дома блог страница 3138

Вакво нешто се гледа ретко на ракометните терени: Голманка направи чудо во последните 30 секунди од натпреварот (Видео)

Необична ситуација се случила во финишот на мечот од 16-то коло во унгарското ракоментно првенство за жени, каде домашниот клуб Вац, со двата гола на голманката Аренхарт, стигна до победа над Шиофок.

Екипата на Шиофок, во последните 30 секунди на натпреварот водела со еден разлика (23-24), но ризичната игра без голман и двете грешки во нападот, на фантастичен начин ги казнила голманката на Вац, Барбара Аренхарт.

Вакво нешто не се случува често на терените. Погледнете го ова чудо во режија на бразилската голманка:

Костадинов: “Кога немаш пари, чуму ти е идентитетот?” (Видео)

Легендарната изјава на портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Костадин Костадинов….

Маријана и Владимир од Прилеп го развиорија македонското знаме на Аконкагва – џиновскиот планински врв во Аргентина (Фото галерија)

Прилепчаните Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски од планинарскиот клуб “Мамути” направија уште еден подвиг за паметење. После искачувањето на Елбрус – највисокиот врв во Европа, како и на Монблан и редица други височини, тие го освоија и врвот Аконкагва – највисокиот врв во Аргентина и највисок врв надвор од Азија со висина од 6.962 метри надморска височина.

За Маркукуле.мк, Маријана раскажува за искуството и целата експедиција за искачување на џиновскиот врв во Јужна Америка.

“Идејата дојде кога се пријавивме за искачување на врвот Елбрус, кој е највисокиот во Европа. Тогаш се разговараше и за Аконкагва, а веднаш потоа желбата растеше и започнав да размислувам како да ја реализирам. Експедицијата за Аконкагва бара повеќе финансиски средства и секако поспецифична опрема. Сепак, по враќањето од Русија се решивме да побараме спонзори и да ја оствариме нашата идеја и замисла. Многу малку недостасуваше да се откажеме, но за наша среќа, буквално преку ноќ се појавија неколку спонзори на кои сме бескрајно благодарни. Ќе ја искористам приликата да им се заблагодарам на прехрамбената индустрија “Витаминка”, на “Мермерен Комбинат АД Прилеп”, локалната самоуправа Прилеп, конфекција “Жалфија”, ресторанот “Кермес”, млекара “Мики”, текстилната индустрија “Тритекс”, парфемите “Еxtreme”, пекара “Алекс”, “Inacco”, “Комфи Ангел” и секако сите мои пријатели и блиски кои стојат зад мене и секогаш бескрајно ме поддржуваат”, вели Маријана Ѓорѓиевска за нашиот портал.

“Искачувањето на Аконкагва се одвиваше во неколку фази, што ја опфаќа аклиматизацијата и секако завршното искачување. Експедицијата ја започнавме во 2 часот по полноќ, а на самиот врв се најдовме после 9 часа и 20 минути. За наша среќа имавме мирно и сончево време кое не следеше во текот на денот. На самиот врв се задржавме околу еден час и десет минути”, додава Ѓорѓиевска.

“Чувството на врвот беше прекрасно, тоа е нешто што не може да се долови со зборови, потребно е да се доживее и да се види. Oва е незаборавно искуство кое верувам дека позитивно ќе се рефлектира врз целиот мој живот”, вели Маријана.

Прилепчанец од Сиднеј треба да ја учи цела естрада како се прави хит: Марио ја издаде својата нова песна “New Face” (Видео)

Прилепчанецот Марио Ангелески (Маrio Cartie) кој од пред некое време живее во Сиднеј, Австралија, ја издаде својата нова песна насловена како “Ново лице” (New Face).

Песната е снимена во соработка со Бошески Дино (Yung Dino) и Давид Јакимов (Jack David), a видео спотот и обработката се дело на Христијан Конески, добро познатиот прилепчанец кој исто така живее во Австралија.

Слушнете и уживајте:

“Инфомакс”: Костадин Костадинов повторно излажа – Мајката на портпаролот се уште вработена во „Централен Регистар“ – имала и две фирми регистрирани на нејзино име!?

