дома блог страница 3123

(Видео) Пукна голем аквариум во кафуле во Црна Гора – гостите пливаа со рибите

Ова е вистинска реткост, двајца другари седат во едно кафуле во Никшиќ, Црна Гора и одеднаш попушта аквариумот кој се наоѓа точно зад нив.

Имено додека се е нормално, вработените работат а гостите уживаат, пука стаклото на аквариумот кој е од големи размери и цела вода завршува на двајцата другари, сето тоа е снимено од безбедносната камера. Како што пренеуваат тамошните портали, не знаат што е причината за пукањето на аквариумот но кафулето било што туку реновирано и отворено.

(Видео) Неверојатна глетка на италијанското небо: Од локалното население велат дека слика на Исус се појавила на небото

Фотографијата на која се гледа ликот на Исус Христос снимена е над италијанскиот град додека сонцето се пробивало низ облаците.

Алфредо Ло Бруто, од Агрополија, Италија, снимил неверојатна фотографија над морето додека бил во својата куќа во петокот.

Сообраќајка на патот Градско-Росоман: Се судрија албански мерцедес и комбе (Фото галерија)

Попладнево на патниот правец Градско-Росоман се случила сообраќајна несреќа во која се судриле автомобил марка “Мерцедес” со албански регистарски ознаки и комбе.

Од сударот комбето се превртело на патот, а сообраќајот се одвива по една лента.

За среќа во несреќата немало повредени, туку причинета е само материјална штета.

(ФОТО/ВИДЕО) Во Гевгелиско пронајден питон од 2,2 метри и тежок 12 килограми ?

На Фејсбук профилот на Петар Карагошев е објавена фотографија од голема змија, која личи на питон, како и видео, на кое се гледа дека змијата е пронајдена во регион со лозја и се тврди дека таа била пронајдена во Гевгелиско.

Погледнете го видеото и фотографиите, па сами уверете се, за каква змија станува збор. Неспорно е дека личи на питон, но за што всушност станува збор и од каде питон кај нас!? Тоа останува за познавачите на овој вид влечуги.

АНКЕТА: Силјановска во огромна предност пред Пендаровски

Кандидатката за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, убедливо води на неколку анкети кои деновиве се споделуваат на социјалните мрежи.

На последната анкета, на која досега имаат гласано 5600 корисници на Фејсбук, Силјановска досега има 80% од гласовите, наспроти Пендаровски за кого гласале 20%.

Можете да гласате на следниот линк:

Мицкоски во кумановско: Македонија е многу повеќе од Заевизмот кој сега ја уништува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на кумановско Доброшане.

-Тука условите за живот се кастрофални, ниту живот дојде, ниту нешто се гради. Жителите велат има неколку домашни компании кои со години се трудат да го развијат бизнисот, но до таму води земјен пат. Тврдат сакаме да градиме иднина и бизнис, но до нашите фирми носи каллив пат, власта нема чувство да поддржи и изгради потенцијал, вака во Европа не се влегува. Тежок живот за граѓаните на оваа кумановска населба. Баловите на кои оди премиерот не ги решаваат проблемите во Доброшане, треба работа и посветеност, матните тендери на власта нема да ја покријат неработата, треба засукување на ракавите и план за развој, напиша тој по средбите со граѓаните.

Мицкоски порача дека со ваквите лоши услови за работа и живот се гази човечкото достоинство.

-Државата не дава сигурност на граѓаните, а каде нема сигурност и ред, нема правда. Македонија е многу повеќе од Заевизмот кој сега ја уништува. Правдата во Македонија се гази, а законите не важат за сите подеднакво. Ова мора да се промени. Нашата борба е за право и правна држава, за принципи и развој. За закони кои се почитуваат и важат за сите подеднакво. Имаме нов пристап, создаваме нова енергија, поддршката за нас преставува обврска. Не смееме да бидеме неми на пропаѓањето на нашата земја, изборите што следат се таа шанса да кажеме што мислиме. Изборите се шансата за промената што сакате да ја видите и Македонија да оди напред! Поддршката за Гордана Силјаноска-Давкова е почетокот на таа промена со која Македонија ќе ја направиме посилна, порача Мицкоски.

Не смеат да примаат подароци за “8-ми Март” поскапи од 1.000 денари: Еве за кого важи забраната!

Учителките, докторките, но и сите жени вработени во администрацијата не смеат да примаат подароци поскапи од 1000 денари за 8-ми Март, стои во Законот за вработените во јавниот сектор, каде е регулирано примањето подароци.

