дома блог страница 3124

РЕМЕК ДЕЛО НАПРАВЕНО ОД МАКЕДОНЦИ: Православната црква Св. Стефан во Цариград е изградена од Македонци

Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и македонци од егејска Македонија.

Исто така, малкумина знаат дека во дворо на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и и црковни работници и од 19 век вво Македонија и прв македонски митрополит.

Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја.

Црквата „Свети Стефан”е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал.

Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови!? Проектот за црквата „Св. Стефан“ бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма “Вагнер”.

Тоа е истата фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг.

Железните елементи за црквата биле пренесени со стотина бродови од Виена по Дунав и Црно Море за Цариград, а склопувањето траело три години. Архитектонскиот стил на црквата е барокна и е слична на некои реализации на Андреа Дамјанов. Денес само неколку цркви во Австралија и македонската инвестиција во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот!

Целата сторија прочитајте ја TУКА

Подалеку од нив: Ова се петте најлоши машки хороскопски знаци

Постојат мажи кои се со многу ужасни карактери, на кои дури и најпознатите мили домакинки се принудени да леат солзи секој ден поради нивниот темперамент и недостатокот на чувство за такт.

Ова се петте најлоши машки хороскопски знаци кои според астролозите најдобро е дамите да ги избегнуваат:

Шкорпија

Шкорпијата е кралот на најтешките карактери. Овој знак зема се што сака и кога сака, без да се усогласи со никого.Има жесток јазик, големо его и ниту грам желба да отстапува од своите намери. Знаат да бидат многу лоши кон партнерот – злобно љубоморни, опседнати и безмилосни. Со огромно задоволство го казнуваат партнерот. Често се однесуваат кон луѓето како кон свои предмети.

Овен

Конфликтна, импулсивна и бескрупулозна личност. Мажот Овен не мисли за последиците и може да истрела 10 погрдни зборови во секунда и да те сруши психички само за ден. Воопшто не му е гајле за мислењето на луѓето, бидејќи тој е секогаш во право, а другите … другите не го разбрале, или едноставно грешат. Има огромни барања за сè и кон секого.

Тој нема да пројави желба да разговарате со него за било каков проблем. Да се разбереш со Овен е многу тешка задача. А дури и да успееш, мирот ќе продолжи максимум 2-3 дена. Потоа тој повторно тргнува со роговите напред во потрага по нова жртва која начесто е неговата животна сопатничка.

Јарец

Мажите Јареци се исклучително независни. Храбри се и ги бранат своите ставови до крај. Воопшто не се загрижени дека може да тргнат против нив сите останати. Тврдоглави се и навистина е тешко да ги натерате да направат нешто што не го сакаат. Тој ги презира лугето посебно оние што не се на негово ниво.

Риби

Претставниците на хороскопскиот знак Риби се посебни мажи. Тие имаат силно развиена интуиција, но понекогаш паѓаат во таква кома што не слушаат во неа никого и ништо.

Водени се од една претерана сомнежливост. По карактер се бунтовници, имаат свое мислење за сè и ако една жена се обиде да ги побие, може и да ја загуби нивната љубов. Мажите Риби или прифаќаат безрезервно една жена, или ја отфрлат категорично. Со нив е тешко да се создаде само пријателство.

Стрелец

Мажот Стрелец е романтичен идеалист, кој обожава да го владее светот. Овој маж е одличен, само што не сака да си седи дома и од 12 месеци во годината може да ја топли брачната одаја најмногу два, три месеци. Барем ако зависеше од него, тој не би се откажал и од неговата омилена сопруга и од трите уште поомилени млади љубовници.

Слободољубиви и авантуристички настроени, вечен патник, овој маж сака жена која ќе го разбира и прифаќа. Ако сакате маж за сериозна врска, Стрелецот категорично не е за вас.

Тој ја цени високо својата слобода и ќе ја почитува само партнерката која со сигурност нема да му ја одземе. Сепак, не смеете да заборавате дека мажот Стрелец сака да љуби, но може да се премисли буквално за една минута, ако му текне “подобра идеја”.

Цел живот сте во заблуда: Косата не белее од старост, туку од оваа причина

Ако забележавте дека вашата коса почнуваа да белее, а белите влакна не се веќе само неколку, единствено што може да направите е да се опуштите. Научниците откриваат дека косата не белее поради старост, туку поради стрес.

