дома блог страница 3

Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија

Македонските студенти кои преку програмата „Work&Travel“ работеле во Германија, се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето дома. Според информациите од студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) почнала да испраќа известувања до студентите со барање да ги пријават своите странски приходи и да платат данок на веќе оданочени суми.

Проблемот настана кај оние студенти кои по завршувањето на работниот ангажман извршиле поврат на задржаниот данок од Германија директно на своите македонски девизни сметки.

„Известувањата од УЈП пристигнуваат по пошта и електронски пат. Најчесто ги добиваат оние кои по завршување на работата во Германија извршиле поврат на задржаниот данок на македонска девизна сметка. Студентите објаснуваат дека во Германија работодавците автоматски задржуваат данок од платата, по што работниците имаат право на поврат на дел или на целиот износ,“ пренесуваат од „Студентарија МК“.

Што бара државата од студентите?

Според известувањата, студентите се обврзани:

-Да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД);
-Да ги пријават приходите остварени во странство;

Да платат данок на износот добиен преку поврат на данок од Германија.
Оваа ситуација предизвика револт кај младите, бидејќи овие средства се веќе еднаш оданочени во државата каде што се заработени. Останува отворено прашањето како ќе се применуваат договорите за избегнување на двојно оданочување меѓу Македонија и Германија во овие конкретни случаи.

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

-Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните. Унгарија е наш искрен и докажан партнер, а заедничките вредности, меѓусебната почит и силната соработка се темел на нашето стратешко партнерство, посочи Мицкоски.

Премиерот истакна дека во време на предизвици, силните пријателства и јасната визија се клучни за стабилност и развој.

-Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели, посочи Мицкоски.

Велигденска атмосфера и убава македонска песна – Гласот што ја буди душата на Велики Четврток во Прилеп

Во духот на најголемиот христијански празник – Велигден, кога емоциите се посилни од било кога, а традицијата добива посебна тежина, Прилеп го очекува една од највеличествените музички вечери оваа пролет.

На Велики Четврток (09 април), вечер исполнета со душа, песна и вистинска македонска емоција, на сцената во Ресторан Порта ќе застане еден од најголемите амбасадори на македонската песна – Наум Петрески, заедно со маестралните Калабалак.

Вечер што доаѓа токму во вистински момент – ден пред Велики Петок, кој е неработен ден, што значи повеќе време за уживање, дружење и вистинско музичко доживување без брзање.

Со глас што допира до душата и песни што генерации ги пеат со срце, Наум Петрески секогаш создава атмосфера која не се раскажува – туку се доживува. Неговите настапи се повеќе од концерт – тие се спој на емоција, традиција и гордост.

Во комбинација со енергијата на група Калабалак, оваа вечер ветува:

✨ многу пеење
✨ искрени емоции
✨ незаборавна атмосфера
✨ и вистинско гурманско уживање

Со препознатливата кујна, врвната услуга и топлиот амбиент, Ресторан Порта уште еднаш ќе биде местото каде се создаваат спомени.

Велики Четврток е резервиран за Порта!

Вечер што не се пропушта – затоа што ваквите моменти не се повторуваат често.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111

Од извор до чешма: Учениците одблиску го запознаа патот на водата во битолски Водовод (ФОТО)

Овој месец се одбележува празникот посветен на водите, по тој повод, денес во ЈКП Водовод Битола беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.

Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на сирова вода до дистрибуција, начинот на обработка и прочистување на водата. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи.

-Со оваа активност сакаме да придонесеме кон поголема свесност за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно, велат од битолски Водовод.

Ни се вратија пред Благовец! Штрк забележан во Прилеп (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство, а денеска забележавме еден и во Прилеп.

Благородна и горда птица на која сите се радуваат кога ќе ја видат. Добре ни дојдовте!

Koнечно добри вести! Бензините намалуваат од полноќ, а дизелот….

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 % во однос на одлуката од 23.3.2026 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.

Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.3.2025 година.

