дома блог страница 30

Жител од Дреновци возел “мртов пијан” низ Прилеп – ќе одговара кривично

На 01.03.2026 во 14:50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Н.(48) од с. Дреновци, општина Долнени.

Имено, при контрола во сообраќајот, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.99 промили алкохол во крвта.

По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка, ќе се гради автопат или експресен пат

Патот од Фариш до Прилеп не може и не смее да остане црна дупка, па затоа интензивно работиме на соодветно решение за иградба на автопат или експресен пат, а со цел целосна изградба и на Коридорот 10 -д кој ги поврзува Скопје со Атина, истакна во интервју за “360 степени”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

“Природно е ние да го завршиме овој проект, затоа што за да се развие Коридорот 10 -д, а тоа е потегот Скопје-Битола-Атина и да се скрати патувањето од Скопје до Атина од сегашни 8 до 8 ипол часа на 5 до 5 ипол часа, што ќе значи комплетно нов однос помеѓу двете држави во делот на трговија и бизнис, ние мора овие 25 км да ги завршиме”, објасни вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот ги потенцираше и моменталните активности од македонска и грчка страна, како дел од заедничките заложби и посеветеност Коридорот 10 -д целосно да заживее во иднина.

“Грците интензивно работат на нивна страна, од граница, преку Лерин кон Кожани се работи автопатот, ние интензивно работиме на наша страна автопат од Прилеп до Битола. Втора фаза е обиколница на Битола-Жабени и граничен премин. Од друга страна се изгради делот кој што оди Градско-Дреново-Фариш и не може да остане црна дупка делот од Фариш до Прилеп или популарниот Плетвар и најдобро е да се реши со автопат”, додаде Николоски.

Според вицепремиерот, дали на потегот од Фариш до Прилеп може да се изгради во автопат, одговорот останува да го дадат стручни лица, имајќи во предвид дека се работи за многу комплициран терен.

(ФОТО) Загрижен прилепчанец за хигиената во градот испрати грозна фотографија

Само една недела помина откако апелиравме за состојбата со собирањето и одлагањето на отпадот кај зграда “Табана”, но ситуацијата и понатаму е иста. Контењерите се наоѓаат на 30-тина метри од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”, на неколку метри од детска игротека и продавници за храна и бели пецива.

Преполни, расфрлан отпад наоколу, бездомни животни…. Граѓаните одново реагираат преку нашата редакција до ЈКП Комуналец, бараат поредовно одлагање на отпадот, или поставување на дополнителни контењери.

Го убиле бугарските фашисти на само 20 години, а бил предаден од кметот на с.Царевиќ – 84 години од смртта на народниот херој од Прилеп, Борка Талески

Прилеп одбележува 84 години од смртта на народниот херој Борка Талески, револуционер, партизан, борец во НОБ и народен херој на Југославија од Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието против фашистичкиот окупатор започнато на 11 октомври 1941 година во Прилеп.

Борка Талески е роден на 19 јули 1921 година во Прилеп. Тој се родил на Петровден во семејството на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил фурнаџија. Семејството на Борка Талески било скромно, но не се сметало за сиромашно за тој временски период. Основното образование го започнал во родниот град и бил одличен ученик. Своето средно образование го започнал во гимназијата во Прилеп, но кога стасал петти клас, гимназијата била укината и Борка морал да го заврши средното образование во гимназијата во Битола. За време на училишните денови Борка станал голем љубител на белетристиката, а подоцна и на марксистичката литература.

При крајот со средното образование тој почнал и сам да пишува одредени текстови, па така во 1938 година бил соработник на списанието „Подмладак“ од Крагуевац. Уште од првиот број на списанието во ноември 1938 година Борка е еден од осумте автори, чии текстови биле објавени на 24 страници. Како дописник од Битола тој се јавил со текстот под наслов „Влијанието на географските фактори врз формирањето на културата“. Тој тука применил дијалектичко-материјалистички пристап. Неговиот текст бил објавен под името „Борислав Телевиќ“, во период кога имал само 17 години, а прикажал големо знаење, вештини за пишување и истакнатост.

Со одличен успех го завршил средното образование и по желба на домашните се запишал на Медицинскиот факултет во Белград во 1939 година. Во периодот кога се запишал на факултет, во ек било револуционерното движење. Борка Талески веднаш се приклучил на истото. Иако немал желба да се истакнува, сепак бил забележан од потесното организациско тело. Бил перцепиран како храбар и одлучен, вешт оратор и со силно развиено чувство на колективен живот. Поради своите одлики, вештини и посветеност, тој бил примен како член на Комунистичката партија на Југославија. Меѓу првите задачи кои ги добил било раководењето со групите за теоретско образование. Паралелно учествувал на сите демонстрации организирани во Белград, а покажал и организациски способности. За време на летните и зимските одмори, Борка држел состаноци и курсеви во Прилеп, а држел и комунистички и работнички состаноци, а пишувал и летоци.

