дома блог страница 3132

Видео: Верувале или не? Рекордни инвестиции и економија во подем вели СДСМ?

Дами и господа, од рубриката “верувале или не” денес ви издвојуваме:

– Одиме напред економијата е во нагорна линија. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Во 2018 година е постигнат рекорден, историски износ на странски инвестиции во земјава…

Можеби ви звучи како стихотворба, но ова беше денешната прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз.

Согласно податоците објавени од Народната банка се гледа дека од вкупните инвестиции кои достигнуваат сума од 624 милиони евра 405 милиони евра се реинвестирана добивка.

Ова се должи на странските инвеститори кои решаваат своите приходи да ги реинвестираат во погоните и ова пред се се инвестиции кои се дојдени во времето на претходната владејачка гарнитура.

28-годишен прилепчанец пронајден мpтoB во куќа

Вчера во Прилеп било пронајден мртов 28-годишен прилепчанец во куќа на улица „Цане Коњарец“.

„На 28 февруари во 9:30 часот, во Полициската станица во Прилеп, било пријавено дека во куќа на улица „Цане Коњарец“ во Прилеп има починато лице. Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп излегле на местото на местото, и било констатирано дека станува збор за лицето С.С. (28) од Прилеп и дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција“, велат од МВР.

Социјалните мрежи вријат: „Каде ли ќе вечера денес Заев додека Македонија гладува, а тој оди по балови“ (ФОТО)

Додека Зоран Заев се расфрла со пари ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека тој и картелот околу него енормно се богати.

-Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека партијата реагира за луксузот на Заев, социјалните мрежи вријат откако Заев замина во посета на Австрија.

Имено граѓаните гневни го прашуваат Заев „Каде ќе вечера денес?“, освен тоа тие додаваат и дека „Додека Македонија гладува Заев оди по балови!“

Извор: kurir.mk

Јани Бојаџи со емотивна порака во пресрет на прикажувањето на „Ругање со Христа“ во Прилеп

Тоа што не може во Скопје, Приле…п! У-пс! Како… Прилеп – не можи?! Можи, можи, ама можи оти Ивица Калап се зафати, таа пред три месеци за мене мишн неможна, да ја направи пасибал! Браво Мајсторе, секоја чест! Ете, така беше тоа некаде таму во Ноември минатата година кога после првичните позитивни разговори одеднаш Управата во Центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп престана да комуницира со мене и писмено, и на телефон! Тогаш се јави Ивица и ме праша онака по прилепски – бате, можи ли јас да видам дали че можи?! Е ај, оти па да не, му реков на тогаш за мене непознатиот амбициозен младич! Си викам, барем ќе разделиме искуства и сеќавања со еден искрен човек за тоа како филмот Ругање со Христос си го пробиваше патотот до публиката, заедно со публиката, затоа што Ивица е и публика на нашиот филм, нели? Oва е феномен! Филмот Ругање со Христос на 9 ти Март ќе го гледа прилепската публика само и единствено затоа што тие – публиката направија Управата на Националната установа Центар за култура Марко Цепенков во Прилеп да се согласи, комерцијално, за пари, да го отстапи, за жал. единствениот простор за кино проекција во Прилеп и окололината.

Ова се случува само во Македонија. Горан Трајкоски албумот со музиката од филмот го нарече Скомраси Апсурдистански! Боже, да се срамиш и да плачеш! Ама не е сега време за плачење, време е да опстанеме, а ќе опстанеме само ако решиме да опстанеме! Драги мои прилепчани, вие решивте да опстанете! Вие решивте да бидете слободни луѓе, кои не се плашат слободно да излезат од своите домови, во својот слободен град, во својата слободна земја и за свои пари слободно да отидете и слободно да гледате македонски игран филм, во слободна Македонија, во Март 2019 година! Кој можеше да претпостави дека ова ќе се смета, замислете за успех?! Достоевски тврдел дека животот е пофантастичен од секоја фантазија! Бев скептичен кој тој руски пишувач на турски серии! Се извинувам за секоја еретична мисла кон тебе драг Фјодор Михајлович! Но за тебе не се грижам, затоа што знам што им вели мојот Марко Цепенков на таквите како мене додека некаде одозгора вознемирено не гледа, бесно ги откинува и јадосано ги голта камчињата од ќилибарната бројаница – едно по едно! – Синко, немој да му бериш грео на турскијо цар. Си има он Велик Везир за таа работа – кажува бесно! Е да, така е дедо Марко, ама тебе ти било лесно кога си го имал Димитри Миладинов да ти ги отвори очите дека ако не ги запишеме нашите приказни исто е како да не сме постоеле на овој свет! Извини, на час заборавив која ми беше работата. Нели светотот за мене и мојата професија вели дека сум storyteller – раскажувач на приказни!И дека ова долга, широка и богата со приказни земја ни ги дава приказните за да ги запишеме?! Е-па, ова приказна сега е запишана! Ми ја раскажаа твоите прилепчани, а јас ја запишав! Значи постоиме!

