дома блог страница 3137

Останува во Италија! Сопругата на Икарди му пронајде нов клуб, според новинарите работата е веќе готова

Интер го продаде доскорешниот капитен Мауро Икарди на торински Јувентус, тврди италијанскиот новинар Танчереди Палмери.

Иако сеуште нема официјална потврда, што е и логично ако се има во предвид дека трансфер периодот започнува за неколку месеци, Интер веќе ја договорил продажбата на Икарди во Јувентус.

Со оглед на проблемите околу продолжувањето на договорот и барањата на кои инсистира сопругата на Икарди и негов агент, Ванда Нара, но и прозивките на соиграчите, јасно е дека сите можат да воздивнат.

Според тврдењето на италијанскиот новинар Палмери, чие тврдење го пренесува и познатиот “Tutto Mercato”, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, се договорил со првите луѓе на Интер, а Икарди исто така ги прифатил условите.

Ова ќе биде навистина голем трансфер, веројатно и најголем во историјата на Сериа А. Не е познато колкава сум ќе плати италијанскиот шампион, но Икарди има откупна клаузула поставена на 110 милиони евра и сосема е сигурно дека оштетата ќе биде околу тој износ.

Дека ова не се само медиумски шпекулации, потврдуваат и навивачите на Интер, кои преку социјалните мрежи испраќаат навредливи пораки до 26-годишниот Аргентинец, кој шест сезони го носи дресот на Интер.

“Го имаме првиот дел за непотизмот во Прилеп, објавен од шарен револиционер!?”

Ивана Божиновска, девојката која на македонската јавност и’ стана позната во 2016 година, кога на тогашните протести на т.н. „Шарена Револуција“ јавно им порача на македонските полицајци „Да даде Господ Куманово пак да ви се деси“, на својот Фејсбук профил упати низа обвинувања кон владејачката СДСМ околу последните скандали со вработувања на роднини на функционери од власта, а еден од нив се однесува на Прилеп.

“Непотизам и уништување на партијата (не знам кој по ред. затоа не пишувам реден број). Имено Ирена Станковска од Прилеп само што е поставена за директор на ЈП во Прилеп, експресно брзо го поставува својот сопруг за ШЕФ во истата институција. Шефот е без никакво образование но и не е потребно затоа што не се бараат никакви критериуми а од каде да знаеме МОЖЕБИ е ЕДИНСТВЕН кандидат. Но Ирена не чекала и била експресно брза за да го “снабди” целото семејство. Одиме понатаму. Нејзиниот син добил “проектче” и без паника не е од оние скапичките, туку доболен за да си купи еден убав, солиден скап автомобил, затоа што и синот МОЖЕБИ бил ЕДИНСТВЕН СПОСОБЕН за да го изработи проектчето… Останува само ќерката во семејството. И не може пак таа без ништо. Затоа на ќерката и се доделува стипендија за школување, затоа што и таа била ЕДИНСТВЕНА која многу учи… Не знам дали во семејството имаат домашен миленик за да го вработиме! И што би рекол Ацо Лукароски јас и нанесувам штета на партијата. Аман нека му каже некој на Ацо дека ако нема вакво искористување, клиентелизам, непотизам, едноставно ќе нема што да се пишува. Метлата??? После избори???Заев ако не почнеш уште сега ништо не правиш пријателе  …. За кого крвареше бе пријател???”, пишува Божиновска на својот Фејсбук профил.

КОЖУВЧАНКА е нов партнер на Федерацијата на училишен спорт!

Денес, на 27.02.2019 (среда), на официјален состанок во просториите на КОЖУВЧАНКА ДОО – Кавадарци се потпиша договор за соработка помеѓу КОЖУВЧАНКА И ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ.

Во текот на целата 2019-та година постои план и програма направена од “Федерација на училишен спорт” која што секоја недела има свои активности и проекти, а сега заедно со Кожувчанка ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со кој веруваме дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.

“Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да допринесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество.”- Изјави за идната соработка Маркетинг менаџерот на Кожувчанка ДОО Кавадарци, Митко Јовановски.

“За разлика од останатите федерации, нашата е една комплексна федерација која што има една голема масовност со интеграција на сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт кои што сите здружени ја сочинуваат федерацијата. Голема благодарност до компанијата “Кожувчанка” за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка.” – Истакна Претседателот на федерацијата Александар Туфекчиевски.

Фото: “Македонското знаме во канта! Што се случува во двојазичен Прилеп?? Народот бесен и разочаран?”

Државното знаме се најде во канта во центарот на Прилеп. На оваа грда слика од изутрина сведоци се голем број минувачи по булеварот “Гоце Делчев”.

Во секоја нормална земја уништување на државното знаме би се сметало како kривично дело, само во Македонија е возможно се’.

Засега не е познато кој го фрлил македонското знаме во канта за отпад.

Француската министерка Лоазо: “Договорот од Преспа ја отвори вратата за НАТО, но тоа не е доволно за влез во ЕУ, потребни се реформи”

Преспанскиот догвоор ја отвори вратата за влез во НАТО, но тоа не е доволно за напредок во евроинтегративниот процес, порача министерката за европски прашања на Франција, Натали Лоазо.

За да ги започне прегворите со Унијата, Македонија ке мора да ги исполни критериумите, посочи Лоазо која во вторникот се сретна со македонскиот државен врв

Вицепремиерот за европските прашања Бујар Османи, пак, со оптимизам гледа на шансите Македонија да го започне преговорите, бидејки, како што рече, Владата е посветена на реформите.

