дома блог страница 3136

Сите се сеќавате на срнчето Бамби од Белица: Неговите сопственици поминале 4 непреспиени ноќи, а потоа се случило вистинско чудо (Видео)

Сите го засакавме нежното срнче Бамби кое живее во домот на едно семејство во село Белица. Бамби ги освои симпатиите на цела Македонија, а пред четири дена се случил еден немил настан. Како што пишува на фејсбук страната “BELICA-БЕЛИЦА”, срнчето било нападнато од две кучиња при што побегнало во шумата и четири дена немало ниту трага ниту глас од него.

Сепак Бамби по четири дена се вратил во семејството, а на фејсбук страната е објавено ново видео од слаткото срнче.

“Денес е посебен среќен ден за фамилијата која е позната по тоа што го чува срнчето Бамби. Посебен е затоа што во неделеата во 14:15 часот срнчето Бамби било надвор во дворот пуштено во бавча и две големи кучиња го нападнале. Тоа уплашено побегнало во шума, а тие го бркале. Кога газдата слушнал веднаш тргнал по него да го бара. Кучињата ги сретнал, а срнчето продолжил да го бара и вика по него. Цело попладне ни трага ни глас од него. Така се продолжи четири дена да се бара на огромно планинско подрачје, со ноќи неубаво преспиени, се изгуби секоја надеж дека Бамби ќе се врати. Денес рано сабајле во 8:30 часот срнчето повторно си ги гушна своите газди кои го сакаат и хранат како свое дете. Во овој момент среќни сме сите што знаевме што се случи и што бевме тажни за срнчето. Не знаевме дали повторно некогаш ќе се врати”, пишува на Фејсбук страната BELICA – БЕЛИЦА.

(Видео) Иван ќе ви открие колку изнесуваат месечните трошоци во Германија: Тој има и совет за секој кој ќе се одлучи да оди и да живее таму

Иван Ловриќ од Аленсбах во ново видео, кое го објавил на Јутјуб, детално ги изложил сопствените трошоци за живот во Германија, но навел и неколку високи трошоци кои општо може да се најдат во месечните трошоци.

Станот е најскап – најголем трошок во Германија, според неговите зборови е Германија. Тој лично плаќа 715 евра за свој стан кој има две спални соби и дневна, а тука во цената се вклучени и водата и греењето. Инаку, цената на становите во Германија се движат од 450 евра до 1500 евра месечно, зависи од локацијата и големината на станот.

За ѓубре се плаќа околу 14 евра месечно или 169 евра годишно. Цената на отпадот завси од бројот на членовите во семејството, имате ли био отпад или не, имате ли само вреќи или цела канта за отпад, и колку пати месечно отпадот се носи, така што отпадот се плаќа од 7 до 16 евра месечно.

За струја е можно да се заштеди – семејството на Иван за електричќна енергија месечно троши 56 евра. Инаку, тој вели дека годишно на струја може многу да се заштеди. Цената на електричната енергија се движи од 20 до 100 евра месечно, зависно од тоа дали имате стари или нови апарати во домот кои трошат помалку струја.

За интернет и телевизија се плаќа помеѓу 15 евра месечно, па се до 50 евра или повеќе, зависно од пакетот. Иван плаќа од 50 до 60 евра, но со оглед на тоа дека ја исклучил опцијата за германска телевизија наскоро ќе плаќа само 35 евра за брз интернет.

Неговата сопруга и тој користат и два мобилни телефони, за кои плаќаат сметка од 50 евра месечно. Во тоа имаат 1ГБ интернет во Европа, а во Германија неограничен интернет. За лично осигурување, тој, неговата сопруга и децата плаќаат 65.000 евра, а со тоа се осигурани на 100.000 евра.

Може да се преживее и со 50 евра за храна – околу 400 евра семејството на Иван троши за храна, но можно е во Германија да се преживее и со 50 евра за храна. Кога тој дошол во Германија немал многу пари, па преживувал цел месец со 34 евра.

