дома блог страница 2642

(Видео) Македонски тим се вклучи во трката за Ибрахимовиќ?!

Златан Ибрахимовиќ се збогува со Лос Анџелес галакси и со МЛС-лигата и сега останува отворено прашањето, каде ќе ја продолжи кариерата?

Интерес за ветеранот има од многу клубови во Европа, меѓу кои и неговите поранешни тимотви Манчестер јунајтед и Милан, но тука се и понудите од супер богатите кинески клубови.

Во Македонија царевите за социјални мрежи од фудбалскиот клуб Осогово измонтираа урнебесен клип на кој Ибрахимовиќ вели дека, „оној последниот е многу добар“. Кој тим е последен во Втората лига Исток? Осогово!

Клипот е од пред 18 години кога младата фудбалска репрезентација на Македонија беше домаќин на Шведска, а натпреварот заврши 1-1.

Заев не се сеќава на сопствената изјава дека руски бизнисмени финансирале радикални протести (Видео)

Премиерот во заминување Зоран Заев не се сеќава на сопствената изјава дадена пред неколку месеци дека руски бизнисмени финансирале радикални протести во Македонија пред референдумот.

-Не се сеќавам на таква изјава-зачудено одговори Заев.

Пред референдумот пак Заев изјави дека неговата влада добила повеќе информации дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство.

-Странските сојузници на Русија плаќаат илјадници долари за да поттикнат насилство за да ја спречат Македонија да се приклучи кон НАТО, изјави македонскиот премиер во заминување за американскиот веб-сајт Базфид.

(Фото) Таа е шефицата на Премиер лигата: Запознајте ја најмоќната жена во светот на фудбалот

Едно од најсилните национални фудбалски натпреварувања во светот, Премиер лигата, ја води жена.

Сузан Диниџ минатата година беше именувана за новата извршна директорка на Премиер лигата, а пред тоа беше глобален претседател на телевизијата Анимал Планет, која е во склоп на Дискавери групата.

Диниџ новата улога ја презеде во јануари 2019 година, кога заврши мандатот на Ричард Скадамор по речиси 20 години на оваа функција.

Сузан Диниџ е третиот извршен директор на Премиер лига во 26-годишната историја на елитното натпреварување.

“Досие.мк”: Дедо казнет -додека минувал пешачки се вклучило црвено на семафорот (Фото)

Фотографијата е направена од сведок на настанатот кога дедо кој врвел улица на прешаки премин бил запрен од полиција и казнет. Според полициајците тој поминал на црвено иако дедото тврдел дека било зелено. Но најверојатно бидејќи споро се движел се вклуќило црвеното светло н асемафорот. Дедото молел да не го казнат – oбјави порталот “Досие.мк”

На дедото најдовте бе, олоши?? Регуларно помина пешачки, на пола му се уклучи црвено, вие одма казна за непрописно поминување??? Нели се грижевте за граѓаните? Вложувавте во граѓаните?

Заборавив, за некој месец ќе биде “простете, згрешив”, рака на срце и по некоја солза.

Не, дечки! Солзата на 80-90 годишниот дедо што плачеше како мало дете да не го казнувате, таа ќе ви суди! Срамота!

Извор: “Досие.мк”

(Видео) Снимки од дрон кои најдобро го покажуваат “потопот” во Венеција

Венеција и понатаму е поплавена, бидејќи рекордна количина на дожд наврна последниве неколку денови. Околу 70 проценти од територијата на градот се поплавени, а нивото на водата достигна 187 центиметри, што не се случило од 1966 година.

“Штетата во Венеција ќе достигне неколку стотици милиони евра”, соопшти градоначалникот Луиџи Брунјаро.

Да му помогнеме на шестгодишниот Јане од Зрновци за лекување во Турција!

Ангела Крстова апелира:

Да не оставиме Јане Николов од Зрновци да ја води битката сам со неговите најблиски!

Да помогнеме на Јане толку колку што можеме… споделете и донирајте за Јане кој има шест години. Тој знае дека е болен, но има многу надеж во него…

Јане треба да замине што поскоро во Турција на лекување. Да ни се врати жив и здрав. За Јане за неговото лекување со цел да му го продолжиме детството – помогнете!

Бидете хумани и донирајте за Јане. Да спасиме еден детски живот!

