дома блог страница 3135

Мирко уловил капиталец од 72 килограми и долг речиси две метра (Фото)

Риболовец од Црна Гора улови туна тешка 72 килограми и долга 1,9 метри во водите на Которскиот залив. Рибата како што вели, „удрила“ на околу 30 метри длабочина, меѓутоа жилавата борба траела скоро еден час, изјавил Мандиќ за Радио Јадран.

Мирко на чамецот бил сам. Вели дека туната ја совладал на средината од заливот. Ја следел и го држел конецот затегнат се додека рибата не изгубила сила.

Потоа му се скршил рибарскиот стап и морал сам да ја извлекува, раскажува за својата авантура црногорскиот рибар.

Туна во Которскиот залив за време на зимата не е реткост, бидејќи многу од нив „презимуваат“ во топлото море. Рибарите ја приметуваат уште на почетокот на декември кога влегува во заливот.

По неколкудневната бура деновиве, туната се населена во близина на брегот, пренесува Радио Јадран.

Koга на турска свадба гостите нема да се погодат за музиката, летаат столици на сите страни (Видео)

На една свадба во Адана, Турција избил хаос кога сите гости почнале да се тепаат, бидејќи не можеле да се договорат околу изборот на музиката.

Додека едни со други се туркале и тепале, други фрлале столчиња врз нив.

Како што е наведено во полицискиот извештај, младоженецот и невестата доаѓаат од различни краеви на Турција, па двете семејства сакале да се слуша различна музика од нивните краишта на свадбата.

Ди-џејот ја решил ситуацијата така што наизменично пуштал песни од едниот и од другиот регион, меѓутоа тоа не ги задоволило гостите.

Набрзо дошло до препирки, па ситуацијата ескалирала.

На крајот интервенирала полицијата, но никој не е уапсен.

(Верувале или не) СДСМ: За само 20 месеци рекорден број странски инвестиции во земјата

Успешните економски реформи на Владата предводена од СДСМ ја вратија довербата во нашата економија и позитивно влијаеа на создавање поволна клима за инвестирање што резултира со рекордни странски инвестиции во земјава – велат во соопштението од СДСМ.

Соопштението го пренесуваме во целост:

“Според соопштениете информации од пресметките на Владата, бројот и вредноста на странските инвеситции за последниот квартал од минатата година, како вкупно за целата 2018 година, се највисоки од независноста до сега.

Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.

За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја, а најавени се 120 милиони евра инвестиција и од германска но и од компании од други држави надвор од Европа.

Решвањето на спорот со Грција, успешните евроинтеграциски процеси и најавеното членство во НАТО обезбедија стабилност и поволна клима за инвестирање.

Без да се потроши ниту еден денар на промоции и реклами, преку посветено и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ од уназадена економија, успеа да создаде конкурентно стопанство атрактивно за странските и домашните инвеститори”, велат од СДСМ.

“Сеат” го претстави “Минимо” – новиот електричен автомобил кој ќе ве освои на прв поглед (Фото/Видео)

На саемот за мобилни технологии “Моbile World” во Барселона, автомобилската компанија “Сеат” претстави нов концепт на автомобил и најави сериско производство.

Името му е “минимо”, а се работи за електричен транспортер, нешто помеѓу моторцикл и автомобил. Возилото е многу слично со “Тwizy” од компанијата “Рено”. Долг e 2,5 метри, широк 1,24 метри и зафаќа површина од 3,1 квадратни метри, или половина од тоа што зафаќа градски автомобил. Во него можат да се возат две возрасни личности, кои во кабината влегуваат преку подвижни врати.

Минимо се движи на електричен погон, со батерија која може да помине 100километри. Во зависност од возачот, неговата старост и дозволата која ја поседува, возилото се прилагодува, па може да се движи до 45км/час или до 90 км/час.

Британски пратеник во Европскиот парламент: “Ајде да ја викаме кратко, само Македонија – пријател сум на оваа земја со години”

Пријател сум на оваа држава со години, ајде да ја викаме само Македонија вели европскиот пратеник, Чарлс Танок.

„Ајде да ја викаме само Македонија кратко, како што секогаш сме правеле разговорно ‘Република Северна Македонија’ е наменета за службена употреба, но Велика Британија никогаш не го употреби акронимот ФИРОМ внатрешно во документите на Обединетото Кралство. Пријател сум на оваа мала земја опкружена со копно многу години“, напиша на својот профил на Твитер членот на Европски парламент од британската Конзервативна партиja.