Станиците задолжени за производство на пигментот кој и дава боја на нашата коса исчезнуваат кога телото е премногу изложено на кортизол, хормон на стресот. Овој хормон не се регенерира, па кога веќе сте седи, природната боја нема да се врати.

Повеќето луѓе првите бели влакна ги забележуваат околу 25-тата година, а за тоа покрај стресот, виновни се гените, алкохолот и цигарите. Исто така, постојат случаи кога луѓето побелуваат преку ноќ, но тоа се изолирани случаи предизвикани најчесто од голем шок и жал.

Што значи кога непрекинато ви „игра“ окото

Сигурно некогаш ви се случило да ви „заигра“ окото. Треперење на окото, тикови и грчење на очниот капак можат да траат кратко, но и со недели…

Њујоршкиот лекар Џоел С. Шуман за „Tech Insider“ објаснува дека причината за треперење на окото најчесто е замор и стрес. Како причини се наведуваат уште и напрегање на очите, кофеин, алкохол, суви очи, недостаток на некои хранливи материи.

Она што ви е потребно е повеќе мир, доволно сон, повеќе шетање. А тој препорачува и медитација, бавно дишење и опуштање на мускулите.

Доколку сметате дека вашиот проблем е поголем од оној стандардниот кој трае ден-два, не трошете време на барање решенија на интернет, туку посетете лекар.

Проштевањето е чистење на душата: Направете го ова пред Прочка

Македонската традиција за Прочка е богата и разновидна. Секаде се одбележува овој празник меѓу македонскиот народ. Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле.

Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто.

На Прочка, според традицијата, помладиот бара прошка од постариот. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“. Така прави секој кон секого, и машко и женско, помладиот кон постариот, но и постариот кон помладиот.

Таа глетка е многу мила. Полнота на љубов и радост. Колку е благопријатно тоа чувство на проштевање и прегратка. Тоа ја облагородува душата и го поттикнува добродетелството. Тоа е рајска сцена и блажена состојба од душевната радост.

Проштевањето е духовно миење. Тоа е очистување на душата, односно, очистување на две души одеднаш. Се ослободува и оној што пришол кон другиот и оној што простил. Првиот, за да му пријде нему, веќе му простил и му приоѓа со љубов и покајание, а тој се топи од силата и топлината на љубовта и му ја дава сета своја љубов и прошка. Двајцата се духовно радосни и весели. Бог се радува и ги благословува да останат во взаемната љубов и радост, правејќи си добро едни на други, со збор, помисла и дело.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Сите тие обичаи се добра семејна радост. Тоа го прави семејниот амбиент топол и мил. Другите, пак, забави по повод Прочка, кои претставуваат јавен настап и посебни претстави (маски и карневали), немаат црковна или верска порака. Тие содржат повеќе хумор и смеа кои се овосветски и земни, материјални димензии на човечкото празнување или испразнување.

Тие го празнат човечкиот дух, а не го полнат. Тоа се пагански остатоци од претхристијанското време, со некои нови примеси за забава. Убаво е и тоа и добра е таа традиција, ама не такваа каква што е, туку, ако претставува парада и промоција на нашата кутура, музика, уметност и вера.

Таа да биде јавен настап на улиците и плоштадите, со претставување на делата полни со мотиви од нашата вера и култура. Да се види тој израз во нашата преубава македонска носија, во уметничките ракотворби, во постигнатите дела, во преубавата песна и во нашето оро со народната инструменталност. Да биде тоа претстава на градската музика и облека, платформа за убавите костими и тоалети, подиум со делата на македонскиот гениј и сето исполнето со богатството на убавината.

Таквата полнота на амбиентот ја облагородува душата и го полни духот со убавина и со добрина. Ете, тоа ни треба и тоа е манифестација на Прочка. Тоа е што го издигнува човекот повисоко, а не што го валка и што го урива надолу. Тоа треба да претставуваат тие излегувања на Прочка пред очите на луѓето и пред очите на Бога.

Утредента, првиот ден по Прочка е чист понеделник кога постот веќе започнал. Тоа е првиот ден од големиот Велигденски пост. Чист понеделник е така именуван затоа што започнува нешето очистување со постот – духовно и телесно.

