолго ќе опстане на власт, и кој поитро ќе го исфрли “ближниот” свој надвор од привилегиите на власта.

Затоа воопшто не зачудуваат изјавите на претставниците на СДСМ дека размислуваат и за коалициона влада без ДУИ, веројатно според следнава математика:

СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди + 1 Јусуф Турска + 8 Независни = 64 (со можност да се разговара и со Мендух Тачи за 2 пратеници на ДПА).

Ова е можно бидејќи целта е нова распределба на привилегиите од власта, а не нов заеднички концепт за реформи во државата на овие 64 пратеници.

Можеби за почеток ќе побараат и смена на Талат Џафери од првото столче во Собранието? Опозицијата истата со задоволство ќе ја поддржи.

Но, можеби Зоран Заев, Мухамед Зеќири, Павле Богоевски и Артан Груби само прават театар за народот за да си ја покријат неспособноста на владеењето?!”, напиша на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.

Би-Би-Си ја отфрли грчката протестна нота за македонското малцинство: Наводите на Грција ги оцени како неприфатливи и разочарувачки!

Протестното писмо на Би-Би-Си за неодамнешниот извештај за „Македонското малцинство“ што беше испратено од грчката амбасада во Лондон со кое наводите на сервисот се отфрлаат како неприфатливи е отфрлено од информативната мрежа како „разочарувачко“.

Во својот одговор до грчкиот амбасадор Димитрис Карамицос-Цирас британската информативна мрежа изрази изненадување и разочарување од грчката влада во врска со објавениот прилог дека истиот содржи историските неточности и дека во Грција нема „македонско малцинство“.

Преспанскиот договор, според грчкиот дипломат, не претставува премолчено признавање на „македонско малцинство“, ниту пак доведува до признавање на такво малцинство. Амбасадорот Карамицос – Цирас бара од Би-Би-Си да го објави писмото целосно со позициите на Атина.

Грчките дипломатски извори подвлекуваат дека Преспанскиот договор ја елиминира секоја можност за подигнување на малцинското прашање

Во продолжение е барањето до грчкиот амбасадор до новинарот-репортер на сервисот.

Нк “Мајмуни” ја преземаат ФК Победа ?

“Нк “Мајмуни” на состанок одржан на 13.02.2019 год. донесе одлука за започнување на активности за превземање на ФК ПОБЕДА од страна на навивачите се со цел изнаоѓање на сериозен спонзор кој би го вратил клубот онаму кај што му е местото, т.е. стабилен респектабилен клуб со амбиции за поголеми успеси во натпреваруваат во евро куповите. За таа цел предвидено е да се разговара со сопствениците на акциите на АД ПОБЕДА и одстапување на истите на нк “Мајмуни” како би можеле да ги понудат во управувачки пакет од 100% сопственост на домашни или странски (постојат начелни интересенти) инвеститори кои ќе обезбедат најдобри услови соодветни за брендот ФК ПОБЕДА.
Поради ненарушување, односно дополнително оптеретување и тензирање на и така лошата атмосфера во исчекување на ветените плати (кои сеуште не се исплатени) за играчите, во пресрет на двата натпревари со директните конкуренти во борбата за опстанок, го одложивме афирмирањето на одлуката и вклучување на јавноста.

УПАТУВАМЕ ПОВИК до сите наши сегашни и поранешни членови, да дадат свој придонес во борбата за спас на ФК ПОБЕДА, како и активно приклучување на целата фудбалска јавност во истата и помогне кој сака и може”, пишува на Фејсбук страната на навивачката група.

Спремајте по 60 евра секој, за да станете Северномакедонци?

Издавањето на нови лични документи со новото име се очекува да почне до крајот на годинава, а замената граѓаните ќе ја плаќаат сами. Замените ќе одат постепено.

-Основните документи: лична карта, пасош и возачка дозвола, ако останат истите цени, секој граѓанин ќе го чинат околу 2.400 денари. Ако на ова се додадат и промените на регистарските таблици, тогаш трошоците ќе се зголемат за околу 1.200 денари. Вкупно трошоците ќе изнесуваат околу 3.600 денари или околу 60 евра, пишува Плусинфо.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Најмоќната изведба досега! Влатко Стефановски и неговиот син ја изведoја “Учи ме мајко карај ме” на “Златна Буба Мара” (Видео)

За сите кои ја пропуштија овогодишната највозбудлива “Златна Буба Мара”, излезе видео од изведбата на песната “Учи ме мајко карај ме”, од македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и неговиот син Јан.

Влатко ја доби “Златната Буба Мара” за албумот на годината насловен како “Мајчин јазик”.

Вистинско уживање!

(ВИДЕО) Светот ја доби првата жена-робот водителка на вести: Еве како изгледа кога робот води вести

Кинеската новинска агенција Синхуа ја ангажираше првата во светот жена-робот водителка на вести. Агенцијата соопшти дека нејзиното име е Син Сјаомен, која е развиена во соработка со компанијата Sogou, што се занимава со пребарување и индексирање на информациите во глобална мрежа.

Всушност, токму Sogou е креаторот на овој модел на вештачката интелигенција.

Водителката ќе известува за седниците на кинеското собрание на народните претставници и кинескиот консултативен комитет. Ова всушност се главните политички настани во државата.

Да потсетиме, минатата година во Синхуа се појави првиот маж-робот водител на вести, Џан Чао. До денес, тој има презентирано 3.400 телевизиски вести, со вкупно времетраење од повеќе од 10.000 минути.

Но, сега е веќе познато дека тој ќе биде отпуштен, а на негово место ќе биде назначена Сјаомен, која за разлика од него не е статична, туку може да се движи и да гестикулира.

Во последниве години, Синхуа активно експериментира со новинарството, базирано на алгоритми со елементи на вештачка интелигенција.

Во 2017 година, агенцијата ја вработи Цја Цја, која иако робот, уверливо изгледаше како млада жена облечена во традиционална кинеска облека.

Таа водеше интервју со информатичкиот експерт Кевин Кели, но не се справи со задачата, бидејќи од прашањето до одговорот правеше паузи подолги од 10 секунди. Оттогаш, роботите-водители на Синхуа се значително подобрени.

Три хороскопски знаци кои ги очекува љубов во март- погледнете дали сте вие меѓу нив

Месечниот хороскоп предвидува убави промени на полето на љубовта за три хороскопски знаци.

Овен

Кога станува збор за промените на полето на љубовта, втората половина од месецот ќе ви донесе убава промена. Излеговте од врска и во потрага сте по вистинската личност, но секоја нова љубовна авантура досега ве разочаруваше. Овој месец ќе запознаете личност која ќе ве освои со својата убавина и карактер. На почетокот ќе се однесувате како вашите емоции да не се силни, но како што ќе минува времето, така ќе чувствувате налет на емоции.

Стрелец

Ако сте во врска, ова е одличен период за вас. Ќе уживате во љубовта како на почетокот на врската. Емоциите се и натаму силни, а привлечноста на високо ниво. Со партнерот се сложувате одлично и време е да организирате романтично патување. Уживајте во љубовниот март.

Риби

Ако сте подготвени за љубовна авантура, тогаш и ќе ја добиете. Без оглед на тоа дали тоа ќе биде авантура, или нешто посериозно, втората половина од месецот е совршена за љубов. Опуштете се и воопшто не размислувајте за иднината.