Добро утро од населбата “Tризла”, со најранобудните по прилепските улици (Фото)

Ништо ново и ништо што може да не изненади, за жал!

Глутници кучиња демнеат по улиците низ Прилеп, а фотографиите кои ги добивме утрово се од улиците во населбата “Тризла”.

Ова е навистина алармантно и редно е веќе еднаш да се реши!

Граѓаните велат дека со страв шетаат по улиците, особено во текот на ноќта.

Мицкоски: Македонија ќе има жена за Претседател

По синоќешното гостување на 1ТВ, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук.

– Победник сум по природа, победник е нашиот претседателски кандидат и заедно ќе победиме. Македонија ќе има жена за Претседател, напиша тој.

Додаде и дека Македонија е заробена со Заев.

– Тоа што нас ни се случуваше ден-два пред да се случи гласањето во Парламентот е класичен пример на заробена држава, напиша тој.

Денес и утре сончево со високи температури- за време на викендот пресврт на времето

Времето ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната темепратура од седум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со значителен пораст на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 13 степени.

Во петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Бишевац: Однесувањето на СДСМ е под секое цивилизациско ниво

Сафет Бишевац во 24 анализа излезе со тврдења дека од редовите на СДСМ нема компетентен човек за достоен кандидат за Претседател на Република Македонија и дека владејачката партија нема план за кампања за претстојните Претседателски избори – пренесува “Курир”.

Бишевац згрозено ги осуди и сексистичките напади од страна на членовите на СДСМ кон кандидатот за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, и рече дека таквото однесување е под секое цивилизациско ниво.

-Можеби не се согласувам со нејзините ставови, но исклучително ја почитувам како експерт во тоа што го работи, рече поранешниот пратеник Бишевац.

Видно разочаран и од работата на Собранието и контролата која СДСМ ја спроведува во самата законодавна институција, тој рече дека во него повеќе нема систем на вредности, туку само слепа послушност кон лидерот.

– Нашиот Парламент очигледно стана избушен како швајцарско сирење. Сите мислат дека можат сешто да прават, сешто да бараат од тој Парламент. Највисоката правна и законодавна институција во државата е Собранието, не е ниту премиерот, ниту Претседателот. Ако таму немате здрав Парламент, немате ни здрава држава, Тој е одраз на општеството и случувањата во државата. Имате ситуации кога сите нивоа на внимателност во предлогот на луѓе во тоа Собрание очигледно се поништени, никаков систем на вредности, единствената е слепата послушност кон лидерот. За ваквата состојба во Парламентот вината ја сносат и самите пратеници дозволувајќи да се однесуваат со нив на начин на кој се однесуваат.

Тој го осуди и третманот на судот кој си игра со судбината на Миле Јанакиески и Трајко Вељановски, велејќи дека тоа што го прават е недозволиво.

-Тоа се луѓе кои без разлика на тоа што направиле, имаат свои права и човечко достоинство кое мора да се почитува, дециден беше Бишевац.

Мицкоски: Со оние кои не сакаат да излезат на избори имаме заеднички противник, тоа е заевизмот- мора да го поразиме на избори

Во емисијата „Печат на неделата“ на “1 ТВ” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека e време заевизмот да се уништи, а тоа може преку негов пораз на избори.

„Победник сум по природа, победник е нашиот претседателски кандидат и заедно ќе победиме и Македонија ќе има жена за претседател“- нагласи Мицкоски.

Мицкоски во тек на емисијата рече дека ВМРО- ДПМНЕ не размислува за бојкот на претседателските избори.

„Јас повеќе се плашам од бојкот и опструкција од СДСМ и ДУИ во вториот круг кога ќе ги видат резултатите од првиот круг. Инаку дали ме прашувате дали за претседателските избори во првиот круг ако се случат истите настани како што беа за референдумот односно имаме гласачи кои што се побрзи спринтер од 100 метра па гласаат за 2.4 секунди или ако имаме излезеност поголема од 100% имаше еден политичар кој што викаше 2.5 не знам како беше и дали тоа ќе го толерираме, нема да го толерираме“ – посочи Мицкоски.

Појасни и дека нема потреба да се бојкотираат претседателски избори, бидејќи така ќе му се зададе првиот и конечен удар на заевизмот. Мицкоски ги повика сите граѓани да го победат заевизмот кој, како што рече, ја зави државата во црнило.