дома блог страница 3121

(Видео) Осман уште еднаш ја покажа љубовта кон Македонија: Омилено место за одмор му е родниот Охрид!

Џеди Осман, кој со македонското знаме на патиките настапи на олстар викендот во НБА неодамна, во сопствена видео презентација уште еднаш покажа љубов кон родната земја Македонија.

Играчот на Кливленд кавалирс дури и ќе проговори на македонски, како еден од четирите јазици што ги зборува покрај турскиот, српскиот и англискиот.

За омилено место за одмор, пак, репрезентативецот на Турција го посочува родниот Охрид.

(Видео) Најновите сателитски снимки од Северна Кореја го откриваат она од што стравува светот: Еве што се случува на полигонот за лансирање ракети

Според најновите сателитски снимки се чини дека Северна Кореја го обновува полигонот за лансирање ракети за кој ветија дека ќе го демонтираат.

Фотографиите се снимени само два дена откако лидерите на САД и Северна Кореја ги завршија преговорите неуспешно.

Демонтирањето на базата започна минатата година, но престана кога започнаа преговорите меѓу Трамп и Ким Јонг Ун. Самиот чин на демонтажа беше протолкуван како чекор напред кон градењето на доверба меѓу двете држави.

(Видео) Безбедносната камера сними страшен момент: “И претходно не будеа чудни звуци!”

Безбедносната камера на семејна куќа во едно англиско село сними страшен момент.

Мајката Аманда Пападопулос (39) на снимката од камерата забележала необично движење кое изгледа, како што вели таа, како дух на дете кое трча во дворот.

“Мојот сопруг мисли дека тоа е фантастично, но јас сум исплашена”, вели Аманда.

(Видео) Пендаровски жестоко го критикуваше тоа што Заев сега го направи

Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, жестоко ги критикуваше разговорите во четири очи на тема промена на името.

Иако такво нешто, во тоа време се немаше случено, Пендаровски во функција на професор и политичар јавно даваше критики и за тоа што тогашната владата не одржала средби на оваа тема со опозицијата.

-Нашиот претседател на Влада 8-9 пати до сега се тврди дека имал средба со грчкиот поранешен премиер Папандреу во четири очи. Јас не можам да се сетам на една единствена средба на нашиот премиер со лидерите на опозицијата за прашањето со името во четири очи, истакна Пендаровски во 2014-та година.

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на средби во четири очи со државниот врв на Грција решаваше прашање за кое не доби поддршка од македонските граѓани.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ постојано наговестуваше дека Заев ги крие информациите и дека за текот на преговорите опозицијата не е информирана.

Неуспешниот референдум беше и најголем доказ дека Заев не преговарал во име на народот, туку во свое лично име, на средби во четири очи.

Пет години по оваа изјава на Пендаровски, иако токму тоа што го критикуваше тогаш се случи сега, тој не најде храброст истото да му го предочи на Зоран Заев.

Изгледа како баш тоа молчење да му беше наградено со позиција кандидат за претседател.

Извор: kurir.mk

Младиот македонскиот дизајнер го претстави неговото дело “Mercedes-Benz CLA Shooting Brake” во Женева: Автомобилот е вистинско совршенство (Видео)

Maкедонскиот дизајнер на автомобили, Славче Таневски, на саемот за автомобили во Женева, Швајцарија, го претстави своето врвно дело, Мерцедес Бенц CLA Shooting Brake, aвтомобил за кој пишуваа речиси сите медиуми неодамна во Македонија.

Таневски својата презентација на автомобилот ја започна со прикажување на цртежи кои тој ги цртал кога имал само 2 години.

Тој е еден од најмладите членови на тимот на дизајнери во Мерцедес, а неговото дело навистина изгледа повеќе од совршено.

Презентацијата на Славче, погледнете ја од 9 миниута и 49 секунди во видеото во продолжение:

Силјановска за „Северна“: Тоа име нема корен – никој во историјата не се борел за него

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, синоќа на средба со граѓаните од Ново село посочи дека по овие избори на дневен ред ќе дојдат предвремените парламентарни избори.

Таа укажа дека „Северна“ е вештачко наметната, дека никој во историјата не се борел за Северна Македонија, а за тоа најмногу сведочи државната химна и народните песни.

– Тоа име нема корен, вештачко е, натурено е. Никој во историјата не се борел за Северна. – кажа Силјановска.

Овие пијалоци во кафулињата се преполни со бактерии, не ги нарачувајте

Пијалоците што ги нарачуваме по кафетериите не се секогаш чисти. Така, според едно истражување најмногу бактерии се кријат во чаша вода или газиран сок со парче лимон. Истажувачите тестирале 76 парчиња лимон во 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, односно, 53 парчиња се бактериски заразени.

