дома блог страница 3122

“Ќе им појдеше, наместо да им дојде живот на студентите во Стив Наумов??” (Фото)

Во студентскиот дом „Стив Наумов” во Скопје, вчеравечер паднала цела кровна конструкција во еден од тоалетите кои ги користат студентите, објавува Скопје1.

Паднатата конструкцијат уништила и дел од инвентарот во тоалетот, но и личните работи на студентите. Засега нема информации за повредени лица, но, доколку некој ја користел просторијата, случајот можел да заврши трагично.

Студентите се револтирани поради овој случај и велат „Ова не е во ред”. Според нив, лошите услови во студентскиот дом стануваат неподносливи и ги повикаа надлежните од ресорното министерство да реагираа на време, пред ова да се повтори и случајот да заврши трагично.

Извор: “Скопје1”

Тоа што вреди, вреди и дома и секаде: После “Златните бубамари”, Лозано награден и во Бања Лука

По двете награди на „Златна Бубамара“ за пејач на годината и хит на годината, популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано доби признание и надвор од границите на нашата земја.

Вчеравечер во спортската сала „Борик“ во Бања Лука се одржа традиционалната манифестација „Оскари на популарноста“, каде Лозано како единствен изведувач од нашата земја ја освои наградата во категоријата „Најпопуларни изведувачи од регионот“.

– Ми значи секоја награда, а покрај наградите кои ги добив на „Златна Бубамара“, исто така и оваа ми е многу драга, особено што доаѓа надвор од границите на нашата земја. Ова е доказ дека песната и музиката немаат граница, изјави Лозано.

Влатко пред тамошната публика се претстави со двете добро познати нумери од неговиот албум „Десет“, „Километри“ и „Јако Јако“, а неговиот настап беше награден со громогласен аплауз од многубројната публика.

На оваа престижна манифестација покрај Лозано се појавија и познати музички имиња речиси од целиот Балкан како што се: „Тропико Бенд“, Кики Лесендриќ, Ален Исламовиќ, Зорица Брунцлик, „Црвена Јабука“, Неда Украден и многу други.

Инаку Лозано периодов работи под полна пареа, бидејќи на 23 март е закажан неговиот прв и голем солистички концерт во спортската сала „Вип Арена“, а за неколку дена ќе биде објавена и неговата најнова песна со наслов „Мајко“.

Само тој може да направи нешто олку совршено: Прилепски кинематограф прави видеа од светски ранг, а најновото е нешто посебно (Видео)

Кинематографот од Прилеп, Христијан Конески, кој пред извесно време се пресели и живее во Сиднеј во Австралија, по којзнае кој пат го докажа својот талент и мајсторија.

Веќе се навикнавме да ги гледаме извонредните видео спотови, кои Конески ги снима и изработува за познати македонски изведувачи, но и за странски бендови и артисти.

Сега Христијан објави едно прекрасно Showreel видео, кое претставува микс од повеќе видеа што тој досега ги има изработено.

Ќе уживате до последна секунда!

Доколку сакате да погледнете повеќе видеа, посетете ја неговата веб страна: http://hristijankonesky.com/

“Дали прилепската болница користи завои од 1984та година?” (Фото)

Покрај новиот печат со новото име на државава, на социјалните мрежи објавени се фотографии од завои што се користат во оваа установа стари повеќе од 35 години??

За жал во двојазичен Прилеп, како времето да застанало во се’, па и во здравството…. Но, тоа веројатно е новиот живот што се ветуваше…

Во Прилеп отворена изложба на дела од Струмичката ликовна колонија (Фото)

Во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ денeска e отворена изложба на дела од Струмичката ликовна колонија. Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која посочи дека е пријатно ликовно доживување.

– Во 55 тата Струмичка ликовна колонија учество зеле 16 ликовни уметници од Македонија и од странство кои уметничката инспирација ја црпеле од Струмица и околината за да ги создадат овие 23 слики и два мозаици. Со тоа е зголемен и веќе постоечкиот фонд од приближно 2200 уметнички дела кои се создадени од околу 800 уметници од целиот свет – посочи Атанасоска на отворањето на изложбата.

ВИДЕО: По 13 години се отвори прашањето за милион во „Кој сака да биде милионер” – го знаете ли одговорот?

Не се гледа секој ден натпреварувач во „Кој сака да биде милионер” да стигне до прашањето за милион.