Наскоро броеви и за донирање преку мобилен телфеон. Во прилог ја споделуваме медицинската потврда и сметката за уплати на донации за Јане од Македонија и надор од Македонија!

Јане ќе победи битката, на нас останува да собереме што повеќе средства.

Во моментов поради компликации кај Јане, функцијата на бубрезите е откажана и мора да лежи врзан за кревет. Родителот Игор отвори девизна сметка на која ќе можат да уплаќаат и оние кои се надвор од државата.

Ве молам да се сплотиме и да помогнеме да спасиме еден млад живот.

Видеото во кое Јане ја искажува својата желба да оздравее погледајте го тука.

Денарската сметка за луѓе во Македонија е: 290500018338167, ТТК банка:

Изложбата „Геолошки пресек“ на прилепскиот уметник Давид Атанасоски од утре во ЦК “Марко Цепенков”

На 15 ноември 2019 /петок/ во 19.00 часот влезното фоаје на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Геолошки пресек“ од уметникот Давид Атанасоски од Прилеп.

Оваа монументална скулптура , изработена за манифестацијата Нов културен бран, е составена од два дела чија симболика го објаснува насловот „Геолошки пресек”.

Уметниот Давид Атанасоски за скулптурата

Моја главна цел е преку една ликовна интерпретација на геолошките деградации на земјината кора да го моделирам моето уметничко дело користеќи секундарни материјали, во овој случај дрвени штици и хартија. Употребата на овие репродуктивни материјали индиректно се поврзува со идејата за интеграција и имплементација на еколошките, економските и општествените тенденции во глобалниот биолошки екосистем.

Ваквата комбинација на материјали е позната низ градежништвото како: оплати и клепиња кои се користат за шаловање на бетонските конструкции на објектите. Штиците и хартијата ги земам како основен материјал за градење на една скулптура која на симболичен начин се поврзува со геолошките процеси на наслојување и градење на земјата.
Скулптурата е со димензи 300 х 180 х 60 cm. што и дава монументален карактер. Составена од две накршени форми кои ќе образуваат еден цик цак мотив. Секоја од формите дополнително ќе образува серија на линии и структури кои ѝ даваат дополнителна сигурност и динамика на скулптурата.

Тектонските пореметувања и другите феномени во природата на овие наслојки кои сами по себе образуваат одредена структура од комбинација на линии и форми создаваат една серија на цртежи со цик цак мотиви. Овие градежни материјали ќе укажуваат на процесот со кој се создава или се гради ликовната творба која се поврзува со градењето во природата и наслојувањето на почвата во геолошките пресеци. Низ математика, геометрија и естетика сакам да се обидам во сублимирана форма да ја прикажам големата слика околу овој мотив.

Слоевитата обработка на оваа конструктивистичка скулптура изградена од градежен материјал ќе го доловат овој мотив и ќе ја нагласат линијата, формата и ритамот. Распоредувајќи ги хоризонтално, вертикално и дијагонално во просторот ритмички се повторуваат и прават силно нагласена динамика, која во голема мера зависи од распоредот на материјалот, бојата , формите, движењето и рамнотежата на композицијата.

ВИДЕО: Познатиот македонски актер од народните приказни среде ноември скокна во Охридското Езеро

Еден од најпознатите и најуспешни актери на нашето поднебје, познат по мега-проектот со кој израснаа генерации, „Македонски Народни Приказни“, Владо Дојчиноски среде ноември скокна во Охридското езеро.

Актерот скокна во езерот поради потребите на снимањето на спотот на пејачот Ѓоко Јовиќ

Ѓоко Јовиќ се вклучи во живо на Фејсбук и заедно со актерот упати поздрав до сите кои што следат, а притоа најави дека се пушта за да презентира на јавноста мал сегмент од приказната во спотот.

Погледнете го видеото:

Временска прогноза за наредните денови: Во недела нова промена на времето

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините, информираа од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната 10 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и со услови за утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Од утре започнува обврската за задолжителна зимска опрема

Од 15.11 2019 година ќе започне законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Што се подразбира под зимска опрема?

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 мм.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 мм.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од 8 мм.

– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 мм ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:

„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Казни и санкции за немање зимска опрема

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови на возачот кој постапува спротивно на одредбата за задолжителна зимска опрема.