дома блог страница 2645

Куќата во која се одгледува оваа билка не може да биде сиромашна

Organic basil plant in the basket on the wooden table
Organic basil plant in the basket on the wooden table

Босилекот е билка позната по своите лековити дејства и поради тоа можеби е идеално време да почнете да ја одгледувате во вашиот дом.

Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека ниско растечка билка која се одгледува во топли клими.

Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.

Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς – „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.

Според старите верувања куќата во која се одгледува босилек не може да биде сиромашна, затоа набавете ја ова била што побрзо.

Исто така старите верувања велат дека оној кој наутро ќе консумира малку босилек ќе привлече благосостојба во текот на денот.

(Видео) Луѓето велат дека е Божјо чудо: Од дрво во Подгорица почнала да тече вода

Во Диноша, на околу 5 километри од Подгорица, после обилните врнежи изминативе денови повторно протекла вода од необично дрво во селото.

Станува збор за дрво кое мештаните го нарекуваат дар од Бога и подарок од мајка природа. Имено, коренскиот состав на ова дрво се наоѓа на сезонскиот фрон на водоизворите.

Во неговиот корен има извор кој се пробил и стеблото всушност служи како „цевка“ за прелевање вода.

Водата тече само при големи количини врнежи, во пролетните и есенските месеци, а на лето доаѓа до намалување на водата или нејзино целосно исчезнување.

Поради староста на дрвото, шуплините во нејзините корени и самоо стебло доаѓа до овој феномен. Експертите објаснуваат дека овој природен феномен трае над 150 години.

Прилепски професори по информатика на меѓународна конференција во Италија

Гоце Неделкоски, професор во СОУ Ѓорче Петров Прилеп беше единствениот македонски професор кој учествуваше во панел дискусијата на пленарниот дел на меѓународната конференција во Торино, Италија во организација на Европската фондација за обуки ETF. На панел дискусијата на конференцијата тој зборуваше за проектот кој беше имплементиран во неколку прилепски и други средни училишта од Македонија, говорејќи за предизвиците со кои се соочувале и иднината на стручното образование – објави порталот “Инфо Компас”.

„Станува збор за проектот digitalschool.mk кој го имплементиравме со колегата Влатко Бутлески, професор во СОУ Ристе Ристески Ричко. На оваа меѓународна конференција бевме поканети во рамките на делот успешни приказни, каде нашиот проект беше избран како еден од малкуте повикани да биде претставен на конференцијата. На панел дискусијата говорев за искуството и предизвиците кои ги имавме со колегатапри имплементирањето на проектот кој беше воден од Здружението на граѓани – Жетва на знаење и во кој партнери беа 8 училишта за стручно образование и обука: СОУ Ристе Ристески Ричко од Прилеп, СОУ Горче Петров од Прилеп, СОУ Наум Наумоски Борче од Крушево, СОУ Крсте Петков Мисирков – Демир Хисар, СОУ Цар Самоил – Ресен, ОЕМУЦ Св.Наум Охридски – Охрид, СОСУ Св.Кирил и Методиј – Охрид, СОУ Таки Даскало – Битола, СЈО Јане Сандански – Битола, СОУ Орде Копела – Прилеп иСОЕПТУ Кузман Јосифиски Питу – Прилеп. Овој проект е наменет за подобрување на професионалните компетенции на наставниците и достигнувањата на учениците во училиштата за стручно образование и обука преку воспоставување нов концепт за дигитално учење и настава (концепт е-училиште), изјави за “Инфо Компас”, Гоце Неделкоски, професор по информатика во СОУ Ѓорче Петров Прилеп.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Пејач од Косово му ја ykpaде “Километри” на Лозано: Настапил на фестивал со песната (Видео)

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивали во Албанија – „Kenga Magjike“.

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, е тоа што во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера.

„Феномен“ е насловот на албанската песна и ѐ објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја „Феномен“ на Кораб Шаќири!

Направете споредба и слушнете ја оргиналната нумера на Лозано:

По Бишевац и Фрчкоски: ВМРО-ДПМНЕ има повисок рејтинг од СДСМ

Во синоќешното гостување во емисијата „Клан Дебата“ која се емитува на Клан Македонија ТВ, професорот Љубомир Фрчкоски говорејќи за настанатите состојби во државата како и за расположението во СДСМ за претстојните парламентарни избори, призна дека во СДСМ владее негативна енергија.

