дома блог страница 29

Чонески покажува како треба со жителите на населените места – Приемот секаде е одличен (ФОТО)

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, денеска оствари теренски средби со жителите од населените места Алданци, Норово, Врбоец, Свето Митрани и Бучин, каде одблиску ги сослуша нивните барања, потреби и проблеми со кои се соочуваат во секојдневието.

На средбите се разговараше отворено за приоритетите на локалното население, како и за конкретни прашања поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги и подобрувањето на условите за живот во овие населени места. Жителите имаа можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи, а градоначалникот посочи дека токму ваквата комуникација е основа за креирање реални и одржливи решенија.

„Директната средба со граѓаните ни овозможува подобро да ги разбереме нивните потреби и да носиме одлуки што се во нивен интерес“, истакна Чонески, нагласувајќи дека рамномерниот развој на сите населени места останува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа.

Теренските посети ќе продолжат и во наредниот период, со цел општината да остане во постојан контакт со граѓаните и навремено да одговара на нивните барања.

Кавадарци со мегапроект, Прилеп никако да почне да ја покрива Градската Река

Во тек се градежните активности на Кавадаречки дол, проект кој е во рамки на проектот “Справување со загадување “,кој Општина Кавадарци веќе 2 години го имплементира во соработка со УНДП – информира на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Митко Јанчев.

-На оваа локација се предвидува озеленување на површина од 15 000 метри квадратни и покривање на Кавадаречки дол во должина од 760 метри. Со реализацијата на овој проект, просторот ќе добие нов, современ и еколошки изглед, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на граѓаните. Кавадаречки дол ќе прерасне во уредена и зелена урбана целина, наменета за рекреација, прошетка и пријатен престој, како значаен чекор кон поодржлив и почист град, стои во објавата на градоначалникот Јанчев.

Инаку во Прилеп со години се ветува покривање на сегменти од Градската Река, уредување на речното корито со патеки, урбана опрема….но, овие ветувања се’ уште се само пишан збор на хартија.

Се огласија од АРМ по веста дека кај нивни припадник од Прилеп е пронајдена дpoга

Од Армијата на Републикиа Македонија се огласија во врска со објавена содржина денес во дел од медиумите со наслов „Дрога најдена во ранецот на припадник од Армијата“.

Од АРМ ги открија деталите за случајот:

На ден 12.02.2026, е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.

По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода.

По целосното комплетирање на случајот против припадникот на Армијата е поведена соодветна постапка.

Како за овој случај, така и во иднина, Армијата со уште поголем интензитет ќе продолжи да презема мерки и активности за превенција и спречување на вакви појави.

-Армијата е институција изградена врз принципите на професионалност, дисциплина и интегритет и нема место за лица кои со своето однесување го нарушуваат угледот на институцијата и ја дискредитираат со лични постапки. Секое несовесно и недолично однесување ќе биде санкционирано согласно важечките правила и процедури. Дополнително, Ве информираме дека согласно принципите за транспарентност на Армијата, а по барање на одредени медиуми, јавноста на ден 17.02.2026 беше информирана за наведениот случај, велат од АРМ.

Според полицискиот билтен на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Прилеп се подготвува за најраспеаниот 8. Март досега! Дами, еве каде треба да бидете!

Март е месецот кога ги славиме најсилните, најнежните и највредните – жените. Осми Март не е само датум, туку потсетник за љубовта, поддршката и благодарноста што им ја должиме секој ден. Тоа е ден кога мајките, сопругите, сестрите, пријателките, колешките… треба да почувствуваат дека се ценети, сакани и почитувани.

Токму затоа, во најраспеаната тераса во градот, во Pub Club Terasa, ве очекува викенд посветен на дамите – викенд со многу емоции, добра музика и атмосфера што се памети.

Музичка програма – Осмомартовски викенд:

Петок (06.03.)
Викендот започнува со омиленото прилепско дуо Боби и Никола, кои секогаш знаат како да ја разбудат публиката и да создадат топла, интимна атмосфера.

Сабота (07.03.)
Следува вистинска журка со енергичните ARTIUM BAND, бенд кој гарантира танцување до доцна во ноќта и забава без пауза.

Недела – 8 Март
Двојна музичка доза за најубавиот празник:

🔹 Од 13:00 часот – дневна забава со LOCKDOWN

🔹 Вечерта – големо финале со METROPOLIS BAND, за да се заокружи празникот во вистински стил.

Овој викенд нека биде посветен на жените – со наздравување, со насмевки и со песни што ќе останат долго во сеќавање.

📞 Резервирајте навреме на тел.бр. 070-304-967 и обезбедете го вашето место за најубавата осмомартовска прослава во градот.

ВОЈНИК ВО АРМ од ПРИЛЕП фатен со дрога

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.

Овој 8 Март во Прилеп ќе се слави три дена – подгответе се и резервирајте навреме!

Овој викенд во Ресторан Порта славиме љубов, почит и благодарност – затоа што 8 Март не е само датум, туку чувство.

Денот на жената е потсетник за силата, нежноста и инспирацијата што жените ја носат во секојдневието. За сите мајки, сопруги, сестри, пријателки, колешки – овој викенд е посветен токму на нив.

Осмомартовските празнувања започнуваат во петок (06.03.) со маестралниот состав од Кавадарци – 4U Band, со почеток од 20:30 часот. Вечер исполнета со емоции, добра музика и атмосфера што се памети.

Во сабота (07.03.) продолжуваме со дневна забава од 13:00 часот со ТРИО МАЊИФИКО – идеална можност за прослава во опуштена, но весела атмосфера.

Недела (08.03.) – самиот Ден на жената – го заокружуваме со уште една дневна журка од 13:00 часот со MODUS BAND, за финале какво што доликува на празникот.