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов уште еднаш ја излaжa македонската јавност наведувајќи дека неговата мајка поднела отказ од позицијата на која беше вработена од работното место во Централниот регистер во Струмица каде што беше вработена по доаѓањето на СДСМ на власт. Костадинов истакна во повеќе наврати дека таа нема да работи таму иако, како што вели Костадинов била вработена на транспарентен начин, пишува порталот Инфомакс.

Сепак информациите до кои стигна “Инфомакс” велат дека Фанија Костадинова, мајка на Костадин Костадинов и натаму работи во Централниот регистар од каде зема државна плата.

Очигледно е дека eпидeмиjaтa на нeпoтизaм не се лeкувa, односно лeкoт не функционира кај зaбoлeнитe па така власта оди до таму да ја лaжe и мaнипулиpa јавноста со лaжни оставки и откази. Во нормална држава за вакви скандали оставки поднесуваат функционерите кои се вмешани во нeпoтизмoт, а не нивните блиски кои ги имаат бенефициите, но СДСМ не го спроведува ниту тоа што вети.

Дополнително покрај тоа што таа зема државна плата таа е и сопственик на две фирми кои се регистрирани на нејзино име.

Извор: infomax.mk

(Видео) Ќе ве насмее до солзи: Додека таа му објаснува дека тоа е нејзината камера, тој продолжува да ја удира и да повторува еден збор

Девојката се обидуваше да му објасни дека тоа е нејзината камера, но тој не сакаше ни да слушне, па продолжи да удира по неа и да повторува еден збор : “Really?!” (Вистина?!)

Видео кое дефинитивно ќе ви го разубави денот:

Извонреден видео спот! Како изгледа монашкото секојдневие во преубавиот Бигорски манастир

Видео запис за монашката песна „Среде пустинската убост“, изработен од стручни тимови составени од директори на фотографија, продуцент, монтажер и режисер, веќе извесен период наназад присуствуваа во Бигорското светилиште, трудејќи се да го стават на камера секојдневниот монашки живот во Обителта.

Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство ја преведе и препеа, создавајќи композиција која плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, а архаичната мелодија, пак, успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот.

Снимено во Студио „Алшар“
Аранжман на песна: Владимир Димовски

Виолина I – Владимир Цветковски, виолина II – Петар Тасески, виола – Владимир Димовски, виолончело – Кирил Јосифов, контрабас – Митко Иванов, лира, кларинет – Петар Христо, канон – Тимко Чичаковски, харфа – Весна Микиќ.

Стручен тим:
Режија и монтажа: Горан Костадинов
Камера: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски
Дрон: Дарко Данилов
Постпродукција: Огнен Шапковски

Ќе останете без здив: Овој човек и помогна на анаконда да се ослободи од кожата (Видео)

Општо е познато дека змиите неколку пати годишно ја менуваат кожата, а причината за тоа може да биде дека кожата и е претесна или пак едноставно од ползење се истрошила и ја изгубила еластичноста.

Ако некогаш сте се прашувале како тоа изгледа, ова видео ќе ви даде одговор.

Овој човек и помогнал на анаконда да се ослободи од нејзината кожа.

Еве како тоа изгледа:

Најчевска кaзнeтa со 200 евра за фрлање боја за време на шарената револуција!?

Универзитетската професорка и активист за човекови права Мирјана Најчевска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека ќе треба да плати 200 евра за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на шарената револуција. Најчевска добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја.

„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра. Тоа е онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на шарената револуција, чиј дел бев и јас, а којашто се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување на кој било облик на насилство. Имам намера да го оспорам решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозорец. И ги повикувам моите другарчиња од шарената револуција кои во моментов топлат фотелјчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотелјите во власта“, вели Најчевска во статусот на „Фејсбук“.

Возрасен маж и малолетник ограбиле старица во Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Ф.(38) и 14-годишник, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво”.

Имено, на 9 февруари 2019 година околу 19.30 часот во Прилеп, на улица „Сремски Фронт“, пријавените одзеле пари и лични документи од А.А.(85) од Прилеп.