Во 1940 година се одржала големата Илинденска демонстрација во Прилеп, после масовниот излет на Шаторов Камен. Борка Талески бил првиот говорник пред насобраната толпа народ во Прилеп. Пред народот зборувал за независноста и самобитноста на македонскиот народ и Македонија, a особено имал познавања од Илинденскиот период. Поради овој настан Борка бил уапсен од властите. Тој бил држен во затворот на Ада Циганлија во Белград, а потоа во логорот Ивањица. Тој бил затворен неколку месеци. По ослободувањето, Борка се вратил во Прилеп во својство на член на Месниот комитет на Комунистичката партија. Во меѓувреме, Борка бил секогаш во центарот на вниманието на полициските служби.

На 22 јуни 1941 година месниот комитет имал неофицијален состанок на Брдото во Прилеп, каде Борка Талески зборувал за војната, односно судирот, помеѓу Хитлер и Сталин, како и за тоа дека советската победа е неизбежна. Таа вечер се договориле Месниот комитет да се сретне во проширен состав во месноста Шарена чешма, во домот кај некој извесен Бале. За тој состанок Борка Талески напишал убав голем реферат. По состанокот подготовките за вооружена борба зеле забрзано темпо.

На Петровден целиот град Прилеп бил преплавен со летоци, чии текстови претежно биле напишани од Борка Талески. За ова полицијата била на високо ниво алармирана и била во потрага по Борка Талески. Нивната желба за негово апсење не била исполнета.

Многу наскоро Борка Талески бил земен како член на Бирото на ПК на КПЈ за Македонија во Скопје. Талески не прифаќал мешање на БКП во македонската партиска организација, поради што бил исклучен од активностите за зацврстување на партиските организации.

Од 9 до 19 октомври Борка бил меѓу партизаните по планините околу Прилеп, во период кога е извршен нападот на Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во 1942 година повторни оперирал во Прилеп, за подоцна да го пратат во Кавадарци. Во Кавадарци станал близок со Лазо Лавски, со кого има л развиена меѓусебна почит и разбирање.

Талески заедно со Лазо Лавски оперирале според плановите на организацијата. Така, во 1942 година се нашле на патото Прилеп-Кавадарци. Тие биле заглавени кон правецот за врвот од Козјак, каде имало густа магла. Во меѓувреме наслушнале дека кон нив наидуваат камиони. Првично тие верувале дека се германски камиони. Сепак, поради предавство на тогашниот кмет на селото Царевиќ, Талески и Лавски биле опколени од бугарските сили и биле свирепо разрешетени.

На 11 октомври 1951 година Борка Талески бил именуван како Народен херој на Југославија од Македонија.

Во негова чест градската болница и градската библиотека во Прилеп го носат неговото име.

Грижливи ученици! Текстилците од СОУ “Ѓорче Петров” донираа чаршави и навлаки за потребите на прилепската болница (ФОТО)

Ученици од текстилно-кожарската струка, заедно со професорките и директорката од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, денеска ја посетија прилепската болница “Борка Талески”, каде што донираа чаршави и навлаки за потребите на Oртопедско-трауматолошкото одделение и Одделението за анестезија и реанимација.

Со оваа хумана акција учениците уште еднаш ја покажаа својата солидарност, хуманост и подготвеност да помогнат таму каде што е најпотребно.

Честитки за нивната грижливост и нека бидат пример за сите!

Моторциклист со тешки повреди итно пренесен во прилепската болница

-На 01.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на влез за с.Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од З.Ш.(21) и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(56), двајцата од с.Десово, општина Долнени.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Откако сме како Влада избрани до сега, ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел. Кога ќе кажам во најголем дел, тоа е 95 па и повеќе проценти, преку Колективни договори кои што имаат краен рок на реализирање до 2028 година, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница на Економски социјалниот совет.

Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од претходно, оваа Влада се однесува одговорно и презема обврски за реализирање само до мандатот до 2028 година.

-Се однесуваме одговорно. Одговорно во рамките на мандатот кој што сме го добиле од граѓаните, не преземаме обврски како тоа што било случај во минатото за периодот после 2028 година, односно после мандатот на оваа влада. Едноставно сакаме да сме одговорна влада. За жал, влада која што ќе мора да ги реши сите оние напластени проблеми кои што се наследени од минатото, поради нестручното, несовесното и лошото менаџирање, прво со владините ресурси, а потоа и со креирање на политиките на државно ниво, рече тој.

Мицкоски додаде дека изминатиот период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административците, посочувајќи дека во тој договор влегле и други синдикални организации кои што не биле дел од првичните преговори.