Џон Робинсон од Велика Британија одговори точно на 14 прашања и дојде на ред да го одговара последното за милион фунти.

Прашањето гласи: “Кој од наведените британски премиери никогаш не бил министер за надворешни?”

1. Винстон Черчил

2. Алек Даглас-Хоум

3. Ентони Идн

4. Харолд Мекмилан

Натпреварувачот не знаеше и се откажа.

Одговорот е Винстон Черчил бидејќи сите други биле министри за надворешни работи.

Силјановска: “Аздисаа? Народот нема да јаде, тие авион од 20 милиони евра ќе купувале??

Кандидатката за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Проф.Д-р Гордана Силјановска Давкова, ја прокоментира намерата на Владата за набавка на нов владин авион вреден 20 милиони евра.

“Во план е набавка на нов и поголем авион за потребите на Владата и претседателот на Републиката. Во време кога здравствениот систем доживува колапс, службите на итната медицинска помош едвај функционираат со стари и нефункционални возила (чекајќи ја приватизацијата на секторот), државните функционери мислат само на својата удобност и безбедност, а тоа го оправдуваат со наводно зголемени потреби за патувања заради интеграцијата во НАТО и ЕУ. Ваквите потези сведочат за бескрупулозноста и себичноста на владејачката каста, која не работи за својот народ и не мисли на неговите секојдневни потреби.

Македонија, една од најсиромашните земји во Европа, сака да има ВИП авион кој ќе чини 20 милиони евра (плус одржување, пилоти, редовни тренинзи, и сл.) – и со тоа се легитимира како олигархија, во која управувачите ја злоупотребуваат моќта и државниот буџет за сопствени потреби.

За разлика од нас, во старите европски демократии секојдневно гледаме како првите луѓе на државите (некои дури и со кралско потекло) користат велосипеди, јавен превоз и редовни авионски линии. Освен тоа, во Европската Унија се подигнува свеста за потребата од поголема заштита на човековата средина, меѓу другото и со намалување на авионскиот превоз за владините делегации.

Нашиот мудар народ одамна рекол дека секој треба да си ги простре нозете колку што му е долга чергата, но сега тоа го прават само мнозинството граѓани кои крпат ден со ден, додека тајкуните во власта сметаат дека се привилегирана каста која заслужува посебен и различен третман од обичните смртници. Додека тие летаат на небо со пари кои не ги заработиле ами одзеле од насушните потреби на општеството (да не зборуваме за секојдневните задолжувања и падот на економијата), граѓаните живеат со надеж дека амбулантното возило ќе стаса навреме за да спаси нечиј живот.

Апелирам планот да се отфрли веднаш, а доколку станам претседател на Републиката, ќе одбијам вакви привилегии додека мојот народ нема за живот. Ако сакаме да се интегрираме во ЕУ, пример за европско однесување треба да дадат оние на власт, и да покажат скромност и почит и емпатија за оние кои живеат во сиромаштија.

СТОП ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА МОЌНИТЕ! Правда и право за сите!”, напиша Силјановска на Фејсбук.

(Видео) Нејзиното височество “Лада”: Зошто оваа “машина” е подобра од модерните автомобили

Луѓето се откажаа од “ладите” поради новите лимузини. Од 70-тите до крајот на 90-тите Ладата била најупотребуваниот автомобил на овие простори.

Погледнете зошто оваа машина е подобра од модерните автомобили.

Претседател на РСМ, НБРСМ- институциите во Македонија добија нови називи: Ова е листата со новите имиња (ФОТО)

Владата на Република Северна Македонија на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

Исто така, Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Во продолжение и документот „Листа на институции со новиот назив“.

Видео: Шеќеринска ќе ги намалуваше министерствата, ама со новиот живот дојде Проектот човек-министерство?

“Бројот на министри во Владата на СДСМ нема да надмине над 20”, вака зборуваше Радмила Шеќеринска во предизборната кампања.

Македонија е меѓу водечките европски земји по бројност на владиниот состав.

Доколку се направи споредба со државите кои се со слична бројност на жители, но и со земјите од регионот ние рушиме рекорди.

Во Словенија Владата има вкупно 17 члена, премиерот Марјан Шарец и уште 16 министри од кои шестмина се и вицепремиери. Во Естонија, каде има околу 1,4 милиони жители, владата на премиерот Јури Ратас е составена од 14 министри. Швајцарија, која е конфедерација, има седум министерства, еден канцелар и двајца заменици-канцелари.

Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри.