дома блог страница 2644

“Прилепчанец го собра гневот на 450.000 МАКЕДОНЦИ” (Видео)

Во напната атмосфера во вчерашното издание на емисијата Само Вистина на Канал 5 во која учествуваше и Тимчо Муцунски, советникот за надворешна политика на премиерот Дане Талески навреди стотици илјади граѓани на Македонија нарекувајќи го ВМРО најголемо зло (21,30 од видеото).

Советникот на Заев е кандидат за амбасадор на Македонија во НАТО.

Од независноста на земјата во 1991 година досега ниту еден политичар не навредил со толку тешка квалификација толку голем број на граѓани, во случајов гласачи на најголемата партија.

Од навредите се огради дури и новинарката на Канал 5 Елизабета Галевска.

Во Швајцарија yaпceни членови на „Пинк Пантер“ – меѓу нив и еден Македонец

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Македонија под сомнение за вмешаност во грабеж на накит вреден неколку милиони франци, пишува подгорички „Дан“, повикувајќи се на швајцарските медиуми.

Според извори во истрагата, медиумите во Швајцарија наведуваат дека сторителите биле поврзани со озлогласената криминална група „Пинк Пантер“.

Тие се осомничени дека учествувале во грабеж на златарницата „Губелин“ во Луцерн.

Швајцарските власти не го открија идентитетот на осомничените, само соопштија дека биле на возраст меѓу 19 и 53 години и дека меѓу нив има една жена.

Мицкоски: “Платата на наставниот кадар ќе биде 36.700 согласно колективниот договор, Заeв им скрати по 10.000 денари”

Изминативе три години и покрај неуспехот на планот на реформите покрај неиспораката на она кое што беше ветено пред граѓаните за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, општеството исполнето со примитивизам, декаденција истовремено и со големи лаги продолжува со ние како ВМРО ДПМНЕ продолжуваме со рецензија за истото. Денеска на дневен ред ќе биде делот во образованието а на крајот од денешната прес-конференција ќе се осврнам и на уште една лага која што е актуелна деновиве а тоа е таканареченото зголемување на платите за професорите, наставниците во основното и во средното образование, ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ќе започнам со едно ветување кое што СДСМ на Македонија во периодот на предизборието во 2016 година го даде пред граѓаните со фокус на младите а тоа е дека ќе имаме загарантирана шанса за младите односно ќе се овозможи секој млад човек да добие понуда за вработување , можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка на вработување во период од 4 месеци по завршување на школувањето. Со ова ќе овозможеле како што велат активност на секој млад човек веднаш по завршување на високото образование и ќе отвореле пат за нивен професионален развој. Оваа активност воопшто не е почната. Понатаму, ќе го анализираме ветувањето за укинување на екстерното образование односно тестирање се извинувам , за волја на вистината експертното оценување е укинато но со новиот закон за основното образование воведоа таканаречено државно тестирање. Предлозите се донесени без никаква претходна анализа. Понатаму, во најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“ велат дека ќе ги намалеле бројот на предметите, бројот на предметите не е намален. Понатаму продолжуваат со лагите и со неисполнетите ветувања и велат дека веднаш кога ќе ја формирале владата ќе ги ослободеле децата од притисок оценки во првите години од школувањето и оценувањето од прво до петто одделение ќе било само описно. Таква е реалноста, не е променет начинот на оценување со кое би се ослободиле децата од притисокот по оценки. Т.е. да бидам попрецизен од прво до трето одделение е концептот описен, вели Мицкоски.

Тој додава дека од четврто до шесто одделение само на полугодие ученикот добива описни оценки. Но на крај од годината оценките се повторно нумерички. Со што ученикот не добива реална слика како ќе биде оценет на крајот од учебната година.

-Понатаму велат во најголемата политичка лага во делот за образованието која што беше презентирана пред граѓаните во 2016-тата година дека ќе вовеле задолжително едногодишно предучилишно образование. Нема до овој момент никакви промени во системот на предучилишното образование. Понатаму, се обврзале во најголемата политичка лага наречена „Живот во Македонија“ дека ќе ги мотивираат најдобрите училишта. И тоа ќе ги мотивираат вработените во делот на месечните примања од една година, во 12 месеци односно вработените ќе добивале 20% поголема плата кај најдобрите 5 основни училишта на ниво на цела држава. И 10% средни училишта на ниво на цела држава. Ова не само што не е реализирано, туку вакви средства не се предвидени ниту во буџетот во следната 2020 година. Понатаму, продолжувам, да ја рецензирам најголемата политичка лага која што се случи во 2016-тата година каде што Зоран Заев и СДСМ се обврзаа дека ќе формираат т.н. Институт за развој на образованието т.е. да бидам попрецизен Бирото за развој на образованието ќе се преструктуира и ќе прерасне во Институт за развој на образованието. Нема до овој момент никаква промена во Бирото за развој на образованието. Продолжувам, исто така во најголемата политичка лага Зоран Заев и СДСМ наречена „Живот за Македонија“ предвиделе формирање на Научно истражувачки центри за талентирани ученици. Што би опфаќало талентираните ученици ќе можат да се стекнат со дополнителни знаења, ќе се подготвуваат за државни и меѓународни натпревари и ќе започнат со посериозна истражувачка работа. Ваков Центар до овој момент не е формиран, ниту пак се споменува дека ќе се формира. Понатаму продолжувам со рецензијата за најголемата политичка лага која што Зоран Заев и СДСМ во предизборието за време на предвремените парламентарни избори ја презентираа пред граѓаните во делот на образованието, се разбира, за енергетиката зборувавме пред некој ден. Имено, се обврзале дека ќе издаваат поквалитетни учебници бидејќи овие учебници не им биле квалитетни што тогаш ги затекнале. Каква е реалноста? До ден денес нема никаква повратна информација од државните комисии кои ги евоулирале учебниците кои што ги затекнале во основното образование. Т.е. да бидам попрецизен нема нови учебници. Но и тие кои што постојат доцнат со печатење и воопшто ги нема. Што значи дека и ова е уште една од сетот лаги кои што беа дел од најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“, истакна Мицкоски.

Тој додава дека Да сумирам, а потоа новинарите и медиумите ќе можат да добијат детална анализа на 60 страни која што е поврзана со рецензија на дел за образование, а кој што е составен дел од најголемата политичка лага за време на предизборието, за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година.

-Имено би сакал да кажам дека најголемата лага која што практично ја кажа, а тоа е што продолжуваат да ја кажуваат во периодот кој што е позади нас и претпоставувам дека ќе ја зборуваат во периодот кој што следи е дека ги зголемуваат платите за наставниците и професорите во основното и средното образование. Имено , велат вака ќе ги зголемеле платите на наставниците и професорите со тоа што за две години ќе ја изедначеле почетната наставничка плата со просечната плата во државата и ниту еден наставник немало да има плата пониска од просечната исплатена плата во Р. Македонија. Најниската плата во моментот за наставниците е 21.660 денари а во средно образование 22.500 денари а просечната плата е на ниво од 25.270 денари. За жал од ветената просечна плата од 500 евра нема ни трага ни глас , па дури и на ваков тип и на ваков начин на кој што се обидува интервенционистички без било каква квалитативна анализа владата расипнички да ги троши народните пари. Но во ред. Јас би сакал да продолжам со таа анализа која што се однесува на платите на наставниците и професорите во основното и средното образование, зошто е тоа важно, затоа што изминативе денови видовме како сето тоа се експлоатира од страна на авторот на најголемата политичка лага а тоа е Зоран Заев наречена „Живот за Македонија“. Затоа што лажењето ќе продолжи и во периодот кој што следува и лажните ветувања и обидот за манипулации ќе продолжат во месеците кои што следуваат се до организирањето на предвремените парламентарни избори затоа што имаме уплашен човек , човек кој што знае дека ќе се соочи со одговорноста веднаш после катастрофалниот пораз на 12 Април 2020 година. Имено, каква е реалноста , во моментот просечната плата исплатена заклучно со Октомври месец 2019 година во средното образование е отприлика 23.680 денари , со предвиденото 10 % зголемување од 1 Јануари 2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари. Но кога не би имале работа со лажливци кои што освен што лажат, манипулираат тогаш можеби и би верувале дека навистина станува збор за зголемување на платата на наставниците и професорите. Имено, ова пред мене е колективниот договор кој што го имаат потпишано Синдикатот , Министерството за образование и наука во 2010 година. Во овој колективен договор јасно во членот 34 и членот 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар но и вклучително и техничкиот персонал кој што е дел од образовниот процес. Имено, за наједноставен коефициент а тоа е група 1 е избран коефициентот на сложеност 1 кој што се дефинира како едноставна рутинска работа за обавување на работни задачи. Од овде започнува да се пресметува платата нето на секој вработен во образованието од коефициентот 1, а коефициентот 1 одговара на минималната плата во државата. Според законот за минимална плата кој што до сега е во функција и кој што е правосилен, минималната плата во бруто износ во државата изнесува 17.943 денари или во нето износ околу 12.500 денари. Според се уште важечкиот закон за минимална плата ова е минималната плата која што треба да се исплаќа во период од Април месец 2019 заклучно со Март 2020 година. Според колективниот договор кој што претходно го споменав професорите во средното училиште и наставниците во основните училишта имаат коефициент на сложеност во подгрупа три од 2, 533. Според членот 34 и 35 платата се добива кога овој коефициент ќе се помножи со минималната плата или таа денеска требаше да изнесува 31.660 денари. Т.е. да бидам попрецизен за 5.660 денари повеќе од тоа што е предвидено со покачувањето од 10% кое што овие лажнивци им го понудија на професорите во основното и средното образование, вели Мицкоски.

Тој исто така потенцира и дека доколку продолжат и понатаму на начин на кој што досега функционираат да ги манипулираат граѓаните, доколку продолжат на начин на кој што водат политика, тогаш продолжуваат и лагите на овие луѓе.

-Имено со зголемувањето на минималната плата која што е во процедура во Парламентот на ниво од 14.500 денари тогаш платата согласно Законот за минимална плата и согласно Колективниот договор на професорите во основното и средното образование треба да биде 36. 700 денари односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10%. На лагата и нема крај, но порано или подоцна вистината излегува на виделина. Оваа влада во заминување ќе замине како најнеспособна влада, доаѓа влада реформска, доаѓа обнова за Македонија која што ќе го почитува Законот за минимална плата и ќе го почитува Колективниот Договор. Ова што денеска оваа влада кое им го оневозожува на вработените во образованиот сектор, во основното и средното образование за среќа нивна е во заминување. Доаѓа Влада која што ова ќе им го овозможи, рече Мицкоски.

Пoтpecна paзделба на татко и ќерка: Таткото ќе одлежи затвop за три кубици дрва за огрев на домот

На Интернет деновиве кружи потpecна фотографија од разделување на татко и ќерка од Општина Бужим во Босна и Херцеговина.

Се работи за Босанецот Фикрет Дедиќ и неговата ќерка, а прегратката помеѓу родителот и малото девојче е направена само неколку минути пред нивната разделба, пред таткото да замине за Бихаќ за да отслужи казна затвор од шест месеци.

Причината поради која тој е казнет се три кубици дрва кои Фикрет ги отсекол во државна шума.

Според информациите низ балканските медиуми човекот го извршил делото поради тоа што немал пари за да купи дрва на легален начин, како и да го прехрани семејството. Не сакал да краде од кај комшијата, ниту од продавниците. Друг избор немал.

Пензионерите револтирани: „Три години по ред власта не им го дава на пензионерите покачувањето кое го имаа во време на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Мила Царовска им земаа на пензионерите 1.800 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години по ред власта не им дава на пензионерите покачување од 600 денари, кое го имаа во време на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите за три години владеење на СДСМ се оштетени за 1800 денари, стои во партиската реакција и се додава:

„Наводното покачување кое од догодина ќе го имаат пензионерите е само покачување за една година, а притоа власта им ги задржа на пензионерите парите кои ќе ги добиеја со ВМРО-ДПМНЕ“.

Цела Македонија пpoтестира: Судските работници излегуваат на пpoтест!

Синдикатот на работниците од управата на правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА), за в петок најавија протести коишто ќе се одржат низ сите судови во земјава, а на кои ќе биде искажано незадоволство од, како што се вели во соопштението, „апсурдните одлуки на Судскиот буџетски совет“, донесени во последниве два месеца.

„Синдикатот на УПОЗ, незадоволни што и понатаму продолжува нееднаквиот третман на Судскиот буџетски совет како притоа да забораваат дека во судовите работат судска администрација, судската служба, помошно – техничкиот персонал, згора на сѐ, СБС донесе одлука со нееднакви додатоци на плата са судиите и судската администрација, со изговори дека администрацијата во месец септември добила покачување во висина од 5% на плата, а од тие причини за месец септември и октомври додатоците на плата на судиите да бидат во висина од 10%“, се наведува меѓудругото во соопштението од УПОЗ.

Во соопштението се додава дека барањата на Синдикатот ќе бидат соопштени пред новинарите, за време на протестот во петок, пред Основниот суд Скопје 2.

Oглас за прием на нови 125 професионални вojници: Еве кои се условите!