-Што се однесува до останатите параметри, нашиот став е јасен за јавноста и тука немаме никаква дилема. Последното кое што требаше да го затвориме како би рекол условно кажано отворено прашање, тоа беше договорот кој го потпишавме со синдикатите УПОЗ и САДУ и тоа го завршивме. Таму беа додадени и други синдикати кои што првично не беа дел од преговорите, но сакавме да имаме што е можно поголем опфат, и со тоа ние го затворивме и тоа отворено прашање, кое што некако лебдеше и на дел од седниците на Економско социјалниот совет, кажа Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски информираше дека на денешната седница е информација за висината на минималната плата која ќе биде во 2026 година согласно закон, укажувајќи дека очекува да помине оваа информација утре на владина седница.

-Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам дека на следната владина седница да го поминеме и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне истата да се исплатува, истакна Мицкоски и додаде дека очекува бипартитниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи во иднина да се интензивира.

-Очекуваме да продолжи и да се интензивира бипартитниот дијалог помеѓу работодавачите и работниците. Ние како влада секогаш стоиме на располагање да помогнеме во рамките на нашите можности и ингеренции. Се што е во рамките на институциите, институционален дијалог треба да се охрабри, затоа што само така може да се дојде до конструктивно решение. Вонинституционални механизми секогаш постојат, демократска држава е Македонија, но ценам дека искуство вели дека се што е во рамки на институциите носи решение. А се што е надвор од рамките на институциите, мислам дека не само што не носи решенија, туку апсолутно ги поларизира нештата, дециден е Мицкоски.

16 медали за џудистите од СЕИШИН Прилеп од Државните првенства за пионери и јуниори

На 01.03.2026 во Скопје, во спортската сала Спортски центар “Јане Сандански”, a во организација на Џудо Федерација на Македонија, се одржаа Државните првенства за помлади пионери/ки и јуниори/ки.

Џудо клубот Сеишин Прилеп настапи во двете возрасни категории и оствари одличен резултат со освоени вкупно 16 медали (7 златни, 2 сребрени и 7 бронзени).

Поединечни резултати:

Златни медали oсвоија:
1. Арсениј Димески
2. Матеј Јованоски
3. Михаил Стојановски
4. Матеја Николоска
5. Бисера Цветкоска
6. Елдина Пупаловиќ
7. Стефани Ристеска

Сребрени медали освоија:

8. Бисера Јовеска
9. Теодора Илиоска

Со бронзени медали се закитија:

10. Иван Јошески
11. Петар Ангелески
12. Никола Магдески
13. Марко Ацески
14. Марија Марковска
15. Амра Ѓурѓевиќ
16. Тамара Илиоска

Честитки до сите натпреварувачи за прикажаните борби, посветеноста и освоените медали, како и до оние кои не успеаја да изборат место на пиедесталот, секако и до тренерскиот тим кој ги предводеше џудистите.

Mицкоски за војната на Истокот: Институциите на државата се целосно мобилизирани, ќе асистираме ако е потребно

Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски денес остварил телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

-Изразив искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите. Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност. Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација, објави Мицкоски.

Премирот посочи дека во разговорот ја нагласил и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот.

-Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно. Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста, вели Мицкоски.

Голем ден за македонската културна и театарска сцена – Битолчани дојдоа до големо ОТКРИТИЕ старо 100 години (ФОТО)

На прес конференцијата посветена на најновата премиера во Битолскиот театар, директорот на НТБ Битола Васко Мавровски соопшти дека после сто години ја пронајдоа оригиналната завеса од Народен театар Битола, која беше поставена позади актерите за време на пресот.

„Во 1926 оваа завеса е донирана од српската кралица за Народниот театар. Во тоа време се води како Битолски градски театар. И стражувавме, пронајдовме фотографии и станува збор за истата завеса. Вложивме голем напор да ја најдеме, бидејќи првата претстава на македонски јазик „Ѓоре Магаревски“ се
одвивала со оваа црвена завеса зад нас. Еве точно на стогодишнината откога оваа завеса пристигнала во Битола, по некаква случајност, кога некогаш некои работи треба да се случат, се случуваат, успеавме да ја откриеме“
.

Значењето за постоењето и откривањето на завесата е огромно.

„Имено во 1944 кога бугарскиот фашистички окупатор го напушта градот и нивниот Окружен театар, којшто работел во зградата на Народен театар Битола, го пали театарот и еден од сценските работници во тоа време, дедо на наш веќе пензиониран сценски работник, влегува во театарот и успева да ја спаси единствено оваа завеса зад нас. Се гледаат орнаменти, делот на партизаните, делот на српската круна , кралска и таканатаму, но бидејќи беа против монархијата, везот е изваден. Оставени се само овие два ловорови венци, коишто претставуваат, награда за уметниците“.

Уште еден доказ за значењето на Битолскиот театар за македонската културна сцена, но и воопшто за историјата на Македонија.