За одење во кино или вечера, месечно издвојуваат 150 евра, а за ќерката издвојуват 34 евра за тренинг и 30 евра месечно за танцување. Јавниот превоз чини до 100 и повеќе евра.

Иван има совет, а тоа е дека сите кои сакаат да дојдат во Германија треба да имаат цел. Без цел, ништо не вреди вели Иван.

За разлика од Прилеп, Карбинци ги ослободи бранителитe од 2001ва од комуналии, данок на имот…? Прилепските бранители разочарани?

Предлогот на Општинскиот комитет и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци беше прифатен од Советот на општина Карбинци, изјави Виктор Паунов советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

“Предлог барањето на општинскиот комитет и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци, поврзан со бранителите од конфликтот во 2001 година на 19тата седница на советот на општина Карбинци успешно беше прифатен. Имено баравме сите учесници во воениот конфликт од 2001 година да бидат ослободени од Комуналии за градба, данок на имот и плаќање на партиципација за градинка на нивните деца”.

Очајниот рејтинг ги обедини: СДСМ и ДУИ договорија заеднички кандидат

Само што ја завршив средбата со Зоран, Претседателот на СДСМ, со кого се договоривме да пoддржиме заеднички кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. Изразувам убедување дека овој концепт ке добие поддршка од апсолутното мнозинство на нашите граѓани. – напиша на фејсбук Али Ахмети.

(Видео) Ракувањето кое светот го очекуваше! Еве што прво си кажаа двајцата лидери на историската средба

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се состанаа по втор пат, но сега во Виетнам.

Двајцата лидери се ракуваа и позираа покрај знамињата. Трамп рече дека се радува на “успешниот самит”.

Ким додаде дека успеале да преминат преку сите разлики.

Трамп рече дека односот меѓу двајцата лидери е навистина добар.

“Сакам да кажам дека ми е чест да бидам со Ким во Виетнам. Имавме многу успешен прв состанок и сметам дека и овој ќе биде подеднакво успешен, ако не и подобар. Постигнавме голем напредок и мислам дека најголем е напредокот во нашиот однос”, рече Трамп.

“Како што кажав повеќе пати, мислам дека вашата земја има неверојатен и неограничен економски потенцијал. Мислам дека вие, како голем лидер, ќе имате блескава иднина со вашата земја и се радувам на тоа. Ќе помогнеме тоа да се оствари”, рече Трамп.

Ирена Ристиќ: “Да ја платиме казната на Најчевска и да ги поздравиме Павле, Рада и Зоки!” – Најчевска вели работата ќе ја водам до суд

Oткако професорката Мирјана Најчевска објави дека е казнета со 200 евра за фрлање боја за време на „Шарената револуција“, актерката Ирена Ристиќ предложи да се соберат пари за да се плати казната.

“Симболике ради, треба да се екипираме ние неколку души и да собереме средства за казната на Најчевска и со свечена церемонија и пренос на тв, да ги уплатиме!

Она не смее денар да плати!

И да ги поздравиме Павле, Рада, Зоки и остали лоши стрелци!

*лајк ќе значи 100 денари, а у коментар пишете ако давате поише.“, пишува Ристиќ.

Подоцна Ристиќ објави одговор на Најчевска кој го добила во порака:

“Алфа”: Во Прилеп бројот на пожари зголемен за 40%, месечно имало околу 100 случаи

Во Прилеп во последните два месеци е зголемен бројот на пожари, а главни причини за тоа се неисправни оџаци и палење стрништа, алармираат од прилепската противпожарна единица. Оттаму апелираат за поголема совесност и одговорност – објави “Алфа ТВ”.

Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица, вели дека бројот на пожарите е зголемен за 40 % во споредба со минатата година и месечно се околу 100, главно во урбаните средини на оџаци и поради палење стрништа.