Извор: tri.mk

(Видео) Водата од овој манастир прави чуда: Неподвижни прооделе, слепи прогледале, неми прозбореле!

Чудотворната вода на манастирот Ѓунис во нишката епархија, прави чуда. Со неа немите прозборуваат, неподвижните проодуваат.

Легендата со настанувањето на манастирот познат по чудата се поврзува со дамнешните времиња и појавувањето на Мајката божја и изворот на местото каде е манастирот.

Богородица прикажала 13-годишно девојче под кое се отворил изворот на лековитата вода. Мајката Божја го благословила изворот кој денес лекува многумина и му рекла на детето да пренесе на сите на местото да се изгради црква. Оваа легенда потекнува од 1898. година.

Водата им помогнала на болни, неподвижни, неми, несреќни, слепи.

Познатата манекенка имаше инцидент: Го најави Виенскиот бал, па се струполи на скалите (ВИДЕО)

Познатата австралиска манекенка Ел Мекфирсон имаше мал инцидент додека се симнуваше од бина, каде го најавуваше Виенскиот бал.

Убавата Ел шармантно и се заблагодаруваше на публиката, но симнувањето по скалите не помина како што мислеше. Во еден момент се сопна и падна, а соработниците и помогнаа бргу да се исправи.

Иако во прв момент била нервозна и им рекла на снимателите да ги изгаснат камерите, по неколку минути се насмеала и им дофрлила дека се е во ред, на што добила аплауз од присутните.

„Толку блицеви имаше околу мене што не можев да видам каде одам. Би било добро да ни дадете малку простор“, изјави манекенката.

Навалица од луѓе во Град Скопје: Граѓаните навалија пред шалтерите

Шалтерите на Град Скопје од утринава се отворени за прием на барањата од граѓаните кои сакаат да ја искористат мерката за субвенционирање на инвертер клима уред, или други современи уреди за затоплување на домаќинствата.

Навалица од луѓе во една од бараките на Град Скопје. Стотици граѓани побрзаа да аплицираат за мерката со која се субвенционира половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари.

Со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето. Убеден сум дека оваа мерка заедно со другите мерки кои досега ги презедовме во рамките на нашите надлежности ќе значи уште еден чекор напред во борбата против загадувањето на воздухот во Скопје– изјави претходно градоначалникот Петре Шилегов.

Субвенцијата има за цел да ги мотивира граѓаните кои ги загреваат своите домови со печки кои користат огревно дрво, нафта и други скапи и нееколошки енергенси да ги заменат со далеку поевтините и поеколошките инвертер клима уреди или други современи системи за затоплување.

Инвертер клима уредите трошат околу 30 отсто помалку електрична енергија од обичните клима уреди, а повеќе од 50 отсто ги намалуваат трошоците во однос на греењето со огревно дрво. За оваа намена во буџетот на Градот се предвидени 20 милиони денари.

Извор: “Нетпресс”

Луѓето родени во март имаат единствени особини кои ги разликуваат од останатите

Тие имаат единствени таленти и тие може да добијат максимум од секоја ситуација. Се стремат да бидат успешни и не се плашат да се соочат со предизвиците а проблемите ги решаваат на многу брз начин.

Прочитајте некои од најдобрите карактеристики на луѓето родени во март.

1. Тие се многу интуитивни

Личностите родени во март невозможно е да ги излажете. Додека да трепнете тие веќе знаат што криете. Затоа имаат многу непријатели. Сепак, не се грижат премногу, затоа што веруваат во чесноста и искреноста.

2. Дарежливи се

Личностите родени во март се дарежливи и сочувствуваат со блиските. Имаат големо срце со кое ги освојуваат сите околу себе. Пофалбите кои ги добиваат за оваа карактеристика само повеќе ги поттикнуваат да прават несебични дела. Луѓето родени во март уживаат да волонтираат, секогаш се подготвени да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.

3. Тие се посветени

Луѓето родени во март многу ретко, речиси никогаш нема да ги изневерат најблиските. Не се склони на лажење, напротив, посветени се и лојални. Тешко се откажуваат од личностите за кои се грижат. Тие се држат до своите принципи а нивните партнери знаат што сакаат во врската.

4. Сакаат тишина

Луѓето родени во овој месец сакаат да се држат подалеку од секојдневниот хаос, така што често може да се најдат на некое мирно место изгубени во своите мисли. Далеку од тоа дека не се дружељубиви и комуникативни, само едноставно не се пронаоѓаат во друштво на гласни луѓе. Попрво одбираат мир и спокој, наместо слава и богатство.

5. Тие се добри филозофи

Овие луѓе се прикриени филозофи. Размислуваат со сопствена глава и многу ретко туѓите мислења допираат до нив. Овој квалитет им помага да ја пронајдат вистинската среќа во животот и уживаат во својот живот во целост.