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални вojници на служба во Apмијата на Република Македонија.

ЈАВЕН ОГЛАС

1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст, по што им продолжува работниот однос со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:

да се државјани на Република Северна Македонија;да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

да имаат завршено средно образование; да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.

4. Платата изнесува од 22.059,00 денари до 25.574,00 денари.

5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во АРСМ, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.

Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во АРСМ, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.

6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во АРСМ, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.
Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во АРМ („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/16) достапен на следниот линк: http://mod.gov.mk/wp-content/uploads/2018/07/ Pravilnik-za-fizicki-proverki-.pdf.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

9. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 3 (три) години, согласно точка 1 од овој оглас.

10. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена од денот на објавување во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и на интернет страната на Министерството за одбрана.

11. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана [email protected] со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во АРСМ. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.

Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.

12. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:

Пријава за кандидати за професионални војници на служба во АРСМ (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
Уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во АРСМ (Уверението се зема во Одделението за одбрана);
Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведена на нотар);
Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во АРСМ;

13. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

14. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18) и тоа:

проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити, проверката на физичката способност,
проверката на здравствената способност, се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во АРСМ.

15. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Северна Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:

диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар); уверение за државјанство;
извод од матична книга на родените; уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци); важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење; трансакциска сметка; ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или потврда дека не е во работен однос издадена од Агенцијата за вработување.

16. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.

Ристески: “Градоначалник внимавајте, нема да ви простиме! Кој гради во пазарот чекаме одговор цела недела” (Видео)

Веќе една недела молк од градоначалникот Илија Јованоски на нашите прашања за тоа што се гради во градскиот пазар во Прилеп. Во нивни стил, како што и доликува на ваков башибозук на власт се закануваат со пријави за навреда на угледот и честа, кои патем ги изгубија многу одамна пред јавноста – ова на денешната прес конференција го порача Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Една недела Јованоски молчи за прашањата кој и што гради во градскиот пазар и дали пред очите на сите граѓани тука ќе никне хотелско сместување?

Јованоски не кажува дали изградба на ваков објект е предвидена со урбанистичките планови на општината?

Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба?

Како е возможно инспекциските служби на општината експресно да реагираат и да отстрануваат скелиња за тутун и други објекти од јавните површини, а за градбата во градскиот пазар сеуште да нема детално објаснување што и како се гради?

Почитуван градоначалник,

Ве прашуваме, што е срамно да се излезе јавно пред граѓаните и да се даде одговор на овие прашања?

Целата јавност е сведок и се прашува што се случува во градот, само вие никако да соберете храброст и доблест и да се соочите со граѓаните.

Ајде барем еднаш во овие две години додека сте на власт испочитувајте ги оние кои пред избори ги молите за гласови и им ветувате се’ и сешто.

Во спротивно оставате сомнеж дека зад ваквите објекти се кријат низа нерегуларности и можност за кршење на законите и законските процедури.

ВМРО-ДПМНЕ овие прашања ќе ги актуелизира и пред Инспекцискиот совет на Република Македонија, како и пред сите останати надлежни институции.

На ваков начин како вас не се гради транспарентна и отворена општина како што ветувавте.

На ваков начин и со ваков однос се погазува волјата на граѓаните и се злоупотребува власта.

Уште еднаш ве предупредуваме, внимавајте! Внимавајте затоа што доаѓа власт која нема да простува и сите вакви случаи ќе бидат детално разгледани, а одговорноста и правдата ќе го стигне секој оној кој се огрешил пред законот”.

HOBA TPAГEДИJA кај прилепско Ропотово

На 12.11.2019 во 16.40 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после с.Ропотово, патничко моторно возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(66) од Прилеп, и3летало од патот.

На местото на нecpeќата пoчинaл сопатникот В.Т.(71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телecни повpeди и бил пpeнеceн во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекapcка помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Големо невpeме во Хрватска: Паднати cтебла и силен ветep го блокиpaaт cooбpaќajoт

Хрватска е погодена од бура, која создава големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Пожарникарските служби се на терен, каде интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот. Во текот на денот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.

Слично невреме го погоди и Сплит, каде ветрот корне дрвја и поместува контејнери. Од бурата падна и фасадата на едно сплитско училиште, пренесува хрватскиот весник „Јутарњи лист”.

Невремето предизвика проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.

Метеоролозите предвидуваат дека слично време ќе се задржи и во текот на ноќта и утрешниот ден.

Извор: “Република.мк”