Промоција на книгата “Не правете го тоа во мојот автомобил” од Емил Крстески во библиотеката “Борка Талески” во Прилеп

Во вторник, 31.03. во 12:00Ч. ВО БИБЛИОТЕКАТА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА НАЈНОВАТА КНИГА НА НОВИНАРОТ, ПОЛИТИКОЛОГ И ДИПЛОМАТ, ЕМИЛ КРСТЕСКИ, која носи наслов „НЕ ПРАВЕТЕ ГО ТОА ВО МОЈОТ АВТОМОБИЛ“.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ, НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ ЗА АВТОРОТ, КОЈ Е РОДЕН И ДЕЛ ОД СВОЈОТ ЖИВОТ, ПОМИНАЛ ВО ПРИЛЕП.

-Емил Крстески е новинар, политиколог, прозаист и сликар, доктор по политички науки (меѓународни односи). Досега има објавено шест книги од областа на надворешната политика и меѓународните односи и две збирки раскази: „Три дена во Париз“, (преведена на српски јазик и промовирана во Нови Сад, во Шибеник и во Прага), и „Флик ен флак“. Има реализирано и три самостојни изложби, а учествувал на две групни изложби. Уште од гимназиски денови објавува поезија и проза во наши дневни и неделни весници и списанија. Бил надворешно-политички новинар и уредник во МТВ, во дневниот весник „Нова Македонија“ и во политичкиот неделник „Пулс“, дописник на ТАНЈУГ, државен советник за меѓународни односи и соработка во Кабинетот на Претседателот на Собранието на Македонија, директор на Државниот архив и наш вонреден и ополномоштен Амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага. Четири години живее во Стразбур, Франција, каде што ги следи сесиите на Европскиот парламент и три години во Њујорк,САД, каде што работи врз докторската дисертација.

Промотор на настанот ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев.

Драма со запленето возило во прилепско – Прилепчанец им го попречувал патот на полициски службеници

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.К.(33) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 10.02.2026 во с.Сенокос, пријавениот во два наврати попречил движење на запленето возило и се обидел да ги земе клучевите од возилото во кое имало полициски службеници и лице лишено од слобода – информираат во полицискиот билтен на МВР.

МИНТ со едукативна иницијатива: Ученици учеа за безбедност во реални услови

Практично знаење, реална средина и нов пристап кон сообраќајната култура-МИНТ се позиционира како едукативен партнер на заедницата

Учениците од трето одделение при ООУ „Климент Охридски“ од Битола имаа можност да ја искусат сообраќајната едукација надвор од училницата, преку организирана посета на новоотворениот сообраќаен
центар на МИНТ.

Во придружба на Проф. Драгица Здравковска, која предава стручни предмети од областа на сообраќајот во СОУ “Таки Даскалот” од Битола, децата се запознаа со основните принципи на безбедност во сообраќајот, но и со начинот на функционирање на современ технички и испитен центар.

Наместо теорија на хартија, учениците имаа можност да видат како изгледа еден реален процес, од технички преглед на возила, до практични аспекти на безбедноста што секојдневно влијаат врз животот на сите учесници во сообраќајот.

Особен акцент беше ставен на развивањето на свесност кај најмладите, како пешаци, идни возачи и одговорни граѓани.

„Најважно е децата уште од најрана возраст да разберат дека безбедноста во сообраќајот не е правило што се учи напамет, туку навика што се гради,“ беше истакнато за време на посетата.

Со вакви активности, сообраќајниот центар на МИНТ не се позиционира само како место за услуги, туку како платформа за едукација, превенција и градење на сообраќајна култура во заедницата.

Посетата заврши со подароци за децата , со голем интерес и позитивни реакции од учениците, кои си заминаа не само со нови информации, туку и со појасна слика за тоа што значи безбедно учество во
сообраќајот.

Детето со ангелски глас од Прилеп во друштво на Влатко Лозаноски – видео што остава без зборови

Детето со англески глас од Прилеп, Димитар Иваноски, имаше посебна можност да се дружи со еден од најдобрите пејачи на македонската естрада – Влатко Лозаноски.

Популарниот Лозано не го криеше своето воодушевување од талентот на Димитар, уживајќи во неговата изведба и дружењето кое остави силен впечаток кај присутните.

Овој момент е уште една потврда дека Прилеп има вистински музички бисер, а поддршката од еден ваков докажан артист само дополнително го осветлува патот на нашиот млад талент.