Можеме да приметиме дека секогаш парчето лимон кое го добиваме во чашата веќе однапред е исечено и дека се чува во пластичен сад и на собна темпрература, што е идеално легло за размножување на бактерии.

Истражувањето не го откри изворот на бактериите, но откри дека тие не можат да преживеат и да се размножат во алкохолните пијалоци.

Генетиката е чудо! Соња од Прилеп со двете ќерки запеаа на “Никогаш не е доцна” и го воодушевија жирито (Видео)

Соња Миличкоска од Прилеп имаше импресивен настап во вториот круг од музичкото шоу на Гранд “Никогаш не е доцна”. Таа се претстави со песната “Ја те пјесмом зовем” од Ханка Палдум, а за нејзиниот настап жирито не штедеше на зборови.

“Цело време коментиравме дека зрачите со позитивна енергија”, рече Милица Павловиќ, додека Петручи рече дека нејзината изведба речиси и да не се разликува од оригиналот.

Во ревијалниот дел од натпреварувањето Соња доби поддршка од својата ќерка Антонија со која ја отпеаа песната “Бело лице љубам јас”.

Нивниот настап особено го воодушеви жирито и публиката, а за време на настапот им се придружи и втората ќерка на Соња.

“Прекрасно, генетиката е чудо. Вашата мајка со својата појава ја одбележа таа сцена, а потоа излеговте вие две и се’ ни беше јасно”, прокоментира Саша Милошевиќ Маре.

Целиот настап може да го погледнете подолу на 1ч и 42мин.

Волшебно какао: Го намалува стресот, ја чува кожата, спречува деменција!

Благодарение на многуте различни состојки се испоставило дека е делотворен на повеќе полиња. Познат е како билка која го чува организмот од слободните радикали, ги намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови, како и од многу видови канцер. Исто така е одличен извор на железо.

Пријател на кожа и крвни садови

Флавоноли, подгрупа на флавоноиди, се посебно интересни на современата медицина. Истражувањата покажуваат дека кај испитаници кои пиеле какао со високо ниво на флавонол значително се намалил крвниот притисок и за 46. отсто се подобрила функцијата на крвните садови.

Истражувањата кажуваат и дека се исклучително делотоврни за зачувување на здрава кожа. Со редовно конзумирање на какаото се зголемува отпорноста на кожата на штетното УВ зрачење,со што се одложува појава на иритација и црвенила, брчки и пигментација. Холандски и германски научници во тримесечно истражување докажале дека кожата на жените кои секојдненво пиеле шолја топло какао станала понежна, похидрирана и помалку чувствителна на делување на сонцето.

Супер храна

Американската асоцијација за унапредување на науката тврди дека редовно испивање какао го бистри мозокот. Флавоноидите во овој напиток ја забрзуваат циркулацијата, дотокот на кислородот до мозокот а тоа ја спречува деменцијата.

Научниците какото го вброиле во таканаречената супер храна, а тоа значи дека тој е во рангот на калинка, акаи и гоџи бобици, а исто така тврдат дека има три пати појако дејство од зелениот и црниот чај.

Докажано е и дека со секојдневно конзумирање на 22. грама какао во прав значително се намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Поради тоа какао правот треба да се конзумира без било каква грижа на совест.

Преку зима грее

Врело какао на ниски температури може да го загрее и опушти измрзнатото тело, буди носталгија и не враќа во детството. Подгответе шолјичка какао за себе и оние кои ги сакате па во кревет или, во нов работен ден.

Какао:

– го регулира нивото на шеќер и холестерол

– го поттикнува памтењето и ја подобрува циркулацијата

– намалува опасност од срцев и мозочен удар

– го успорува процесот на стареењето

– ја омекнува кожата

– тој е моќен афродизијак и антиоксиданс

ДОАЃА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ: Од денеска подгответе се за температури до 25 степени

До крајот на оваа работна недела не очекува вистинска пролет и покрај повремените услови за наоблачување.

Времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а дневните температури редовно ќе надминуваат 20 степени, додека утринските ќе останат во позитива.

Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога максималните дневни температури во Скопје ќе надминат 21 степен, а во некои од појужните делови на земјата и до 24 степени.

На стартот на наредната недела, студен воздух ќе се спушти над Македонија и ќе донесе пониски температури и услови за врнежи, особено кон крајот на неделата, кога се очекуваат максимални околу 12 степени и утрински околу нулата.

Уште постудена се очекува да биде претпоследната недела од март кога температурите ќе се спуштат до 10 степени, а во некои од утрата можни се и негативни температури.