Забраната која се однесува на примање на подароци, воопшто, не само за Меѓународниот ден на жената, е ставено во член 39 од Законот во кој пишува дека една иста личност вработените во јавниот сектор можат да примат подарок од пониска вредност најмногу трипати во годината, а вкупната вредност не смее да биде над 3 000 денари.

Во случај ако децата или нивните родители инсистираат учителката да прими скап подарок, тогаш таа ќе може да го земе, но не смее да го носи дома. Скапите подароци ќе треба да останат во училиштето, а сите буџетски институции се должни да водат посебна евиденција на сите примени подароци.

Забраната важи и за вработените во здравството, културата, во полицијата, војската, царината, образованието, но и за сите вработени во локалната власт и во јавните претпријатија.

– Вработените во јавниот сектор се обврзани да ги предупредат дарителите дека подароци кои ја надминуваат вредноста, стануваат сопственост на работодавачот. Во случај дарителот да инсистира на примање на подарокот, вработениот е обврзан да го достави до работодавецот – велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Извор: “Инфомакс”

Ана Павловска Данева ,,удри” по своите- Не ни треба ново министерство

На македонската државна управа и е потребно намалување на бројот на министерства и министри, а не создавање нови, го критикува на Фејсбук професорката и поранешна пратеничка на СДСМ, Ана Павловска Данева предлогот на пратеници од власта за формирање на ново министерство за политички систем наместо Секретаријатот за Рамковен договор.

– На македонската државна управа и е потребно намалување на бројот на министерства и министри, а не создавање нови. Министерство за политички систем- предлог за шеснаесетто министерство во државава! Тажно, напиша Данева.

Среде бел ден гореше возило во катната гаража во Прилеп (Фото)

Денеска околу 11 часот во катната гаража во Прилеп, горело возило марка “Фиат Пунто”.

Според фотографиите кои ги испрати читател до нашата редакција, возилото е целосно уништено, а засега не се познати причините и тоа дали пожарот бил подметнат.

Силјановска: Заевизам- едно евро за Вицето, едно за… Реков, пореков, заборавив!

Во историјата на македонската политика, заевизмот исто така ќе влезе и како нешто друго- како прв пример на премиер кој што бил помилуван за кривично дело, но тоа не пречело да стане премиер и да се повикува на правна држава.

Ова го истакна претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, која вчера беше на средба со граѓани во општина Сопиште.

-Заевизмот ќе биде запаметен и по тоа што за првпат во македонската политичка историја во текот на мандатот на еден премиер, обвинение што сите го чувме, јас не знам колку некој да сече, да лепи, ќе остане едно евро за Вицето, едно за црквата, едно за партијата, сите видовме, сепак беше ослободен. Во било која друга земја ако премиерот во текот на мандатот се соочи со постапка, ќе поднесе оставка за да може Судот независно да суди во неговиот случај и тоа изостана.

Силјановска Давкова пред присутните граѓани, меѓудругото истакна и дека ова што го прави Зоран Заев, нарекувајќи го Заевизам ќе се проучува од страна на науката, додавајќи дека од демократијата во Република Македонија нема ниту трага.

-Значи гледам сега некои анализи за Западниот Балкан, дали функционира или не демократијата во овие неколку години и без исклучок, вклучувајќи ја и Македонија се вели дека од демократијата нема ниту траг, дека авторитаризмот е силен. Во Македонија, авторитаризмот има име Заевизам ама тоа не значи само концентрација на власта во еден човек или во една група во него, туку значи многу повеќе. Значи дека претходно некој ја укинал поделбата на власта што е загарантирана во Уставот, законодавна извршна и судска, вели Силјановска Давкова.

Таа додаде дека поделбата на власта на извршна судска и законодавна, не е случајна, туку напротив претставува една спрега, како што рече кочница за да не се мешаат овие три власти.

Според Силјановска Давкова, Заевизмот во Република Македонија ја избришал оваа поделба и кочница со потпишување на Преспанскиот договор, односно како што рече таа склучување на меѓународни договори се во надлежност на Претседателот на државата, а не на министерот за надворешни работи.

-Не случајно е поделбата е поделбата на власта, за да има секоја од трите власти, спрега, кочница во однос на другата власт. Значи Заевизмот од една страна значи укинување на спрегите и кочниците меѓу двете глави на извршната власт, претседателот, владата и премиерот. Претседателот целосно е отстранет, дури и од функции кои што се секогаш претседателски, како што е склучувањето на меѓународните договори, па видовте вие дека наместо Претседателот на државата, кој што со право ќе одбиеше да го склучи, го потпиша, го склучи министерот за надворешни работи, потенцираше Силјановска Давкова.