6. Талентирани се

Секој си има свој талент, но овие луѓе се посебно талентирани на повеќе полиња и најчесто се уметнички души. Креативни се, и во состојба се да направат многу користејќи ги само сопствените две раце. Сакаат музика и сликарство. Многу уметници се родени во март.

7. Оптимисти се

Личностите родени во март знаат како да се радуваат на ситници и токму затоа шират позитивна енергија каде и да зачекорат. Секогаш се движат со високо крената глава и во состојба се да се смеат и кога е најтешко.

8. Тие се прилагодуваат на секоја ситуација

Долини или пустини, планини или рамнини, студено или топло – луѓето родени во март може да се прилагодат во секоја ситуација и на секаков терен. Нема промена на која не може да се навикнат и прилагодат, па затоа се одлични животни партнери. Оваа способност е всушност нивната најдобра карактеристика.

Ако имате среќа да сте родени во март, прегрнете се себе си и прославете го својот живот. Вие сте навистина единствена личност. Развивајте ја својата личност, растете. Понекогаш имаме неверојатни способности, но не ги гледаме затоа што не ги истражуваме.

Легендата за Баба Марта: Чудна старица која никој не смеел да ја налути

Со првите денови на пролетта, кога времето и понатаму е променливо, месец март често го нарекуваме „Баба Марта“, чудна старица, нервозна по природа.

Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното прашање, новите желби и неопходност на усогласеност со природата и со животот на луѓето.

Кога го нема тоа , таа на земјата испраќа снег за да ги опомене луѓето дека треба да внимаваат на однесувањето.

Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а всушност и не знаете што значи тоа? Станува збор за митолошко суштество, чиешто име настанало како персонификација на месецот март и неговата променлива природа и нередвидливи метеоролошки појави.

Баба Марта, всушност, во секојдневниот говор се користи за временските незгоди кога за тоа не е време, а изразот го употребуваат речиси сите словенски народи.

Имено, во периодот кон крајот на март и почеток на април често ненадејно знаат да задуваат ветришта и да падне снег кога за тоа не е време, а за таквите временски околности се употребува едноставен израз – Баба Марта.

Легендата вели дека таа прво се налутила кога римскиот крал Нума Помпилиј ѝ го одзел првото место во календарот додавајќи пред неа уште два месеци.

Оттогаш, таа навредена старица, станала непредвидлива. Еден момент во неа се буди воинствениот дух на богот Марс, па така се одмаздува праќајќи студ на земјата, за во друг момент да реши со топлата насмевка да испрати пролетна радост.

Месечен хороскоп за месец март: Еве што предвидуваат ѕвездите за секој знак

На самиот влез на месец март, астролошката поставеност е следна: Сoнцето, Нептун и Меркур се во знакот на Риби, со тоа што Меркур е веќе во сенка и се подготвува да го почне неговиот ретрограден поход.

Во Овен е планетата Уран, во Бик планетата Марс, а во Стрелец планетата Јупитер. Во знакот на Јарец се Месечината, Сатурн, Плутон и Венера.

Прва планета која го менува знакот е баш Венера која на 1 март преминува во Водолија. Со оглед на тоа дека во првите денови од месецот ќе биде во квадрантен аспект со Уран, а потоа и со Марс сѐ до 25 март, тоа значи дека нѐ очекуваат бурни односи проследени со силна страст. Тоа значи дека март во никој случај нема да биде здодевен.

На 5 март Меркур почнува со ретрограден од низ Риби. Време е да ги решаваме збунувачките ситуации и конфузии што се наталожиле во претходниот период. Исто така, некои тајни ќе мора да излезат на виделина, што го потврдува и младата Месечина во овој знак веќе на 6 март.

На истиот датум Уран без премислувања и враќања влегува во знакот на Бик и таму ќе остане седум години. Биковите силно ќе го почувствуваат неговото влијание, промени ќе има секако, а Уран ќе го почувствуваат и останатите фиксни знаци: Лав, Скорпија и Водолија.

Уран ќе им биде благонаклонет на Раковите, Девиците, Јарците и Рибите.

На 20 март некаде околу 23 часот, Сонцето влегува во знакот на Овен и официјално влегуваме во пролет. Веќе на 21 март ќе има полна Месечина во знакот на Вага – сѐ поврзано со бизнис и емотивни партнерства ќе се придвижи кон кулминација.

На 26 март Венера преминува во Риби – почнуваме да сонуваме, да дишеме, да живееме во нејзиниот сензуален ритам на љубовта. Со оглед на тоа дека два дена подоцна Меркур почнува да излегува од прегратката на Нептун, зборовите ќе стануваат непотребни – ќе се потпираме на инуицијата и на емоциите.

Како цреша на шлагот, на последниот ден од март Марс преминува во знакот на Близнаци. Влегуваме во период на трчање и брзина, денови на движење и акција… април е на прагот.