дома блог страница 3

Големо славје во “Ричко”, публиката на нозе: Прилеп убедливо го доби Бутел и направи сериозен чекор за плеј-оф (ФОТО)

РК Прилеп со доминантен настап славеше против РК Бутел со убедливи 30–20, во рамки на 14. коло од Супер Машка Лига и стигна до шестата победа сезонава.

Од самиот старт избраниците на Таневски ја контролираа играта, па на полувреме заминаа со убедливи 15–7. Цврста одбрана и брзите транзиции беа одлика на прилепчани и во вториот дел, а убедиливата игра ја кренаа публиката на нозе.

Посебно се истакнаа ефективниот напад, со 94% реализација, одличната игра од крилата и борбената дефанзива со дури 14 успешни интервенции.

Најдобри поединци во домашниот состав беа: Димитар Димитриоски кој постигна 7 погодоци, го следеа Томислав Квастек со 6, а Пеце Рајатовски и Никола Цветановски беа прецизни по 4 пати.

Со оваа важна победа, Прилеп се искачува на табелата и ја продолжува борбата за повисока позиција во плеј-оф трката.

Браво момци! Браво Прилеп!

ФОТО/ФБ/РК Прилеп

Прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” премиерно ја изведе претставата “Црнила” (ФОТО)

Синоќа во Сцена 105, на НУЦК”Марко Цепенков” во Прилеп театарот “Војдан Чернодрински” премиерно ја изведе претставата “Црнила”од Коле Чашуле, а во режија на Дејан Пројковски.

На премиерата присуствуваа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставници на семејството од Чашуле, директорите на МНТ, Битолски и Турски театар, уметничкиот директор на МТФ “Војдан Чернодрински”, актери, љубители на театарот…

За претставата:

Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Музика: Горан Трајкоски
Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Дизајн на плакат: Сергеј Светозарев
&&&
Играа:
НЕДА – Сара Спиркоска
ИВАН – Бобан Алексоски
МИЛКА – Катерија Чакмакоска-Клинческа
ЛУКОВ – Александар Степанулески
ХРИСТОВ – Александар Тодески
ФЕЗЛИЕВ – Димитар Ѓорѓиевски
МЕТОДИ – Михајло Миленкоски
МЛАДИЧОТ – Илија Волчески
ДЕЦА – Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Министерот за култура Зоран Љутков по премињрата напиша дека отворањето на новиот сценски простор поминал со силна енергија и одлична изведба.

-Актерите ја донесоа приказната јасно, моќно и искрено, а публиката ја почувствува тежината и актуелноста на темите што ги отвора Чашуле. Големи честитки за целиот тим за трудот, ентузијазмот и за тоа што со оваа премиера Сцената 105 доби вистински нов почеток забележа министерот.

Заради големиот интерес претставата “Црнила” во декември ќе биде изведена три пати.

Фото:

Јордан Звездоски
Александар Еленин

„Нема друга Македонија“ во маестрална преработка на Некст Тајм (ВИДЕО)

Дуото „Некст Тајм“ сними ново видео за преработката на старата македонска песна „Нема друга Македонија“, во амбиент на споменикот „Македониум“ во Крушево.

Песната, која изворно ја отпеа Војо Стојановски, е дел од концертниот проект „Македониум“, што групата го сними пред неколку недели во истоимениот споменик.

Средношколец Милионер – вечерва се доделува наградата од еден милион денари, во финалето три тима од Битола

Во финалето ќе се натпреваруваат четири тимови од средните училишта во Скопје, три од Битола, две од Велес и еден тим од Куманово.

Големото финале на „Средношколец Милионер“, каде десет тима ќе ги претстават своите идеи за бизнис пред пет реални инвеститори се оржуцва денеска во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот.

Како што се наведува во соопштението на организаторот станува збор за идеи што решаваат конкретни, современи проблеми од финансиска писменост и едукација, до AI алатки, локален развој, туризам, здравствени навики, фриленс можности за младите и др.

Финалистите денес ќе бидат оценувани според јасното дефинирање на проблемот, конкретното и применливо решение, изводливиот и исплатлив бизнис модел и целокупната подготвеност на тимот да ја спроведе идејата.

-Овој натпревар покажува дека новата генерација размислува практично, технички и пазарно. Тие не создаваат идеи „на хартија“, туку функционални концепти што може да се имплементираат веднаш. И горди сме на успехот кој го постигнаа сите учесници досега, велат организаторите на натпреварот.

Во финалето ќе се натпреваруваат четири тимови од средните училишта во Скопје, три од Битола, две од Велес и еден тим од Куманово.

Најдобриот тим ќе ја освои главната награда од 1.000.000 денари, со можност својата идеја да ја претвори во вистински бизнис.

Битола доби прекрасен мурал кај “Јавор” – подарок од Австралија за 30години билатерлани односи помеѓу двете земји (ФОТО)

Со пригодна свеченост откриен муралот на австралискиот уметник Финтан Скот Меги во центарот на Битола, а по повод 30 години билатерални односи помеѓу Македонија и Австралија.

„Фантастично е што сум тука, посебно ми е драго што се запознав со градионачалникот на Битола, Тони Коњановски. Тука со нас е еден од најдобрите уметници за мурали во Австралија. Овој мурал што го гледате позади нас, кој сеуште не е довршен, ќе има разни симболи на Македонија и на Австралија и токму ќе го претставува она што треба да ги одразува односите меѓу нашите две земји“, рече во своето обраќање Австралискиот амбасадор Н.Е. Петер Трасвел, кој заедно со почесниот конзул на Австралија денеска беше во Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски ја искажа благодарноста и честа прв пат со амбасадорот да се запознаат токму на овој настан.

„Овој мурал изработен од еден од најпознатите уметници го промовира и претставува пријателството помеѓу Австралија и Македонија, цврстите врски, со оглед на тоа што имаме огромна дијаспора која секоја година се почесто за среќа доаѓа тука, се враќа во татковината и ова ќе биде уште еден симбол на цврстото пријатество меѓу двете земји, токму на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи“, рече Коњановски.

Коњановски рече дека ова е добра идеја да продолжиме и натаму и со мурали да си го разубавуваме градот.

Уметникот Финтан Скот Меги пред да го направи овој мурал во Битола, има направено мурали во многу европски и светски земји.

„Јас сакам преку муралот, преку предмети да ги раскажам приказните кои што луѓето ги доживувале кога доаѓале во Австралија. Сите предмети на муралот ќе ги одразуваат пријателските односи меѓу луѓето“, рече австралискиот уметник.

Муралот е на зграда во близина на некогашната стоковна куќа „Јавор“.

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар.

„Регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. ЕВН Хоме е снабдувачот која што има јавна набавка за цела година за следната 2026 година, а ЕСМ согласно политиките на владата ги достави вкупните количини кои што се бараат согласно јавната набавка. Иако претходно како Влада бевме критикувани и во самиот извештај од ЕУ и од дел од јавноста, дека еден од чекорите кои што е дел од Планот за раст, а тоа е чекорот во кој што се предвидува либерализација на пазарот на електрична енергија со која ќе се снабдуваат домаќинствата.

И ние јасно кажавме дека да, тој чекор нема да го примениме, бидејќи ако го примениме тогаш цената на електричната енергија нема да биде 62, 65 евра, туку ќе биде повеќе од 100 евра за домаќинствата. И тогаш вкупната цена за домаќинствата ќе поскапи за дури фантастични 50 проценти. Ние рековме дека тоа нема да го преземеме со целиот политички ризик кој што го имаме како Влада и ќе продолжиме и понатаму да ја субвенционираме цената на електричната енергија за домаќинствата и сите оние потрошувачи кои што се на регулираниот пазар. Која ќе биде крајната цена ја одредува регулаторот, дали таа ќе поскапи 3, 4, 5, дали ќе поевтини како што тоа е случај изминатиот период итн, одредува регулаторот, откако ќе ја добие цената со која што снабдувачот ќе ги снабдува домаќинствата, потоа трошоците кои што ги има дистрибутерот, трошоците кои што ги има пренос операторот и конечно трошоците за организирање на пазарот на електрична енергија. Сите овие калкулации кога ќе бидат направени, тогаш регулаторот ќе ја одреди конечната цена која што ќе ја плаќаат граѓаните.

Инаку АД ЕСМ поднесе цена која што ќе биде 65 евра за мегават час, односно 3 евра по мегават час повеќе од тоа што беше во минатото. Ако во минатото беше 62, сега е за отприлика 4 проценти повеќе односно 65 евра мегават час. Но никако не е над 100 евра колку што е пазарната. Разликата, Владата продолжува да ја субвенционира, за да нема ценовен шок за домаќинствата и сите оние кои што се на пазарот кој што е регулиран“, посочи премиерот Мицкоски.

Ново новогодишно фото студио во Прилеп! За празнични спомени кои ќе живеат секогаш (Фото галерија)

PR објава

Добредојдовте во Winterland moments – новогодишно фото-студио!

Подготвивме 6 различни празнични позадини — за деца, возрасни, семејства, па дури и индивидуални портрети. Без разлика дали сакате класична фотка или нешто поиграно и весело, имаме избор за секого.

Може да ја направите вашата фотосесија со Дедо Мраз 🎅 — совршено за подароци, честитки или само за спомен — или без Дедо Мраз ако претпочитате нешто поелегантно.

Исто така, нудиме опција за кратко видео од фотосесијата — идеално за споделување на Instagram, Facebook или како подарок на пријатели и семејство.

Закажете ја вашата фотосесија навреме — новогодишните термини се полнат брзо! Контактирајте не’ на 071213585 или 075870066 / https://www.instagram.com/moments_by_her_?igsh=MXN5ZWo2b3hpdmp2Mg%3D%3D&utm_source=qr и нека вашите празнични спомени живеат засекогаш.

Времетраење на една фотосесија е 30мин.

Локација: Прв кат во Бизнис Центарот

Ве очекуваме со насмевка и празничен дух — да ја создадеме вашата незаборавна новогодишна фотосесија!

Николоски: Работиме интензивно на најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево (ВИДЕО)

Автопатот од Охрид до Кичево се гради со силна динамика, на најтешкиот планински дел на косините, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Интензивна работа на најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево. Со нови проекти се работи на целосно решение и стабилизација на најпроблематичните косини на трасата. Ја градиме Македонија” -напиша вицепремиерот Николоски.

Финалната битка започнува: Викендов ќе го дознаеме првиот средношколец милионер – меѓу финалистите е и тимот од прилепската гимназија

Викендов започнува највозбудливиот дел од натпреварот „Средношколец милионер“.

По десетици илјади гласови и одличната промотивна работа која ја завршија учесниците во најголемиот средношколски натпревар во Македонија досега, најдобрите 20 бизнис идеи на средношколски тимови во Македонија ќе излезат на сцената да се борат за ТОП 10 и големото финале во недела, а меѓу нив е и тимот од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп со алатката AI StockBroker – WallStreet Minds.

Ова не е само натпревар – ова е најголемата младинска претприемачка платформа во државата. Ќе гледаме идеи кои решаваат проблеми што со години нѐ оптоваруваат: финансиска едукација за младите, дигитализација на здравството, паркинг хаос, безбедност во сообраќајот, ментално здравје, локално производство, creator економија, превенција на ризици и уште многу други.

Секоја од овие идеи има потенцијал да стане вистински стартап

Конкуренцијата е огромна – а токму затоа финалето во недела ќе биде местото каде што ќе се роди првиот средношколец милионер. Но пред тоа, во сабота 29 ноември полуфиналистите ќе имаат прилика преку 90-секунден „elevator pitch“ на основачот на Бреинстер групацијата Петар Ниновски да му ја „продадат“ својата идеја за бизнис, а најдобрите 10 истото ќе го прават во големото финале во недела, пред 5 вистински инвеститори.

Победникот ќе однесе дома 1 милион денари, вредност еднаква на сумата која пред 10 години Ниновски ја добил од „бизнис ангели“ за да го започне Бреинстер како приказна, која денес на општеството, особено младите, им враќа со давање можности – во иста мера.

Ова се најдобрите 20 идеи според гласовите од публиката кои ќе се борат за еден милион денари

  1. 1. Nex$tep Finance – КешКидс

Финансиска едукација што ги учи младите да управуваат со пари паметно.
Интерактивни алатки кои ги претвораат трошоците во игра.
Платформа за родители кои сакаат деца со вистински финансиски навики.

  1. 2. AI StockBroker – WallStreet Minds

AI симулатор што ги учи младите да инвестираат без ризик.
Модерна алатка за анализа на трендови и сценарија.
Идеја која ги носи светските инвестициски стандарди кај средношколци.

  1. 3. ПаметПакет – Академија Разлика

Апликација која ги анализира твоите сметки и препорачува поевтини пакети.
Ги намалува месечните трошоци со паметен алгоритам.
Прво решение кое реално може да ти заштеди пари уште првиот месец.

  1. 4. StreetSafe – LightTheWay

Паметни светилки за побезбедни улици.
Сензори кои детектираат движење и го минимизираат криминалот.
Идеја што директно спасува животи.

  1. 5. Revola – RonaldoCR7

Електричен тротинет со подобрена безбедност.
Дизајн кој спречува незгоди и ја зголемува стабилноста.
Хардверско решение со огромен пазар и реална потреба.

  1. 6. ПаркПат – Паркинг Патролa

Систем што го открива неправилното паркирање.
Јасен партнерски модел со општини и приватни оператори.
Вовед во паметни градови.

  1. 7. Систем 4 – StayBe

Сензорски систем за детекција на опасности.
Иновативен пристап кон домашна и јавна безбедност.
Препознатлива технологија со јасна примена.

  1. 8. Quick-Med – Ви-Ши

Апликација за брзи медицински насоки.
Корисниците добиваат информации за симптоми и препораки.
Прв чекор кон дигитално здравство кај младите.

  1. 9. MindMap – BeWell

Дигитален дневник за ментална хигиена.
Алатка за подобри навики и самосвест.
Модерно решение за генерација што сака да се грижи за себе.

  1. 10. HYDRO BAND – ХИДРО ЅВЕЗДИ

Нараквица што следи хидратација во реално време.
Апликација која те потсетува кога и колку треба да пиеш вода.
Продукт што ја комбинира технологијата со здравите навики.

  1. 11. Паркирај Паметно – Демиркапијци

Платформа која покажува каде има слободно паркинг место.
Заштедува време, нервози и гориво.
Локално решение со голем потенцијал за ширење.

  1. 12. DWear – ЈКЦ Милионерс

Паметна облека со интегрирани микрочипови.
Модерна wearable технологија со функција, не само стил.
Интересна фузија од ИТ и текстил.

  1. 13. EduLink – LinkLabs

Поврзува ученици со тутори, инструктори и ментори.
Дигитална училница со практична примена.
Платформа со можност за регионален раст.

  1. 14.mk – Локални Херои

Платформа за локални производи и ракотворби.
Поддршка за мали производители и занаетчии.
Мисија за зајакнување на локалната економија.

  1. 15. Dexiverse – Team Dexi

VR светови создадени од ученици.
Гејмификација за учење, забава и тренинг.
Идеја што ги спојува технологијата и креативноста.

  1. 16. FanForge – Forgelab

Македонски Patreon за млади креатори.
Алка за поддршка на уметници, стримери и иноватори.
Платформа што го поттикнува creator economy кај младите.

  1. 17. Работи бе! – Џекпоц

Апликација за краткорочни хонорарни работи.
Ги поврзува младите со реални можности.
Едноставно решение за економска активност меѓу тинејџери.

  1. 18. Паметен SOS накит – Иновативци

Безбедносен накит за девојки и ранливи групи.
Со еден клик праќа SOS сигнал.
Едноставен дизајн со голем импакт.

  1. 19. Превентика – Тим Превентика

Апликација за превенција преку навики и анализа.
Личен дигитален советник за здравје.
Фокус на рано препознавање ризици.

  1. 20. Апликација „Мој Лек – Мој Лек

Дигитална евиденција за терапии и лекови.
Потсетници, распореди и здравствена контрола.
Решение за секој што води грижа за своето здравје.

Со цел да се подготват најдобро што можат, тимовите минатата недела одржаа менторски сесии со експерти од Бреинстер групацијата, на кои учеа дополнителни вештини пред полуфиналето и финалето. Овие сесии беа отворени и за 33-те бизнис идеи и тимови кои не успеаја да влезат во претпоследната рунда, бидејќи организаторот верува во потенцијалот на секоја идеја која дојде до напредните фази на натпреварот и сака да биде платформа која ќе продолжи да го поддржува претприемништвото и визионерството кај најмладите, луѓето кои утре ќе го дизајнираат светот во кој живееме.

За полесно вработување! АВРМ нуди бесплатни обуки за „Ц“, „ЦЕ“ и „Д“ категории возачки дозволи – Пријавете се!

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави Јавен оглас за заинтересираните невработени лица да се вклучат во бесплатни обуки за стекнување возачка категорија „Ц“, „ЦЕ“ и „Д“. Овие обуки се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година, финансирани од Буџетот на Агенцијата за вработување. Огласот е отворен од 27 ноември 2025 година и важи до исполнување на предвидениот број на корисници.

Обуки ќе се спроведуваат во Скопскиот регион и другите плански региони, во зависност од бројот на пријавени кандидати. Реализацијата ќе ја вршат лиценцирани автошколи, а успешните учесници ќе добијат потврда за оспособеност и право на полагање возачки испит. Полагањето мора да се заврши најдоцна 4 месеци по завршување на обуката.

Критериуми за учество
За „Ц“ категорија се бара минимум 21 година возраст, важечка дозвола „Б“ најмалку една година, основно образование и здравствена и психофизичка способност.
За „ЦЕ“ категорија се бара дозвола „Ц“ најмалку една година, а за „Д“ категорија минимум 24 години возраст и дозвола „Ц“ најмалку две години.

Избраните кандидати пред потпишување договор ќе треба да достават здравствена потврда и доказ дека немаат забрана за управување со возило.

Селекција и приоритети

Покрај законските, ќе се применуваат и дополнителни критериуми:

принцип на диверзитет и инклузивност (етничка, полова, религиска, расна и друга застапеност),
рамномерен регионален развој според податоците од Бирото за регионален развој,
предност за кандидати кои први поднеле пријава,
предност за лица кои претходно не биле вклучени во оваа обука.
Обуките треба да траат најмногу 1 месец од денот на потпишување на договорот. Во случај некој кандидат да не го положи испитот во редовниот термин, второто полагање е на сопствен трошок.

Начин на пријавување

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во центрите за вработување каде се евидентирани, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Огласот е отворен сè до исполнување на предвидената бројка на учесници.

Детални информации се достапни на веб-страницата на Агенцијата (www.av.gov.mk), на нивната Facebook страница или во работните клубови на 30-те центри за вработување. За дополнителни прашања може да се користат телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 или е-маил адресите [email protected] и [email protected].