
Легендарниот говор на Амди Бајрам за време на митинг на Сојуз на Ромите во Прилеп:

Легендарниот говор на Амди Бајрам за време на митинг на Сојуз на Ромите во Прилеп:

Таму никој не размислува за струја, храна, избори, градови излепени со плакати, гас, шницли, снег на патиштата, Хаг…Пари имаат далеку повеќе од било каде во светот што им овозможува помалку фрустрации со ситници кои да речеме како нас овде ни го загорчуваат животот.
Швајцарија … земја на мед и млеко коментираат многумина. Се работи напорно ама и и се заработува.
Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат и кои се работници.
Колку во просек заработуваат некои професии може да ѕирнете во листата подолу.
Фризер – 2.601 CHF
Цвеќар – 3.800 CHF
Графички дизајнер– 3.800 CHF
Столар – 4.018 CHF
Работник во пошта– 4.031 CHF

Пекар – 4.051 CHF
Автомеханичар – 4.450 CHF
Кондуктер во воз – 4.558 CHF
Софтвер девелопер – 4.608 CHF
Возач на автобус – 4.858 CHF
Новинар – 5.551 CHF

Социјален работник – 6.246 CHF
Учител – 7.398 CHF
Офицер во војска – 8.142 CHF
Јавен обвинител – 10.400 CHF
Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF
А, во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал. Цената на греење е двапати пониска отколку кај нас, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци со исклучок на август. Инаку, швајцарската тринаесетта плата во просек изнесува колку цела годишна заработка кај нас. Интересно е и тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработени е на нивно на статистичка грешка.

Михаел Шумахер, кој пред пет години на скијање доживеа тешка повреда на главата поради која шест месеци помина во кома, ја напушти вилата во Швајцарија, во која престојуваше по префрлањето од болница.
Животот на Михаел Шумахер и понатаму се држи во тајност, но германскиот магазин “Бунте” успеа да дознае каде се наоѓа седумкратниот шампион во Формула 1, а со оваа стотија објавија и ексклузивни фотографии.
Семејството го префрлило Михаел од Швајцарија во Мајорка на крајот на минатата година, па славниот возач во Шпанија го дочекал Божиќ, Нова Година, но и својот 50-ти роденден.
Со приватен хеликоптер од местото Глад на Женевското езеро, каде Шумахер живееше, тој е пренесен во вилата Јасмин, чиј сопственик е тој, во Д’Андракс.
Во тој предел живеат екстремно богати луѓе, а соседите сведочат дека го виделе Михаел.


Поради актуелниот случај на дивоградба кај вештачкото езеро Матка крај Скопје, граѓаните до медиумите и до локалните власти реагираат со пријави за нови вакви случа на истиот потег на реката Треска.
Според еден од граѓаните, овојпат станува збор за уште еден сличен случај на дивоградба на самата река Треска и притоа со обејктот е покриен една третина од реката.
Како што се наведува во реакцијата, спорниот објект е пподигнат на помалку од километар од црквата Богородица, или педесетина петри од продавницата „ЧИКА“ која се наоѓа на самиот пат.
Точна локација на следниот линк:



Извор: netpress.com.mk
![]()
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против П.Р.(29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против Д..Т.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа” – информираат во полицискиот билтен на МВР.
На 04.02.2019 во Прилеп, при преглед на патничко возило „Нисан Примера“, управувано од првопријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле дабови дрва, за кои тој немал соодветна документација.
Притоа, било утврдено дека регистарските таблици на наведеното возило, потекнуват од друго патничко возило, кое било сопственост на второпријавениот.


Ќе ве излажам ако кажам дека ако станам претседателка дека ќе поништам и ќе укинам. Нема претседателот таква надлежност, истакна кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
-Но, таква надлежност имаат меѓународните судови, има Комитетот за човекови права во ОН. Кога е во прашање повредата на Виенската конвенција, тогаш во било кој суд во светот, ако се работи за акт или закон или документ што произлегува од договор кој што е ништовен, значи прекршување на меѓународното право, може да се поништи. Што може да биде основот? Правото на самоопределување бидејќи тоа не застарува и е задолжителна меѓународна правна норма. Еднаквоста на страните, ние сме безимени во договорот. Како може договор меѓу две држави, а не знаете која е едната држава. Згора во нашиот Устав пишува дека меѓународните договори ги склучува претседателот во име на Република Македонија, а не во име на втора безимена страна. Тоа е важно да се има предвид и повредата на политичките и културните права, истакна Силјановска Давкова.
Таа истакна дека доаѓањето на друга партија или коалиција на власт, ќе создаде поинаков амбиент за да може сево ова да се реализира.

Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклучувајќи ги наставните содржини во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.
Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањето на новиот термин „родов идентитет“ ?
Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики.
Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“ ? Дали родовиот идентитет може да
биде флуиден и променлив ?
Дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта ?
Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклучувајќи ги наставните содржини во основното образование и дали следно е воведување на терминилогијата родител А и родител Б.
Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати. Во врска со овие прашања потребно е да се земат во предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш е против било која форма на дискирминација и сака да гради општество без дискриминација.
Извор: republika.mk

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е заеднички кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, дознава Медијал.мк од извори внатре во коалицијата. Името на Спасовски било избрано на синоќешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.
Се чини дека сите други кандидатури спаѓаат во вода. Спасовски е роден во Куманово, а во биографијата се забележува дека бил пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Куманово.

Не сум верувал дека јас, маж речиси на 50, техничар , доста молчалив и дури здодевен, според мојата сопруга, ќе седнам пред компјутер не за да работам, туку да пишувам писмо. Пред 16 години заминав на работа во странство, брзо се снајдов и го зедов кај себе и своето семејство.
Малку потоа пo*инa татко ми и мајка ми остана сама. Никогаш не се пожали, не ме прекори, не ми навести дека нема кој да се грижи за неа – а јас сум единствен син. Често се слушавме и таа секогаш велеше дека е добро и дека се е во ред. Но со самото прашање “Дали ќе си дојдете наскоро?” покажуваше дека всушност е тажна и многу осамена.
Со рака на срце можам да кажам дека се грижев за неа, ја мислев , не сум ја напуштил, не сум ја заборавил ниту за миг. Мојот најголем гpeв е дека не си стоев на зборот. Секоја година си доаѓав дома во август, кога целата фирма одеше на колективен одмор, и тоа беше нашето време. Ги посетував пријателите и роднините, патувавме на места кои беа од нејзината младост со татко ми, а како и напредуваа годините , ја водев по лекари и санаториуми.

Одевме заедно на кино, прошетки, гости. Таа ме гостеше со колачи кои ги сакав од дете. Секогаш ме испраќаше до влезот на и не доаѓаше до аеродромот … за да не ги гледам нејзините солзи. Јас пак и дадов ветување дека овој пат ќе дадам се од себе да си дојдам за Божиќ или најдоцна за Велигден, а не дури наредниот август. Е ова ветување не го исполнив и се чувствувам ужасно виновен.
Да, дојдов во почетокот на декември минатата година, но не за да прегрнам мајка си, не за да го почувствувам мирисот на нејзината прочуена торта со цимет, не за да ме пречека туку да ја испратам за последен пат. Не можам да издржам од болка и немоќ. Мојата единствена утеха беше дека мајка ми yмpeлa како праведен човек, мирно, без да боледува, во сон. Но, тоа не ја намали тежината во моето срце, не ми ја смири совеста, не ми го потисна чувството дека останав сам И овој пат се вратив во август, како вообичаено.
Но кога застанав пред заклучената врата, почувствував како маката ме задушува. Не слушнав чекори во ходникот, не ми замириса на печени пиперки, ниту на печени сливи … Мислев дека таванот ќе падне врз мојата глава. Требаше да поминат денови, за да ги допрам предметите на мајка ми, но ионака ништо не преместиле.
Сакам да им кажам на синовите кои живеат далеку од своите родители: Враќајте се често колку и да ви e тешко, и држете се на дадениот збор. Бидејќи доаѓа ден кога ќе имаме и време и можности, но ќе го немаме најважното – омилениот човек до нас. Верувајте, нема пострашно искушение од тоа да застанеш пред заклучената врата на татковиот дом.

Владата спротивно на Венецијанската комисија инсистира на легализација на истополови бракови и предвреме смена на Комисијата за дискриминација.
По тој повод преку соопштение до јавноста се произлезе и Комисијата за заштита од дискриминација, која ви го пренесуваме во целост:
Во врска со повеќето изјави заклучно со прес конференцијата на членовите на „Мрежата за заштита од дискриминација“, од 28.2.2019 година, а во врска со усвојувањето на предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за заштита од дискриминација, сака да ѝ упати внимание на јавноста на 7 важни нешта:
– Прво, прифаќајќи ја потребата од натамошно унапредување на антидискриминациското законодавство, сметаме дека носечкиот проблем во ова област е целосната неподготвеност на надлежното министерството за труд и социјална политика да се заложи да бидат надминати проблемите поврзани со просторот за работа, заради што Комисијата веќе 7 години ги извршува своите надлежности во една просторија од 20 метри квадратни на 20 спрат во зградата на Македонската телевизија во која долг временски период не работат лифтовите!
– Второ, независно од отсуството на елементарна поддршка од Министерството во секоја смисла наспроти нашите повеќегодишни апели и молби, Комисијата успева да ги оствари надлежностите предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на Република Македонија бр.: 50/2010) за што сведочат позитивните критики од релевантните меѓународни организации какви што се ЕКВИНЕТ – Европската мрежа на тела за еднаквост и ЕКРИ – европско експертско тело против расизам и нетолеранција.
– Трето, Комисијата со жалење ги отфрла клучните тврдења на „Мрежата за заштита од дискриминација“ бидејќи истите се отфрлени од сите клучни релевантни адреси за нашата земја, а особено од Венецијанската комисијакоја како експертско тело при Советот на Европавршеше стручна анализа на предлог законскиот тексткој е во собраниска процедура, како и од ЕКВИНЕТ и од ЕКРИ.
– Четврто, иако Комисијата оствари 3 средби со Министерката за труд и социјална политика и зема активно учество во работата на групата за подготовка на новиот закон, сите наши легитимни и оправдани сугестии беа промптно и со индигнација отфрлани заради што, меѓу другото, ефектот од ваквата работа е текст кој е предмет на силни критики од меѓународната заедница и кој предизвикува силна политичка поларизираност веќе две години.
– Петто, Комисијата апсолутно поддржувајќи ја потребата од уште поголемо унапредување на антидискриминациското законодавство, смета дека е клучно при усвојувањето на постојниот предлог закон кој е во собраниска процедура да бидат имплементирани во целост забелешките на релевантните европските институции, како и сугестиите на опозицијата затоа што тоа е единствениот начин кој ќе овозможи најширока општествена прифатеност и усогласеност. Во оваа смисла, за да се постигне тоа, Комисијата смета дека неопходниот минимум е да се интегрираат најмалку два амандмана во предлог законскиот текст.
1.Со првиот амандман потребно е да се врати одредбата која постои во актуелниот закон дека уредувањето на бракот, вонбрачната заедница и семејството исклучиво како заедница на спротивни полови, односно на еден маж и една жена претставува исклучок од дискриминација бидејќи, во спротивно силно се јакнат легитимните стравови на конзервативниот дел од граѓаните на нашата држава независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, во смисладека се создава правно фундиран простор за легализација на истополовите бракови, како и за легализација на желбата на овие двојки за посвојување на деца. Во оваа смисла, сметаме дека доколку се интегрира ваква промена во текстот што е во собраниска процедура, ќе се обезбеди најширока можна прифатеност во државата бидејќи, од една страна, продолжува да се обезбедува и унапредува еднаквоста по сите основи вклучувајќи ја и сексуалната ориентација, а, од друга страна, истовремено, се штити и бракот и вонбрачната заедница какви што постојат низ вековите до денес како заедница исклучиво на еден маж и на една жена.
2. Со вториот амандман, пак, треба да се испочитуваат силните критики на Венецијанската комисија, како и на другите европски организации, кои остро застанаа против одредбата за предвремен прекин на мандатот на ова тело две години порано, што е причина за силен сомнеж за уште едно мешање на политиката во работата на независните институции. Во конкретна смисла, во својот стручен коментар во однос на Законот, Венецијанската комисија го констатира следното: „во нацрт-законот [за спречување и заштита од дискриминација, н.з.]нема доволно заштитни механизми со кои се обезбедува вистинска независност на Комисијата, особено за избор и разрешување на членовите на Комисијата. Комисијата бара да се преиспитаат одредбите за предвремено престанување на мандатот на членовите на Комисијата, бидејќи тие ја ограничуваат независноста на Комисијата“.
– Шесто, силно антиципирајќи го фактот дека за сите важни прашања како ова е особено важно да се постигне најширок можен консензус помеѓу сите општествени фактори, Комисијата сосема принципиелно и искрено повикува на фер дијалог помеѓу сите клучни сегменти на Општеството, односно на социјалдемократската власт, конзервативната опозиција, како и претставниците на албанските партииво Собранието на државата, а во функција на обезбедување на најширок можен консензус со кој би се одблокирал процесот, како и во функција на максимално испочитување на критиките на меѓународната заедница во врска со содржината на предложениот законски текст за недискриминација подготвен од страна на „Мрежата за заштита од дискриминација“ и прифатен од страна на Владата.
– Седмо, Комисијата, како и во минатото, така и во иднина останува целосно подготвена да се вклучи во овој процес со целото свое стручно знаење и искуство во функција на создавање на законски текст кој ќе обединува и унапредува, а не кој ќе дели и уназадува.
Извор: kurir.mk