Годинава имаме драстично зголемување на бројот на пожарите и тоа за 40 % повеќе од лани. Месечно се околу 100 пожари, а лани биле 70 до 80. Најголемиот број се во урбана средина, на оџаците бидејќи не се исчистени навремено. А во селата, се палат стрништа, посебно на ридовите и на шумски терени. Апелираме на поголема совесност и одговорност на граѓаните, вели Стојчески.

Од противпожарната единица посочуваат дека оџаците не се чистат навремено оваа зима, па има повеќе пожари. Од друга страна, пожарникарите имаат голем број непотребни интервенции, особено со палењето стрништа кога се доведуваат во ризична состојба.

Сите домаќинства кои користат огревно дрво, да вршат контрола на исправноста на оџаците и редовно да ги чистат. Исто така, да се исклучуваат електричните апарати при напуштање на просториите. Од друга страна, во атарите на селата, да се внимава, да не се палат стрништа и треви. Доколку тоа се прави, да биде на одговорност на самите извршители. Правиме непотребни интервенции и сме изложени на непотребен ризик, а се уништуваат и опремата и камионите, вели Стојчески.

Нема изречени казни за неодговорно однесување и предизвикување пожар. Апелот е токму поради тоа: да се подигне свеста и одговорноста кај луѓето за да нема казнени политики, велат од противпожарната единица.

Противпожарната единица во Прилеп моментално брои 42 вработени и на располагање се 7 возила. Според нормите,општина Прилеп треба да има барем 65 пожарникари.

Бидете внимателни и почитувајте ги законите: Во еден ден на подрачјето на СВР Битола контролирани 404 возила, од кои санкционирани биле 70

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 26 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 404 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 25 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола.

Нерегистрирани биле две возила, на мобилен разговарале двајца возачи и еден возач не користел сигурносен појас. Осум возачи се писмено опоменати, а на 46 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 15 прекршочни налози.

Исто така, при контролата откриени се и други девет видови прекршоци.

Eурокомпозитци: “Наместо Нобелова за мир, Заев да добие Нобелова награда за лага”


Фото/printscreen/infokompas.com.mk

Работниците од „Еурокомпозит“, прогласени технолошки вишок, и денеска протестираа во центарот на Прилеп барајќи да им се исплатат отпремнините и заостанатите плати и придонеси.

Според Пецо Велјаноски од иницијативниот одбор на прогласените за технолошки вишок, работниците се разочарани и револтирани, зашто никој не им се обратил, а изминаа сите рокови што ги најавуваа раководството и Владата.

Ние протестираме, а нема никакво решение. Ниту некој не побарал, ниту ни се обратил. Работниците се револтирани, разочарани зашто никој не ги смета како граѓани, ниту од втор или трет ред. Еве изминуваат сите рокови. До 28-ми февруари требаше да ни се исплатат отпремнините.

Од друга страна премиерот најави дека ако не се јават заинтересираните, а имало две компании, до крајот на месецов, а тоа е утре, Владата ќе интервенирала со средства. Но од тоа нема ништо. Само исплатата на заостанатите плати и придонеси на работниците е решение за „Еурокомпозит“ да опстане. Не сакам да помислам на стечај, рече Велјаноски.

Според Жарко Талески од иницијативниот одбор, се чувствуваат измамени.

Од раковдството не сакаат да слушнат за нас. Имаме за земање, кој по 60.000 денари, кој по 90.000 денари отпремнини. Но само сме излажани, вели Талески.

Работниците протестираа на булеварот во центарот на Прилеп и велат не се откажуваат од протестите.

Видео прилогот од денешниот протес погледнете го ТУКА

Повторно ограбена бензиска пумпа во Прилеп – овојпат на булеварот “Гоце Делчев”

На 27 февруари во Полициската станица Прилеп било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на бензинска пумпа на булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп и ги одзеле парите оддневниот промет – соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во изминатиот период зачестија ваквите кражби во Прилеп:

Новo paзбojништвo во Прилеп – од бензиска пумпа одземени 36.000 денари и мобилен телефон

За една недела по втор пат ограбена иста бензиска пумпа во Прилеп?

Нова кражба на бензиска пумпа во Прилеп