Француската мнинистерка е сепак резервирана во својот оптимизам, бидејки, како што истакна, одлуките во ЕУ за проширувањето се донесуваат консензулано. Порача дека Унијата е пред голем предизвик на спроведување внатрешните реформи, кои се неопходни и за евентууалмо прифакање на новите членки.

Франција Холандија и Данска на самитот на Европската унија ланскиот јуни беа најголеми скептици за доделување на улсловен датум за преговри за Македонија и Албанија.

Народни верувања: Овие растенија нѐ штитат од мрачна енергија и лоши ситуации

Според народните верувања, постојат растенија кои со векови се сметале дека се голема заштита од негативната енергија.

Лук

Лукот се смета за природен антибиотик кој има огромна моќ, а во народната медицина се користи многу често. Се верува дека го намалува крвниот притисок, добар е за косата, против грипот и различни воспаленија. Исто така се верува и дека тој штити од лошите сили, па често се користи во исхраната како амајлија.

Босилек

Оваа билка е поврзана со многу ритуали во народните верувања. Ја нарекуваат божји цвет, бидејќи се верува дека таа е симбол на животот, од раѓањето до смртта. Порано се верувало дека доколку се стави босилек во водата од извор или реките, и се чува така 40 дена, дека тоа ќе го штити домот од лоша енергија.

Циклама

За цикламата се верува дека може да ги ублажи утринските главоболки, мигрената и симптомите од менструацијата кај жените. Оваа билка се смета и дека носи среќа во љубовта, па се препорачува да ја има во домот. Ако се додаде малку од неа во виното, се верувало дека можете да освоите секоја личност.

Врба

Таа е симбол на младенците, но и го симболизира растот и развојот кај младите луѓе. Се верува и дека кората од бела врба е лековита бидејќи помага кај настинки и висока температура. Таа е и весник на пролетта, па се верува дека носи и плодност кај жените.

Детелина

За сите нас, детелинката со 4 листа носи среќа поради нејзината реткост. Но, во народните верувања, секоја детелина има магична моќ, бидејќи е симбол на среќата, љубовта и убавите случувања.

“За ова ли Ве гласавме? Прилепските социјалдемократи бесни за непотизмот на своите функционери, советници и градоначалникот?”

По последните пресови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во кои се гледа безмилосниот јуриш на непотистите кон државните функции и работни места, во Прилеп стана главна тема, кој кого каде вработил од СДСМ последните 26 месеци?

Кој советник се вработил, кој роднина на Градоначалникот, кој претседател на месна заедница каде се стационирал?

Кој зел опремнина од “Тутунски Kомбинат”, па пак се вработил…и на тие дебати им нема крај.

Додека градот тоне, додека сметките за вода пораснаа за 60%, двојазичноста стана реалност, функционерите си ги вработуваат само најблиските, а партијците немо гледаат и чекаат шанса да го казнат овај хаос?

Членовите на СДСМ сами испраќаат пораки на ФБ со имиња на нови случаи на непотизам и тоа е добра пракса. Списокот се зголемува од ден на ден, а и оние што се охрабруваат да пратат нови случаи на “заразени” од непоризам.

За брзо почнува најавениот фељтон со објавување на сите пристигнати материјали.

Сe’ e можно кога народните избраници не крадат: Градоначалник на мала општина во Бугарија го претворил местото во рајска градина (Видео)

Koга градоначалниците не крадат, а парите ги трошат само за корисни работи на граѓаните, се добива нешто прекрасно.

Доказ за тоа е селото Чавдар во Бугарија, каде кметот или сега веќе градоначалник на ова населено место, е вистински пример за избраник од страна на народот.

Местото има околу 1.100 жители, а граѓаните живеат во вистинска оаза со паркови, детски игралишта, прекрасно уредени улици и тротоари.

Вакво нешто нема ни во многу поголеми општини или метрополи на Балканот.

Погледнете за што станува збор:

Силјановска Давкова се сретна со директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија

Гордана Силјановска Давкова, професорка по уставно право и политички систем и кандидат на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Република Македонија денеска се сретна со Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија.

Денеска имав исклучително корисна размена на мислења за владеење на правото, политичката ситуација, пријателските односи со Германија и процесот на интеграција на Македонија во европските институции со Јоханес Реј, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, соопшти Силјановска Давкова.

Одбиј го пушењето и добиј пари: За 30 дена без цигара награда од 400 евра

Една хрватска општина, со цел да промовира здрав начин на живеење и поддршка за престанок на пушењето цигари, јавно објави наградна игра под мотото „Одбиј го пушењето и добиј пари“.

Како што пренесуваат медиумите во таа земја, конкурсот е наменет за сите возрасни пушачи кои живеат на територијата на Пожешко-славонската област кои се подготвени да се обидат да ги откажат цигарите и апстинираат од никотин, за период од триесет дена, почнувајќи со 6 март, а завршувајќи на 4 април.

Конкурсот е отворен од 18 февруари и ќе трае до 5 март 2019 година.

Услов за учествување на конкурсот е кандидатот да конзумира цигари барем 1 година. Дополнително, кандидатот треба да пријави едно лице – член на семејството како сведок кој ќе потврди дека кандидатот престанал да конзумира цигари.

Јавното објавување на победниците и доделувањето на наградите е планирано на 4 април 2019 година.

Победникот ќе добие подарок купон во висина од 3.000,00 куни (400 евра), а ќе има уште девет други награди во форма на ваучери во износ од 750,00 куни (100 евра).