Познатиот аналитичар Чкатроски: “Можен е пад на Владата”

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски ја предупредува Владата дека ако не ги спроведе препораките од западните сојузници, може да падне.

“Малку да ја предупредам СДСМ и Владата: Да не заборавите, исклучително е можен пад на Владата доколку не се усвојат (реализираат) препораки. Затоа не брзајте да почнете да преговарате. Имате нови ситуации сега после договорот со Грција. Мислам, не знам дали ви е јасно (мислам нема шанса да ви е јасно)”, пишува Чкатроски кој соработува со неколку западни тинк-тенкови и има пристап до анализи на аналитички центри во ЕУ и САД.

Пред една недела француската министерка за Европа предупреди дека без спроведени реформи во прашање е доведен почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

“Бидејќи сега ќе ме распнат да појаснам – Ако има негативен извештај следните 2 години, ем препораките не се имплементираат – ами да МОЖЕН Е ПАД НА ВЛАДА, а зошто да не. Тоа би било 2021 година”, на пример, вели Чкатроски.

Извор: republika.mk

(Видео) Светот им се смее: Играчите на Јувентус сами се фаулираа !

Во дербито на 26-то коло во Сериа А, Јувентус ги порази “Наполитанците” со резултат 1-2.

Двете екипи прикажаа жестока борба и желба за победа, но сепак натпреварот помина во сенка на фаулот меѓу играчите на Јувентус. Имено, во 20-тата минута од првото полувреме Бонучи го фаулираше Бенрнандески, а судијата досуди слободен удар за Јувентус.

Сепак, никој не е изненаден од оваа одлука на судијата, имајќи во предвид дека Јувентус ја има наклонетоста на судиите во првенството.

Голем пожар попладнево позади “Црн Бор” во Прилеп

Попладнево голем пожар избувна покрај пругата Прилеп – Битола, позади „Црн Бор“ во Прилеп. Од ТППЕ Прилеп за порталот “Инфо Компас” истакнале дека нивните екипи биле на терен, а според првичните информации горела гума трака од РЕК Битола.

Но, официјални информации се очекуваат по гаснењето на пожарот.

ВИДЕО прилогот погледнете го ТУКА

OД EBPOПCKИ CTAHA CPAM?! Прилеп во Ceвepна Maкeдонија (Фото)

Речиси и да нема улица и булевар во Прилеп каде е видлива хоризонтална сообраќајна сигнализација. Пешачките премини се целосно избледени, нема обележаност кај училиштата, а тоа предизвикува огромни главоболки како за возачите, така и за пешаците.

Вака изгледа централното градско подрачје во градот:

Со топлото време се вратија и кучињата скитници. Поплаки стигнуваат од повеќе населби, а врие и во централното градско подрачје.

ЦАРОВСКА: Создаваме услуги за намалување на сиромаштијата

Тековните реформи во системите за социјална заштита, професионална рехабилитација на лица со попрченост, вработување млади лица, демографски развој и грижа, беа дел од темите на денешната билатерална средба во Скопје на министерките за труд и социјална политика на Австрија и Македонија, Хартингер Клајн и Мила Царовска.

На средбата, како што соопштија од МТСП, министерките Клајн и Царовска разговараа за можностите за соработка помеѓу двете земји и реализација на заеднички реформски процеси.

-Подготвивме пакет законски решенија со кои го преобразуваме целото општество и кои треба да ја намалат сиромаштијата преку активација на пазарот на труд на лицата во социјален ризик. Овие законски реформи во моментот се во собраниска процедура. Изминатиот период, исто така, бевме единствена земја која не е членка на ЕУ, а ја спроведе Гаранцијата за млади. Оваа мерка е дел од Оперативниот план за вработување и годинава, бидејќи нејзиното спроведување минатата година даде одлични резултати, рече министерката Царовска.

Австриската министерка Клајн ја поздрави социјалната реформа што ја подготви Министерството за труд и социјална политика и посочи дека ваквите реформски чекори се дел од процесите што земјата треба да ги спроведе на патот кон ЕУ.

Клајн посочи дека во целиот овој процес се многу важни и услугите што ги нуди државата во сите сегменти на социјалната заштита.

-Целта на нашата Влада е што повеќе лица да се активни на пазарот на труд со помош на мрежата на услуги што ги нудиме за нивна интеграција, рече Клајн.

Извор: “Инфомакс”