Ова го поткрепи и со тоа дека СДСН тие на анкети се со 2 до 3% позади ВМРО.

-Во мут се, во атмосфера се како што не дошле пак на власт, и една таква атмосфера лоша владее во таа смисла, што владата мора да ја совлада со серија на мерки, а како ќе успеат не знам. Тие стојат по анкетите два, два и пол до три проценти позади ВМРО сега, рече Фрчкоски

Анкета: “Кој треба да биде пратеник од СДСМ Прилеп?”

Во пресрет на предизборните кампањи за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, низ чаршијата во Прилеп започнаа да се слушаат муабети за тоа со кои пратеници за Прилеп треба да истрчаат на листите политичките партии.

Партиите прават калкулации и мерат рејтинзи, а граѓаните зборуваат. За владеачката СДСМ од Прилеп како кандидати се спомнуваат актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и Претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, потоа раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, Зоран Пачешкоски, раководителот на Фондот за здравство во Прилеп, Кристијан Пиличев и екс секретарот на ОО СДСМ Прилеп и советник во Советот на општината, Никола Багески.

До изборите има уште речиси 5 месеци, но врз основа на овие муабети кои циркулираат во јавноста ве прашуваме:

“Кој треба да биде пратеник од СДСМ Прилеп?”

[democracy id=”47″]

Активни огласи за вработување во неколку институции во Прилеп: Аплицирајте за државно!

Нови огласи за вработување во Казнено поправната установа Затвор-Прилеп.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување, објавени се огласи за вработување на четири соработници (23,607 денари основна плата), двајца надзорници за плата од 16,463 денари, еден надзорник за плата од 14,875 денари и еден надзорник за плата од 15,669 денари.

Објавен е оглас и за вработување на конзерватор во Национална установа-ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ Прилеп, а основната плата за ова работно место изнесува 22,700 денари.

Исто така оглас за вработување има и во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, каде се бара административен службеник. Основната плата таму изнесува 14,876 денари.

Kонцертoт „Од Нас за Вас“ во четврток во Прилеп нуди богата и разновидна програма

На 14.11.2019 /четврток/ во 19.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт „Од Нас за Вас“, со кој ќе бидат одбележани 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“. Воедно, во изложбениот салон ќе биде поставена рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.

Свеченото отворање на тогашниот Дом било во ноември 1979 година со претставата „Факел“ од Коце Солунски.
Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави, изложби, промоции.. низ годините, но сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не само во градот и во Македонија, туку и пошироко.

(Фото) Југословенскиот глумец е рекордер! Доби дете на 92 години со 56 години помлада жена

Дека за родителството, како ни за љубовта, годините не значат ништо, покажаа и голем број на познати личности меѓу кои е и апсолутниот рекорден Звонимир Рогоз. Тој за прв пат стана татко на 92 години.

Додека актерот сеуште беше жив, во хрватската јавност се зборуваше дека тој не е биолошкиот татко на детето кое го роди 56 години помладата сопруга Агата. Таа упорно тврдеше дека тие приказни ги измислуваат љубоморните поранешни девојки на актерот, кој важеше за еден од најголемите заводници.

На листата познати личности кои касно станаа родители се и голем број на пејачи и актери, како од овие простори, така и во светот.

Здравко Чолиќ стана татко на 50 години.

На листата уште се и Владо Калембер и Жељко Бебек, а од светски познатите личности се Џорџ Клуни, Џон Траволта, Мајкл Даглас и многу други.

(Видео) Еве што прави рускиот претседател Владимир Путин за да се заштити од грип и вируси

Рускиот претседател Владимир Путин, вчера на состанок со своите најблиски соработници рекол дека ја примил вакцината против сезонски грип и ги повика и останатите да го следат неговиот пример.

Путин прашал колкумина од нив досега ја примиле вакцината, а се јавиле само тројца од неговите соработници.

„Ако добиете грип, тоа е како да сте си пykaле себе си во нога, како да ви објаснам поинаку, сте можеле да се заштитите, а не сте“ рекол Путин.

Неговиот потпарол рекол дека Путин посветувва големо внимание на превентива, да се заштити од виpycи и бактepии.