Резервирајте навреме и подарете им на жените во вашиот живот викенд исполнет со музика, насмевки и незаборавни моменти.

Телефон: 078 368 111

Овој 8 Март, славиме во Порта – таму каде што атмосферата секогаш има посебна нота.

Џамбазов: “Ме чекаа на заден излез, добив неколку шамари, па ме пикнаа во кола и ме тепаа во Арачиново” (ВИДЕО)

Во последното издание на поткастот “НИШТО ЛИЧНО” кај новинарот Антонио Димитриевски, гостуваше Игор Џамбазов, кој откри голем број за многумина досега непознати случки, згоди и незгоди од својот живот.

Во една од нив тој зборуваше во моментите кога ги поминуваше најтешките денови од својот живот и проблемите со лихвари, а потоа упати порака до сите: “Луѓе бегајте од овие работи”.

Солзи ќе ви потечат! “Вујчино, прости ми ти, нема да заборавам, правдата ќе се истера до крај”

Maкедонија вчера ја потресе трагедија, откако триесетгодишна мајка заедно со своето шестгодишно дете се фрлиле од шести кат од зграда во Карпош.

Братот на жената, односно вујко на шестгодишното дете, Александар Стојаноски, преку јавна објава се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле. Тој посочува дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!

Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!

Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам

Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“, напиша Стојаноски.

Трагедијата се случи во скопско Тафталиџе, каде жената е најдена мртва заедно со својата ќерка.

Ристески смирува: Нема потреба од паника

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенсите во формулирањето на цените на останатите производи. Во интервју, Ристески истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата.

-Воениот конфликт во Иран навистина прави тектонски потрес во економијата во светски размери, бидејќи Иран е еден од главните играчи во производството и дистрибуција на нафта во светот. Ние сме мала увозно зависна држава, посебно увозно зависна од различни енергенси, нафта. Сметаме дека можеби ќе има некое влијание сето ова, меѓутоа да оставиме како ќе се одвиваат понатаму процесите околу воениот конфликт, сметајќи дека брзо ќе биде завршен. Доколку не, тогаш она што ќе биде како светска политика во надминувањето на таа криза ќе треба и ние да го прифатиме со одредено адаптирање на нашата економија со цел да имаме помал удар врз зголемувањето на енергенсите во формулирањето на цените на производите – домашните производи, увозните производи, оние коишто ги извезуваме од Македонија, вели Ристески.

За идните влијанија од конфликотот врз македонската економија, како што рече, се разговарало и на вчерашната седница на Советот за безбедност и најавува дека на јавноста навремено ќе и бидат соопштени идните чекори.

-Засега би упатил смирување до граѓаните – нема потреба од одредена паника. Ќе гледаме преку различни мерки понатаму кои ќе следуваат да се регулира цената на енергенсите којашто е еден од главните инпути во составувањето на цената на производите со цел да не се создаде поголема инфлација, раст на цени и поткопување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Како Министерство за економија и труд, исто така и Владата, будно ја следиме состојбата и јавноста навреме ќе биде известена за сите мерки кои ќе ги преземеме, рече Ристовски.

Во вакви ситуации, укажува дека поранливи се секако покревките економии како што е нашата и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, посебно на основните производи за живот на граѓаните.

-Преку редовните контроли на Државниот пазарен инспекторат, преку влијанието на Комисијата за заштита на конкуренција, која исто така ревносно работи околу сузбивањето на нефер трговии кои беа предвидени во Законот за забрана на нефер трговски практики, преку зголемена транспарентност на цените на маркетите и другите владини политики, како што се поголемите инвестиции, подобрување на економската состојба, постепено зголемување на платите на граѓаните, очекуваме да имаме стабилизирачка година. Инфлацијата да се доведе на минимално ниво, од 2,5 до 3 проценти е предвидувањето и на Народна банка и на Владата и мислам дека сме на добар пат и последниот месец имаме благо намалување на инфлацијата од 0,7 проценти. Се надевам дека во наредниот период ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата доколку не се прошири воениот конфликт каде што не можеме да влијаеме, и оти оваа граница на европска висина на стандард, на инфлацијата, бидејќи блага инфлација значи и развој на државата од околу 2,5 до 3 процент што е и економски оправдано, ќе гледаме да ја задржиме во наредниот период и со тоа да го заштитиме животниот стандард на граѓаните нормално, вели заменик-министерот за економија.

МЕГА 8-МИ МАРТ ПОПУСТ ОД МИНТ КРЕДИТ

PR-текст
Овој 8-ми Март, направете чекор кон остварување на вашите планови со специјалната празнична понуда од Минт Кредит!
Време е за одлуки што носат повеќе вредност. Во чест на 8-ми Март, во Минт Кредит подготвивме специјална понуда што значи помал трошок и поголема финансиска слобода.
Кога се слави 8-ми Март, славиме со вистински бенефит.
Овој пат, добивате –50% попуст на трошоци за кредит до 300.000 МКД.
✔️Брзо, едноставно и без компликации:
✔️Онлајн апликација од каде било
✔️Одобрување за само 10 минути
✔️Финансиска поддршка кога ти е најпотребна
8-ми Март е симбол на сила, инспирација и нови почетоци. Затоа, искористете го
овој мега попуст како подарок за себе или како поддршка за вашите следни
чекори. Не ја пропуштајте шансата да заштедите -50% попуст на трошоци и да
добиете кредит до 300.000 МКД под поволни услови.
Искористете ја МЕГА 8-МИ МАРТ ПОПУСТ понудата и аплицирајте денес. Побрзо од кога било до решение што носи сигурност и флексибилност.
Минт Кредит – Кога попустот е МЕГА, одлуката е лесна.
За повеќе информации, посетете ја Минт Кредит, контактирајте не на 15 107, или во една од нашите канцеларии.