дома блог страница 31

(ФОТО) Битолчани не ги изненади снегот утрово – Механизација го чисти целиот град

Механизацијата на јавното претпријатие „Нискоградба“ од утрово ги расчистува улиците низ градот по врнежите од снег кои започнаа рано утрово.

На терен е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорите на „Нискоградба“ и на „Комуналец“ кој врши увид во интервенциите со цел оспособување на улиците и пешачките патеки за нормално движење.

Како што информира директорот Зоран Талевски камиони-посипувачи излегле на терен во 3:30 часот, за улиците употребени се 12 тони сол и 8 метри кубни ризла до утрово до 7:00 часот.

Се чисти според приоритетот и како што вели Талевски виталните сообраќајници се оспособени за нормално одвивање на сообраќајот, како и пристапите до јавните институции.

Екипите продолжуваат со чистење во текот на целиот ден во оспособување и на улиците од втор и трет прироритет и патиштата до населените места.

Апелираат да не се фрла снег на коловозот.

Инаку деновиве беше промовирана апликацијата „Битола-Зимска служба“ на која во реално време може да се следи работата, односно која машина каде интервенира, на која улица, пат или населено место.

Прилеп се разбуди под снежна покривка, граѓаните “чадат” од нервоза и мака мачеа да стигнат на работа (ФОТО/ВИДЕО)

Снежните врнежи кои од синоќа ја зафатија Македонија не го одминаа ниту Прилеп. Утрово градот под Марковите Кули се разбуди под снежна пoкривка, а граѓаните мака мачеа да стигнат до работните места поради неисчистени коловози.

Според наши информации обврската за чистење на снегот оваа година ја има Јавното комунално претпријатие “Комуналец”, од каде не може да се забележи активност на улиците утрово.

Освен улиците и булеварите, не се воопшто исчистени ниту пешачките патеки, плоштадите…па апел граѓаните да бидат внимателни кога се движат и со автомобилите и пеш низ градот.

Наши читатели од рано утрово ни испраќаат фотографии од заглавени автомобили на кружните текови, каде возачите мака мачат да поминат.

Да се надеваме дека надлежните час поскоро ќе реагираат и снегот ќе биде расчистен од коловозите.

Забрана за камиони на планинските превои: Плетвар, Стража, Пресека…

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Снег паѓа во западниот дел од државата и има забрани за тешки товарни возила на планинските превои: Стража, Плетвар, Пресека, Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Трипуновски од Прилеп ги повика младите да садат тутун, профитабилно било (ВИДЕО)

Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун, по просечна цена од 419 денари по килограм. Истиот е во вредност од 170 милиони евра и е 95% исплатен кон тутунопроизводителите. Оваа бројка е за речиси 1,5 милиони килограми повеќе тутун за разлика од лани, истакна денеска во посетата на откупните центри во Прилеп, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој ги повика младите да ги искористат моменталните бенефити од тутунопроизводството како доста профитабилна гранка.

„Навистина рентабилноста во оваа гранка е доста голема и нормално сигурноста во делот на производството е предвидлива, односно знаете кога ќе произведете, кој ќе го купи и по која цена, субвенциите се тука како категорија која што помага, плус оние дополнителни поддршки што ги даваме од оваа година, а тоа е зелената нафта која е во една сериозна количина за секој еден тутунопроизводител, плус површинската мерка од 6.000 денари по хектар, што вака сумирано е еден добар показател дека има иднина во оваа гранка и младите луѓе ги охрабрувам да влезат во процесот“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Македонија го заврши настапот на Европското, но победата над Романија ни донесе голема предност

Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вечерва во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир.

Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно вечерава ја совладаа Романија со 24:23 и за пласман во следната рунда се надеваа на победата на Данска од најмалку 18 голови разлика.

Сепак, посакуваното сценарио уште од самиот почеток на дуелот меѓу Данска и Португалија се покажа како нереално.

Португалија го отвори натпреварот со водство од 3:1 и до крајот на полувремето ја лимитираше Данска на само 11 голови.

Актуелниот светски и олимписки првак помогнат од 15.000 гледачи во Хернинг на стартот од второто полувреме го презеде водството, поведувајќи со највисоки 19:17, но Португалците се вратија со серија од 7-2 и на крајот извојуваа сензационална победа со која пренесоа два бода во следната рунда, како првопласирани во групата Б, пред Данска.

Македонската ракометари го завршија настапот на Европското првенство како третопласирана во групата Б, со една победа (Романија 24-23), едно реми (Португалија 29-29) и пораз од Данска (36-24).

Вечерашниот триумф над Романците, обезбеден со голот на Никола Костески во последната секунда, на македонската репрезентација ѝ обезбеди статус на носител во баражот за пласман на Светското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија.

Парична награда и икона од заштитникот на градот за Христијан Бошевски, кој го фати светиот крст на Водици

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација фаќање на Светиот крст , која се одржа вчера во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод Богојавление Водици.

16 годишниот Христијан Бошевски кој е ученик во Спортската академија раскажа за своето прекрасно искуство од учеството во фаќањето на Светиот крст.

Коњановски, посакувајќи му многу здравје, среќа и успех, го награди младиот Бошевски со парична награда во износ од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“.

Oд полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,109%, кај дизелот за 5,194%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,462% и кај мазутот зголемувањето е за 3,846%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2303%.

Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,854 ден/кг и сега ќе изнесува 32,987 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прилепчанец се здобил со тешки повреди откако со автомобилот удрил во паркирано возило

-На 18.01.2026 во 18:17 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на кеј „9 Септември“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(63) од Прилеп, удрило во паркирано патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, паркирано од О.М.(50) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.С., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Прилепчани се затруле во познат хотелски базен во Охрид

Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски хотел.

Од охридската полицијата истакнуваат дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне околу 17:31 часот, дознава „Фактор“.

Гостите поради јаката миризба и пареата имале силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.

„Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој истакнува дека по расчистувањето на случајот ќе следува соодветна пријава.

Maркукуле дознава дека гостите кои завршиле во болница се од Прилеп.

Повеќе информации во текот на денот!

Maкедонците верни на традицијата! Празникот Богојавление-Водици традиционално одбележан и во германскиот град Ален (ФОТО/ВИДЕО)

Kaде и да се низ светот, Македонците ги почитуваат и негуваат христијанските традиции и обичаи. Вчера на празникот Богојавление – Водици, водосвет веќе традиционално се изврши и во германскиот град Ален, каде живеат голем број наши иселеници.

Најсреќен оваа година беше Сотировски Дејан, по потекло ресенчанец.

Секоја чест за нашинците ширум светот и Македонската православна црква!